1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пуштено или врзано куче

Дискусија во 'Дом' започната од papagal4e, 27 мај 2012.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Освен ако не е фантастично издресирано, од сопственикот да не мрда, дефинитивно врзано. Се согласувам дека може да е страшно за минувачи дури и да е мирно кучето, ама јас имав куче кое ми го отруја зошто не беше врзано (немавме ограда, и иако обично во двор си седеше, очигледно на некој му сметало :( ) и затоа гледам од перспектива на кучето за негово добро. Може при игра да турне некого ако е поголемо, сега може за тоа да те тужи или да те натера да го успиеш кучето, или да се сретне со некое улично куче па да биде после беља, или како мојот случај да го отрујат зошто е дружељубиво и ќе земе лесно храна од секого...
    Сега барем имаме и парк за кучиња, има каде да се пушти за да се истрча и кучето :clap:
     
  2. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Јас кучињата мои си ги чувам пуштени, ама секое сабајле кога ќе излезам дворот е ЛОМ :puke: Насекаде има дрвциња, патики, коски.. Според мене подобро би било да бидат врзани за да не ви прават бељи по дома :!:
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Во двор ми е пуштено, само навечер и кога нема никој дома се стационира на тараса од безбедносни прчини како што се крадците на кучиња и од тоа да не ми забегава низ двор па да прерипа у соседниот итн... Надвор ја шетам со ланец освен на едно ридче кај што жив човек нема за да може комотно да си изврши нужда и да си изнадушка се на раат. На Водно исто без ланец ја шетам. Покасно навечер низ маало исто без ланец ја шетам, нема ни коли ни луѓе, диспицплинирана е и не ми се двои од нога, освен ако не ја сснам по маче :lol: Корпа сеуште не сум и ставила ама со оглед на тоа што не ја шетам низ парк, кеј, центар мислам дека не ми е потребна, а и многу ќе ми биде жал да и ставам маска. Ги разбирам тие безбедносни причини но најголемата работа е што 90% од кучињата немаат маски и во случај да се здават ќе си настрада тоа со маската, а знаеме сите колку улични кучиња има што ги напаѓаат домашните за време на шетање и во тој случај незнаеш дали себе да се браниш или кучето :doh:
    Кучето не го ни доближувам до деца или до други луѓе кога шетам затоа што не сите се љубители, ама најмногу го мразам тој поглед полн со омраза упатен кон човекот и миленикот |( Навистина нема потреба од стравови затоа што псоле тоа се пренесува на децата и после децата пиштат и цел живот трауми си имаат од куќиња. Пример братучедка ми кога доаѓа на гости, мене кучето во двор ми е пуштено, немам зашто да го затварам за џабе при толкав двор и има дерење уште од улица, кучетооооо кучетоооо, леле децата ќе ми ги исплаши, леле ќе ги изеде и упатување на плашења и закани кон децата од типот ако не јадеш Лола ќе те гризне .... бла бла бла, и сеа децана уште не ја виделе да им ја спомнеш уплав ги фаќа :x Ај кучето е небитно тука, битен е моментот што децата цел живот ќе се плашат од кучиња, без причина!
    Исто ќе го спомнам и ова за пиењето вода од фонтана. Какви смрдлиња има што пијат од фонтаните, кучето ми е 100 пати почисто и поздраво. Плус кога пиете сигурно не го лапате цело цевче од фонтаната туку во рака си пиете, така да немате никаков допир со лигите на кучето. Моево си пие од доле што тече ама сметам дека е сосема ок што си пијат вода така кучињата, освен кога има ептен гужви па е малку непријатно.
    Инаку да, има закон за задолжително шетање со каивче и со маска, исто и собирање на изметот на миленикот, познавам луѓе што биле казнети затоа што не почитувале некои од овие правила.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Незнам како можат да ги врзат! Мојата другарка не го одврзува нејзиното куче додека го шета. (има објавено слики од него тука на фемина) Тазе запознаени, додека го шетавме кучето и предложив да го одврзе. Таа одби и ми кажа дека и било страв да не ја изгуби, ќе истрчала на улица, ќе ја згазело кола, и ја разбирам нејзината грижа... и јас би се грижела така, но на километар да не ја одврзе...

