Никогаш нема да си дозволам да пцујам... ок може кога сум сама и нешто ептен ме погоди во моментот да ми се испушти,али ретко пошто не сум навикната да пцујам Во друштво,со луѓе околу мене или уште полошо со роднини,родители и повозрасни личности....нема теоретски шанси.И кога некој повозрасен ќе пцуе во мое присуство и тоа константно мене ми е многу непријатно,ми доаѓа да станам да си одам... Не знам ама толку голема одбивност имам создадено кон пцуењето што и сама на себе си се чудам...моите никогаш не дозволувале пред мене такво нешто,ме воспитале на поинаков начин и не прифаќам некој да ме промени Во душтво стално ги слушам пцовкине..али никогаш не ми дошло јас да пцујам не знам,онака не се замислувам себеси така...си создавам лоша слика за себе.Сепак...има толку многу зборови и начини да го искажам она што го чувствувам и мислам за некој Кај машки особено...не можам да поднесам некој постојано да пцуе.Од такт ме вади.Ме асоцира на сељак кој не знае да се изрази и само со пцовки реагира.Ма колку сака нека е убав и сето тоа ако земи уште на прво излегување да пцуе таму за сите,да се понаша ко сељак...крст пишувам
Пцовки не користам, ама некои жаргончиња низ друштво ни се вртат што ми е ептен тешко да ги искоренам од типот на: Лажеш курво! (стандард после клипот, нели ) Пати кучко. Јебига. Топ три ми се, не знам до кога.
Не пцујам и многу грдо ми е кога слушнам пцовки посебно од деца или од девојки. Едноставно не личи. Одраз е на невоспитание и некултура.
Порано да ,и тоа како кочијаш . Сега ги избацив пцовките од речник ,освен во екстремни ситуации кога е посилно од мене .
Јас воопшто не пцујам, затоа што ми е одвратно кога ќе слушнам пцуење сепак мислам дека тоа е и од самата околина, ако постојано слушаш како пцујат па и ти ке почнеш
Си пцујам, што да правам. Најчесто кога се нервирам зошто не можам да направам нешто, е тогаш чадам од нервоза и следува: да му се плукнам, да му се сневиди, у п.м.... и тако даље. А некад и по личности пцујам, ама да не ме слушнат
Нема човек кој барем еднаш во животот не опцујал и тоа не е до домашна култура туку онака.. И јас си пцујам некогаш
Пцујам и тоа многу, а и сочно Сум заприметила кога ќе се удрам некаде одма почнувам и така побрзо ми поминува
Единствена пцовка што ја користам и тоа во скратена форма е „у п.м.“ и тоа само кога сум ептен нервозна, инаку се водам по правилото дека на женско воопшто не му прилега таков јазик.
Пцујам и кога треба и кога не треба,и пре кого треба и не треба...Еднаш ми се испушти пред професор,еднаш пред гостите,а пред родителите-секој ден...Се трудам да се одвикнам,преглупаво е кога одстрана ќе гледа некој како некое девојче пцуе.
Не многу,но оној пат од нервоза ЗА ПРВ ПАТ пред сите почнав да пцујам...Инаку мразам да пцујам и зстрав ми е да не ми стане навика..