т.е Многу тапирање и лак на флизер. Ќе ја натапираш ајде ама како ќе ја средиш од позади, тешко дека ќе можеш сама
Се мислам да нема и овде некој трик, да се става нешто на средина од косата и после натапирана да се зацврсти , затоа прашав дали сте нашле некој туторијал за неа, ама уште ќе си чекам изгледа. Славица, немам баш добро искуство и доверба во фризери/ки, ме нервира да чекам дури и на закажан термин и да се плашам што ќе направат од мојата коса, така што преферирам сама да си ги правам, ако се може де
Знам што сакаш, дојди ќе те водам кај мојот проверен флизер Не се става ништо како додаток. Еве ќе пробам да ти објаснам. Прво се врзува како мало репче/опавче на средина кое ќе биде подлога и центар над кое се додаваат тапирани прамени и се обликува (ако сум јасна)
Нена, не е така, оваа на девојката од видеото испаѓа како вид на банана -пунџа, а види на сликите од Славица, задниот дел е подруг, а на сликата што јас ја постирав косата е уште потапирана. Изгледа ќе треба да пратам некоја другарка на фризер да и направат, а јас да гледам И Славица, како ти таква откачена, паметна жена и правничка, да пишуваш фризер со л? Фала ви што се потрудивте, ќе си чекам јас уште за ваква пунџа
Sesilija, јас ја правам пунџата како што ја прави славица земена од овој клип само што тоа што девојкава го врти позади без тапирање јас го тапирам за да биде повисоко и го виткам повисоко, После вториот дел од косата , горниот пак го тапирам како девојкава ама наместо да го виткам како банана јас го спојувам прамен по прамен под првата пунџа за да дојде како на Славица. И исто ако сакаш да ти е како на Ајлин од Бурни времиња патецот го местиш на средина и прамените ги пушташ до лицето а не позади уши.
ја тој тебе по кумановски, да се разберемо. Не сум правничка, ѕрц. Финтата е таа. На сликата што ја постирав тоа одпозади (завршеток на косата) ќе се спушти подоле и понавнатре ќе се стави. Во мојот случај е долу соберена со безброј црни шноли
Послем долги обиди за оваква пунџичка и покрај тоа што гледав братучетка ми како ја прави и покрај гледање на youtube јас научив и успеав да ја направам со помош на сликава...Не рекла мајка ми за џабе дека сум наопоку родена