О луѓе смирете ги страстите немој да се распраавате по било која основа ни политичка ни верска ни национална. Постојат повеќе варијанти околу тоа кој ја предизвика оваа несакана криза.Власта као наводно да се спаси а од кого ? Опозицијата за да дојде на власт и тука држи тоа вода . А најмногу можеби е странско сценарио САД или така некој на кој не му одговара Турски тек и слично .А напаѓачите сигурно само извршуваа туѓо сценарио за огромни парични средства... Најжално е за младите згаснати животи нека почиваат во мир
@RainBow мене најискрено ми е многу жал, колку поголем дел од народов наш е затупен ..неверојатно ! Џабе цртај, објаснувај, докажувај, ама не вреди ! Каков народ, таква држава !
Да бидеме реални... Има голема разлика од албанците староседелеци до косоварите дојдени од 99та година па наваму... Менталниот склоп и начин на размислување на овие првите и на овие вторите е многу различен... А со оглед на фактот дека 90% од дивата населба биле косовари, кој е тој што ќе поверува во нивната невиност? Во тоа дека ништо не забележале, не виделе, не слушнале?
Абе што се дешава во Тетово сега ? И мислите сериозно е ова за утре што го најавуват .. или само шпекулации се? Искрено страв ме фаќа..
па дека читав нешто имало зголемено полициско присуство по албанските села у Тетово... од албански сајт беше и си го преведов на гугл транслејт...некој погоре го имаше тоа постирано.. на твитер линк мислам дека беше...
Камо да имаше машина за читање мисли, тогаш се ќе дознаеме што планираат терористите. Сега цело време во неизвесност. Кола да почне да брчи надвор одма се штркнувам. Ебати ваквиот живот.
Денеска бев во полиција во Тетово и зголемено полициско присуство и се наоружани до заби ама тоа е само ради претпазливост иначе нема ништо
многу ме плаши ситуацијава... исто ко у авганистан да живеемее значи.. до каде стигнавме.. едвај чекам да се иселам од државава преку глава ми е од сее.. да се плашам да не се деси војна утре.. Демек 21 век бевме...
jas ne se ni plasam 2001 pominav niz zakani so avtomati samo mi e za maliov,a za nego ke ubijam,ama da se krijam i plasam NE
Не знам дали некогаш на форумов сум кажала дека татко ми е Кумановец - роден и израснат таму, додека не морале да се преселат неколку пати заради работата на дедо ми. Скоро сите роднини од таа половина од мојата фамилија живеат во Куманово, да не знаеш каде попрво да се јавиш кога изби целата работа. Срце ме боли кога гледам слики и снимки од состојбата таму... Деновиве се воздржував овде да коментирам, дури и избегнував да ја отворам темава кога читав што сè се пишува. Премногу омраза се ширеше, премногу дезинформации се пуштаа, и стварно без осет беа некои што пласираа „информации од прва рака“. Ние уште во саботата околу 3 попладне знаевме дека има загинати полицајци, само што нас ни кажаа дека се 6, не 5. И сега јас требаше да седнам на форумов и да пишам: Дечки има загинати, ама колку како што - не ме прашувајте, не смеам да кажам. Значи стварно без осет, срце ќе им се стегнеше на сите што имаат татко, брат, син, маж испратено во Куманово. Особено затоа што сите ја следеа ситуацијата преку она што се објавува на интернет, зашто на телевизија Ѕвездите на Гранд ги пуштаа. Кога веќе ги спомнав медиумите, за нив па немам зборови, жолчка да ти пукне! Од објавување снимки од погребите, до бришење и кратење интервјуа. Нема да коментирам ништо за причината за ова што се случи, стварно ми е преку глава од муабети за гасоводот, САД, Заев во коалиција со ДУИ, крило на ДУИ што не се согласува со политиката на Ахмети, сценарио на ВМРО, ОНА, АНА и не знам веќе што! Јас стварно не знам дали некој некогаш во оваа држава си ја прифатил одговорноста и си дал неотповиклива оставка. Се сеќавам дека кога во весник прв пат прочитав за таков случај во Јапонија, дури чудно ми беше зашто некој министер дал оставка од морални причини. Кај нас не знам што веќе треба да се случи за некој да поднесе одговорност. Нека им е лесна земја на загинатите и сочувство до нивните семејства. Се надевам дека црните прогнози нема да се остварат, а вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи. Сите сакаме мирна и поубава иднина.
