Денес во Скопје сончево, раздвижено и многу подобро отколку вчера! Вчера вечерта беше зона сумрака, буквално немаше живо пиле да прелета... Се осеќа едноставно во воздухот кога нешто не е како што треба. Се надевам дека и во другите градови е вака, дека сите што се од Куманово се намирени (горе-доле), а и дека сите што лично учествувале таму се добри, одморени.... е сега траумата е таа, ама да се живи и здрави е најбитно, времето лечи се'.
Мене не ми е страв да шетам кај гимназијата “Сами Фаршери“. Еднаш седнавме на ѕидчето јас и уште една жена, чекавме друга жена и иако беше одмор никој ништо не ни рече. Малку е језиво навечер. Не би шетала навечер. Еднаш имав работа во Бедиње, кое е пола пола ама се поминува кај Тетовски кај што има и средно албанско училиште и има фреквенција многу. Околу 19 часот беше си одам јас, они само ме погледнувaат и сретнав неколку луѓе кои ги знам работат по институции, само ме погледнаа со прашалници дeмек што бара оваа во наш реон и толку. Ни здраво не ми кажаа. Нашите се криви што продаваат имоти и после оди стапни кај што е чисто. Не само што нема да стапнеш, туку ќе се собираат терористи, вахабисти, ќе шверцаат што ќе им текне и ете ти проблем за сите граѓани, иако се на друг дел од градот. Тие си работат тактички, а ние сме прости. Требаше партиите кришум да преземат мерки сите овие години , да им се заканат на Македонците да не продаваат имоти, да не се ствараат гета. Инаку Албанецот што се гушна со Македонецот(а викаат и тој бил Албанец), си доби поени и пријатели Македонци на фб. Најверојатно се бори за работа и затоа дремеше цел ден, да начека новинари и да даде изјава. Тој истиот на протести за монструм викаше “каурски пички“ и одеднаш соживот. Не верувам во искрени намери.
Jaс мислам дека после ова одењето на психолог треба да се сфаќа како нормална работа. Сите се како потресени. Не знам кај вас како е, ама во мојава околина сите мумлаат за 12ти и леле, леле, страшно. Јас веќе се опуштам, ама стомакот ми потекува од стресот, секогаш реагирам така на стрес. Нејсе, целта е постигната, а прашање е кога вреди да си херој. Огнен од Јаневци ОВА Е СВЕДОШТВО НА МЛАД КУМАНОВЕЦ, КОЈ МЕ ЗАМОЛИ ДА НЕ МУ ГИ ОБЈАВУВАМ ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО, ПОРАДИ ЛИЧНА ЗАШТИТА, чија порака до мене му била испратена на 9-ти мај, во 20:22 часот, но, којашто порака „заглавила“ во "Others" во сандачето, поради својата обемна должина, па не сум ја видел воопшто. Дечкото е добар, како и неговите родители, но, без разлика што е пишувано на самиот ден на настанот, ова треба да биде споделено, поради личното просведочување на ситуацијата во #Куманово: (текстот воопшто не е менуван, ни, пак лекториран од моја страна, поради автентичност) --------------------------- „Огнен, ти пишувам во момент на потреба, зошто како прво сум од Куманово, а како второ сметам дека подобро можеш да ја пренесеш приказната, пошто јас не сум влијателен толку на интернет-заедницава. Исто да им го пратам и на други лица кои ги сметам за раумни. Пред се, би сакал да те замолам и името да не ми го споделуваш. Се изнаслушав се и сешто денес, и да ти кажам право се мислам да земам апчиња за смирување пошто стомаков веќе не ми држи после цел ден мислење на моите родители коишто живеат еден на една, друга на друга страна. А башка девојка ми, најблиските ми другари и братучеди за кои сакам да ги соберам сите во мојот стан и да седиме додека не пројде лудилово. И да, баш тој страв што сакаат да го предизвикаат го чувстувам сега, и знам дека можеби иако се трудам од петни жили, не размислувам најчисто, ама и ти би сигурно, да си во моја кожа. Па сакам, во лице на сите настани да споделам со тебе, се што дознав од овој ден. После цел ден телефони од цел град го знам следново. Пукање има. Детонации има. Невини жртви има. Да. Ситуацијава не е за потценување. Истотака дознав уште некои работи после целиот ден. Знам преку директни извори дека Албанците, со своите деца се кријат по подруми, плачат и стравуваат. Знам дека и нашиве веќе не размислуваат чисто, зашто и на нив им летаат куршуми преку глави. Ама ЗНАМ и уште нешто. Цел ден ниеден од медиумите, ниту пак државниот врв не се обиде да не извести, да не смири, и да ни објасни што се случува, да ни е јасно со какво зло се справуваме. Знам дека во претходниот конфликт во 2001, ваква НЕКОМПЕТЕНТНОСТ на претпоставените во МВР и тајните служби немам видено. Цел ден се брка една терористичка група од страна на МВР кое е МНОГУ побројно... а шпекулациите за не-откривање на групата додека ЦЕЛИОТ државен врв и обезбедување беа во Куманово, нема да ги коментирам. Истотака знам дека цел ден про-владините медиуми ги имаат првите информации од теренот, додека самите луѓе кои се на линијата на огнот ниту можат да видат ни слушнат нешто. Од следење на медиумите си создадов слика дека надвор е воена зона, и дека не смеам чекор од врата да пуштам. Па...