Светска работа е пунџичката со чорапот Баш денес за во школо си ја направив и бев презадоволна како ми испадна. Добив и многу пофалби и кога им кажав дека внатре има чорап.... poker face
Ги обожавам. Знам повеќе начини како да си ја дотерам косичката во пунџичка. Лесно и едноставно, и за дневно излегување во град и за во дискотека.
Јас налетав сега на овие слики. Ептен лесни, ем убави туторијали за пунџи. Кој има долга коса нека не му ја мисли
Убава е, но многу подобро би било доколку искористиш некое поголемо чорапче. Вака повеќе до израз доаѓа плетенката, а не пунџата. Еве видео за сите што им се допадна пунџичката со внатрешна плетенка позади http://www.youtube.com/watch?v=BtmwZ2-6 ... gXpAZ0eIc= Спојлер Кога ќе размислам, многу ми е смешен зборов - пунџа
Ја испробав пунџата со чорапчето но јас не ја направив со чорапче туку со они грејачите за на раце или нозе....Но пробав и со чорапче и поубаво ми излезе со грејачот....Инаку сите ме прачуваа како се прави но јас си ќутам еве ви слика
Обожавам пунџички! Баш се лесни за правење, а сепак интересни и убави на изглед! Посебни си ги сакам оние бушави пунџички.
Е за ваква пунџа прашував пред неколку месеци. Сега кога ја видов сликата во темата Аватари, конечно можам убаво да ви ја објаснам. Има ли некој туторијал за неа? Знаете ли како се прави?
sesilija Прашај ја Ајлин сигурно гледала како и ја прават пунџата....Хаха шала на страна....Навистина не знам и јас барав туторијал но безуспешно....