Порталите секаква глупост би напишале за повеќе кликови, трагично е. Не верувајте ако нема наведено извор.
А порталиве демек да не прајле интервјуа со терористиве? Ај све у курац нека ојт,и новинари и портали и све !
Да, размислив три пати пред да пишам пошто сите знаеме кои градови ги сакаат Албанците да ги спојат. Нешто чудно е? Да речев некој град од источна ај чудно е, ама сите ја знаеме реалноста. И не реков дека нешто е официјално. Прочитав некаде што не значи дека е точно. Сакав само да споделам. И онака се фатени сега гнасите, нема место за паника.
Пак ќе речам - алал да ти е на паметот... и не не го кажа истото што го кажав јас! Само, тие што имаат некој свој таму некаде за кого се тресат дали ќе се врати дома, ќе разберат за што зборувам. Тие што денес ги изгубија и спуштија своите во гроб знаат што значи зборот херој и колку вредат нивните плати во ваква ситуација. Срамота е ова што го читам, ќе се обидам од овој момент да игнорирам вакви срамни постови за македонските херои! А за тоа дека е се сјајно и се е завршено,не е. Јас живеам блиску до една од гореспоменатите полициски станици, секако дека е напнато и се очекува сешто во вакви моменти. Немој да мислите дека тие 40-тина терористи се единствените во Македонија и дека е тоа сета артилерија со која располагале. Ги има премногу во западниов дел, месеци наназад се складирало оружје, се шетаат џихадисти со бради по улици додека деца си играат пред згради. Не ги потценувајте ниту вашите сограѓани, комшии, никогаш не знаете кој кого крие по дома. И Куманово живееше соживот, се до вчера....
Значи сите се уплашени, сите спијат во штрек, нема потреба дополнително да се ствара паника и страв кај населението. Тие од западна Македонија добро знаат што значи да се живее во агонија и страв и да се будиш од звуци на истрели, бомби, хеликоптери, авиони... НЕ верувајте во се што ќе прочитате, и онака сигурно нема терористите да објават термин и место каде ќе нападнат. Тоа е една од најголемите глупости што ги прочитав по порталите.
Како пак се знаете бре? И колку се и што се... Верувате на секое срање од медиумите... Стварно овде не вреди што милион пати се напиша да не стварате дополнителни тензии, плус со информации од глупави портали о неписмени новинари! Ка читам темава само за да видам како се кумановки, како е ситуацијата да ни кажат, ама кога читам вакви глупости и препукувања меѓу вас ми иди да повратам стварно! Де дај помогнете ако можете и колку можете на кој има потреба, и со малку позитивизам и многу верба во Бога да се надеваме и молиме се да стивне и заврши! Со црни мисли никаде не одиме! И доста омраза стварајте Албанци вака Албанци онака, па нели гледате и тие де преплашени кутрите, не сакаат војна! Пу бе! Се да се плукало по некој! Имаше тешки времиња меѓу нас, ама луѓето се менувааат и треба и да се простува!
Феминки од Куманово сум и еве да ве известам дека веке не се пука, мирно е, ситуацијата е навистина решена. Не сум од Дива населба, но сум блиско и вчера во тој дел од градот навистина беше страшно, пукање, бомби, се слушаше како под прозор некој да ми пука, запалени куќи, целиот град беше исплашен и секако ги напуштивме домовите на побезбедно. Денеска сме вратени и се е во ред.Многу жално за луѓето од Дива населба и за албанци и наши, целата населба е евакуирана и до сабајлето неможеше никој ни да влезе ни да излезе од таму. Секоја чест за нашите безбедносни сили, победија опасни терористи, во борба која без престан траеше 30 часа и тоа на мн тежок терен со многу улички, сокачиња, скриени во куќи на цивили, кратко кажано ова беше прав герилски рат.За среќа се се заврши како треба, со добра мисла одиме напред, само позитивно и смирено без тензии и паника.Сега безбедноста е на врвно ниво, сите се претпазливи и мислам дека нема да дозволат да се случи нешто слично во друг град. И да додадам дека е срамота во една ваква ситуација каде што 6000 луѓе не се во своите домови и загинати полицајци да се меша политика и национална припадност.Бедно е да користат вакви настани во политички цели, да бидеме едно барем еднаш.Кога овие два дена тука во Куманово може да сме едно со албанците, сплотени како браќа, зошто да не бидете и вие од Вмро и Сдсм? Покажете барем малку достоинство и прибереност и не мешајте ратување со политика, да тоа што се случуваше овие два дена беше вистински рат.
