Сега кога донекаде е завршено би сакала некој да ми одговори на некои прашања. -Како е можно да влегле толку лица со такво наоружување,кога има гранична полиција? -Која е нивната логистика во градот и селата? -Овие што ги нарекувате херои а јас несреќни жртви какво искуство имале за ваква борба? -Кога се спрема некоја тактика ,зарем не се дочекува спремен.Ако имаме 8 жртви за 48 часа со однапред познато сценарио,замислете да не нападнале неспремни.Некој спие или така му чини. -Ако веќе има толку жртви меѓу терористите зошто не ги покажат нивните тела ако веќе не можат да ги идентификуваат. -Оваа слика сакам некој да ја објасни Мајстори сме за манипулација.Народот паѓа на сентименталност,се удираат лајкови на слики од војници со деца,се бранат дека теренот е непристапен.Па каков сакаш во град да е ,на игралиште ќе си играме кантер?И претседателот каков говор одржа.Да бидеме сплотени?Приказни за мали деца.Нека оди на децата на загинатите жртви да им објасни што е сплотеност кога ќе прашаат кој ги убил нивните татковци,шиптари или марсовци.
Во 2001 немаше ЕБР туку ЛАВОВИ, после ја распуштија таа единица, па во 2002 се формира СЕБР, а денес ЕБР. Во 2001 имавме околу 70 загинати бранители и околу 30-40 цивили. Само во масакрот во вејце загинаа 8 бранители, а исто и каај Карпалак 10 бранители, Љубанци 8...... Албанската страна никогаш официјално не ги објавила, но се претпоставува дека нивниот број бил околу 3000 мртви. Според “Бела Книга“, издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, бројот на загинатите припадници на полицијата во вооружените дејства бил 15 жртви и 150 повредени, на старешини и војници на Армијата на Република Македонија 43 жртви и 119 повредени Еве што пишува во податоците Безбедносните сили дадоа над 70 жртви и над 340 ранети. Чекор напред во реинтеграцијата на бранителите е направен со донесувањето на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили во јануари 2002 г. со кои се уредуваат правата во здравствената заштита, вработувањето, семејна пензија, парична помош, станбено згрижување и образование. Законот во најголема мера се однесува на воените инвалиди и на семејствата на загинатите, а другите бранители реално имаат две права: бесплатно високо образование и предност при вработување во јавни институции.
Исповед на припадник на полициските сили: “Не знам од каде да започнам но од некаде ќе морам.Слава им на колегите кои беа убиени во Куманово, но зошто !? Најпрво да се запрашаме кои се убиените колеги, станува збор за припадници на единицата “Тигри” но повеќето млади и неискусни, можеби ова и да им беше прва и за жал последна акција. Од разговор со колегите се претпоставуваше да се случуваат вакви монтирани напади, како можни локации беа предочени Куманово и уште неколку села во околината на Скопје каде има мешовито население. Цела ситуација е со многу нејаснотии. Како тоа косовари ја преминале нашата граница, а имаме гранична полиција ? Кој тоа и по чија наредба се пуштени таканаречените терористи ? Од какви рани се починати колегите? Од каде е пукано ? Зошто во вчерашната прес конференција министерката Јанкуловска го лажеше цел народ дека состојбата е ставена под контрола кога утринава имаше повторно акција. Како тоа стануваше збор за униформирани лица во црни одела, а приведените беа во цивилна облека ? http://revolucionermk.com/ispoved-na-pripadnik-na-politsiskite-sili-koj-gi-ubi-nashite-kolegi/ Некоја феминка го имаше постирано линков. Морав да го искоментирам, не читам надоле оти во првиот пасус се гледа дека го пишувал некој кој поим нема шшто било, а уште помалку да е полициски припадник, во тоа време, кој морал да биде дома да спие и да одмара или пак уште да бара мини. Прво, не беа сите малди и неускусни, двајца од загинатите се родени шеесет и шеста или осма, значи не се млади. Дел од загинатите се со втора акција после 2001. Значи лаги. И зборуваме само за загинатите, оти другите не ги знаеме, нека кажат феминките чии мажи беа таму дали им се мажите неискусни во работата. ќерките тука нека кажат дека татковците им се млади по 25 години. Прашањево од какви рани се починати колегите, е глупо до бескрај. Надворешни површински рани, не се. Од каде е пукано, молим ти се, од Аџиматово е пукано. А за облеката па....о Боже. Имаше и такви во женски мантии за кои кажаа, дека се пресоблекувале пред да ги уапсат за да избегаат. 20 саати борба, и наводно, не смееле да асе пресоблечат? Има некој етички кодекс во однос на пресоблекување во војна или дрес код кој кажува како да се облечени??? Мразам вакви измислени фаци, некој седнат дома и за кликови си исмислува писма, исповеди. Срамота.
