А и нејзе нека фати да и помогне, човечки е. Кај мене колегите со големи деца многу помагаат. Среќа и шефицата е човек на место и разбира. Стварно треба помош.
Јас не знам вие на која планета живеете. Работењето од дома, во Македонија, за 80% од луѓето е тешка. Вие свесни сте дека голем процент на луѓе сеуште живеат со родители, баби и дедовци во 2 соби? Без разлика дали со деца или без. Во мојот оддел работата е со фиксно работно време. Не може порано/подоцна. Ќе речам може имам среќа што имам дополнителна соба, па засега успешно се кријам од детето. Е сега, соба имам, ама канцелариски услови не. Седам во никаква позиција, а трудна сум, па ми е проблем И во тие 8 часа со криење идам до вц, јадам глупости ако не успеам да јадам пред да почнам со работа. Да, некогаш не успевам да јадам. Готвам за 4ца, па некогаш кнап ми е времето. Се дешава 5 мин пред да мора да излезам од дома да е готов ручекот. Помош од колеги нема, секој си е засебен. Може некој да скокне да помогне, ама секој прво својата работа си ја гледа. Што донекаде е и во ред, со оглед на видот на работата. Така да лесно воопшто не е. Да живееш сам, без којидае со тебе, тогаш сигурно е лесно.
И 100% од тие луѓе среќни со тефтерот во раце отидовме накај дома. Сама кажуваш дека дома не си сама и баш никој не може да ти направи еден сендвич додека работиш? И толку немаш време да скокнеш до кујна по кафе, чај, храна? Па ве молам, и на работа имаме пауза и никој нема да ви замери ако во истиот момент не одговорите на скајп, вибер... Мислам дека најдовме па зајдовме. Како што веќе реков - кој колку може, толку ќе сработи, ама ова веќе преминува во патетика. Симонче извини ... не можев да не одговорам.
Не е до времето, до условите е Сања. Ако ме види малиот каде се кријам, ќе доаѓа и ќе досаѓа, а тоа не оди во прилог на мојата ефикасност. На повици сум, мора да кренам и разговарам во моментот кога ѕвони. Фала богу дека не останувам гладна или страдна за кафе, ама не е така лесно како што некои го прикажаа.
Можеби. Пишав и во другата тема пред некое време. Нит се правам, нити сум посебен случај. Секому своето најмногу му тежи. Не ни очекувам некој да ме разбере.
Токму дека те разбирам, ти реплицирам. Да бидеме свесни дека ако одевме на работа ќе ни беше потешко.
Потешко од аспект на страв и ризик, секако. Ама во однос на услови и ефикасност, бар кај мене нема споредба.
Нормално дека на работа, шеф, колеги, нема да се пожалам. Супер тераме. Ама тука ќе се жалиме. Не искористив ниеднаш изговор за работа околу детево. Ама ја слушаат во позадина. Се има разбирање. Јас работам само кога спие преку ден, а тоа се 2ч. После во 9 мм ја успива, а јас седнувам на компјутер до полноќ, па и 1 - 2. Работев и викендов, во истото слободно време. Секако работата ми го дозволува ова, не е тајм сензитив. Знае да се јави некој за нешто што му треба одма, меѓутоа тоа е нешто што ми одзема 10 минути. А инаку чим седнам на столчето пред пц, за 5 секунди доаѓа и ме тегне. Вака се организирав јас.
