http://www.dokaz.mk/shokantna-izjav...aeshe-deka-ima-dojdeno-grupa-od-50-teroristi/ Ова го слушнав вечерва. Добро бе ќе понесе ли некој одговорност во државава?! Ова го изјавува градоначалникот!
Молчам. Зашто ме боли. Сите нѐ боли. Само, не знам дали сите знаете, колку е (колку беше) ужасно, по вестите за нови жртви, да посакуваш тоа да се нечии други татковци.
Јас сеуште се чудам и не знам како вашите сопрузи, татковци, дечковци и што и да се ви кажуваат и расправаат детали кои би требало да се тајна. Не го зборам ова на памет, дедо ми беше полицаец на времето а другиот воено лице, офицер. Никогаш немале кажано што правеле и зашто. Тајна. Знаеле дома кај се ама тоа што ќе им кажеле дека ќе одат таму и таму однапред, а тоа можело ичесто се менувало. Немој погрешно да ме сфатиш окензи ама еве јас сум зачудена за информациите кои ги имате. Многу работите се извитопериле, наместо да добиваме официјални податоци ние од семејствата на фронт да чекаме да ни кажат што се случува. Срамота!
Мила те разбирам што сакаш да кажеш, но ние добивавме информации за тоа дали сеуште се пука и имињата на жртвите, бидејќи 4 од починатите ги знам. Никогаш никој не ни кажа на која локација се, освен што сами слушавме на вибер тел итн дека се пука. Денес има напредна технологија па тоа е тоа. И јас пред да им кажат на семејствата, не кажав за ниедно име, молчев молев се плашев и во себе да ги изговорам, бидејки знам кој стрес е тоа. Само ве исвестував за бројките и тековните настани, од типот се подсмирило или се вжештило, дали има мртви и повредени.
Ја сепак мислам дека треба, барем дел, од темава, да оди во скриено катче...... Ама ај, по свадба тапани не бива.
Јас не те обвинувам во ни еден момент тебе, можда така ме сфати ама не мислем така. Да технологијата е друга во 1960 не знам дали имало телефон кога дедо ми на 28 години бил на некоја акција некаде низ ех Ју и точно 43 дена не бил дома. Го памтама зборено ми е 300 пати. И секогаш одговорот му бил државна тајна, не смеам јас да зборам има надреден кој дава избештаи и друг кој тоа го презентира и нормално што кажува. Али и тогаш поише се плашеле вајда што знам само знам дека со години и немал кажано за некој пат кога скокал со падобран и баба ми лута ми беше. Жена
Значи Куманово е град каде што и Огномет да има одма се знае. Значи можеби е голем град но секој со секого се знае. Диво Насеље е место каде што навистина куќите се збиени мислиш во Америка живееш. Нема шанси да не се знае дека нешто се спрема. Луѓе сунет праат цел град знае и каде и кога и во која куќа. Незнам колку од вас се од Куманово но сигурно е дека одма ќе сетите нешто ако некој ви се шета во чудна облека околу градот. Така да не бидете наивни. Освестете се.
@buba4e89 тоа ми е симптоматично, значи чекале да изнајмат имот, да донесат оружје, да се стационираат сите, нашиве да вежбаат стрелање , па после да ги апсат?! Искрено не ми се пишува веќе ништо на темава, Бог да не чува, зашто само тој може по се ова што ни се случува.
Јас тоа и се прашувам зашто многу прашања останаа неодговорени. Првата работа што ја слушнав од мајками утрото кога станав беше дека имало убивство во Куманово, а потоа слушнав дека се водела војна. Работата е што Куманово е поделен град на албанци и македонци меѓутоа верувајте до сега немало конфликти меѓу тие две вери. . Тие добро знаеле за таа населба и знаеле дека некои едвај крпат крај со крај и ги поткупиле. Мислам дека тие поткупените избегале во Прешево и Приштина, зашто сиромавиот човек ќе нема пари да оди преку граница. Тие пребегани 397 албанци фатиле магла веднаш. Не верувам да вежбале стрелање загинаа невини полицајци на должност. Но и да е исценирано сето ова, вечно да душа ќе ги носат. Парите нема да им ги вратат татковците на семејствата.
Токму така,по порталите претходно пишуваа дека се приметени вакви лица,уствари нашиве вежбаа пукање,а овие се вселуваа во куќите за тоа времњ. Многу не логично.
07:40 ne znam kako zaspav vcera,non stop se budev i naslusuvav da ne ima nesto.Eve sega sedam na terasa i go gledam razdvizeno Skopje..se nadevam toa sto se desi nema da se povtori
Јас која веќе 9 години се борам со анкциозност ова ме дотолчи.Сношти ќерка ми рече пак имало истрели,не слушнав. Уморна сум ,не можете да замислите колку. Го слушав сношти градоначаликот дека знаел уште пред 10 дена дека нешто се случувало,наводно терористите биле видени како си пијат кафиња. Не го оправдувам кога рече дека немал на кого да каже.Ако не сакал некој лично да разговара зошто не напишал предупредувачки писма до министерствата. А факт е дека градов тоне малку ни е што 10 години никој не инвестира ништо во него,сега почнавме да дишеме и воздух со барут. Денеска е денот кој најмногу е спомнуван.Ќе се случи ли уште нешто?3 дена се во прашање а како 30 години да поминаа. Соживот може да има само ако се има заеднички интерес и цел.Се друго е лага.Имам и јас пријатели албанци ама се држам на дистанца,зошто ,не знам.Можеби некој инстикт во мене ме тера да бидам таква. Не ми е јасно и ова.Немојте да ми кажете дека тој што го изнајмил имотот за 5000 евра не знаел кои се тие.И сега државата ќе му ги поправи сите.Кај го има тоа.И зошто дозволиле да има струја цело време и мрежа на телефоните?Нели требало тоа да се исклучи да не можат да разговараат меќу себе. Тоа предизвикува револт. Жално е што самите си го направивме ова.Никој не ни е крив.А групава само го искористи моментот кога двајца се караат да направи војна. Пак бувна нешто,не сакам ни да помислам дека уште трае.
