1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа од дома во време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cka, 27 март 2020.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    72.639
    Пол:
    Женски
    А ако нема кој да вари грав и да менува пелени, како? А еве мора да работиш. Еве имаш работа на која треба да си нонстоп на телефон, а две деца се околу тебе :^) И не е само варење грав и пелени, многу повеќе обврски се.

    Еве знам самохрана мајка со 2 деца, работи од дома, преморена е и не знае како ке издржи. Децата и се во изолација, односно сите се во карантин (особено што едното е во градинка со дете кое имало корона). Ај дај насока некоја како да не и е тешко и како да изведе да изгледа како да не е со децата?
     
    На kukla21, SummerGirl, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    На полагање :)

    Многу кусогледи и ограничени размислувања. И не е дека некој не е родител, затоа што на темава се изјаснија и членки кои немаат деца, а ја разбираат ситуацијата. После се чудиме од каде потекнуваат прашањата кога ќе се мажиш и дали планираш да имаш деца.
     
    На nena2010, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Welcome to my world :D
    Од дома работам последниве 15-тина години, па ова не ми е нешто ново. Имам 5 и пол годишно дете и претходно сме се наоѓале во слична ситуација кога била болна и не одела во градинка, па ова не ми е којзнае колку ново, меѓутоа... Има една голема разлика, сега не можеме да излегуваме, не може да дојде баба или тета да ја причува, да ја прошета, не можеме до парк да ја прошетаме, па од тој аспект ни е многу тешко. Најголем проблем ни е физичката неактивност. Друг проблем ми е вниманието кое сака целосно да и го посветам постојано, сме зборувале и претходно дека мораме да работиме, ама тешко сфаќа. Затоа во ваквите ситуации кога седи дома, сопругот е тој кој работи најмногу, а јас работам ептен итни проекти или проекти со претходни клиенти кои не можам да ги одбијам, се останато ми е на стенд бај и се трудам да и посветам внимание.
    Баш сега периодов работам на еден итен проект и дома ни е ептен весело :D Сопругот се труди да ја анимира, ама она мене ме бара и тоа за работи за кои нормално не и требам. Не сум одделена од неа, работната соба е до дневната, вратата е постојано отворена, доаѓа кога сака, често седи во соба на биро до мене и си црта или работи “на компјутер” како мене...
     
    На Ladyyyy567*, kukla21, Dennings и 11 други им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    4.980
    Моето е 9 м, требаше скоро во градинка да почне, јас на работа. Ќе се одовлечи тој период, но јас нема шанси од дома да работам со него сама. Не се заигрува сам, паѓа многу, лази на секаде, се качува, не седнува мирен 2 мин. Некогаш за да одам до вц и цртани ќе му пуштам, инаку нема тв, па ќе го седнам во хранилка, но еднаш го најдов да стои на хранилката, сега си го земам со мене. Ништо живо не го интересира да биде мирен. Кога мм, мора нешто да сработи, морам во раце да го држам да не списка,а тој да има состанок, па да се чудат дека го колеме дома.
    Станува во 6, а јас до 10.30 сум изморена веќе што го бркам по станот се наведнувам да го земам. Не се жалам, далеку од тоа, но порано ќе си излезевме и мн ми беше од помош таа прошетка од неколку часа.
    Јас не би можела да работам со него од дома, евентуално навечер, ама веќе сум преуморна се комирам и јас. Јака ви душа, стварно.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    И мене ми сте најаки вие мајките. Све нешто неможете, за све нешто децата ги користите ко изговор. Прашањето ми е ако кукате и целиот живот ви се сменил, зашто воопшто раѓате?!
     
    На mime87, poenta и violetblue им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека не можеме?
    Се можеме и се правиме! :muscle::P
    Безобразни сте многу со коментарите.
     
    На kukla21, Kom.pot, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    72.639
    Пол:
    Женски
    Многу сте превртливи :^) Да не може човек да се пожали. Да се пожали некоја што нема деца колку е тешко, напорно, депресивно толку време дома, огромна поддршка и давате, а ако се пожали некоја со деца: Што си ги раѓала ма? Безобразни сте многу. Ете не им е на сите тешко. Сепак зависи и до каква работа, колку внимание сака таа работа, а зависи и до децата, некои знаат да се заиграат со часови, а некои ич.

