Можеш да забележиш дека не е камера од телефон, туку на самата пушка или шлем и најчесто и снимаат за да прават анализи после. Кој сака нека е човекот, тоа не е доказ дека тој така се чувствува. Како што гледаме има многу вакви ликови кои или повикуваат на протести или повикуваат на војни или се удараат за вмро, јадат трици, отрпилика знаеме што идиоти се, но ете можеби се чувствуваат некако. Претерувате и правите замена на тези, шта да ви причам. Тој вчера што бил таму многу убаво знае што пак точно се дешавало вчера сабајле до попладнето... театар. Денес никој не излезе со официјални соопштенија и анализи. Просто се гордеам со Гордето. Нека си даде оставка и нека не чека многу. Акцијава е оценета како неуспешна, само тоа да ви кажам, а сите се кријат. Ако Гордана е министерка ќе искочи да каже детали кои може да ги знае и јавноста. Срамота.
Ne znam nema nisto, samo znam deka kolegi od fakultet od drugi gradovi si zaminale nakaj doma, da si bile na sigurno
Ц ц ц грам памет да се немало! Се пишуваат ли бе вакви работи во сензибилна ситуација како оваа? Како прво не треба да се шпекулира со непроверени информации воопшто, се шири паника има секакви луѓе, а не па со сигурност си пишал тој некој си дека утре го разнесуваат ПМФ. Да му се забрани пристап до интернет и тастаура под итно!
Хаха, како ние да сме терористи овде па ајде кажете брача терористи дали че го пукаме утре или то се само шпекуљации море хеј
Ееее, за морална одговорност треба грам барем морал . А што е тоа морал, очигледно не научиле ниту им е познат тој збор !
Не го можам ова веќе видено сценарио. Не беше толку одамна 2001-ва. И во 2001 имаше муабети дека ќе има пукање, од сосема неупатени и политички неважни луѓе. И излезе дека се вистинити, а не шпекулации. Мака ми е кога ќе слушнам дека нешто ќе се случува од некој кој знам дека знае повеќе од мене и повеќе од што треба за ситуацијата. Стегната ми е душата веќе трети ден. Првите два за сите што ги сакам и почитувам во Куманово, а ги има многу. Третиот за неизвесноста и сите шпекулации и коментари. И за сите семејства коишто изгубија татковци, синови, мажи.
Терористиве требало да прогуглаат прво нешто како: how to be a terrorist, зашто очигледно не им оди. Какви се тие терористи што се предаваат и плус кажуваат кај ќе нападнат следно, па ние обични нетерористи, да можеме да се скриеме. Од вакви шпекулации ми е преку глава веќе.
Тажното е што... се плашиме едни од други. Можеби сум помирна затоа што се ограничив од читање се и сешто, можеби затоа што секојдневно комуницирам, се дружам и работам со Албанци. Веќе подолго време гледам во екранов и многу работи ми се вртат во глава што би сакала да ги кажам, и барам начин како да ги кажам, ништо не е црно и бело. Би сакала да ви кажам да не се плашите, затоа што многу се огорчени само од политичарите и нивните бескрајни манипулации, ама... не можеш на секого да му видиш во срцето, зар можам да кажам дека сите не мислиме лошо, кога ќе пролистам наназад низ страниве? Посакувам да не се повтори никогаш ова, затоа што секогаш, само невините страдаат
Добро едно прашање имам кон сите вас и би сакала да ве чујам. Само мене ли ми е страшно и крајно глупаво и непотребно полиција да има јутуб канал и да си постира видеа од акции? Зашто се постирани видеата, со која цел? Да не ислашат, да земем да ги фалиме или не знам што. Нели се тие доверливи информации, воени тајни, се окриваат идентитетите на полицајците непотребно, секој може да има пристап до нив утре и пријателот и не пријателот. Не разбирам, стварно. УЧК на фб, овие нашиве на јутуб, не знам светото побудалува ама во крајност. Па уште и дозволиле коментари на видеата, фејспалм
Истото и јас го помислив. И вчера што ќар имаа да ги објават уапсените терористи? Ги фатиле , они знаат што да им прават. Сосема непотребно и непрофесионално.
Повели https://www.youtube.com/channel/UChyPUXSJGEvlkP0yMdTwMVw Па сите видеа што беа постирани од акцијата не му процуриле на некој, туку биле поставени на каналот на полицијата. А јас се чудев од каде толку снимки со детали, кој будала тоа би го ставал на нет кога знае дека ќе изгуби работа. А тоа некој лик одговорен за каналот си ги ставал прописно. Не знам збунета сум, не знам дали некоја држава во светот го има ова. П.С А да има и видеа од други акции, апсења, свашта има. П.П.С сега гледам истово го имаат и хрвативе и србиве канали на јутуб и видеа со слична содржина ко нашиве, само од нивни акции. Еве не знам, не знам, направете ме старомодна и глупава ама технологијава колку ни помага и на напредува толку и не отупува и уназадува. Туку не, знам зашто го прават ова, лисици, демек да покажат колку се транспарентни и не кријат ништо од народот, јеа рајт.