Уште ги браните силеџиските бруки од онаа разјарена дивјачка толпа? Народ, па и патриоти? Сериозно? И пак курир и инфомакс, оф мори мајко...
Знам дека не им е гајле, ама тоа е кога се поведени од парите, само не знам што ќе прават со тие пари. Посреќни ќе бидат? Ќе платат сметки? Ќе се најдат? Они не ни знаат дека се ближи годишнина на загинатите на Карпалак, да можат и на нивните споменици боја ќе фрлат. Ама они си имаат бугарски пасоши и откако ќе ја уништат Македонија ќе си заминат од тука. А, ние ќе бидеме во сопствена земја народ од втор ред со 200 000 мигранти, со двојачичност, со албански банкноти и униформи. Тешки денови ги чекаат вистинските Македонци ама ќе опстоиме и нема да се откажеме. „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева @Someonespecial да ги бранам и ќе ги бранам патриотите и барам да бидат аболицирани. За тебе се силеџии, а за мени они претставуваат вистински патриоти, потомци на Александар Македонски, а во нивните вени тече крвта на револуционерите. Полицаец Ацо е поставен за НАЧАЛНИК???? АЛО НАЧАЛНИЧЕ. Ако не ти се читаат моите мислења стави ми игнор или слободно пушти си телма.
@JuLleE Кој трола сега? http://www.mrt.com.mk/node/42147 Читај и информирај се, ќе останеш слепа следејќи само партиски медиуми. Остани со здравје и немој да се кукавичиш и во реален живот како што бегаш тука на форумов. Бог ги сака храбрите!
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=166923900520326&id=153058271906889 Еве ти изјава од Министерството. И престанете со тролање, може? И не ме замарај девојко, имам јас побитни работи отколку да се расправам со тебе и да расправам криви дрини.
Да не веруваш ти во ова?Тоа ти е типична лага која е позната кај сдс,за платформата лажеа дека не постои но сепак постои,Заев рекол Заев одрекол,веке се обезбедени локации каде ке се вдомат мигрантите башка ке им се даде и државјанство.
А на тебе овие информации од каде ти се? Од штабот? Ова ти е официјална реакција на Министерството. Доста тролате дечки. Доста ми е на мене од вас. Ајде ќе чекам да ги населат.
http://press24.mk/javna-rasprava-za-nacrt-strategijata-za-integracija-na-begalci-i-stranci Тоа веќе се дебатира за планот во парламент, а ти постираш пост на министерка која исто како одродениот Заев се што кажа излажа! Се што рече порече..
Каков штаб што трескаш глупости во недостиг на аргументи се вадите вие од сдс дека од штабот така ни кажуваат или дека се од курир и незнам кој друг медиум,па не сме ни глуви ни слепи еве во собрание дебатираат и веке се знае дека мигрантите ке се вдомат ке добијат државјанства и ке ги вработат. Пс Дај симнете ги розевите ночари,вратете се во реалноста.
Прочитајте, продолжување на истата Стратегија која претходно била донесена од Вмро. Толку. Излезете и бранете ја Македонија која ваш Грујо и компанија ја банкротираа од крадење.
Заев може е глуп, али не дотолку два месеци пред избори да објави дека ќе населел не знам колку илјади мигранти А откако пропадна плашењето со мигранти, ај нешто од Латас и Ивон4е, се надрвам една од последните заплашувачки статии пред да заглават по затвори. http://vecer.mk/makedonija/160000-vooruzheni-albanci-chekaat-dozvola-za-napad-na-balkanot
Многу се досадни со вакви дезинформации,вака најискрено,ако толку сакаа да нападнат до сега ќе нападнеа,сигурно немаше нас да не прашаат и да бараат дозвола.
Двојни аршини. Spoiler: Патни трошоци Чисто за споредба. Законот за јазици над Уставот. Spoiler: Законот. Регионално, наспроти локално ниво, се два различни поими. Кога ќе помине на Собрание, ќе дојдам тука да честитам. Милче, душо. Spoiler: Породилно И за крај. Стратегијата. Дефинитивно сум против и ич не ме засегнува дали е од 2008 или од 2017. Владата треба да одговори на потребите и барањата на народот. Штета. Се мислев дека ќе бидат подобри од претходниците.
