Луѓе, имаше една објава за да не објавуваме слики од полицијата, ве молам нека ја пронајде некој и нека ја сподели тука и на своите профили, што повеќе луѓе да дознаат дека така не им помагаме..
Чекајте другари, како може позната терористичка организација да има фб страна со дури 55 000 допаѓања, да фукнционира сосема нормално, да се постираат слики и разно разни други содржини? Ја малоумна сум или нас сите не дупат у здрав мозок? Едно сакам да прашам некој што е упатен во ова ако знае, добро само панцири се единствена заштита на полицајциве? Немаат некои шлемови за главите што одбиваат куршуми не знам, нешто било што? 21 век не измислија некои најсовремени штитни оклопи што се отпорни на се? Смејте ми се ама не знам не сум упатена ич. Срце ми плаче од последнава слика со полицаецот повреден во око.
Горде пуштај војници да средат набрзина. Не дозволувај да има уште жртви. Па не можат порано да одржат состанок мора во 17.00. Почекајте уште малку
Страв ми е, се тресам целата. Што ако продолжи сево ова со поголем интензитет, што ако навистина се деси војна?Многу се плашам, премногу.Оставени сме сами на себе, оние што треба да ни дадат надеж, да не утешат и да стојат позади нас ги нема никаде пичка им матер покварена.Се најлошо да им се случи, се се се најлошо шо можи да постои, се да им се врати трподупло.Ги бива само да се сликаат, а нигде за живи ги нема.Само нека заврши се те молам Господе.
Фала богу! Не дека многу за веруванjе. Ама мислам не се толку мрднати ако не е завршено да излезат со ваква информациjа
Додека не потврдат феминките што се од Куманово и тие што имаат дечковци/сопрузи/татковци таму, не им верувам ни на министри ни на портпароли! На никој!
Зошто и придавате значење на Инферно? Едноставно игнорирајте ја. Јас не ја ни читам, јас ја читам Окензи и сите останати, освен неа. Се јавувам кај моите блиски и други информации добивам по телефон чисто за да се смирам. Во моментов смирете се... не би требало да има ескалација.
Влегле на почетокот на месецот, прочита таму некои имиња, биле најголеми криминалци, бла бла бла... Се спремале на средина месец да напаѓаат државни објекти, па пак бла бла бла. Читаше па имиња, 14 имало тела од нив, 37 наши повредени полицајци. Во глобала многу зборува а малку кажува.
Била елиминирана една од најопасните терористички групи. Имале мртви, ама не знаат број, оти куќите биле разурнати. Нема да кажат колку се нивни умрени. Ги причита сите команданти кои биле убиени или се во полиција предадени. Уште се оди по куќите и се пребарува. нашле многу оружје со кое се планирало напад на државни институции. Надежно тоа е крајот.