https://www.facebook.com/267691369985768/videos/vb.267691369985768/826372267451006/?type=1&theater еве го...
Јас три дена ја читам темава активно и освен зголемен стрес и страв не добив ништо друго. Гледам низ прозор градов нормално функционира, деца играат пред зграда или се враќаат од училиште, на градежниве работници им стигна нов материјал за допрва да работаат ( да напоменам зграда што ја финансира албански бизнисмен ), пазарот е преполн со луѓе, а јас сум се затворила во соба три дена се тресам и не мрдам од пред компјутер... Најмногу ме чудите со кревање паника околу хеликоптери и појачана полициска патрола. Што очекувавте после ваков викенд, а и реално што треба, се да продолжи да функционира нормално? Ако на некој полицаец му рекле да оди на работа со оружје до заби, не е тоа лош знак за кој треба да се дига паника, туку е претпазливост и превенција. Што се изначитав овде и на чет вчера вечер, ми се слоши.
http://think.mk/pregled/poglednete-shto-pravi-ovoj-policaec-dodeka-traea-akciite-vo-kumanovo-foto Значи за кликање, се ќе се изнапише. Полицијата низ стрес помина, и физички и психички истоштени, сега ќе треба да ги читаат статиите на глупи новинари, кои се натпреваруваат кој поголема глупост ќе напише. А кога ќе ги погледнам сликите подобро, се сомневам дека станува збор за полицаец. Добро, може они заклучок донеле според војничкиот ракав што се гледа од палтото. А кога ќе подразмислат подобро, по гледањето на видеата објавени од МВР за апсењето на терористите, ќе се посомневаат дека станува збор за полицаец. Дека нели, и терористиве носеа војнички палта.
http://www.ohridnews.com/vesti/83715 И после за соживот ќе зборуваме ? Засрамота за градоначалникот на Струга....!!!!! Ги боли и на граѓаните таму, а ти им придодаваш болка со вакви провокации. Но, ако беше обратно, немаше да е вака, нели ? Ти не си човек, а не пак татко на градот !!!!! Засрами се Села...!!!
Znaci vakvi raboti tolku mi se antipaticni.. golem k. ako se slikal. A nie pa znaeme deka e ova slikano bas za vreme na borbata.
Е ама @sadgirl21, статијата само досега е прочитана 21280 пати а објавена е едвај пред два дена. Напиши нешто нормално и дали 300 души ќе го кликнат тоа. Баш со вакви глупости и измислици нашите портали прават пари.
Деновиве се изначитав буквално се и сешто, и можам едно да ви кажам: нема Кумановка или Кумановец кој не знае како е доцна навечер сам да поминуваш во реонот кај болницата или кај пазарот, да не зборуваме накај Диво Насеље. Мене лично страв ми е у сред бел ден да поминам кај нивната гимназија кога знам дека имаат пауза со часови и сл., зошто знам какви провокатори се и што можат да предизвикаат (не би им било првпат!) Како што спомна @Silver.E над мене, на истото видео на кое ги исвиркуваат полицајците се забележуваат луѓе (?!) кои претходно плачеа пред камери, влечеа деца, жалеа за куќите со цел да привлечат внимание на медиумите... Муабетот на татко ми: Тие не жалат кога некој ќе им загине, на негово место веднаш доаѓа друг, а кога некој им се спротивстави на нивните идеологии, веднаш го "чистат". Затоа "никој не знаеше" што се случува во Диво Насеље пред 3 дена, не верувам дека ни сега знае што се се "готви" таму горе. А за градоначалникот, нека му служи на чест кога рече дека имал информација за нападот 10 дена пред тоа и дека "пуштил" муабети... Пуштил муабети... на неговите да не се свртат во Куманово за време на викенд! Преку глава ми е од полтрони, "политички" e збор кој не го заслужува ниедна партија во државава како епитет. Толку.
Ова се познава дека не е полицаец, нашите полијаци имаат инаква униформа а терористите имаа онакви како војнички палта. И на крај на краиштата нашите незнаеле главата кај им е цел ден дали да се бранат или да ги влечат повредените и убиени колеги. Значи уште еден доказ дека тоа место не е случајно избрано и дека жителите таму треба исто да се обвинат за помагање на тероризам а не да се обештетуваат.