    Кучето на чичко ми од Аеродром до водно трчаше и се враќаше иако беше во стан. Ич не го ограничуваа и којзнае колку деца има... :fubar: :rofl: Многу пати се губеше, но се враќаше. Колку среќно куче беше... но сега го повика дивината и не се врати. :(
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Кучето ако е во двор со ограда треба да е пуштено, но доколку нема ограда дефинитивно треба да е во бокс или врзано. Знам неколку примери на отруени кучиња баш поради тоа што беа агресивни а пуштени, едното постојано си лежеше на патот и се втурнуваше на многу луѓе, поплаките не се сфаќаа сериозно. Исто и другото, лично и јас се имам пожалено на газдата, но неговиот одговор беше дека ако лајало и страшно изгледало кучето било како јагне. Едноставно се гордееше што имаше такво куче. На крај ги отруа. Исто и додека се шета треба нон стоп да е со поводник, тоа е побезбедно и за кучето и за луѓето. Еве во мојот град имам забележано како еден си го шета ротвајлерот без поводник, слободно. И најмирно куче да е, тие се заштитнички настроени спрема газдата, не се знае што ќе се случи или пак ако се втурне на друго куче, ќе трча по него? Едноставно се ужаснувам од ова и мислам дека стварно треба да има поголеми казни.
     
  6. Ilovemydog

    Ilovemydog Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Здравоо јас сум нова овде .
    Сакам да ми дадете неколку совети имам мало кученце пинч има векје месец ипол некој ми велат сега да го вакцинирам некој ми велат после 2ипол месеци ке може ли некој да ми каже што е најдобро за него храна вакцини и такви раб .. :sweat:
     
  7. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема има се што те интересира, само ќе навратиш неколку страни наназад.

    dom/griza-za-domasnite-milenici-t4925/2600.html
     
  8. Gremleenka

    Gremleenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    19
    Моето кутре ќе наполни година уште малку и еве си е пуштена цело време низ двор. Не за друго, туку затоа што од мало не го научив да стои врзано, па сега кога ќе му ставам синџир квичи и многу ми е жал. Дење, ноќе си е пуштено низ двор, нема од кај да излезе, така д а луѓето шо минуваат се безбедни. А и мирно си е.
    Е сега мака мачиме додека ставиме синџир за да се шетаме. Мора да излезам на улица со синџирот за да знае дека ќе одиме на прошетка, па така да успеам да му го ставам некако.
     
  9. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Јас мислам дека подобро е кучето да е одврзано за да може да трча низ дворот, но ако ви доаѓаат гости што се плашат од кучиња би требало да го врзете. :)
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Како,со која душа ги врзувате?? :o |(
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Schmetterling4

    Schmetterling4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Јас имам мини пинч и не ја чуваме врзана.Ми нема никаква смисла да ја врзувам, кога е малечка ,едвај дали има 2 3 кг ,не би можела никого да повреди.Многу сака луѓе па и на непознати им се радува што малку ме нервира.Ја чувам дома нормално, но недајбоже да ја оставам во двор на 5 минути да влезам дома, некој да ја викне од улица одма би отишла.
    А порано кога чувавме големо куче, тоа си беше надвор но бидејќи дворот ни е заграден си имаше куќарка но беше пуштено.
    За малите раси кои се чуваат во домашни услови нормално пуштени, но за големите кучиња кои и се агресивни најпаметно би било врзани, недајбоже да избега и да направи некоја беља. :)
     
