Една од најновите досетки на реформираната ВМРО-ДПМНЕ е да се зголеми платата на администрацијата за уште 6 отсто. Може и 16 отсто. Ама кога таа гломазна админстрација што ВМРО-ДПМНЕ ја создаде како партиска војска ќе работи како во Белгија. И кога дури и 500 дена ако нема влада, ѓубрето ќе биде исчистено, погрешно паркираните коли ќе бидат отстранети, лековите ќе бидат набавени, болничките ходници исчистени, во училиштата ќе има тоалетна хартија и сапун, дрвокрадците ќе бидат фатени, тревата на јавните површини и патиштата ќе биде искосена, документите по државните институции нема да бидат изгубени… Затоа што шефовите на таа администрација за тоа земаат плата. А не за да го мобилизираат членството на повик на лидерот да се појавува на митинзи и на контрамитинзи и да калкулираат со неработење во зависност од тоа која партија ги вработила. А во меѓувреме, да си тераат приватни бизниси. Впрочем, ај да ги видиме од септември кога ќе мораат да работат во две смени. Па кога ќе обезбедат беспрекорни услови за тие што им ја обезбедуваат платата да им ги заработат и тие 6 отсто покачување, нека бараат и 16 отсто. Ако и тие пари им се малку, бујрум, нека излезат на пазарот на трудот, па нека бараат покачување во приватниот сектор.
@Rubiii секое вработување партиско ти го вадат низ нос. Ако некој ради тоа подржува се од некоја партија , (општо зборувам), а не гледа реално, што да се каже. Јас пишав сите се исти. Никој не може да ме убеди дека и овие не се криминалци. Само што тука работава е отидена подалеку, со Америка вмешана нормално. ( идам на клиника. Се расправа албанка на шалтер. На албански ,дава упат, ако е 10, она има закажано пример во 13 ч. И викаат неможе преку ред. Не разбира. И викаат незнаеме албански како да ти кажеме. Албанкава одговара на македонски-Еден ден сите ќе пеете албански. )Што значи сега официјално кога ќе им се даде се, до тука ќе ни биде. Зијадин села не негираше како нација, уште што не кажа против нас , ви текнува? Јас како што памтам, грујо не ги прифати нивните услови овојпат, затоа не формираа влада. А нив им беше единствен избор -албанците за да победат. Цело арачиново гласаше за сдсм пример.
Не формираа влада само поради тоа што не се договориле за СЈО, а инаку друго сѐ што побарале албанците Грујо прифатил. Тоа го изјави ја и албанците.
Вмровците може беа ОВЦИ ама овие од СДСм зборови неам . Читам тука и не верувам како се релативизираат работиве . 1. Двојазичност = Прво нема двојазичност па сега еее шо е тоа ништо не е... И ај сега намерно ке палат пожари ке измислуваат глупости да ја замајат јавноста за законите што ги носат. Проверена тактика на СДСМ само што ја имавме подзаборавено па не потсетија. Заев добро одработува за некој дечки. Спојте ги законот за двојазичност и договорот со БУгарија. Овој закон сега им дозволува на лугето во источна македонија пто имаат бугарски пасош да си бараат двојазичност. А на Бугарија и е многу лесно да најде и за пари да купи такви продадени души што ке водат таква кампања. 2. Нема партиски вработувања нема зголемување на администрација - така викаа де А на дело ај што се сменија партиски кадри , се извработија луге што врска немаат ни шо работат уствари. Васиљ, Лешко, Бубо Каров , Ласкова, 500 нови полицајци и капак на се илјадници административци кои ке влезат преведувачи со новиов закон. 3. КОј крадел нека одговара- за тоа сме сите А Заев? А Аљи? И не , не се исти сите, бетер се овие од ВМРО. На македонија под итно трета опција и треба.
оние од ВМРО дури е прелесно да ги игнорираш и да не ги читаш. Оти стварно лупаат глупости. Ама па, не се нешто нарочито штетни.Овие од СДСМ ... страв да те фати се.
