Се надевам дека овај кошмар нема да трае уште долго време. Гревота и страмота е невини луѓе да гинат за вашите пострани цели. Жалосно за семејствата. Само верба во Бог и надеж, Македонци!
Прочитав дека е убиен командантот на УЧК Фадиљ Фејзулахи денеска! Оној синот на типот од видеото што викаше дека Македонија е вештачка држава и дека секој момент ќе напраднат!!! Лично синот е пратен во Македонија! Оф леле, јака им душа на полицајците, со што се справуваат цел ден Аман нека заврши се... доста наши полицајци гинат, доста фамилии во црнила да има...
Мислам дека моментално треба сите да си ги задржите мислењата за себе. Не е време за партиски ни етнички делења. Луѓе гинат без разлика дали е ова местено или не е и треба да се фокусираме на тоа да не потпаѓаме под лоши влијанија и шпекулации. Мој личен став е дека ова е борба за власт на вмр-овците. Ама како што реков сите за себе мислењата нема ништо да постигниме со препукувања и ширење на дополнителни тензии. Сочуство до фамилиите на загинатите и повредените срцето ми се крши до кој степен сме стигнале...
Нема везе ова сценарио е чисто на Грујо , малце да се размисли сега... Во вторник е смилково бомба , после тоа доаѓа бомбата за името , а после тоа доаѓа масовен протест , како и секој ден има протести од средношколците, како и протести за оставките , и како шлаг на торта па и Заев со бомбите ги утепа , буквално почна све да им открива и немаат како да се одбранат од ова , знаат дека ако дадат оставка ќе идат они сите во затвор до крај на животот како и еден куп други луѓе ќе им се уништи животот поради нив , така да стратегија е да на секој начин да се прекине протестот и бомбите Пробаа со липково нешто , ама се виде дека нема ефект тоа , бидејќи не сме глупи едноставно. Пробаа со свои демостранти да направат нереди пред 3-4 дена да мава полицијата да може да се прогласи вондредна состојба и не им успеа бидејќи овие почнаа да ги сликаат и да ги маваат тие што се обидуваа да фрлат шишиња и остало... почнаа со Ивона сценарија , и тоа не им успеа .... И сега на крај кога ништо нема да успее , едиствената стратегија им останува е крв. И ете сега за жал ќе изгинат невини луѓе , ќе се направи општа паника , ако се прогласи воена состојба тогаш не смее со закон да има протест , и така на 17ти се откажува протест , т.е можеби и нема да се откаже али ако дојдат да протестираат , бидејќи ќе биде незаконски , полицијата има право да мава и тепа. Е сега се разбира , Заев е крив , заев прави ова она , сигурно наутро јадел живи луѓе, не е ништо Заев крив , он само кажува што праваат овие на власт , и убаво си покажа , едиствените криви што се , се овие на власт ропациве , кој се спремни и на војна само да останат на власт .... И ова е само страв на грујо , се плаши да стварно не се појават масовно луѓе на 17ти па да мора да си оди.... Ј Жал ми е пак што заради стратегии на Грујо , невини луѓе ќе умираат и страдаат ....
Од сигурни информации, носат уште ранети во болница :/ . Млад дечко, во шок бил, нема информација ни кој е ни од кај е. ЦЦЦ, жално и страшно до немај каде, а најубаво ова го разбираат(ме) тие што имале некој на фрон 2001 година, и најтрагично со последици.
Mи се смачи луѓе, од 5 саатот сум будна, ме разбудија со пукотниците, не можам око да склопам, само звуци од рафали и амбулантни коли слушам цел ден.Сакам да помине брзо ова, аман!