А наместо да се осудуваме и навредуваме затоа што другите не мразат некој којшто според првиве треба да го мразат, да се чуваме затоа што се сакаме ние самите како народ?
1. Полицијата ги следела и веројатно по свој план чекала најповолно време. Знаеле дека се работи за терористи. 2. Не убиле ни еден цивил, зошто со акцијата беа соборени терористите и не им се оствари планот допрва да напаѓаат по училишта, болници, центри на градови итн. 3. Во вакви акции, за жал сите кои одат знаат дека на ризик го ставаат својот живот. Имало повеќе жртви затоа што целта било што побрзо да се соборат терористите и да има некоја жртва од полиција (ако дошло до тоа, за жал дојде), отколку да настрадаат многу цивили со бројка дури над 8000. 4. Ги опколија и чекаа и малку по малку го стеснуваа кругот, па истовремено пукаа зошто терористите веќе отвориле први оган кога виделе дека се опколени. -Ова е превземено што читав од експерти, не мое лично. Жално е што денес на насловни вести читам дека некои си амбасадори биле разочарани од нас... Разочарани од што....????? Од што не ни понудија помош ? Од што знаат дека ние не сме виновни за ова ? Од што за 2 дена ја средија цела ситуација нашите специјалци ? Друго што ме револтира е, се` и сешто најдов на ФБ, па имаше и некои срцепарателни статуси од албанки, дури и нашите ги `шерувале`, а истите тие во Ковер слика имаат слика од голема албанија (со мали букви е ова намерно..!!!). Или Македонци паметуваат: не ги нарекувајте шиптари, како не ви е срам. Јас од кога знам сами се нарекуваат така..!!! Се чудам колку луѓе се лицемерни, зависно од ситуацијата, така си зборуваат. Немаат свој став за ништо. ~ Неповрзано со ова, не знам зошто оние кои протестираа не протестираа мирно, туку ги гњавеа полицајците: слечете ги униформите, дојдите со нас, немате ли семејства...бла бла... Па, знаат ли дека сакале или не - тие се на работно место и тоа им е работа...!!!! Луѓето, повеќе жениве во филм влегоа за пусто внимание и се силат ли се силат, да ти се слоши. Мене лично не ме бендиса ни сликата со девојката која се шминка. Глупирање. Со целото видување на протестите да му се згади на човека. Барем мене. Иначе не сум за никоја партија, ова мора да се потенцира, зошто одма те гледаат поинаку. Значи мислењево погоре е мое, неутрално.
Силвер се согласувам целосно со твојот пост. Браво, така и јас размислувам. Од друга страна се нервирам оти толку време да се складира оружје по куќите а никој од тие жителите да не каже, ги изнајмувале куќите за 5000 евра. На крај нашите полицајци загинаа спасувајќи ги нив, а нив никој не ги чепкаше уствари. Половина и повеќе од тие жители таму дирекно ја имаат помагано акцијата на терористите. Нашите полицајци се фатени во заседа, така ги ранија и убија, жално и кукавички. И на крај за амбасадорите, после средбата со премиерот си излегоа со готова изјава предходно напишана и им ја поделиле спремна на новинарите, а зошто не ја напишаа изјавата после средбата, оти не ги интересираше изгледа што ќе им каже и премиерот тие предходно си донеле заклучок. И на крај арно кажа ти место да ни помогнат тие само се напнале овде да ругаат. Реално сватив оти на никој од страна не му е гајле за нашата актуелна ситуација, помош никаква а едвај чекаат сами меѓусебе да се истепаме и да се прават паметни.
Да, ова е точно, некои влегоа во филм. Незнам дали забележавте, ама (Бог нека ми прости) на некои ситни души како да им недостига внимание кое има беше посветено три дена па сега драматизираат во стил ,,леле, не е се готово, леле ке има пак, леле се нешто ми се слуша,, Доста веќе драми !! Заврши лошото ! Не ширете глупави статуси од ФБ, не лајкувајте глупости ! Возрасни луѓе, интелектуалци, учени... седнале на ФБ и читаат, коментираат на се и сешто Аман бе тој ФБ глава ви замати незнаете како се викате веќе...па дури и некои ги сликале полицајците и ги објавувале на ФБ како изгледаат во акција !! И после се чудиме што не снашло ! Ми се поврааќа од неиздржани информации. Ако има некој нешто конкретно и вистинито, нека го сподели...рекла-казала не му треба никому.
Сите се многу јаки на ФБ, ама во живо ништо, никаде ги нема. Најлесно е човек да се скрие зад екранот, и да паметува. Иначе каде може да го најдам видеото со кое ги исвиркаа полицајците кога си заминуваа од Куманово..???? И, тоа е жива срамота. Животот го ставија на коцка, на видеата се гледа колку е страшно и морбидно само да гледаш (а, не пак да си им во кожа), го евакуираа населението, за на крај да се исвиркани..????? И, да, мора да се види и кој ги подржал од самите куќи за да си се сместат.