1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа од дома во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cka, 27 март 2020.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Замисли и бабите и дедовците одат на работа, или некој едноставно ги нема.
    Како и да е сеуште чекам одговор за да си ги зголемам способностите.
    И башка збориме за ситуацијава во моментот каде што од денес за утре настана ситуацијава.
     
    На oblace1, SummerGirl, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  2. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Работа од дома-убавини.

    Многу подобра организација можам да воспоставам, да направам јадење, дома да биде чисто, повеќе време за себе и по опуштено извршување на работните обврски.
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Какво себично размислување (facepalm)
    Без грам емпатија за мајки кои се приморани дома да се и да се мултитаскинг едно добри 18ч. Битно госпожа е највредна, она од соба не искача.
    Полоциски час има за баби-дедовци затоа што се ранлива категорија, ама не, ќе бидеш вреден и ќе кажеш да дојдат дете да чуваат. Како ќе си одат дома во време на полициски час, не ти чуе. Битно највредна да си.

    Јас на мојот тим кажав дека нема да мерам време на работа се додека обврските ги завршуваат со фокус на приоритетни работи. Сакале во 6ч сабајле работат, во 2 по полноќ, не ме интересира. Зависно од приликите и домашните обврски очекувам сами да се организираат, а роковите да не трпат.

    Во ситуацијава треба да си и човек, а не само на работа да мислиш.
     
    На simonka93, dunika, Ѕвездички и 34 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Ќе си манам клоца и со неа ќе се испратам.
     
    На SandStorm, mariz, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @СуперДевојка Не сум мајка, ама можам да замислам како им е на мајките, кои мора да работат од дома плус и дете да чуваат, бидејќи не оди во градинка/училиште, а поради коронава не можат да дадат детето да им го чува некој друг. Им се восхитувам како и толку успеваат да си ги завршат работните обврски. Јас да сум еве не знам колку би можела така да завршам работа. Сигурно работата би трпела, многу повеќе од тоа што им трпи нивната работа. Јас за да бидам продуктивна ми треба мир, тишина и голема концентрација за да завршам некоја обврска. Нека ти дадат барем еден ден да им бидеш ,,мајка" на нивните деца и плус да работиш од дома, па после дојди во темава па кажувај кој и колку е способен.
     
    На azelea, mariz, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Во ек на пандемија и полициски час, некој паметува дека треба по дома да си викнеш баба или дадилка да ти го чува детето (facepalm)

    Денес работев од дома со скратено работно време како и колегите што одат на работа.
    Ама, маж ми беше дома и ги чуваше децата па целосно се посветив на работата.
    Инаку, кога сум сама со двајцата (3 и 7 години) невозможна мисија е 6 саати да седам и да работам, затоа што тие деца треба да јадат и да бидат под надзор за да не направат некоја беља несакајки.

    Доста со паметување и мудрување дека мора да се затвори жената во посебна просторија место да го меша гравот и да го гледа детето.
    Нека ви дадат еден ден дете да чувате и во исто време да се посветите максимално на работата, па вратете се и споделете искуство. Споделете ја вашата магична способност за ефективна работа без да го погледнете детето во другата соба.

    Среќа па повеќето претпоставени се луѓе во вистинска смисла на зборот па имаат разбирање и оставаат простор во текот на денот да се заврши работата.
     
    На sparklie, azelea, crimson и 24 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Многу глупости прочитав од супер девојката, ама тоа е, нема дете и нема појма како е.

    Неделава и јас работам од дома, од 08:30 до 17ч сум пред компјутер. Работата ми е цело време со клиенти на телефон, скајп, мејлови. Со колегите исто така во контакт сум нон стоп. Газдите очекуваат да сработиме исто како и од канцеларија.
    Среќа па и мм е дома, ама не си ја донесе работата тој, па тој го храни малиот (година и 3 месеци е), тој го заспива, му менува пелени. Седам во дневната додека работам, се грееме тука и во спалната само. Малото ме бара, ама татко му го занимава.
    Со баб му и дедо му не сме се виделе веќе 10дена, и не ни планираме, и тие се кријат дома.
    Дадилката што го чуваше малото исто така е дома, сите сме затворени.