  12. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Пуштено но го чувам дома внатре бидејќи е мало
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Кучето било која раса да е, неможе да е врзано 24 часа. На кучето му треба слобода, колку толку. Кучето си има свои потреби и треба пред се тие и да му се овозможат. Јас не сум за тоа кучето да е слободно т.е неврзано цел ден. Треба да има некој баланс за доброто на кучето.
    Јас имам германски овчар, добро дресиран и послушен, знам дека не е можно да е врзан цело време, ниту пак слободен цел ден во дворот. Има точно определен распоред во текот на денот во однос на тоа што кучето прави во текот на денот. Имаме голем двор, на надворешната врата има знак за внимание-пази куче што е многу нормално нели, но проблемот е тоа што некои лица не го почитуваат тоа и не го земаат во предвид. На пример лица од ЕВН кога идат да го прочитаат состојбата за потрошена електрична енергија, човекот си иде слободно си влегува и тоа храбар и вели-ааа имам јас спреј за кучиња, ке му прснам ако го видам???????? Јас му велам- господине доколку кучето е надвор има некој човек викнете осигурајте се за состојбата, погледнете во дворот убаво, не влегувајте само така ако го видете пуштен, не ви помага на спреј ни ништо.
    Сакам да кажам дека треба крајно да се внимава од овој аспект и треба да се знае кога се пушта слободно и кога треба да е врзано, само со цел да се избегнат неубави настани. За прошетка во блиската ливада, парк или слично врзан е со 2 синџира и плус маска. И да станува збор за малечко кученце истото важи. Треба да е понекогаш врзано само заради негово добро, да се научи на ред и дисциплина. Малото куче исто така може да направи рани на гризување од кое мора да се посети болница и доктор. Внимание и дресура во секој случај....мало или големо куче е куче.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Да си го кажам и јас своето мислење за пуштено или врзано куче!!! Јас ги сакам животните и сметам дека со нив треба да се однесуваме како со луѓе - да ги сакаме, да се грижиме за нив и да ги почитуваме сите нивни потреби!!! Тоа подразбира да ги храниме квалитетно, да ги пуштаме да се истрчаат и науживаат како што си сакаат!!! Истовремено треба да посветиме посебно внимание и на луѓето од нашето опкружување на кои што можеби нашите миленици им сметаат!!! Доколку ги немаме тие услови сметам дека нетреба да чуваме дома куче, мачка и сл.
    Јас сум од оние луѓе кои што се плашат од пуштени кучиња по улица или во парк. Секое утро додека одам на работа, во паркчето низ кое поминувам сретнувам многу луѓе кои што си ги шетаат своите миленици -кучиња. Скоро сите ги имаат пуштено слободно да си се истрчаат. Сите тие кучиња немаат маски на вилиците и мене ми изгледаат многу страшно... Верувајте воопшто не е пријатно секое сабајле да доживувате стресови од кучиња кои што само сакаат да си поиграат околу Вас... Додека сопственикот на кучето стаса да си го собере миленикот јас сум веќе преплашена. Мене ништо не ми значат смирувачките зборови на сопствениците кои ме убедуваат дека кучето е мирољубиво, само сака да си поигра!!! Повеќето сопственици на кучиња од тоа паркче се запознаа со мојот страв и кога ќе забележат дека доаѓам си ги врзуваат кучињата (што секако е за почит - имаат разбирање за мојот страв!!!).
    Затоа сметам и апелирам до сите сопственици на кучиња во ваква урбана средина да си ги шетаат милениците врзани и со маска на вилиците. Исто така треба да се одредат и уредат посебни простори за кучиња во кои што тие ќе можат да се истрчаат слободно.
    *** Се присетив на уште нешто!!! Голем број на сопственици на кучиња ги оставаат своите миленици да се истрчаат во дворот. Тоа е во ред, тие се затворени и се во сопствените дворови, но верувајте воопшто не е пријатно и многу е стресно кога некое куче ( најчесто по раса покрупно), одненадеж ќе Ви се појави и ќе Ве излае громогласно од некоја ограда додека Вие поминувате по тротоарот!!!

