Мислиш дека овие луѓе што цела ноќ се бореле, сите овие воени лица и полицајци, овие што загинаа, што преживеаја, се ментално неспособни луѓе? Не верувам во такво нешто.
Не го кажа Лилит во таа смисла, сите знаеме во која смисла го кажа. Не превртувајте зборови. Нормално дека не се ментално неспособни чим се таму, ама кога ќе видам кој се го вработија во полицијата, да ти кажам право, не е далеку од вистината. Јавна тајна е дека за да влезеш во таква служба, ти треба потпора и грб позади тебе. Способноста и капацитетот се на крај оставени. Едит - зборуваме за оние на високи функции
Не зборував за загинатите. Зборував за оние кои сега се живи здрави и во фотеља, кои секој ден бегаат од одговорност за секоја жртва.
Дечки, тука сме, не можеме цело време да сме онлајн,бидејќи имаме и други обврски по дома, но сепак благодарам во мое име, поради вашата загриженост. Од 10 ч. навака нема пукање, ништо не се слуша. Струја имаме цело време, можеби баш во најкритичниот дел куќите немаат струја. Меѓутоа е доста тензично. Утре нема да работат ниту училиштата, ниту градинките на територија на цела општина Куманово, а и на мојот сопруг му се јавија за утре да не оди на работа, поради безбедносни причини, што значи дека сеуште не е ситуацијата за опуштање. Нема да работат и некои други институции. Не споделувајте слики од полицајци кои се на своите позиции во Куманово, ниту на фб, ниту тука, за да не им се откриваат нивните позиции. И не подлегнувајте на секакви шпекулации. Сешто испопрочитав во темава.
Мене мајка ми ми рече дека немало шанси да направат општа војна, како прво на никој не му одговарало од партииве, а како второ на штрек била полицијата, се надевам дека е во право
Почитуван адвокат, Тогаш така нека каже: Мислам дека сите на високи фикнции се партиски вработени и се ментално заостанати. Тука има феминки чии браќа, мажи, вереници, татковци цела ноќ војуваа, за на крај некој кој бил под јорган, наместо да даде збор за поддршка, ги прави ментално заостанати. Затоа, ако мисли на некој конкретно,нека се каже. А не работи кои ги навредуваат другите. Се добива таков впечаток од тој пост. Едит. Лилит се дообјаснила.
Повеќето имаат напишано но ќе кажам и јас. Ве молам не ставајте секакви информации што ќе прочитате од кои информациите не се потврдени и се само шпекулации. Покрај критичнава состојба порталиве(неkои од нив ) ја користат ситуацијата и само објавуваат за самиот портал да има поголема посетеност.