    Не зборам за мене, јас сум дома со децата, ама не работам од дома. И не ни можам да се замислам да работам. Алал да им е на мајките кои периодов се дома со деца и плус од дома работат :bow:
     
    На kukla21, SummerGirl, Vennera.aa и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    Раѓаат затоа што тоа им е желба, како што ми е и на мене за во иднина. Во нормални услови работат градинки, некои имаат помош од баби и дедовци, некои имаат дадилки. Не прочитав тука да кука никој за животот пред февруари, сите кометираат дека тогаш се снаоѓале секој колку и како можел и се изнаоѓале решенија.
    Кога планираш семејство не земаш во предвид апокалипси и пандемии кои МОЖДА ќе се случат.
     
    На kukla21, Estranged, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.030
    Пол:
    Женски
    И пак како и во секоја друга тема, наместо да се даде поддршка и предлог решенија (секоја чест на исклучоци), и овде се плука, куди и осудува :x
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.232
    Допаѓања:
    124.349
    Можеме. И да имаме дете и брак и работа и образование. Вие уште не.
     
    На kukla21, Estranged, simonka93 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што не си ја разбрала поентата на темава.
    Никој не се жали, само убаво е кога ќе видиш како од некои луѓе излегуваат на површина комплексите и фрустрациите.
    Одвај чекате некој нешто да пише, да побара совет, па да му се нафрлите со навреди. Зошто раѓала бе (facepalm)

    Значи, ова е вонредна состојба и е тешко за сите, без разлика дали сме родители или не, дали сме вработени, студенти, пензионери или основци. Цел живот ни се поремети преку ноќ, па ок е да се побара совет или едноставно поддршка.
    Ова твоево е исто како ние да почнеме да ги вреѓаме сите што се жалат дека им е досадно што седат дома.

    Луѓето што работат од дома а имаат големи деца или воопшто немаат деца го имаат целото време и простор на располагање, можат да се посветат целосно без да се тресат што прави детето само во другата соба.
    Совет се бара, а не осуди и навреди.
    Ако не знаете да комуницирате цивилизирано или ви се повраќа од мајките, не знам што воопшто барате во темите за мајки.

    Ќе кажам за себе. Кога сум сама со децата, работам на рати. Кога е маж ми дома, работам фул работно време. Денес е сабота, јас работев иако тоа не беше побарано од мене. Во нормални услови кога одам на работа, викендите и празниците ми се слободни. Ама, вонредна состојба е па работам без проблем и викенди.

    Уште се прилагодуваме на ситуацијава, на никој не му е лесно.
    До сега не видов вакви напади по другите теми, а реално повеќето се жалат од се нешто. Ама ко во очи да ви брца некој кога ќе видите тема отворена од мајка.
     
    На simonka93, SummerGirl, Vennera.aa и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Напишав па се предомислив и си реков не вреди. Само ми текна на една сцена од "Тесна кожа" - Сидо родила си.....
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, Arja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Онаа категорија на вработени кои останаа први дома, родители на деца до 10 год., не случајно беа во таа категорија и сосема разбирливо е дека не можат да ги исполнуваат р.обврски како што можам јас, мајка на 18 год. ќерка.
    Колку можете, толку работете. Работете попладне, навечер, ако работата ви го дозволува тоа. Одговорете на тел. и кога плачат, и кога пеат, тоа никому не му смета.
    Тоа што е сега потребно е да бидеме одговорни, секој според своите можности.
     
