Друштво, не знам зошто дискусијава цело време е АМИ ВМРО ШО ПРАЕШЕ. Да ви беа репер ВМРО немаше да викате да се смени. Ако требало да остане исто, тогаш на избори требаше да викаате, се ќе биде исто, само нашите ќе бидат вработени. Затоа предлагам да се джиме на темата која ја дала @RainBow која е Работењето на новата ВЛАДА и нејзиниот состав. Има тема актуелни политички настани и таму споредувајте, таа е за се. Е сега, на темата. Стратегијата на Мила, од неа е промовирана на 21 јуни. Мила во твојот линк вика дека лага било дека нема да има станови... Мила во стратегијата вака пиша (ова се принтскринови ако сакате линк кажете) ЗНачи, не само што ке имаат дом тука, туку ќе имаат и образование, вработување.... Со овој „заевиот“ нема да може оти е конкретно и пишува албанци. Досега... затоа толку срби и власи имавме. Овој документ од 2012 се однесува на бегалците од Косово и западна Македонија, првично 300, а потоа 68 семесјтва. Доказ за истото има во истата стратегија каде тоа е земено како искуство и основа за новите бегалци. Не е таен, па сега Мила да вика АХААААААА ве фатив. Не. Ова е документ врз кој и е правена стратегијата за новите бегалци. Не можеле ВМРО во 2011 или 2012 да знаат дека во 2017 ќе дошле сиријци.
@Cka значи има официјален демант од Министерството дека нема да има изградба на кампови. Зошто се ствара непотребна паника? За гласови ли пред локални? Исто како што се креваше паника дека ќе има војна кога Сдсм требаше да го земат мандатот? Има тема за некоја предлог Стратегија за бегалците. И зошто во 2012 Стратегија за бегалците од Косово? Не се сеќавам да имаше инциденти.
Епа да се потрудиме да не биде и оваа под клуч, Да отвориме тема разлики меѓу ВМРО и сдс, па таму да продолжиме. Оваа не е за „а ВМРО поарни да не беа...“ Ова е за моменталната влада. Член 1 став 2 (2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон. Член 18 став 3 3) Во Агенцијата покрај овластени судски преведувачи се вработуваат и лингвисти и дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори. БИТНО; Предлог – законотќе предизвика фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија во износ од 106 милиони денари кои ќе се обезбедат во буџетот на Република Македонија за 2018 година. (преземено од предлог законот е ова) И има официјален документ од истото министерство кои вика дека не е така. Вистината е дека Мила сфати дека направи страшна грешка и сега се повлекува. За тебе е побитен пишан документ на институција или политички демант? Веќе во Битола, Прилеп, се највуваат рефрендуми за ова. Во 2012 беше потребна бидејќи тие луѓе беа во земјава од 2000, 2001ва. Десет години го имаа статусот бегалци. Овие се бегалците кои силуваа и убиваа низ западот. И идат во огромна бројка. Вреди ли ризикот? Нели дебата ќе имаше за се? Кажете, за што имаше дебата досега? За бугарите? За јазиците? За бегалците? ЗА НИШТО.
Да не го напишеше ова, очи ќе ми извадеше, не го видов. Сега проверив пак кај мене. Браво. И тоа им го дадоа.
Каде имаше потпишан документ дека ќе се градат кампови? Официјално, Министерството демантираше не Сдсм. Апсолутно сум против кампови за бегалците, немаме капацитет за ова ние.
Љупчо Георгиевски иако многумина го сметаат за ваков, таков, предавник, бугарофил, одамна се има изјаснето дека како ќе расте бројот на Албанци ние ќе мора да бидеме се потолерантни и да правиме отстапки. Тоа е така. Не знам зошто мислите дека се под 20%. Не треба попис, на терен се гледа колку народ имаме и каков е. Се населуваат и таму каде ги нема. Самите си кажувате дека Бутел се албанизира, епа не се под 20% бе дечки. Во секое ќоше се населија и вие викате помалце се. Не 25% се сигурно, без Торбеши и Роми, а со претензии да им расте таа бројка и комплет да ја земат државата.
Во 2011 при подготовките за пописот имаат дојдено Германци од ЕУСТАТ. При нивните проценки нема повеќе од 17% Албанци. Да имаше и 20% и 25% како што викате, ќе инсистираа на попис а немаше да го блокираат. