Јас на почетокот двојно,а сега дека цица само од една града на подој другата си ја молзам па џабе имам двојна. Инаку да ја пофалам рачната на Нимо од зегин 1500ден е а е топ. Јак вакум многу млеко влече се наоѓа за надвор некаде да се испразниш ако си подолго без бебе
Amelina e najevtina ama top e ja korostam 2ipol meseci nekolku pati mi padna ama maka nema da sum sega da kupuvam bi ja zela taa dvojnata okolu 3500 mislam bese
Дали некој од вас ја користел електричната пумпа на NiMo од Зегин, да ми кажете искуство дали вреди да ја купам, или препорака за друга што е стварно добра ама не прескапа?
Коментарот горе е за рачната на Нимо, јас имам веќе рачна на Авент ама ме интересира за електричната Нимо бидејќи е една од поевтините
Има некој што ја користел електричната на локо кроко? https://lococroco.mk/produkt/pumpa-za-gradi-amelina-lk/ Потребна ми е електрична за секојдневно измолзување некоја да ми препорачате
Jas ja imam bas ovde pisuvav nezz kolku pati mi ima padnato uste raboti fala bovu ko prv den za taa cena go ranam bebeto od prv den od ko sne doma samo so izmolzeno od nea
Majки, имам новороденче со жолтица и многу е поспано ми заспива на доење. Цица ама не напредува, недела дена после отпуштање сме на иста тежина. Во Клиника го хранеа со шприц (породување со царски рез) и сега ваљда треба време да протече млекото како што треба. Вчера на педијатар ни препорачаа дохрана. По препорака на патрожана сестра сакам да купам пумпа за одмолзување, тоа покрај цицањето треба да биде додатна стимулација за поголема лактација. Совети? Сеедно за пумпа или општо. Последниве пар денови ги чуствувам градиве како стануваат понабрекнати и можеби донекаде потврди. Се плашам да не дојде до мастит. Цениве на бренд пумпиве овде кај нас се страва и ужас, на пример рачната од Мустела во странство е дупло поевтина од овде. Исто е и со Филипс Авант. https://www.dm.de/baby-und-kind/fuer-die-mama/milchpumpen-504158 Читајќи ја темава очигледно е дека подобро е пумпата да биде електрична. Но и поскапи се а би сакала да земам нешто поевтино колку за периодов. Дома ќе бидам периодов и немам некоја потреба од складирање на млеко, само сакам да зголемам лактација. Гледам други опции но не можам да чекам нарачка од Алиекспрес. Гледам дека ги продаваат истите по нет/фејсбук отприлика за илјада денари. Дали има некое искуство со таквите евтини пумпи, вршат ли донекаде работа или не ги бива? На пример оваа: Пумпава долу е слична цена, но се плашам дека не е доволно моќна за да вакумира две дојки. Освен тоа дизајнот изгледа како да има загуби во усисот по тоа цевчињата, дизајнот на другиот модел погоре ми изгледа поефикасен. Гледам на дискусијава дека се користат и модели од Кика Бу, и на изглед не се нешто различни од кинескиве пумпи од Али. Интересно е некој ако имал прилика да ги спореди едни со други.
https://forum.femina.mk/threads/Продажба-размена-на-детски-производи.20983/page-116#post-7017553 @mellow продава овде види со неа пумпава е топ! Но по мене бебе на града града и само града. Не спорно давај дохрана малце но прво на града
Јас ја продадов веќе. Знам дека и ти ја имаше истава и ја фалеше. Пред да ја нарачам од али споредував со таа од пики се гледаше дека не е истата. Не знам дали во функција е слична. Оваа јас ја земав и со тие виолетовите за топло/ладно масажа. Како и да е. Не се исти. Оваа може да се нарача од Али.
Да да ја имам од али и јас истата и ја користам многу сум задоволна. Со рачна на нимо едвај влечам ја ставам оваа и вади супер
Update: Позајмивме нешто постар модел Медела од блиски. Ги стерилизирав деловите што беа наведени во упатството, да погледам некое видео како се користи па ќе видиме денес како ќе иде. Фала, пишала mellow неколку постови подолу дека е продадено. За подвлеченото гледам на нет дека има спротиставени мислења (ќе линкам видео подолу) дека форсирање на измолзување со пумпа не е идеално решение за решавање и превенција на маститис. Инаку малово слабо го прифаќа вештачкото млеко (HIPP Organic Combiotic 1), или можеби толку се најадува од цицање што нема место за вештачково. Така ме советуваа и на педијатар и патронажната сестра, прво цицање а потоа дохрана... Кога ќе успеам да му „бутнам“ и ~10ml од вештачково млеко, морам малово да го држам подисправено барем 10-15мин. Во спротивно следува малку повраќање. Ова е ваљда пошто се најадува со цицање и после од вештачкото млеко се прејадува. А не го ни сака, освен кога му го давам пред цицање ама тогаш се губи смислата на сето ова, нели? Еве го и видеото што го спомнав, можеби некој ќе го интересира. Ги дискутира новите промени во протоколот за помали блокади/грутки (не знам како да ги преведам) во дојките, и општо за превенција на маститис: https://physicianguidetobreastfeedi...stitis-and-associated-complications/#plugging https://www.bfmed.org/assets/ABM Protocol #36.pdf Практично обратно од она што се советува: ставање ладно/мраз наместо топло, никако масирање (освен ако не се знае што се прави, медицински тренинг), одмарање на дојката наместо форсирање на измолзување со пумпа (нормално цицање од бебе, или малку измолзување со пумпа). И од терапија земање нешто како ибупрофен за намалување на инфламација, лецитин од сончоглед за помагање на деблокажа, евентуално нешто за болка како тајланол за тие што имаат големи болки. Забегувам со детали?
Не ти препорачав да форсираш молзење туку бебе на града- цицање. Еве 3++ сме на доење и секогаш кога ќе ми се направеле топчиња (спиел 6 7ч) прво давам да се нацица па ако не се отпушат каналите одмолзувам малце со нежни масажи за да отпуши. Инаку да може да повраќа од прејаденост но може и од голем отвор на шише брзо шмукање и сл. По мене, опушти се уживај во доењето и следи напредок на бебе не навлегувај многу во вакви или онакви мислења по нет. Мене ми препорачаа дохрана на 1 недела иако бебе врати родилна и плус 100гр, се задави од повраќање завршивме на итна и од тогаш не сме допреле формула. Јас одлучив и кажав на педијатарот дека гледам и осеќам не треба плус зошто му е доволно
Ако на некоја и треба продавам на медела електрична пумпа за измолзување. Мене ми заврши многу работа додека воспоставив лактација со малиот.