    На Ladyyyy567*, kukla21, mime87 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    И мене ми беше друг муабетот, ама нема везе. Да не ви дадеа да седите дома со децата, ќе викавте како јас со мали деца ќе одам на работа, па не дај боже ќе им пренесам нешто. И ви се дава шанса да седите со вашите најмили, е неможело да се работи. А тек замислете да немавте опција од дома да работите, ни плата, или пак минимална да добивате и да не можете да се прехраните. Бидете среќни што воопшто имате таква опција. Јас имам колешка која е родител и сите заедно работиме од по дома, нит се жали нит ништо, чак и се восхитувам, а работата е таква што бара константно внимание и работење. Вие ако се најдовте навредени, жалам. Извинете што можете само вие да дискутирате за оние што немаат деца, дека им било лесно, дека појма си немале што е тешко, а кога некој ќе реши да возврати на тоа, вашето его по дифолт доаѓа до израз.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Зошто мислите дека странците седнуваат и 8 часа не мрднуваат од компјутер?:)
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.232
    Допаѓања:
    124.349
    Кој мисли така?
    Маж ми на пример кога дете е у градинка а јас на работа 8 саати не мрднува од работа, а после пак работи кога ќе си дојдеме. Ама јас го чувам детето.
    Сега и двајцата работиме од дома, ама и детето е дома, и не е 100% сработено ко кога би биле без дете.

    Веројатно да живеевме со баби, некоја ќе можеше еден ручек да направи или 10 мин да шричива дете на конференц кол, ама нема така. Јас на конференс кол станав сосе телефон и кренав дете од земја кое падна и врескаше оти се удрила.

    Ама нели... сме нашле па сме зашле, овие без деца кога можат, можеме и ние, коа веќе сме биле доволно глупи да имаме деца.
     
    На Mishela, simonka93, SummerGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Замислете како им е на наставниците кој имаат деца мали дома, а други 26 на пример чекаат онлајн час од нив. А да немаат кому да ги остават поласаат,саат. Нели изолација треба.Не дека нешто ги бранам, ама реално треба да се сфати секој, секоја работа си бара концентрација и внимание. Зарем и на оваа тема и во ваква состојба се препукувате и напаѓате мајките со мали деца што се приморани вака?
     
    На Doozy, simonka93, SummerGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    72.639
    Пол:
    Женски
    Побарај жити се некој совет од неа, кога веќе ја следиш темава и сподели, помогни.
     
    На happygirl, SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ова ќе ми биде веќе четврта недела како работам о дома. Мојата компанија уште пред вирусот ја имаше потребната инфрастуктура за работа од дома и дури во просек секој о нас работеше еден не неделно од дома. Но сепак разликата е огромна. Прво, работам во бранша која се смета за есенцијална и нашата работа мора а продолжи биејќи ранливи категории луѓе зависат од тоа, значи морам да имам исто нивно на концентрација и ефикасност. Е сега, тоа е тешко бидејќи дома немам сооветно опремено простор за извршување на обврските. Мојот сопруг исто така работи од дома и цело време мора да комуницираме и координираме за кој каде ќе биде, дали му е потребна тивка соба итн. Па да не зборам за готвење три оброка дневно (обично имаме храна на работа па не готвиме многу често во текот на работната недела), чистење (многу повеќе неред се ствара), набавување намирници или што и а ни треба. И двајцата сме организирани по прироа и интровертни, па се нервираме еден на друг кога нешто не изпаѓа по план.
    На работа имејли и состаноци се организираат и испраќаат уште во 7 сабајле па до 10 вечерта, зависи кој каков распоред има. Се јавауваат за ситници на приватни телефони (се каам што им го дадов мојот број) во никое време. Искрено само ги жалам и се обидувам да им дојдам во пресрет на моите колеги, а и сите оние кои имаат деца по дома, бидејќи мораат да бидат добри работници, родители, наставници, се во исто време.
     
    На Doozy, Spidy, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Извини, ама не ни дадоа дома да седиме за да се заштитиме. Туку затоа што дете до 10 години не може само да седи дома. И не, не сме заштитени од вирусот, еве маж ми оди на работа и може да ни го донесе дома затоа што се меша во народ.
    И замисли, на нас што ни дадоа дома беше кажано дека може да не ангажираат два до три саати во денот за да сработиме нешто, а не фул работно време да работиме како да сме регулар на работа.
    А сепак повеќето жени работат цело работно време.

    Ако немате некој совет да дадете, не паметувајте и не се расфрлувајте со навреди.
    Ако си човек, ќе кочиш бар во ек на пандемија и ќе покажеш емпатија и разбирање кон другите.
     
    На supergirlmb, kukla21, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.