    Мене искрено полесно ми е кога работам во канцеларија, таму се знае зошто сум. Дома ем со малото, да ставам појадок, ручек, 2 ужинки, плус ручек за нас.
    Едвај чекам да помине лудилово.
     
    На Ladyyyy567*, Coco31, JuLleE и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.786
    Јас работам од дома и сум со моите 4 годишно и 1 годишно дете.
    Не да е тешко, претешко ми е.
    Мм оди на работа , јас сум по цел ден со нив сама во стан. Би да подизлезиме ни ништо.
    Малото е лепенка за мене , во некој таков период е да сака во раце или да ја шетам за раче. Големиот си бара внимание, сака заеднп да боиме или да играме, ретко се заигруваат сами. Околу 12 ја заспивам малата со триста маки , со нишање со се. Додека спие му пуштам на големиот цртани за да можам да се сконцентрирам во тишина.
    Вака преморена не сум била никогаш, немам ни концентрација ни ништо. Не знам како е тераме вака ако се одолговлечи ситуацијава
     
    На Ladyyyy567*, azelea, dayla и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Работа од дома за другата страна подразбира да си онлајн повеќе од 8 часа, затоа што си дома. Дома си и треба да одговориш на меил одма, оти никој не те гледа колку работиш, па во случај да не си помислат дека така дремеш. Мораш да кренеш на телефон, оти доволно е само да се јават на друг број и спонтано да споменат дека ете таму никој не одговорил, а ти си дома и што друго ќе правиш ?! Како така ?
    Дома си, што ќе правиш друго, од тебе се очекува. Утре дозволено е до 4 да се движиш, а тебе работното време до тогаш... Сабота, недела, секако си тука, работата не смее да стои. Мада ти и во 6 треба да одговориш, дома си, ало ?! Ќе праќаш друг до маркет, ако имаш, јебига.

    Работа од дома за мене значи дека, уф сеа можам да искористам да си правам топли здрави оброци на време, оти работам , ама сум ДОМА. Да читнам книга на пауза, да изгледам серија ако има луфта :rofl:... Да ми биде светнато се, оти зошто да стои како кога одам на работа, сепак сум ДОМА.И се тоа да завршам брзо за после да уживам кога ќе ми заврши работното време.
    Немам деца, па тркалам некако вака:D Значи , ДОМА не убива у поим двете страни.:D
     
    На senza.parole, dayla, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Додека да завршам до работа продавниците веќе затвараат. Ако се решам да отидам на пауза до продавница обавезно ќе пропуштам некој состанок поради редиците луѓе што чекаат.

    Единствено решение ми е да се исклучам нешто пред 5ипол, да пазарам, па после да си досработам. И пошто сум глупа, имам чувство на вина зашто не сум седела до 6 и нешто онлајн, па кога досработувам се задржувам подолго од тоа што треба...

    Ручек не ми е направен скоро цела недела, т.е. грешка, ручекот у 9 вечерта правам.
    Цимеров исто цел ден врзан пред ПЦ.

    А ако испазарам повеќе за викенд ќе ме плукаат дека за другите не останало .. никако не си :(
     
    На azelea, SummerGirl, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    :D:D:D:D
    Ме изнасмеа со мислењево.

    На темава, и јас работам од дома веќе две недели и претешко е. Ми фали канцеларијата многу. Тоа било одмор. :D Работата ми се продолжува за минимум еден час. Во најдобар случај. И тоа 4 години е мојот и се заигрува или гледа нешто, ама 8 часа не можеш сам на себе да го оставиш. Прво доручек, па ми се мочка, па дај нешто за грицкање, сега дај јаболко, дај сокче, па дошло време за ручек и така дури си дојди мм во 16 и 30.
    Денес до 18:30 работев. :|
     
    На azelea, SummerGirl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не можам многу совет да дадам за децата... можам само да замислам како е тешко.

    Она што можам да ве посоветувам е да се тргнете од форумот и социјални мрежи.
    Најголеми цицачи на фокус. Мислиш ќе останеш пет минути, а отишол цел саат. Не само што одзема време, туку и ќе се изнервираш со некого и не можеш да се вратиш во нормала. Од искуство ова. :D Гледајте пресот и доста е.