@Cka се согласувам со се што си напишала, ама морам да те поправам имаше многу млади и неискусни деца ( по 22 години )
Еве Хогарица да ти ја објаснам сликата. Пошто гледам дека ти е многу битна. Оној со прстот во бело, е нивниот командант кој кажува каде е скриено оружјето, или каде е друг неког колега терорист. После му ставаат лисици. Или е човекот кој дома ги криел терористите и кажува вокоја соба се? Сигурно не мислеше дека нашите одат облечени во чаршави? Задоволна од оваа претпоставка? Нивните жртви никогаш не биле кажани по број. Нема да бидат ни сега. Во 2001 со камиони носеле жртви од кај нив. И така е мачка, мора да има и млади. Како и секаде, во секоја работа. Ако се млади не значи дена од 18 години, вкупно 4, не вежбале и не се обучувале за вакви работи. Јас во никој случај не сум ЗА да се вика дека тие деца таму, милиони пати похрабри од овие скриени на компјутер, се млади, неискусни, ментални, глупи, вработени партиски или оти татко им е некој си. Тие сите имаат храброст да отидат таму и без да мислат за нив да се борат. Оние другите не се вредни за коментар. Никој од нас не е доволно искусен да е аналитичар и да каже дека акицјата била едноставна или страшна. Ама сите службеници последниве 2 дена не заслужија некој да им се исмева на нивните способности. Они за нас живот даваат, ние идиоти ги правиме. Не прифаќам такво нешто.
Дур ние тука мозгаме 1) МВР имало сознанија за групата и арсеналот оружје кој го имаат и се чувствувале доволно безбедно Конгрес да прават пред една недела?! 2) Математички нешто нема логика - ние дадовме 8 жртви и преку 30 се во болница. Од другата страна загинати 14 и уапсени 30тина. Логика - никаква?! 3) Што не ги сопреа кога поминувале граница по планините?! Што чекаа да се укотват во уличките и да тераат најтежок вид војна? 4) Премиерот, место да не смири, крена паника (бар кај мене). 5) Хорхе, не ми е фактор - сигурно не ни знаел за акцијава. 6) Која им била целта на групава во Куманово? Имаат ли уште истурени членови по државава? Од она што го видовме во 2001, знаеме дека овие групи не делуваат без план, а ова од викендов личи на целосна стратешка утка. 7) Министерката од морални причини одма оставка да си даде. Мене многу ми е страв што ќе се случува во периодот што доаѓа. Се надевам нема ништо да се повтори!
Колку паничете едноставно сами ќе си направите војна во вас и тие околку вас. Дај оладете малце. ќе биде напнато периодов. ќе има натлетувања на хеликоптерим беспилотни летала, ќе има полиција со паницири насекаде, и такви ствари.
Ве читам редовно и многу ми е жал што наместо да се обединиме ние продолжуваме со препукувања и поделби. Греота е што некоја од вас рече дека луѓево не се херои, греота е што друга рече дека се неспособни и неискусни, греота е навистина. Оди кажи му го тоа на маж ми кој изгуби најдобар другар, кажи им го тоа на тие 2прекрасни дечиња кои останаа без татко, на таа жена и тие родители кои засекогаш се завиени во црно. И небото плаче затоа што изгубивме големи луѓе, херои луѓе, кои навистина не бранеа нас, јас да сум на нивно место никогаш не би го направила тоа бидејќи овој народ не заслужува. Се додека има раздор меѓу народот, нетрпеливост, омраза, ние не заслужуваме никој да не брани. И човекот кој што загина, најдобриот другар на маж ми, беше толку подготвен, толку спремен и искусен, ама тоа арнаутско племе од каде дојде да недојде, го уби на подмолен начин, на најнизок начин го фати во заседа и го уби. Глумејќи предавање го уби со бомба, што да кажат тие луѓе што сега неможат достојно да се испратат од својот најблизок бидејќи не им дозволуваат да го отворат ковчегот. Луѓе да се свестиме веќе оти прекасно стана, нашите деца бетер ќе страдаат, полоша иднина иде за нив, доста е веќе и сдсм и вмро, да им се плукнам на сите во племето алчно, они си ги наместија газовите, ние патиме, ние страдаме, и едвај преживуваме. Несакав да се вмешам и несакам да сеам страв или слично, ама морав да споделам да си ја олеснам душава и да ја искажам маката што ми се собра во душата. А тој главниот, тој иницијаторот на ова што се случи, тој болен ум, Господ се најмило да му сотре. Никогаш никого не сум посакувала зло ама толку сум гневна што сите најгрди зборови излеваат од мојата уста. Кумановки чувајте се и бидете силни. Ако ви е потребна помош побарајте ме во лп, јас можеби немам многу но и тоа што го имам би го поделила со вас. Господ да е со сите нас и веќе вакви работи да не ни се случуваат во оваа напатена држава
На друг форум, ова беше подеднакво солидниот одговор на „теоријава на заговор“ на сликава. 1. Човекот си е полицаец кој често е по кумановските улици. Го знае премногу народ за да би се правел удрен и да изиграва уапсен терорист. Не може некој со слика со пиксели у минус, да ми докажува спротивно само поради брковите. 2. Ситуација: Имаш терористи во дувло. Горе-долу не знаеш што точно имаат на/во себе и како може да те нападнат при апсење. Прво нешто што правиш, е го соблекуваш до гаќи за да го претресеш, а белата кошула што ја гледаш, се закопчува отпозади...јасно ни е за каква отприлика станува збор. Другиот дел е лаборантски мантил на крим техника. Сигурно нема во тренерка за по дома парафински ракавици да им зема. Инаку предмалку поминав со такси на почетокот на населбата т.е. улиците кај пазарот и Тифани што претежно ги гледавте по вести. Има некоја раздвиженост таму и има уште по некој полицаец, за секој случај. Остатокот од Куманово се движи најнормално ко за понеделничко утро. Конечно е некако полесно кога ќе ги препознаеш рандом лицата со кои секојдневно ти се сечел патот...
