Здраво! Дали има правило/закон кога најдоцна се известува работодавецот за бременост? Некаде прочитав (ама од неверодостоен извор) дека за државни институции максимум до крајот на четвртиот месец, работодавецот треба да биде запознаен.
Никогаш не мораш. Нема закон според кој треба да кажеш на никого за ниедна здравствена состојба. Ама не е во ред да те видат дека си трудна (значи се познава) а ти ништо не си кажала. Ако имаш добар однос со работодавецот, ќе си го расипеш на тој начин. Ако секако не ти е добро на работа, и очекуваш дека ќе имаш проблем ако го известиш за бременоста, тогаш заслужил да не кажеш до последен можен момент.
Благодарам! Има ситуации кога работиш од дома или си почнал на ново работно место непосредно пред или по затруднувањето, и затоа прашав, бидејќи не секому му е згодно да објавува во четврт месец за бременост, особено не на работодавец со кого и не се познава/малку се познава. Дури сме на темава, прашање до сите членки: Во кој месец од бременоста ги известивте вашите работодавци?
Јас во 5та недела, одма после тест. Работев долги години, никаков проблем не очекував да имам со работата заради бременоста. Дел од почит, дел од чиста радост сакав веднаш да споделам. Имам колешка што беше бремена кога дојде на интервју, го кажа тоа, и сепак беше вработена, и си се врати на работа по породилното. Ама имам и кумашинка што криеше до 6-7месец зошто знаеше дека ќе и направат проблем, со двете бремености ја изгуби работата, едноставно не ја вратија назад после породилно. И ја оправдувам зошто криеше кога знаеше што ја чека. Мислам дека 2-3 месеца најава пред заминување на породилно е доволно време да се најде соодветна замена. Но на квалитетно работно место нормално да кажеш порано, ако имаш убав однос спо работодавецот. На колеги не мораш да кажеш ако не сакаш.
Никаква заштита немат трудните работнички на определено време. Да ми кажеше некој дека може да не ти продолжат договор дека си трудна, посебно како студент на правен би му кажала дали си ненормален. Не може договор на определено да трае година време и откако ќе соопшти работничката дека е трудна да не и продолжат договорот. Заштитени се само оние трудни работнички кои имаат договор на неопределено време, а сите други кој ве шиша. Додека човек не осети на своја кожа не може да знае.. Да се плукнам и во државата и во законите и во дигнатите шефови. Заслужувате да ви бега народот надвор од државата.
Да се чудиш. Треба сите бремени жени да се заштитени, а не само оние постојано вработени. Газдите имаат право да не продолжат договор на определено. И што е најтрагично, повеќето кажуваат на денот кога истекува договорот. Од утре не доаѓај на работа.
Kako da go izdrzam pritisokot od rabotata, bukvalno otkako doznaja pretpostavenata psihicki me maltretira samo zatoa Sto samo 6meseci sum ovde. Dali bi mozelo najrano da go zemam porodilnoto?
Дали некој знае дали може да се искористат плус три месеци породилно , слушнав на работа колешки коментираа,нека сподели некоја ако има искуство
Mislis pred termin? Ne mi e vo plan da se vrakjam zatoa sto postojano sum so stresovi otkako doznajaa deka sum bremena Dali moze plus eden mesec od doktorot maticen?
Колку што знам после 36 недела неможе боледување од матичен гинеколог. Ако имаш одмор од работа, искористи си го.
Zdravo, rabotam vo firma 1 godina, bremena sum 3 mesec i sakam da im najavam deka uste za mesec/mesec i pol ke moram da odam na boleduvanje(bidejki rabotata mi e so vozenje terenska)sakam da ispadnam fer da najdat zamena pa da odam na patoloska.Dogovor potpisuvam na 3 meseci, vo noemvri mi zavrsuva, dali ako ne mi go prodolzat gubam patoloska ili mozat i porano da mi dadat otkaz? Kako da postapam Vi blagodaram
Ако извадиш патолошка пред завршување на договорот, ќе се префрлиш под фонд и после кога ќе заврши договорот немаш ништо со фирмата. Само можат да не ти го продолжат, што значи дека после породилно нема да имаш работа. Ако ти заврши договорот и те одјават, нема да можеш ни патолошка ни породилно да земеш. За двете мислам дека треба 6 месеца непрекинат стаж, значи и еден ден да си без работа нема да можеш да земеш породилно.
Итно ми треба инфо, работам во фирмава 4 месеци, бремена 3 месеци но не знам дали ќе ми го продолжат договорот. Дали имаат право да ми го прекинат иако сум бремена?
Можат да не ти го продолжат, но ако вработат друг на твое место или во изминатиов период ако барале човек за вработување тогаш имаш право да тужиш и да добиеш зошто не ти го продолжиле договорот ради тоа што си бремена т.е. по основ на дискриминација и во тој случај тогаш ќе треба да те вратат на работа и да ти го исплатат периодот за кој те одјавиле.