да и јас го имам гледано на нет но кај нас немам видено има ли девојки кај нас ваков стегач за пунџи?има некој видено најдено?
^ Во Бугарија имаше но бугариве ја дигнале цената како злато да е... Сакав да земам но се премислив кога ја слушнав цената. За едно сунгерче баш и не ми се даваше 400 денари... Сунгериве за табла се 50 денари. Ќе земам таков и ќе го исечам отколку ова...
Вакви имаше во H&M летоска за 2,5 евра во Загреб. Провери он лајн дали има уште можеш да си нарачаш.Ама не се исплати само за тоа освена ако нарачуваш и други работи
Како е вака направено? Има некој шо може да ми објасни? стварно ми се свиѓа и да го изненадам дечкоми со една ваква фризура хихихи
^ Еве како се добива French braid, односно плетенката. http://www.youtube.com/watch?v=BtmwZ2-6uO4 Откако ќе го направиш тоа косата ќе ја ставиш во репче, ама на последното протнување нема да одиш до крај, така што ќе ти остане малку косичка и ќе имаш една пунџичка. Потоа пунџата ја делиш на два дела, го зацврстуваш секој дел со шнолички и косата што ти остана од репчето, ќе ја донесеш напред односно ќе премине преку средината на машничката и ќе ја зацврстиш со шноли. И тоа е тоа. Се надевам добро ти објаснив, не ме бива баш за такви работи
Јас често правам пунџиџки самата на многу лесен начин.. потребни се само 2 стегачи, не многу мали... Прво ја врзуваш косата во опавче, а потоа ја виткаш околу стегачот и ја врзуваш со друг стегаш...