Патните трошоци ги спомнав уште некни, ама не ви беше на дневен ред за трубање. Инаку @Lianna Anna ништо поразлично не кажува и со аргументи, туку подобро го напишала и затоа изгледа демек на ниво. Значи кажавме, за пратениците, не знам дали има некој што би ги оправдал, сеедно од која партија се. За бегалците, Министерството демантира. Значи нема кампови, зошто продолжувате со спинови. Трето, за Законот. Еднаш пишав, кој и да беше мораше да го донесе. Впрочем дали и воопшто ќе стапи на сила. Прво да се изгласа со 2/3 мнозинство, па да го потпише Иванов и на крај постои Уставен. Има некоја игра, особено пред локални. Мислам дека е направен пазар за гласови, а дали воопшто некогаш и ќе стапи на сила. Доколку се случи, за ова сме си виновни ние, народот. Прифаќањето на овој услов е за формирање на Влада, така? Условот верувам е и со подршка од ЕУ и САД. Вмро исто го прифати. Среќа не се случи пак Влада. Да ве прашам вака, откако е обелоденат целиот криминал во изминатите 11 години, дали ќе беше подобро Сдсм да не ја прифатеа коалицијата со албанците и Вмро да се вратеше на власт? Тоа значеше укинување на СЈО, уништување на сите докази и постапки и спасувањето од затвор. Се знаеше дека Вмро го сака мандатот само заради тоа. Која Македонија, кој патриотизам, ви се молам. Сдсм е помалото зло, а дека ќе има вакви алчни пратеници, ќе има. Не можеш да најдеш совршени кадри во момент кога пола и повеќе население е иселено. Да се надеваме дека ќе почнат да работат и да не очекуваме магија. А да бевме малку попаметни, немаше 400.000 илјади и кусур луѓе пак да ги гласат Вмро, па немаше никој да не уценува со ништо. Ама да оставеа Вмро пак да го грабнат мандатот е тогаш ќе беше катастрофа. И само уште не ми е јасно, додека вашите директори и членство плаче и моле по штабовите на СДСМ, вие овде се расправате за патриотизам и за јазик. Ви се чудам. Па пола и повеќе дигнаа раце од партијата, сончогледите бегаат, уште сега се помирени дека ги губат локалните. Стварно реков дека ќе се повлечам, ама ваквите постови демек неутрални и демек аргументирани ми се попровоцирачки дури и од оние на ветрушка и компанија.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија поднесоа Интерпелација за работата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Причината за тоа се два документи, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година. Министерката за труд и социјална политика ниту ги консултираше граѓаните, ниту граѓаните се запознаени, ниту се консултирани општините, ставени се пред свршен чин, а тука ваков стратешки долгорочен документ за иднината на Република Македонија се протуркува без одобрување на граѓаните. Уште еднаш станува збор за стратешки докумнети за иднината на Република Македонија, за проекти кои што ќе значат енормни трошоци во милјарди евра во наредните десет години во делот на сместување, градење на згради и населби за мигрантите низ повеќе општини во Република Македонија, онака како што е напишано во нивната стратегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработувањето, тоа ќе значи енормни трошоци во делот на социјалните програми, средства кои што Република Македонија ги нема и ресурси кои што се ограничени. Ресурсите и буџетот на Република Македонија првенствено и примарно треба да бидат искористени за потребите на граѓаните на Република Македонија. Ние повеќе пати побаравме од Владата на Зоран Заев и министерството за труд и социјална политика да ја повлечат оваа стратегија, да го повлечат овој акционен план, но тоа не го прават. Вие сте сведоци, дека досега изминатва недела имавме три продолженија на Комисијата за труд и социјална политика во ова Собрание, имавме три продолженија на јавната расправа. Министерката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ниту еднаш не дојдоа да образложат оваа стратегија и овој акционен