Штом сдсм(овците) ќутат за законот за јазици, ниту се бунат, ниту даваат поддршка значи дека е матно. Под сдсм(овци) не подразбирам обично членство, ниту пак рандом ликови на форум, туку оние кои се експонирани во јавноста. Каде ни се интелектулаците, оние што ги возвишувавме за време на шарена, кога се критикуваше секој очаен потег на жмро. Сега работите се јасни, не било тоа слобода на говор, туку само партиска агенда. Да се вратам на обичното членство од сдсм, од кое ќе се чекаат гласови. Повеќето си молчат, храбрите критикуваат и добиваат закани од раководството, ама тие што молчат го прават тоа заради страв од реваншизам. Трпеле во време Груево, не сакаат да влечат подебел крај и во Заево. Ама во октомври, кога ќе се најдат сами зад пултот, ќе го искажат гневот. Запамтете, еднаш срушивме диктатура со лист и хартија, процесот не е едностран и може да се одбие токму од главата на креаторот. Цела ситуација е трагикомична, договорот со Бугарија е комичен. Нешто во стилот: „Е не, само Албанците ќе добиваат права, дај ваму и ние еден договор да направиме.“ Србите се надвор од игра, а Грција ќе притиска за името колку што може. Дај да се прекрстиме во Република Шкиперија и онака сите политичари натаму целат. Што ќе ни е културен идентитет и историско наследство, и онака се што вредело е продадено во Грчка. Речиси сите археолошки локалитети се уништени и оставени на природни непогоди. Нека се продаде и она малку што преостана. Ако во едно нешто беа добри, тоа беше во идеата за промена. Паднавме на пропаганда, сакавме да веруваме во подобро, иако добро никогаш немало во оваа земја. За колегите од шарена, се надевам искеширавте добро, е сега и вие, а и сета онаа непотребна администрација, да си појдите на курс по албански и сами да си го платите. Се надевам дека во блиска иднина, работното место ќе ви зависи од тоа. Зошто да не?! Ако може да се оди на обуки за ИТ вештини и англиски јазик, може и за албански. Продајте го и она малку достоинство што ви преостанало, ако некогаш сте го имале.
Многу филозофирате за нешто што е очигледно државата ни е продадена,сега кај да е и името ке се смени,два јазика официјални си имаме,химната ке биде смената,парите исто,па добро кои сме ние?Македонци или Шиптарија стварно незнам во која држава живеам?
Не сум политички обоена ама новава влада извиси,за никаде. Се се партиски полтрончиња на директорски позиции. Па закониве кои ги предлагаат и воведуваат. Еднаш во столетието имаш Супер куп во фудбал. ЈСП ти водедува дополнитела вожња на линии за разгледување на градов и Жичницата прават да раб. во пон. а Владава ти воведува забрана за движење во Национални паркови и казна од 1000-3000евра. И тоа мало задовоство на рајава да се луфтира на Средно ја пос**а. И ќе гласам за нив. Никад. Не читав коментари и немам потреба нит сакам да бранам нит ги сакам нит едни нит други нит трети. Си го гледам личниот интерес. И некако мојот и интересов на новава влада не се на иста бранова должина.
Ме изнасмеа за Тони Траjковски и Гази Баба, од таму сум, и апсолутно си во право дека во моjата општина живее апсолутно наjглупавото население, можеби и на цела планета. Општинава ни е застаната во камено време, ништо не е изградено од времето на Тито, некои села уште немаат водовод и канализациja во 21ви век ама затоа се вмро до гроП. Ок, мангите со осмо одделение се исповработиja во JСП и др. државни фирми, па сега се оддолжуваат, нели, што им е гаjле за општо добро кога е битен само своjoт задник. Лани на денешен ден беше поплавата во Стаjковци но тоа беше виша сила нели, не се криви неисчистените канали и неизградената атмосферска канализациja на обиколницата, коja патем сеуште се поправа (од Трансмет на Кочан! ) иако рокот беше до декември. Помошта заврши во каса на дпмне за што локалниот манга такозвани шаjка го унапредиja во главен на дпмне за општина Гази Баба. И така...
Епа нека ги испозапалат ако не... Во Берлин бев на финале на ЛШ, сите паркови беа заградени за да не мочаат пијаните фудбалски фанови во нив. Од таа причина немаше ни организирано гледање на финалето на отворено.
Еве ви го новиот финансов директор на МЕПСО, Љупчо Зиков. Најдобро економијата до сега ја водел Грујо! И?!? Луд јебе збуњеног?? Да да и јас така мислев П.С патем зборуваат за новите рудници
Да, ама таа жена е Албанка и добива државјанство овде. Утре ќе се изјасни како Албанка затоа што тоа и е. Ако се направи попис сега ќе испадне дека Кратово има 0.10% пример Албанци, Крива Паланка исто, Виница, и сите други градови кои важеа за „чисти“, а веќе не се. Тоа албанските политичари ќе го искористат како и секогаш и ете ти алиби за двојазична табла и во Берово и секаде. И лошото е што тој процес не запира, а тие деца се половина Албанци и утре со мала пропаганда и лобирање, кога таткото ќе почине затоа што е 15-20 години постар од мајката да се декларираат како Албанци. Тоа е погубно.
Како запознаена со ситуацијата и тековните работи за рудниците, овие референдуми ми беа смешни. Сериозна компанија со големи и веќе направени инвестиции стои зад Казандол. Ги поседуваат сите можни елаборати и дозволи за работа. Од оваа екскурзија на владата, државата само ќе добие пенали кои скапо ќе коштаат.
Свесни се за тежината на инвестициите, затоа министерот за економија испрати писмо дека се си продолжува најнормално и покрај референдумите.
Смешни ти беа? Ајде, нека да си копаат луѓето. Ипак,битна компанија,сериозна. Некој им ги дал сите дозволи иелаборати...значи се е во ред и безбедно. Луѓето да не се сеќраат. Има расцут да доживеат.
Не знам од каде информацијата дека лужењето во Бучим е со цијанид @JuLleE ? Лужењето на рудата се врши со Сулфурна киселина. Исто ќе биде и во Казандол. Еве линк од една студија за Бучим https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/DPTU%20Bucim%20-%20Studija%20za%20OVZS%20-%20Luzenje%20na%20bakarni%20rudi_Prilozi.pdf&ved=0ahUKEwjJ0sjguMPVAhXMPxQKHW7WA4oQFggbMAE&usg=AFQjCNGQdPM3SQJ1zw0v4ytkhiwirlaUxA Кој го мрзи да чита, еве го процесот Абе @zhap4e смешно ми е сеуште. Не може да се спречи нешто што веќе има дозвола за работа. Не станува збор за инвестиција од 500 еур. Некој вложил во тој проект, а некој друг дозволил. Смешното е во тоа што свесно се прави нешто, а знаат дека нема враќање назад. Ако има и ако се испоштува желбата на народот, тоа ќе кошта многу. (не ми објаснувате дека животите коштаат повеќе, знам! исто како што знам дека се дуваат работите и се анулираат сите мерки за заштита кои се спроведуваат) Едноставно, се е наопаку. Референдум е она што требаше да биде прво, а не последно.
@sanjaeva Џабе постираш! Не знаат и не сакаат да читаат. Важно е што ќе им биде сервирано на Топ Тема, 24Вести и Соросови портали. Тоа е за нив Α и Ω. Да видиме Заев колку рудници ќе отвори и инвестиции ќе донесе. Сега засега score-ot е 0! Нема ни у најава. Со Самка Ибраимовски и Зоран Шапуриќ може да отиде и во минус.. #идеживот