Дечки, дури и да живееш сам не е решение за проблемот, еве јас сум сама па пак не постигнувам некогаш. Ако ви е утеха еве, знајте дека речиси иста ситуација сме сите. Некогаш и не ти е денот, не си сосредоточена на работата, некогаш испаѓа нешто непредвидено па сакаш-нејќеш ќе мораш да испаднеш од дома (ова, во впк или т.н. времето пред карантин ), итн, итн, итн. Повеќе од три години работам од дома, а толку време отприлика и сме сами. Дечко ми си оди регулар на работа, јас сум сама во поголемиот дел од денот и пак не ми стигнува времето за да го искористам така како што сакам. Не сум прокрастинатор, не спијам до пладне, немам веќе миленик за да имам обврски околу него, ама работата низ дома нема да ми се заврши сама на пример и не сакам да живеам на бели пецива и крекери, па си треба организација секако. Мене никогаш не ми било проблем да седнам и да работам, имав огромен проблем со дистракциите ама и тоа се среди со тек на време. Веќе немам проблем да се вратам пак на работни обврски по мала пауза, немам желба да скролам по социјални мрежи или да се замуабетам со некој на чет па да терам така со саати, на телефон ретко зборам општо. Едноставно си пресекувам и продолжувам назад над работните задачи. Ама еве мене лично, тоа ми беше голем проблем и тоа е нешто со кое сите се соочуваат кога-тогаш, бар по мое мислење. Се навикнуваш со тек на време, си наоѓаш тактики кои палат кај тебе, ама дека е лесно само затоа што си сам, ноуп, не е. Денот ми е организиран од рано утро ама работата се трудам да ја цепкам на делови и така функционирам еве веќе три години затоа што сфатив дека така сум најпродуктивна и најдобро успевам да си направам баланс помеѓу работа и моите обврски во текот на денот. Се трудам да работам ефективно до два саати (некогаш ми се случило ова да трае и само 1 час, или помалку) па кога гледам дека губам концентрација паузирам и најчесто во тој пола час потфаќам нешто низ дома, ручек на пример или раскревам ако имам нешто останато и пак се враќам над компјутер. Притоа, напоменувам дека ова функционира само кога имам помалку работа па имам простор за манипулирање со времето. Ама некогаш имам премногу работа и работам по десетина саати без вакво луксузирање со паузи, ама дека е лесно, да не се лажеме. Ич не е и често заглавувам до доцна, потоа мозоков како спржен ми е. И за наредниот ден, веќе се испонатрупале други работни обврски, за домашни да не зборам, тоа си е стандардна процедура за секој ден. Олеснително е кога работата не е со фиксно време, но и не мора да значи. Пак ќе кажам, на почеток многу е тешко да се работи од дома, иако навидум не изгледа дека е така, ама тешко е за сите. И никогаш не станува полесно, туку си наоѓаш со тек на време тактика што упалила па продолжуваш да тераш во тој правец. Колку се работи толку, и два часа да се, имајте на ум дека сè е подобро од ништо. Како налагаат условите, така ќе се прави.
Во време на светска здравствена криза каде што секој ден умираат луѓе и ги губат своите работни места,една кука што нема помош дома од никој а друга кука што има премногу луѓе дома па никој не помага,вас што никако не ви одговара дадете си отставка од работа и рает мешајте си го гравот и сменвајте си ги пелените дома и онака во светот има еден куп луѓе кои молат секојдневно за работа... Со 2 месечно бебе сум дома надвор од Мк работам и живеам со мажот ми двата се снаоѓаме и справуваме САМИ,за чудо здрави сме живи сме фала му на бога...
^ Ако не па Двата дојдете си, со бебето. Шо сте седнале таму ако ви е тешко и сами се справувате? Нели гледате колку луѓе си дојдоа назад. Напуштете работа и вратете се, ќе ви го гледаат бебето тука. Нас на сите тука ни помагаат, знаеш во Македонија како е. Помош од сите страни.Ич не ве разбирам значи во вакви кризи ваков муабет да правете .
Ти читаш убаво или не? Кој рече дека се жалам? Или вие толку све навикнати на жалење и незнаете убаво да ги разберете ниту постовите. Само дадов споредба со мојата ситуација во случај да не скокните како некои ХИЕНИ и да напаѓате како и секогаш членки ДЕКА НЕМАТ ДЕЦА И ЛЕСНО МУ Е ДА ЗБОРУВААТ ама вас крајот ни вака ни така не ви се наоѓа... Како што кажав во претходен мој пост бидејќи е ситуацијата таква каква што е на глобално ниво секој жртвува по нешто и треба да се АДАПТИРАМЕ тоа е мој став и мислење, децата ние си ги правиме и ние треба да си ги гледаме,ако имаме подршка супер ако не треба да се справиме,мене не ми е јасно кој треба да го обвинуваме за целокупната ситуација па за да се жалиме... Имајте пријатен ден,еве јас имам време дури и едно кафе да се напијам
@mime87 ако некој каже дека е тешко, не се жали, само ја опишува неговата ситуација, и си продложува со работа. Исто како тебе нели, и ти кажа дека (ти) е тешко, ама се адаптираш, и кажа дека не се жалиш. На страна скокањето и речникот кој го употребуваш. И до сите кои паметуваат, најлесно е да пресудиш на некој според твоите убедувања и навики, кои бај д уеј не значи дека се правилни и здрави, наместо да размислиш за општо за условите пред тоа. Секој е толкав професионалец колку сака да биде. Со или без деца. А децата се избор, па не треба да бидат изговор.