    Инсталирајте некоја екстензија на Хром што ќе ве блокира додека работите.
    Пример StayFocusd или Strict Workflow.
    Моментално користам Cold Turkey, предобра апликација. Местиш два часа, на пример, и нема ни форум ни социјални мрежи, ни јутјуб ни шопинг. После си даваш петнаесет минути одмор и активираш пак.
    Не сте свесни колку разлика прави. Кога имам премногу работа ја активирам за цел ден.

    За децата може да размислите да подготвите оброци од вечер. И да станувате пред нив за да почнете порано со работа, ако е можно.

    И знам дека го знаете видеово, ама ептен е соодветно во моментов. :D
     
    На azelea, Bubce38, NarCis@ и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Детето си оди у градинка кија не работи за време на пандемијата. Ако не забележа, темата е работа од дома за време на корона. Да е дете 8 саати у градинка, ич немапе тешко да ми е. Маж ми работи од дома 3 години, тешко му е само кога има дете дома.
    Градинката.

    Ова е ко јас да фарам да се фалам дека работам кога одам на работа.

    Не си ја сфатила темата, седи двојка.
     
    На Ladyyyy567*, simonka93, azelea и 20 други им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam паметно ова со екстензиите за фокус. Еден куп табови имам отворено дури работам. Плус скајп со колегите, еден да напиши нешто заминале 15 минути. Ќе инсталирам. (y)
     
    На cresa-jagoda, LivingGlam и Doozy им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Единствен начин нешто некогаш да се сработи е да се самозаклучиш од Интернет. :D

    Ако нејќете толку хардкор верзија на заклучување - Forest плагинот на Хром, може да прекинете кога сакате.
     
    На eli25, cresa-jagoda, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    И јас напишав баш за ова кое го коментираше супер девојка па ми го избришаа мислењето. Работа од "дома" не се мисли да си отвориш канцеларија дома и да се фалиш колку време работиш. Па згора не се испаѓа дека вработените и доаѓаат дома. Овде станува збор што самата ситуација го наметна работењето од дома. И ѓаволски е тешко да успееме во се. И точно легнуваме деца и продолжуваме со работа бидејќи секогаш го има чувството на вина дека не сме сработиле доволно во текот на денот.
    Среќа што повеќето имаат разбирање за вакви ситуации. Еднаш низ муабет со сопственикот на фирмата во која работам ми вели "слободно земи денови за деца, нивното здравје нетрпи а работата ќе се сработи, и мене мајка ме родила и знам што би и значело да не ја пуштат од работа, не сум пораснат тек така, да не постоите вие мајките и ние не би постоеле". Човекот е постара генерација и полн со разбирање посебно за деца и здравјето на неговите вработени кога е во прашање. Ама ваков коментар од жена ме изненадува. А можеби и не, деновиве некако целата злобна мисла излегува од луѓето.
     
    Последна измена: 27 март 2020
    На andromedae, Bicka77, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    На темава би сакала само да кажам дека сега кога работам од дома, работам многу повеќе одколку во канцеларија. Едноставно чуствувам потреба да биде така, прво од благодарност што ни го дозволија тој луксуз, друго од страв дека ако не бидеме одговорни, ваквиот начин на функционирање може и да прекине.
     
    На cresa-jagoda, Ano, mime87 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    jas rado bi da najdam rabota sto bi ja rabotela od doma ama nema
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.639
    Најјаки се тие супер девојки, што знаат се за животот со деца а немаат деца.
    Знаете од тие : како ќе кажам јас така ќе биде. Не златна, животот со деца е многу поразличен од тоа ти како што си го замислуваш.
    За темата, да многу е тешко и напорно. Зашто и децата се во нова ситуација, мама е цело време дома, сакаат внимание, сакаат да си играат. А нас не чекаат милион обврски.
    Плус да можеше секоја работа да се сработи од дома немаше да постојат канцеларии.
     
    На Ladyyyy567*, SummerGirl, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Да се работи од дома не е крај на светот, немаш фиксно работно време како кога си на работа и можеш да се АДАПТИРАШ па дури и со деца.
    Проблемот е на глобално ниво не регионално скоро цел свет жртвува по нешто,си зедов плата на 25 овај месец а скоро пола месец не одам на работа е па треба да ја оправдам на некој начин така?|(
    Дефинитивно во крвта ни е да се жалиме и кукаме...
    Со чесни и ретки исклучоци секако...
     
    На SummerGirl и sanjaeva им се допаѓа ова.