Не мисли на лошо. Мисли на добро, морате имате прекрасни деца, роднини, родители. Снабдете се со вода и храна ако ништо друго. Да се има за недај боже. Битно сте добри, здрави и живи. Господ нека ве чува, сите вас и сите нас!
Плукај колку сакаш,само ја кажав вистината. Не е така? Тогаш ти немаш врска како работи полицијата. Дали се херои или се притиснати до секојдневниот живот,па полицијата им е една од ретките професии каде имаат загарантирана плата,дневници за празник и други бенефиции. Жално е што гинат вака,навистина жално,но за мене лично не се херои туку извршители на својата должност.
Ne,nema da zaboravam nisto sto se desi 2001,smilevsko,kumanovo 2015,terorot po avtobusi..Fakt e ova,fakt.Ne velam deka ne postojat dobri albanci,postojat ama retkost se..Ne velam ni deka ne postojat zivotni Makedonci..Samo imam videno tolku mnogu loso od albancite..ne sum gnevna,samo iskazuvam mislenje i fakti
Има разлика и од Македонец до Македонец и од Албанец до Албанец, но сепак јас луѓето ги класифицирам на луѓе и нелуѓе. Не знам стварно некои работи што ги прочитав дали ги има на некои веб портали или сами ги пишувате. Ако ги има ставете и линк да видиме. Мислам дека модераторите треба да превземат нешто со темата, зошто избега од контрола работата
Што ве чудат новинарите оти снимаат погреб?! Они се клик платени, земаат плата од клик. Нормално дека ваквите работи сите ги гледаат и кликаат, нив им е во прилог. Уште Менче Точи лешинарова кога одеше по болниците да снима умрени, се знаеше до кај стигнале. Ги сликаат, снимаат луѓето во моменти кога не се силни да ги избркаат. Убаво кажа еден сосед, пред некоја година, кога намавна по новинар кој сакаше дома да им влезе на семејството кое плачеше. Рече, дома да ви се најде, па снимајте. Они имаат должност да информираат, ама не и да ги снимаат леѓето во најтешките моменти од животот. А за ова дека земаат плата за да умрат полицајциве немам коментар... Да знаеле дека со толку погрдни зборови ќе се зборува за нив, наместо за храброста и животот кој го дале, ќе седнеле дома и ќе плачеле на фемина и на ФБ, место да се борат таму. Никој не е платен за да умре и да си ги остави децата без татко. Сакам да верувам дека злобниците се убиени, уапсени и дека веќе нема да им текне да се појават. И сега ќе има трач муабети, секоја петарда ќе е бомба, страв насекаде.
Kонечно е полабаво до пред 1 час било исто ко вчера на вести џабе јадат трици Греота за сите бранители не се спиени 3 дена по гласот го осетив потиштен изморен .....битно е жив и здрав Вечна им слава на загинатите бранители
Кумановчанки мирно е во Куманово заврши ли? Леле која паника ме фаќа луѓе не можам да се соземам. Дај добри вести кажете.
Cka како по обичај превртување на зборови. Не земаат плата тие за да умрат,туку се очекува дека ќе ја бранат државата.Зарем хирургот оперира без да исече човек или е човек пилот без да полета во авион.Кој е нормално прво да се мобилизира полицаецот или оној што продава на тезга. Слава им на бранителите (но не херои),и никогаш ова да не се повтори,
Дали е можно да имаш вакво размислување бе?! Очигледно не си имала некој кој служел и загинал за Македонија па сега ти е сеедно за таквите, работат само за пари. Тие што се притиснати од секојдневниот живот бегаат да работат надвор од Македонијава. Ако за тебе не е херој некој кој застанува очи во очи со терористи и е спремен да прими куршум во глава за да одбрани семејство цивили, тогаш не знам што да речам... алал да ти е на паметот. Жално е што гинат за овој народ... само криви се и владава што укинаа задолжителен воен рок. Истерај ги за уши сите мажи од по кафичи и пред компјутери надвор со пушки да бранат народ, па да видиш како ќе се ценат војници и ќе се декларираат за херои.
Душо не читај многу такви непотврдени, неофицијални изјави од секого, се изначитав овие два дена, ваму се пука, онаму се пука...се пукаше кај мене денес, свадба во маало, нека им е со среќа ама мора ли да се пука? Секакви работи се пишуваат овие два дена, почекај по сигурни извори, и не се концентрирај многу на интернет што се се пишува
Сега во западниов дел од земјава ако се појават од по планините, ќе биде јако. Како што се спомнува Гостивар, Тетово, Кичево, Зајас....ајде спиј мирно да те видам. Тие ако планирале да ги нападнат полициските станици на овие градови, тогаш 10000% ги има многу повеќе распостранети насекаде. Само кој да знае каде се скриени, каде се наоѓаат кога преку ден се цивили, да не можеш да се посомневаш. Кога сите ќе мислат дека се е готово, тие баш тогаш можат да се појават.
Значи го кажа истото што и јас само што јас не го завиткав во шарена хартија. И за вас млада дамо не сум,бе! За болдираното! Не е херој,херој е ако потпише дека доброволно го прави тоа.Зашто кај смее да одбие наредба или да земе боледување или годишен одмор во ваков случај.Симни се од розевите облаци.
Какви глупости прочитав значи, што ви е Нормално дека идат затоа што се платени и тоа им е работа, никој со здрав разум нема да си ја остави фамилијата и да оди во војна.
И шо постигна сеа со сценариово?Јас живеам во Гостивар ,имам дете мало и бебе.Да легнам вечер со помислата дека кај и да е ке не нападнат и нас?
Па и јас живеам во еден од тие критични градови, и нормално дека сум мнооооооооогу загрижена. Ова што го пишав јас не го измислив туку го прочитав по некој портал прееска, дека тоа биле плановите (терористите признале) за на 12ти мај. Да се нападнат полициските станици во Гостивар, Тетово, Куманово, Кичево и Зајас. Ама нели фатени се сега терористите, па сите се надеваат дека нема да дојде до тоа. А и во случај да дојде до такво нешто, нашите ќе бидат многу поподготвени и многу психички поспремни. Нормално и засилувањето ќе биде на највисоко ниво.
А порталите демек имаат сигурна информација. Прееска и човекот го прогласија за мртов а тој жив и здрав.