^Да додадам, чисто информативно. Прочитав, а верувам и сите вие, дека Албанците убија доктор-педијатар во Диво Насеље само поради тоа што не сакал да ги прими во неговата куќа, да ги скрие. Читајте низ редови, не само да се препукувате.
најмногу од се се нервирам на луѓе кои ми глумат лажен патриотизам на фејсбук изнакачиле и постирале од против едните против другите а гледаш локација германија, автралија, америка добро бе луѓе која дволичност во вас ја има? ако сте толкав патриот дојдете во првите редови биде први во се ама сте толку големи кукавици та да пред извесно време некои од вас и добро си заминаја верувам дека сето ова е добар трик друго ништо, однапред напревено исценирано никој не би се тепал и убивал за БЕЗ ПАРИ И БЕЗ ГРБ многу верувам во теоријата на турски и copy paste Ukraina History
Јас искрено да vi кажам многу сум исплашена, и по улици ми е страв да се движам и цело време чекам да запука некој терорист #traumi
@Jordanovska-K, на еден од порталите имаше објавено дека доктор албанец е убиен. Обајвата беше уште во саботата. А потоа, едноставно ја снема..
Нека не се шират дезинфомации колку да се прави непотребна тензија Ако има мртви цивили - население не ќе ги стават во џеб !!?!...нели мора да се погребаат, а погреби нема Мене ме нервира што се шекулура и се ствара сензација Голем дел од форумџиите се желни за сензации и внимание и пишуваат се и сешто. Мислам дека администраторите треба да пазат кој што пишува и нека се удираат банови. Во спротивно оваа рубрика и форумот воедно губат од значење
Многу луѓе изнесуваат мислења како да се факти, а уште поголем дел и истите ги прифаќаат како единствена вистина. За полицаецот што се слика, имаше вчера и коментари со слики, не би сакала да пренесувам се, затоа што сепак и тоа се мислења на поединци, но не факти, слики каде полицајците седат, незаштитени, без шлемови на главите, на тремовите од куќите. Прашањето беше, доколку се знае дека има снајперисти, зошто овие луѓе седат незаштитени. И тоа не е факт, и не е реална и единствена слика, но се додека нема контекст,а само слика, подложно е на секакви можни варијации и мислења од различни луѓе. Премногу се шпекулира, премногу работи се оставени под знак прашалник а подложни на милион манипулации, би рекла се да примате со доза сомнеж, затоа што... всушност, сите веруваат во вистината во која им одговара да веруваат.
Доста барате одговори во вакви ситуации. Никад нема да дознаете ни зошто, ни како ни кога ни тоа. Аман, никој нема баш да излезе со некоја информација и да каже абе вака така се деси.
За цивилите што зборувате, секогаш ми било необично да нема жртви цивили, но од друга страна си прам соседите, роднините нема да се „кренат“ доколку се прикрие смрт на цивил? Така да верувам дека нема жртви цивили.
Не те разбирам? Треба да прифатиме? Готово, се случи, тоа е тоа, нека им е лесна земја, што било било? Мене сите овие приказни што се продаваат од сите страни, ми се само тоа, приказни. Нема да излезе вистината? Па треба ли да замолчиме или да продолжиме да ја бараме? Барем толку заслужуваат семејствата што останаа без еден член. Се што се кажува овде, се што се кажува на вести, се што се кажува дома, на работа, на улица.. се само мислења, а не факти, барем за мене. Верувајте, гледам доста веќе се одлучиле и си нашле виновник, а мене умот ми е на 300 страни, затоа што пробувам да ги согледам сите работи и да измерам како што треба, ама не иде. Само госпоѓата "немам информација/ова е успешна акцијa" треба веднаш да си поднесе оставка. Етикетирајте ме како сакате, во моментот кога излегуваш со информација дека ова е успешна акција, а имаш толкав број на загинати, губиш секаков легитимитет и изглед на способна и морална особа.