Јас си направив едно од шамија Како ѓеврек е. И тоа баба ми, ми кажа како се прави. Еве една слика каде што малку се гледа, квалитетот е хаос а и јас нешто сум глумела лудило, ама се гледа како испаѓа Спојлер Доста стара е сликава иначе
^ Епа за тоа зборуваме де... Правиш нешто како ѓеврек xD округло такво, од чоап, крпа, шамија било што и го ставаш на репот од косата xD...
Обожавам пунџички и порано најчесто така си ја носев косата и ја правев да ми биди убаво замазнета (средена) однапред а пунџичката некогаш ја правев поопуштена а некогаш и таа посредена, ама во последно многу ми се разлетуваат бебешките влакненца и не можам убаво да си ја врзам , никако не ми се замазнуваат ни со лак ни со ништо.. сега ќе чекам да ми порасни уште малце косата па да си правам онакви пунџички што ми делуваат по кежуал, поопуштени и дефинитивно фаворит сега за сега ми е ваква пунџичка http://www.youtube.com/watch?v=eKNTJ-ZB ... r_embedded
Супер се , но највеќе ми се свиѓаат оние со плетенка што се , дали може некој да ми даде видео од јутуб ? Неможам да најдам
Ако мислиш на ваква не ти треба никакво видео,само наведни ја главата,седни и нека ти биде меќу коленици.Исчешлај ја добро и почни да плетиш внатрешна плетенка почнувајќи од тилот па до темето,потоа собери ја косата(несплетениот дел) и направи си пунџичка.Лесно е многу,јас пробав,многу лежерно и спонтано,веднаш штом ја видов сликава, и успеав,што значи секој што ќе обиде ќе успее.
Јас денес цел тренинг со пунџата со чорап го поминав. Ептен малце ми се испушти. Иначе по 579326519569 пати ја пресобирам... Ама дополнително си ставив 2/3 стегачи xD
Сакам да си направам пунџа,нека ми даде некој слика.Ама незнам дали ќе можам..имам степенасто шишана коса долга.И сакам да изгледа убаво и од напред а не само од позади.Досега не сум имала убаво искуство со пунџите...или не ми стојат..или не знам да ги правам..ХЕЛП.