план со 71 прокет во 2017 година, а јавно повеќе пати соопштија дека ја поддржуваат оваа стратегија. Тоа го направија на 21 јули во Штип каде што во својата изјава и министрката Мила Царовска и премиерот Зоран Заев ја кажаа нивната полна поддршка за оваа стратегија и овој акционен планво делот на мигранти, бегалци и странци во Република Македонија. Уште еднаш од тие причини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат интерпелација за работата на министерката Мила Царовска да дојде во ова Собрание да ги образложи нејзините проекти да ја образложи оваа стратегија да ги вкрстиме аргументите и едноставно да дебатираме кој е оној кој што треба да има приоритет во програмите, средствата и Буџетот на Владата на Република Македонија. Република Македонија има 218 илјади невработени лица. Невработеноста во изминатиот период и тоа како падна но и понатаму бројката е голема. Зборуваме за 22,9% невработеност и 218 илјади луѓе кои што сеуште се навработени. Голем број на граѓани на Република Македонија го немаат решено нивното станбено прашање, а тука во акциониот план во делот на домување се предвидуваат најмалку сто локации за изградба на згради за колективно домување во делот на мигранти, странци и бегалци. Тие средства и тие ресурси треба да бидат насочени кон граѓаните на Република Македонија. Значи тоа се околностите за кои што зборуваме, тоа се иницијативите кои што ги поднесуваме. Јас само на крајот би додал дека ние имавме минатата недела ребаланс на Буџетот од Владата на Република Македонија каде што сите ставки се кратат освен во делот на вработувањата кои што секојдневно ги гледаме во Владата и министерствата. Се кратат ставки за универзитетите во Република Македонија, се кратат ставки за пензионерски домови, се кратат ставки за изградба на патишта, се кратат ставки за изградба на основни и средни училишта, се кратат ставки за изградба на водоводни и канализациони мрежи и спортски сали. Се кратат средства за инсулинска терапија, се кратат средства за заболените од туберколоза и еден куп други ставки, гледаме дека Владата на Република Македонија предвидува 71 проект во нивниот акциски план во делот на мигранти, странци и бегалци. Значи уште еднаш за Владата на Република Македонија, граѓаните на Република Македонија да бидат приоритет.
Не знам на кого се однесува ова "демек неутрални", ама на очиглед, мислам дека алудираш на мене. Неутрална не сум и тоа повеќето од форумов го знаат. Не кријам, завземам страна и имам став. Дали ВМРО ќе го донесеше законот, немавме прилика да видиме, поради оспорена победа. Се некако ме тера да мислам дека ВМРО немаше ова да го дозволат. На крајот, тоа е сепак само мое мислење. А да го дозволеа, сигурно немаше да дојдам тука и да кажам, супер е законот и е веќе постоечки, ич не ми смета. Не знам зошто оспорувате дека е истиот со сегашниот. Да е така, ќе нема потреба воопшто да се менува. Околу патните трошоци, се извинувам, кога се коментирало можно е да не сум прочитала. Не читам се. Зависно од времето. Сепак, тоа не го оспорува фактот дека оваа Влада не е ништо подобра од претходната. Министерството ги демантира бегалците и стратегијата, исто како што Заев го демантираше законот за јазици, а еве го пред очите на јавноста. Така, ќе ни се случат и емигрантите. За мене е ВМРО помалото зло. Јас сакав нови избори пред се. Кога веќе немаше шанси за тоа, сакав малцинска Влада, коалиција меѓу СДС и ВМРО без Груевски, но и без Заев. Дали Талат беше оспорен од Уставен суд?! Не. Зошто тогаш да го очекувам истото за Законот за јазици?! Наредниот дел, Јуле, не се однесува на тебе лично. Зборувам општо. Сега, кажете ми вие мене, со кој образ оваа Влада обвинува за криминал?! Не беше крадење од џебот на народот кога фарбаа шарените?! Народот го плати тоа. По кој знае кој пат. Тогаш, мислеа на крадење, мислеа дека народот од џеб ќе