После што ја мешате Америка... Ама така е, секој својот став го брани. Јас само едно ќе речам, think out of the box, луѓе. Само немојте да бидете кусогледи!
Апсолутно никакв Постирањето на вакви срцепарателни стории мене искрено ми е смешно. Освен тоа, поголемиот процент албанско население, особено оние од руралните средини да ги прашаш истово ќе ти го кажат, и не е дека они тоа не го мислат. Ама се до првата молитва изутрина кога ,,вишата'' сила ќе вмеша прсти, па сите заедно сложни ќе се обединат за реализација. Но, јас кажав, нека ви биде. Организирајте протести, срушете ја Владата, нека дојде Зајко со неговата голема натпартиска повелба. Мене ми е сеедно да ти кажам искрено, пошто мене дома ни 30 илјади не ми се собираат. Па, камо среќа никогаш да немаме прилика да дојдеме да дискутираме на оваа тема, и да биде ,,ви реков ли''. Дотогаш живејте во розов свет, вајајте ги сништата со цветови мир и соживот со луѓе кои ги земаат вашите работни места, и ги убиваат вашите синови, и лицемерно ве бодат зад грб. Ама нели, што знам јас, стварно сум затупена. Та наместо да постирам објективни статуси на фејсбук и овде за тоа како сите овие години после војната имавме супер соживот со албанците, и треба да дозволиме да не лажат, па згазат, јас ги критикувам. Срам да ми е.
А ова не е срцепарателно намерно напишано да поттикне омраза? Не знам ни што да ти напишам, жално е ова што го пишуваш, отидоа луѓе изгинаа, не се знае асално ни зошто, ама вака да играш на таа карта е срамно. Твои блиски кога ќе треба да одат да се борат дојди тука да пишуваш за омраза и да солиш памет. До тогаш ќе гледаме да се стиши тензијата и да се доведеме во ред, да се види кој и за што е одговорен, да се обидеме да се извлечеме од ситуацијава за да не се повтори и да не плачеме и кукаме повторно. Убаво си кажа сама, гледаш, има надеж.
[Video] ŠTA JE ISTINA? – ‘Nema dokaza da je Toše taj koji je poginuo, on je živ!’ При оваа ситуација, еве некои "пријатели" на фб какви вести и статии лајкнуваат Ајде Господе собери си ја вересијата... Глупи се родиле, глупи ќе умрат абе блазе си им на паметот.
Политичките сили секогаш ќе потпалуваат, и тоа е факт. Меѓутоа, наше е дали ќе одлучиме слепо да ги следиме нивните патокази. Затоа, ако не сакаа 2001 година да ги слушаат тие наредби, и размислеа со своја глава, веројатноста да се одговори на повикот за агресија ќе беше сведен на минимум. Па, со ладна глава ќе се тргнеа настрана и ќе организираа контра протести за обединување како ние сега. Овде воедно мора да потенцирам, за да не бидам погрешно разбрана, е дека не ги ставам сите во ист кош, ако веќе целиш кон тоа. Знам дека постојат добри луѓе албанци, бидејќи имам пријатели од таа националност, кои впрочем меѓудругото лично ми потврдуваат дека џамијата е и место каде се оргазнираат разни планови за реализација на долго посакуваната цел. Оние кои не одговараат на истите, при првата прилика кога ќе стане жустро ќе ве прашам чија страна ќе ја одберат ,,неутралните'' оваа за мир или онаа за голема Албанија каде ќе ги претпочитаат сопствените интереси.