значи можда е било некоја акција, се уште немаме никакви информации зошто е блокирана улицата и дали има поврзаност со настанот во Диво Насеље
Дај не ширете одма паника Ако има нешто okenzi ќе ни каже и готово , okenzi ми е сега во моментов едиствен "медиум" на кој верувам , ако има нешто ќе паничам , се додека не видам пост од нејзе немам гајле
Кога видов, срцето до грклан ми дојде. Ги разбудив моите родители и одма паника. Ама моиве најблиски роднини изгледа си спијат. Дај боже луѓе да не е пукање пак, и сите да сте добро. Аман, сакаме мир.
Да стварно @okcenzi секогаш има информации од прва рака па драга форумџике пиши израдувај не....те чекаме со убави вести
Постојано анализираме за група од 70тина, но што ако всушност не биле ни повеќе од 10? Добро наоружени со инсајдерски информации? И што е сега со погрешниве информации со броење? Сакаат страв да имаме м? Јас би, ама воспитувањето не би дозволува да се изразам како што всушност овие луѓе заслужуваат
Секојпат кога ќе ми стаса известување од темава се штрецам бидејќи мислам дека пак ќе прочитам некоја лоша вест. Затоа искрено би ве замолила доколку немате некоја нова битна информација да не пишувате, и да не ја повикувате Окцензи, бидејќи знаете и сами дека ако има нешто жената веднаш ќе пише. Сфаќам дека сте уплашени, трауматизирани и се тоа но, ве молам воздржете се од ширење безпотребна паника полнејќи ги странициве.
Секој втор ден морам до болница, па и да врне и да вее, сега пешки минав оттаму. Има народ, ама џамијата и полициската станица (блиску се ептен едно до друго) се обезбедени со доста полиција. Затворени се некои 50ина метри пат. Пешаци може да проаѓаат и во тој дел (мада не би препорачала, не за друго, туку да не им се одвлекува внимание непотребно на полицајците), а инаку во другиве делови е баш прометно т.е. најнормално. Не се потресувајте и да се надеваме дека само на зголемена претпазливост ќе остане.
Само едно нешто ми фаќа око. Јанкуловска даде ставка, и толку? Тоа е тоа? Не ме бива, зашкрипи поради мене си одам? И толку? Нели треба да се казнат сите што знаеле и не превземале ништо? Нели и тие се одговорни? Без разлика дали се премиери, претсетатели или не знам што. Не може да дојдеш да направиш хаос кој ќе донесе и мртви, и само така да си отидеш.
А што конкретно се случува во моментов во Куманово? Чув на вести на радио дека има зголемено присуство на полиција и изјава од Котевски дека се работи да се зголеми безбедноста во Куманово...
Фала пеперутче.. АМАН веќе еј, АМАН! „Во шпекулациите кои беа споделени на интернет-порталите на албански јазик, се вели дека блокадата е поради полициска акција за наоѓање на еден од приведените од минатонеделната акција во Куманово, кој им избега на надлежните, во близина на селото Брест,“ Како бе им избигал, а приведен бил?!
Еве убави вести БРЕМЕНИ СМЕ со специјалецот мој. Инаку се е мирно засега. Можно е во недела и понеделник да има нешто поради протестите, ама дај Боже ништо да нема и да можеме на раат да си се радуваме.
Куманово зголемена безбедноста, за спречување на нови вакви грдотии. Само што прашав. Ту неможе човек на раат да се порадува. Ми се смачи веке. Ај одам јас треба да радуваме две фамилии, па ке ви пишам ако го повикаат или ако има некоја инфрмација од колегиве што му се на работа. Новаа информација е што уште двајца колеги денес ги пуштија од болница.
епа тогаш не те замараме со темава веќе навистина убава вест, уживај во бременоста и не се замарај за ништо друго