плаќа за да ја покрие нанесената штета или имаа единствено обоени фрустрации собрани за време на 11 годишна опозиција?! Разбирам. Не беше крадење кога пратениците на Сдс не одеа на работа, а земаа редовни плати?! За што?! За седење дома?! Дали и тогаш имавте двојни стандарди и тоа ви беше во ред?! Глобал, евро за Вицето, бонбона бизнис и ним сличните, не се вбројуваат во криминал?! Со кој образ криминалец обвинува друг за криминал?! Со кој образ Владата зборува за криминалот на опозицијата, кога и самата зад себе има "дебело досие". Ако толку ви беа важни парите, криминалот, народот, немаше сега да ги оправдувате за се и сешто. Талат не ви чинеше кога беше министер за одбрана и кога беше ВМРО. Оти тогаш беше дел од режимот. Сега ви чини кога е од тоа повеќе, Претседател на Собрание и заменик - врховен командант на АРМ. Оти сега е СДС. Сега е ослободител. Зошто двојни стандарди?! Овој, никогаш не бил ослободител, ниту ќе биде. Не бил никогаш ниту дел од "режимот", ниту ќе биде. Тој "игра" за сосема трета страна, вклучувајќи ја и сопствената. И ВМРО и СДС, направија фатална грешка со истиов, од првиот момент на неговото влегување во Собрание. Зошто Вејце да оди во заборав?! Овој крвник е виновен за тој масакар. П.С. Научете се да правите разлика меѓу регионално и локално ниво. http://fokus.mk/dvojazichni-veb-strani-uplatnitsi-poshtenski-marki/
Лиана ќе пробам да одговорам на се, иако за се се имам произнесено и ако ме читате, ќе знаете дека никогаш слепо не оправдувам и подржувам. За бегалците има официјален демант, за Законот немаше и отсекогаш Заев изјавуваше дека за ова ќе решава Венецијанската комисија. За оно што го мислам за Законот веќе кажав, да не се повторувам, а од тоа може да заклучиш дека и мене не ми се допаѓа. Но, би преминала ако и само ако има подобрување на економски план и во здраството. За мене тоа е побитно отколку двојазичноста. Изборот на Талат не го подржав, за мене е истиот терорист и кога беше Министер. Впрочем сите од ДУИ се такви. За криминалот не споредувам со неколку недокажани случаи, а и да се, наспроти оној на Вмро со кој директно се крадеше од Буџетот. Зошто сеуште ги оспорувате бомбите? Се докажа веродостојноста. Имаше бомба и за името. Имаше и за изборите. Затоа ми е одвратно кога читам дека Грујо и компанија биле патриоти. Не, не се, амо играат на карта на патриотизам. И вие тоа добро го знаете. За платите на пратениците ако се добро сеќавам сами бараа да бидат разрешени, ама тоа не беше сторено од страна на Велјановски, а и законски не знам како оди тоа. Реков и пак ќе кажам, изборот на кадри не може секому да му биде по мерак. Да видеме како ќе работат кога ќе почнат со менаџирање. Мислам дека опфатив се. И по сто пати се повторувам.
Бадијала запнала,само да ја потсетам ДЕНЕС ВЛАДАТА НЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 30.433.000 €. ДО СЕГА, ЗА 69 ДЕНА ВЛАДАТА НЕ ЗАДОЛЖИЛА СО ВКУПНО 101.903.377 € ... 1.476.860 € НА ДЕН
Џамија во Бутел и тоа нелегално да биде поставена. Па овие луѓе знаат ли кога е доста?, Законот за албански јазик малце ли е? Двојазичност на регионално ниво малце ли е? Како немаат срам? Како можел некој да гласа за сдс? Не ми е јасно. Се заташка случајот за уништување на православни гробови во Љуботен. Се заташка рушењето на поставените ТЕМЕЛИ НА КРСТОТ во Бутел. Никој за ова не бара одговорност. http://infomax.mk/wp/дивоградба-на-џамија-во-бутел-нелегал/ Според Жерновски северна трибина ќе паѓаше? Денес Скопје и националната арена Филип Втори на сите им се свиѓаше? Каде се критиките од сдс? Да не беше Груевски со проектот Скопје 2014 навивачите и туристите немаше никаде да прошетаат и да се сликаат. Денес сите ги видоа спомениците на Александар Македонски и Филип Втори. Секоја чест за Груевски кој ни овозможи ваква арена. А, другите пак да плукаат и фрлаат боја врз проектот Скопје 2014.