@mime87 Па гледам и ти не читаш и испревртуваш зборови, па дај да правиме муабет по твое.Никоја не рече дека не сака да работи или за да ти се уфилмаш дека си многу работлива и сама гледаш дете. На луѓето им е пореметен дневниот ред со префрлување на "канцеларијата" дома , во што вклучува терање на домашните и работните обврски во исто време и работно време многу подолго од вообичаеното. Исто така тие луѓе носеле деца во градинка и оделе работа, а сега се приморани да ги чуваат децата дома, не по нивна желба. Што се однесува до твоето ценето време и другите членки сакаат да да го имаат. Па за тоа се збори погоре, ама нормално ти не читаш постови, дојде да се пофалиш колку си способна,.
Мојата работа од дома завршува денес. Од понеделник се враќаме назад во канцеларија, таму да го дочекаме пикот на крај на месецов
Колку поголемо толку поголем ангажман ќе сака и и се помалку време ќе имаш. Сега само си спика и јаде. Здравје натаму ќе видиш како е. Тоа што сте сами и во странство можеби од една страна ви е предност, но од оваа страна не ви е. За чување дете и работа си сака плус помош. Чувај се Инаку и јас работам од дома, понапорно е да, со мало дете, бидејќи и маж ми работи од дома, сами сме, сега нема кој да го чува, дали да работам или да трчам по него, за работа треба концентрација а дете си сака внимание. Паралелно на тоа слушам онлине предавања, семинарски и тн.. Но фала му на Бога работата ми дозволува да работам од дома. Се координираме и чекаме подобри времиња.
Да ве прашам, вие што сте дома заради мерките на владата (заради чување и нега на дете до 10 год.) а работите во приватна фирма. Како ви кажаа фирмите во однос на годишните одмори? Мене ми рекоа дека стариот одмор(од 2019), веќе ми го сметаат за искористен, почнувајќи од 6 ти април, а потоа ме прашаа дали ќе се вратам на работа или ќе користам нов одмор? Бидејќи немам опција кој да ми го чува детето - реков дека ќе корстам одмор. Потоа се фатив да читам одлуки на влада - и видов дека пишува од кога мора да се користи одморот. Пишува дека стар одмор треба да се искористи до карај на мај, а за новиот од 2020год. до јуни 2020. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/a514dae1ecc84739acc865d313405519.pdf на страна 2 и 3. Дали работодавачот може и смее да ме условува сега да го земам одморот? Тоа не е нагласено... а мене ме условува. Тоа не ми се допаѓа... Пишав маил и до министерство за труд и социјална п. па ќе видам. Искрено, мене ова со работа од дома и чување дете не ми се допаѓа. Се снаоѓам, но не е тоа тоа. Интернетот ми е нестабилен, лаптопт стар, немам некои програми што ми требаат (а на работа ги имам)... едноставно пробувам да се снајдам. Ама ако ми земаат денови од одмор - панирам да кажам дека нема да работам толку дена колку што ќе ми земат од одмор. Па барем малку да се осетам одморена, без стресови дали ќе стигнам, без работење ноќе бидејќи понекогаш дење не е возможно.
Јас колку што знам, работодавачот може да ти го смета одморот за искористен доколку ти седиш дома и НЕ работиш ништо. А доколку седиш дома и работиш, тогаш не може да ти го земе. Е сега приватен сектор кај нас е секој своја приказна. Бори се во секој случај, не може ем да работиш, ем да ти се брои како земен одмор...