во очи на тоа, сакам да ти признаам што јас ЛИЧНО видов. Сега сум кај родителите, и возејќи наваму го поминав, центарот, поминав покрај диво насеље и сум веднаш до населбата и не видов ама ич НИКАКВА улична војна. Поголемиот дел од луѓето се по балкони и се чудат, а останатите се кријат измеѓу огнови, преплашени и без информации. Во продолжение, додека седев тука кај Татко ми, му заѕвонија на телефон дека Техничкото училиште во нашата мала е окупирано од терористи, дека гори таму, и дека има напади. Во врска со тоа, еве на 50 метри од тука сум. Нити некој од луѓево слушнал нешто, нити пак има нешто. Единствено нешто што слушаме се детонации и рафали, кои доаѓаат од исти правец и променлива далечина цел ден. Поентата ми е дека цел ден слушам страшни дезинформации, на кои човек сепак се запрашува дали се од пуст страв и паника, или намерно се шират? Во секој случај, пак губиме. И последно, целото „Диво Насеље“ и булеварот околу него е од сите страни опкружен со голем број на полициски сили и оклопни возила. Моја претпоставка е дека и Худини самиот не би можел да помине од тука, а сепак пред 20 минути слушнав дека избегала групата и нападнала друга локација, подалеку од таму. Па во очи на целово лудило, мислам дека луѓето треба да знаат, дека колку и да е жално и страшно, денеска се шират доста не-проверени информации. Уште пожално е што е навистина тешко, и на мене самиот, да не ми е страв и да размислувам трезвено. Поготово, кога додека го пишувам ова, слушам блиски рафали и детонации по градов, а ноќва, треба да ја поминам далеку од моите, а тие сами, блиску до лудилово, затоа што нивната сулуда гордост не им дава да подлегнат на ситуацијава, и нивната верба во соживотот овдека им дава сигурност да останат кај се. Одамна не сум посакал да сум толку како нив. И навистина ми е неверојатно жал за луѓето што се жртви на ова лудило, без разлика дали се дел од нашите одбранбени сили или луѓе кои се кријат во подрум, од страв, за сето она што може ваков не-реален ден да донесе,ама сепак морам да те замолам да апелираш – да не се верува на се, и да не се дозволи паниката да ескалира,пошто ако во нешто сум сигурен тоа е дека во оваа ситуација, таа ќе уништи се за кое изминативе 15 години, а поготово последниве месеци се боревме. Ти благодарам.“
Од континуиран стрес и притисок деновиве, не можам да се стабилизирам. И денес не ја изнесов ќерка ми на прошетка. Се ми е како лош сон ... и колку и да се шпекулации, останавме денес дома да збеснуваме во две соби наместо на сонце да сме .
Да знаеш од Јануари дека имаш терористичка група во државата како што кажа Иванов, а да имаш 8 загинати и 38 повредени за 20 часа, за мене не е никаков успех. За Јанкуловска ова како министер е голем пораз и треба оставка да си поднесе поради неспособност и некомпетентност! Плус еден од терористите е припадник на МВР!
^ Да, пишуваше уште вечерта. Од некое тетовско село, го снемало едноставно, командирот го барал да се јави на должност, него го немало, тој заминал да прави глупости.
Хипстер сеа видов дека имаш прашано. Извини шо почека. Еве повели линк! http://m.tocka.com.mk/vesti/159178/...ecot-arsim-bajrami-koj-pukal-vrz-svoite-koleg
Ауф, не знам не сум го читнала ова. Се откаѓав вчера некаде накај пладне од читање, добив 10 дена порано од стрес и не ми е до ништо веќе. И после ќе зборите како не ви е срам да ја вреѓате полицијата таа ве брани а вие зборите дека се партиски напикани, неспособни и ред друго. А сега кај е Гоца да се јави. Свесни ли сте што е ова? Инсајдер имале цело време. Оставки требаше да фрчат до сега, ама ова е доказ колку сами е чиниме и ема никад да бидеме норнална земја. Мене едно ми е криво само што се вратив назад туку ќе си гризнам од газот.
Сега баш прочитав, ако ве интересира што вика професорот Богданчо Гогов од Факултет за безбедност ѕирнете го линков. http://a1on.mk/wordpress/archives/489526 Поим немам кој е, но доста прашања на место има, тие што уствари и сите нас не интересираат. Сите се чудат како е возможно да се знаело за акцијава, а ваков трагичен исход да се има, ама не признаваат дека не била успешна пошто ќе треба да си стават самите црна дамка на нивната беспрекорна работа изминативе години. Не ли сфативме до сега дега се совршени? Не знам луѓе и јас го сакам истото, ама едноставно опростете се од идејата дека ќе си даде некој оставка. Треба доблест за тоа, а илјадници пати до сега ни покажаа дека немаат.