Nema nisto milicka za sega, za toa i ne vi pisav. Nasite se seuste tamo i go obezbeduvaat terenot. Fala na Boga zdravi i zivi mi se site do eden. Preska malku ne izvadija od pamet kako eden od niv a go ranile, ama posle se javi i sega sme smirreni. Toa.
Па оние ретардиранине на фб. Само човек без душа нема да стави лајк на ова, тој што нема да стави лајк на ова не е човек. Аман те бе луѓе. Нормални ли сте? На трагични судбини ли ќе збирате лајкови. Човечката глупост и денеска се покажа дека нема граница.
Тоа е тоа , кога ќе се постават ненарачни прашања тогаш се прекинува интервјуто , ако ако само така правите , ќе ве стигне карма еден ден сите ....
Прво ќе им изразам почит на загинатите бранители. Нека Им е вечна слава! Сочувство до фамилиите на загинатите и до сите Кумановци кои овие два дена доживеаа вистински хорор! Навистина многу ми е жал! Ова што се случи е нешто многу страшно и многу ужасно! Се надевам никогаш повеќе нема да се повтори! Овој скапан народ уште еднаш докажа дека не заслужува никој да гине за вакви неблагодарници! Овие два дена се изначитав све и свашта. Место у вакви ситуации да се инсистира на сложност и обединетост, ние поразделени чинам никад не сме биле! Препукувања, плукања, очи вадење едни со други и се за една мочана политика која ни го уништи животот и не доведе до ова лудило! Од една страна сите изиграваат паметњаковичи, а од другата страна луѓе кои доживуваат терор во своите куќи и луѓе кои се борат со својот живот! Институциите дефинитивно го достигнаа своето дно! Како бе можат да излезат на прес и да зборуваат за успешна акција кога има 8 загинати припадници на МВР и околу 40 повредени? Како може ова за вас да биде успех кога границите ви се швајцарско сирење? Ги силува секој кој стигне! Од јужна страна секојдневно ви влегуваат мигранти! Од север ви влегуваат терористи со еден тон оружје и муниција и си шетат низ државата! Каде се безбедносните служби? Како после сето ова јас да се чувствувам безбедно? У секоја нормална држава, за вакви пропусти фрчат оставки! Кај нас како ништо да не било. Два дена Куманово гори, луѓе гинат, цела Македонија на нозе, првите луѓе во државата нигде ги нема! Премиерот на Србија и вонредна седница свика и телеграма со сочувство испрати, нашиве ко глувци во дупка се кријат! Ова ли е тој успех шо го зборите!? Излегува Грујо на прес после два дена не знае ни сочувство да изрази, не знае ни имињата на загинатите да им ги каже без да ги прочита.Од новинарски прашања бега ко ѓавол од темјан! Да ти се плукнам и на премиерот неписмен! За претседателот да не ни зборам, овој никогаш не го ни имало. Оваа брколинда, гнаса ја мразам со цело срце, на пресот муца и глуми дека жал и било па уште вика и дека никогаш нема да заборавиме ова што го направивте за Македонија и за македонскиот народ! Лицемеру еден и за оние херои од 2001 така велевте, па еве терористите сите у фотељи у влада ги сместивте! Државата лудило ја направивте! Исто сите медиуми дно дна! Вие сте чуле ли за вонредни вести!? Во Куманово војна се води, овие мува не ги лази! Си цепаат турски срања, грандови ѕвезди и шабанарии, ко на народот до тоа да му дошло! Копилево Латас уште дрнда дека Куманово не била најважна тема! Поважно било да знаеме како да се понашаме кога идеме у странска држава! Да ти ибам државата скапана! Дефитивно завршувам со факултет и да ме нема од ова лудило! Работава е или да бегаш што подалеку или ќе полудиш, друго чаре нема.
ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Видеото е посветено на македонските полицајци кои храбро ги дадоа своите животи за својата татковина Македонија: Жарко Кузмановски Сашо Самоиловски Ненад Серафимовски Исамедин Османи Бобан Ивановиќ Горан Илиевски Љубиша Арангеловиќ Горан Стоименовиќ СЛАВА ИМ! ( ve molam ne go lajknuvajte postov)
За кликови и гледаност бе Окензи. Тоа е побитно од тагата на семејството. Во РМ нема новинарство, нема таква фела. Се е платеници, газолижачи и збирачи на лајкови.
Знаеш мила, често пати и не ги жалам новинариве кога ги дробат од ќотек пошто стварно заслужуваат. Абе два дена сум на дијазепами и сега на сител погребот од Нено, абе ме стега некоја вена во главава, ке експлодирам. Без осет идиоти.
Мислам дека веке е смирена ситуацијата или ? Се надевам дека ова е крајот тука и дека ние , нашите деца утре и нашите внуци нема да почуствуваат ваков страв никогаш. Сега ги разбирам зборовите на мојата стара баба Детее никогаш да не има војна само тоа е важно... Сега малку сватив од тоа.... Македонски синови нека ви е лесна земјата...Се надеввам ке го имате најдобброто место в рајот бидејки засллужувате многу повеќе од тоа... Сочуство за вашите фамилии и нај блиски само Господ нека им даде сила и надеж да проолжат понатаму... Се надевам дека никогаш нема да бидете заборавени , тоа е најмалку што заслужувате... Вие заслужувате посебно место под ова небо... Кумановци заборавете го ова... Ви посакувам никогаш повеќе да не се соочите со вакво ништо ....Ниту вие нити никој од нас. Сите заслужуваме мирни ноќи и мирни сонови... ГОСПОДЕ ЧУВАЈ НЕ ОД НЕПРИЈАТЕЛИ АМИН.
И јас прееска случајно видов дека погребите ги даваат, не можев да поверувам. Морници ме полазаа. Идиоти овие новинарите, зар нема други прилози да пуштат па мора погребот Нивните блиски не знаат главата кај им е, овие застанале ги снимаат кој повеќе ќе плаче. Идиоти. За срамота.
Се ке разаберам ама ова по фб немозам ако лајкнес поддршка давас има мали деца кои ги трауматизиравте сведок сумна едно мало комшиче на кое татко му е во платената војска и детето имаше прочитано една од тиевести ко цркна одпамет ме извади почна да плака целсаат го убедфувавме дека не е висдтина дајте имајте обзир дека не сме сите возрасни.Лека им земја на починатите сочуство до семејства ги оплакувам иако не ги знам само си помислив што ке беше јас да бев на нивн0о место на нивните сопругти сепак беа премногу млади.тажно е болно е ама бидете си мирни не дигајте тензии имаме деца внимавајте што лајкнувате и пишувате.
Да бидеме реални и во 2001 ги даваа.... Оф... главава ме боли веќе. Ама барем јасно ни е се зошто е и како е... некој до лакти со говна се измачкал... Мајка ти. @nekoe_devojce 19 mins19 minutes ago Штотуку дознав дека вчера итно биле вклучени и чуварите од Идризово. Немојте да помислувате на армијата! Никако!! #Куманово Зошто бе вакви срања пишувате? Од кај дознавате бе саде Сијка Пиштолова сте сите... А овие па дебили од селебретис што пишуваат пиеси на тема македонско албанската љубов нека си удрат по една шлаканица. Така наивно исповадија статуси,а не се ни во тек. Никој не ни рече ни збор за етнички конфликт, но ете се истакнаа...