Не пцујам, ама вулгаризми употребувам кога на некој навистина му го берам. Ама си ја отфрлив таа лоша навика, ништо нема да се смени ако употребам вулгаризам или нешто слично. Ако 'да ти се сневиди' се рачуна за псовка, тоа го употребувам најмногу 5 пати во годината. А да опсујам некого во лице или зад грб, тоа НИКАКО!
Отсекогаш сум користела еуфемизми посебно во смирен разговор но кога сум нервозна знам да кажам пцовка али треба ептен да се изнервирам и најчесто е несвесно на тој начин ја канализирам нервозата.
Не ги користам, не ми се допаѓаат некако. Особено оние што колнат кога се нервозни, па пцујат се живо и диво. Ептен одвратна појава ми е. Може и на покултурен начин да се искаже нервоза и незадоволство од некого/нешто.
Најчесто пцујам во возење. Како што често возам со детево у кола, викам кој знае прв збор што ќе му биде
Не пцујам али имам некои зборови кои најчесто ги кажувам.како мизерија,страшно,за грев и мајка ми многу ја лутам хахаха ќе ми сврти некој шамар некој ден така ми изгледа хах