Не зборувајте зашто само на дело покажувате колку сте неуки. Како да нема прес-конференција? Се пукало сеуште, зарем треба да се срамни се до земја па да излезат и да кажат да се е готово? Сте чуле ли вие што е политички протокол и како се реагира при политичка дестабилизација? Србите веќе пратиле цел батаљон луѓе на граница и одма нивниот председател свикал состанок на советот за безбедност. Не ги бранам нив, само така се постапува. Нашиов сега му текна а кад беше пред месец дена со настанот со каралулата? Нас ова ни е реприза, заборавте што се случи пре неполн месец дена на караулата? Председателот, премиерот каде и да се мора да се појават и да дадат изјави да преземат мерки, не сме ги бирале само да се сликаат на отварања и на премиери. Тоа тие како во бракот, и во добро и во зло. Ама нашиве се прави да не речам кој полов орган, никаде ги нема кога ќе згусне. Луѓе се во паника, нивни деца, синови сопрузи татковци се на настанот. Некои луѓе таму имаат роднини. А вие само за своите газиња мислите. Не ми треба мене господин Зајко да дава изјави кој фактор е тој? Лидер на опозиција води една држава или премиер и министер за МВР и председател? Каде е Гордана? Се крие позади Иво? Заслепени сте од политички интереси и не знаете за ништо. Сопствени родители би продале за да застапувате високи интереси. Ве жалам, искрено.
Не Хипстер, нашиот претседател го свикал Советот за безбедност, не српскиот.Србите само го кренале нивото на безбедност и испратиле луѓе на граница. И ако сака некој еден од полицајците да седи пред тв и да објаснува во секоја секунда што се случило, грешите. Луѓето умираат, не може некој да стои пред камери и да објаснува. И ајде нека мислат протестантиве дека се битен фактор, да еве, заради вас загина командантот на УЧК, оти вие простестирате.
Да помогнеме луѓе! Споделете! Итно е потребна нулта крвна група! http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/фото-итно-се-бара-крв-за-македонската-п/
Сега го свика сега, каде беше на нападот на караулата? Штета, ама сама си кажа дека не ти се учи, пишива, размислува, гледам и сама без да го кажеш тоа. Да сега прочитав дека не бил преседател туку премиерот го свикал бирото за безбедност, точно моја грешка не сум прочитала убаво ама сепак презел одговорност и мерки. Нашите мерки се плукање по опозиција, народ и дополнителна дестабилизација и кревање тензија. Не очекуваме ниту треба да излезе полицаец, се знае кој треба и кој е задолжен за давање прес-конференции, па макар и да се појави пред јавноста без детали само да ја смири.
Имало доста со бомба распукани. На еден лицето лом од бомба. Од болница ми пренесоа познаници. Господ нека ни е напомош луѓе, дај боже да нема нови жртви. П.с А како може да се донира крв, кога болниците се под силно обезбедување, никој не даваат нити да влага нити да излага... :/
Луѓе,многу е страшно во Куманово.Нема атмосфера на војна,туку ИМА војна. Се слушаат пукотници насекаде,основното училиште „Вук Караџиќ“ е запалено,беше првин во населбата Диво Насеље а сега и во центар навлегле. Вечер ке ја напаѓале полиција. Страшно...
Ova e scenario,ova se vika odvlekuvanje na vnimanie.Ili od Gruevski ili od Zaev..Ova ke potrae uste nekolku dena,vojna nema da ima.Tvrdam deka e scenario poradi toa sto na aerodrom uste pred dva dena gi polnele helihopteri so bombi..Za zal I OVA I SE E POVRZANO SO PARTIIVE.Zaev go napravil scenariovo,mislete so svoi glavi.Imase statija edna deka clenovi go napustaat Sdsm a visoki funkcioneri prenesuvaat.Zborovite na Zaev bea "Ako pagam jas,paga i Makedonija"
Значи дали сте нормални дека уште се карате за Заев и Груевски? Па ало бреее, глуп народе, заради нив ова се дешава, а вие ја искршивте тастатурата со глупости. Надвор луѓе гинат а вие овде што прајте дали сте свесни? Груевски ќе ви го спржи на ражен ако го браните толку. Не бидете глупи ве молам. Треба заедно да сме во ова, а не поделени груевци и заевци
Најлошо од цела ситуација се порталите и телевизиите Како тоа НЕОФИЦИАЛНО се убиени луѓе? Dafuq , какви се овие портали да пишуваат такви работи , абе убиле дете , али не се знае? ...