    Значи, куче ДА, но само ако се почитуваат и луѓето кои што ќе ги стретнете додека го шетате!!!
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Го чувам пуштено..бидјќи не трча и не ги каса луѓето..Но некогаш ако има потреба го врзувам..никогаш не можеш да им веруваш на кучињата :lol: :)
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Го чувам пуштено но во кафез/бокс. Од 7 до 12 наутро е и врзано во кафезот за да се учи, потоа е во кафезот пуштено а потоа попладне го пуштам низ двор по 2-3 часа и секако на прошетки порано го носев но сега е скоро вакцинирано па не смее уште малку време па ќе го шетам низ цел град. :lol:
     
  17. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Пуштено низ двор си шетка.Не е воопшто лошо куче,не каса,може само да лае кога непознат ќе влезе,но само лае ништо повеќе.Инаку јас кутрето мое не би го врзала,не можам да го гледам така,не знам зошто.
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    А, дечки, за законот во Скопје што Жерновски го стави... не смеело да се шета кучето пуштено до 21.00... се сложувате со законов?
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    http://press24.mk/proshetkata-se-pretvo ... d-negotino

    Има ли потреба од коментар? Нашето куче секогаш за нас ќе е најдобро и најмило, но не значи дека и со други луѓе ќе е така. Добро е што е избегната трагедија, а се надевам дека и добра казна ќе и удрат на газдарицата, ама џабе е, стресот на мајката ништо не може да го смали.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Жерновски новите закони може комотно да си пикне во задникот. Нека го реши прво проблемот со уличните кучиња на хуман начин, па после нека донесува бесмислени закони и нека прекинат парковите за миленици да ги прават метар на метар ко да шетаме глувчиња, а не кучиња. Забрана за движење на милениците на зелена површина? А каде да се движат? Што смета кучето на зелената површина која патем е полна со кеси и ѓубре од несовесните луѓе.

    За постот за ова со детето и мајката што е нападната од куче навистина се згрозив, ама уште повеќе од коментарите доле. Кој идиот треба да си за да напишеш дека треба да се усмрти кучето? Па луѓе што напраѓаат и силуваат деца не се смртно казнети, а не па кучето. Не го оправувам тоа слободно пуштено од ланец куче каде што има луѓе, сепак е животно и незнаеш што ќе му текне во моментот. Треба да се казни сопственикот, а не кучето. Одредени раси си се агресивни колку и да сакаме да со оспориме тоа и да се тешиме со тоа дека како ќе си го воспиташ такво ќе биде, со тебе дома да, ама на улица незнаеш што ќе му засмета и привлече вниманито. Имам приметено доста кучиња на кои им сметаат или го гледаат тоа како закана, велосипеди, приколки, колички... куче е едноставно, неможеш да знаеш што мисли и што се спрема да направи, затоа треба да си го држиш на ланец до тебе и по можност со маска за одредените раси. Греота жената ја имала таа несреќа да биде нападната заедно со нејзиното дете и цел живот ќе и остане таа траума заради несовесни луѓе, ама незначи дека сеа кучето треба да го ставиме на бесилка. Ако гледаме така ајде и луѓето кои убиваат животно да ги осудуваат на смрна казна сепак тоа и така треба да биде затоа што човекот може свесно да размислува и да разликува добро од лошо, а кучето еве неможе. Како што тоа ја нападнало жената можело и тоа да биде нападнато од човек, да видам дали и тогаш вака бурно ќе реагираа нелуѓево кои коментирале доле под статијата. Тогаш немаше да напишат ништо. Незнам зошто луѓево си мислат дека имаат повеќе право да живеат на овој свет од едно куче или од една мравка да речеме. Кога ќе размислиш сите сме исти, ама додека размислуваат на толку прост начин нема да мрднеме од место. |(
     
    На Sanjichka007, Elena69221, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.