Јас баш очекував поголема предострожност после се ова, ама ниту хеликоптери ниту полицајци видов некаде. Ноќеска околу полноќ мажот ми дочека поголемиот тим луѓе од странство на аеродромот и баш мислевме ќе се задржат подолго, претреси, ова она, посебно дека одат за Те. ма ниту еден полицаец, а камоли со панцирот не сретнаа на аеродромот. Многу безбедност бе! (Ако не е намештено се и самите ќе се плашеја - моја претпоставка де)
Изгледа треба да не отепаат сите, за некој скептичен што ке преживее да свати дека бевме нападнати од терористи и дека не е за зезање работата. А до тогаш апелирам до сите што имаат профил слика на фб Стоп за полициска бруталност, да си стават ковер слика Да за тероризмот. Од главата си патиме,.
Што сакаш да кажеш дека јас ја окривувам полицијата? Како да не, се знае од каде одат наредби, тие си одат каде им кажат. Ама зар не е малку чудно ете аеродромите да не се обезбедени подобро? Еј, ноќта кога се треба да врие од полицијата? Знам што зборувам, живеев во ратови од сите страни. Татко ми е полицаец, со месеци дремаа по косово, смируваа немири, со месеци го чекавме, не беа мобилни телефони да го слушнеме кога о да посакавме. А ова сега е само политичка војна, не кажувам дека нема терористи кои се со испран мозок со нивните изопачени идеологии, ама и нив им треба поддршка, малку некој да ги побутне. Тие такви без разум, толку им треба да се "запалат". Секогаш ќе испаштаат невини, сигурно нема тие на власт да гинат или некој од нивните. А политички заслепени исти сте ко терористи, на исто ниво, само со поинакви идеологии, исто така убиствени.
Навистина сметате дека е крајот, завршија ваквите напади? Се извинувам што не сум најпозитината тука и цело време паничам, ама тоа е затоа што ги видов профилите на командирите или што и да се на тие кои се најдоа на спротивната страна минатите два дена и од нив може да се заклучи дека ништо не е завршено. Се надевам дека грешам.
Од статус на фб, Прашање? Влегле 70? Се предале 30? Елиминирани 14? Недостасуваат 26,каде се? Се надевам Јанкуловска знае да решава равенки со непознати..
и уште ова го имам како прашање - Демек влегле од неидентификувана соседна земја, а тие уапсените по информација од Иво Котевски, се наши излегоа, освен 1-2 кои беа „странски“ државјани... Да не се повтори веќе ова и мислам ќе сме раат сите.. Ни теории за заговор ме интересираат ни ништо.
А што велите за кавер „Стоп за бруталност, фулстоп“? Има меѓу сите професии луѓе коишто си ја вршат работата како што треба, а има и такви коишто не се снаоѓаат баш најдобро, има и такви коишто ја извршуваат совесно до крај, бескомпромисно. Има вработени во центри за услужни дејности коишто се ... замислете ... неуслужливи. Дали ние покажуваме совршени перформанси на нашето работно место и во случај да сме блиску до тоа, дали можеме одговорно да тврдиме дека сме биле такви од првиот ден? Јас не сум била. За секоја работа пред да влезам во штосот да ја извршувам како што треба, барем 2-3 пати во канцеларија ќе ми рекле „Де бре, Теси, вака ли се прави и сеа шо праиме?“ Ниту му велам „да“ на тероризмот, ниту пак велам „да“ на полициската бруталност. Досега најискрено не сум имала работа со полицаец којшто не бил коректен кон мене па од поограничена перспектива гледав на некои нешта, но едно знам. Полицијата и народот треба да се на една страна, да покажуваат обострана почит, разбирање и соработка. А тоа мислам дека на нашиве простори не е тешко и неизводливо.
Сега ме потсети Кукла, на пресот на Иво Котевски.. Овој, апсолутно не се слушаше себе си што зборува. За помизерен прес, не знаат ушиве.. Добро, да признаам, се уште се двоумам за неговиот или на Јанкуловската. Влегле од ЕДНА соседна земја?! И баш утрово на вести слушам, уапсените терористи се претежно македонци?!
Убиени се. И премерот кажа дека има убиени, кои не се идентификувани и уште се бараат. Некои луѓе (како твоиве на ФБ) едноставно математики прват. Нека идат у Куманово да бројат мртви ако е толку битно за нив. Или е само прозивка за да се направи министерката глупава а они да ќарат политички пен. Иконче што повраќа.