Албанците, поголемиот дел од нив, не сакаат конфликти и на многумина смачено им е од нивниве партиски потпалувачи кои упорно сакаат да ги потткинат на незадовоство. А како што има хулиганска багра и кај нас Македонците, чии главен мотив во животот им е да провоцираат и сеат омраза, така има и кај нив такви поединци. Јас имам другарки и другари Албанци со години, и сите се тие преплашени како и ние впрочем за сето ова што се случува. Истите тие се тресеа и 2001 од страв, заедно со сите нас. Затоа, престанете сите да ги нарекувате терористи. Тогаш тие истото слободно можат да го кажат и за нас. Мислете малку со главите, а не само да тресете глупости колку да бидете интересни, ако сте му интересни воопшто некому ! Никој не праша овде дали има цивилни жртви и кој ќе им ги поправа изгорените домови на фамилиите ? И не слушнав Grujo & Company некогаш да дадат некој придонес, ама личен, а не со позајмени и народни пари ? А Заев е барем филантроп и помага од сопствен џеб.
За човекот што даде изјава Албанецот, лично го знам. Живее кај џамијата во Куманово и тоа го направи за публицитет. Кога беа протестите за монструм, прв беше и тогаш се правеше паметен и даваше изјава. Денеска Заев доаѓаше во нашиот град, тој покрај него одеше и се обидуваше да зборува, да упадне во очи. Има 43 години некаде и студира на тетовски универзитет, и таму така се однесувал , зборува викаат повеќе од професори. Јас колку што знам овој не е женет, ерген е, или ако е веќе разведен. И мене така ми делува дека е учка со педигре, а се прави паметен. Инаку мајка му е Босанка, па затоа не е типично шиптарска фаца.
^ ^ Тоа се прашувам и јас цело време. Излезе ли владата со официјално соопштение дека нема цивилни жртви или само вешто го одбегнува одговорот на ова прашање? Јас досега не чув одговор, а секаде се истакнува дека нема цивилни жртви.
Луѓе било што било, лошото да не се повтори нокогаш!! Ако сакаме да живеее добро во оваа држава, мора да научиме да живееме заедно. НЕКОЈ МОРА ДА ПОЧНЕ ПРВ!!! Не ми е јасно како можат држави кои се за десетици и повеќе пати поголеми од нас, кои имаат безброј малцинства, да опстојуваат и да немаат вакви големи немири постојано? Па толку ли ние два милиона не знаеме како да воведеме еден ред? Па излезете надвор од стереотипите, учени луѓе сме нели? Па сфатете веќе еднаш и македонци и албанци и сите останати дека на сите ќе ни биде подобро!!! Два милиона народ, а толку многу поделби!
Сто посто ги има уште, нема шанси некој од таму да не се извлекол како уплашен цивил... или па исто така нема шанси да ги имаат фатено баш сите сите.
А од каде знае ректорот? Овие терористиве кај нас доста соработливи, ни два ни три оп ваму ќе тепаме, онаму ќе напаѓаме Какви се глупости се изначитав, од што не можам на некои лица преку монитор да им влезам, ќе почнам сама себе да се шамарам, не бе, може ја сум ненормална
После ова гарантирам дека утре нема никој на пмф да се појави.И ја да сум и да ми каже деканот еј утре ке не пукаат...не би отишла.
Ако е точно ова дека ректорот сака да ја стави наставата на смени, ваљда е ради претпазливост. Учките пишуваат дека утре ќе напаѓаат, се зборува дека цел на напад ќе бидат јавни институции. И ете ги изела болвата. Не е сeедно луѓе. Мене некој да ми кажеше некој дека ова ќе се случи во Куманово ќе му речев дека е ненормален. Јас сум убедена дека утре ќе биде мирен ден, ама сепак оставам некој процент на сомнеж и после работа одам право дома.
Па како прво, тие држави, веќе познати дезертери на државна армија, кои преминале во терористичка група и пукале по армијата на државата, не ги ставаат како министри во влада...
Какви се појави има преку нетов ахаха. Значи терорист не ти кажува абе знаеш планираме на 12ти да ве изрешетаме затоа седете си мадро. Обично тие идат и го прават тоа, нема нотификација како на фб, да ти се појави како евент и таму тоа ќе се деси. Идат и го прават. Нивниот план заврши во Куманово. Тие ако се тука веќе нема да писнат, секој сомнителен ќе се гледа и ќе се онеспособи за поголеми нереди. А, евентуално ако почне, нема шанси ни долго да трае ни па да има жртви,
Јас цело време тоа го мислам во себе си.Го слушам Груевски како им признале за планот да нападнат градинки,сити мол,камениот мост..и се прашувам овој сериозен е?Незнам дали ги тепале за да признаат,не верувам дека тие животни осекјаат болка но ова не ми држи вода. И да не се фатени сите.Уште колку може да ги има?10,20? Можат ли да урнат цела држава,како ке се најдат на повеке локации истовремено?
Па ако планот бил на 12ти мај (тогаш бил убиен нивен командант во 2010 затоа на тој датум сакале да нападнат за одмазда), ако тогаш планирале да ги нападнат полициските станици во 5 градови, а ги фатија само кај еден град...тогаш сигурно има и во околината на другите 4 градови т.е. општини. Сигурно не биле дојдени само овие терористи да нападнат. Ако ова не е масло на Груевски или Заев, тогаш има уште терористи низ земјава. Подобро би било сето ова да беше испланирано од некој политичар, пошто нема да има повеќе напади и се останато се шпекулации. Ама ако стварно немаат врска ни ВМРО ни СДСМ тогаш треба да бидеме многу претпазливи, посебно западниов дел од земјава. Јас искрено мислам дека е испланирано од некој од плитичариве. Нема више ништо да се дешава. А за тие што испланирале има посебно место во пеколот. Идиоти.
Е како викаш нема ништо да се дешава ама си сигурна дека ги има во сите општини од западот?Сама себе се негираш
Јас сакам (нормално како и секој нормален човек што сака) и мислам дека ништо нема да се дешава, зашто се ова ми личи како да е изрежирано од некој политичар кој има контрола врз војската и полицијата. Ама нормално не сум 100000% сигурна за да се шетам слободно. Нормално дека чувствувам страв и затоа реков мора да бидеме многу повеќе внимателни ние од западниов дел барем овие дена додека не излезе се на виделина. Никој не знае со сигурност што се случува и што би се случувало. Затоа најдобро е деновиве, додека се е вжештено, да се пази на себе и на блиските.
Секоја акција така се снима поради документација не знам што и како. Па дури и секој протест го снимаат.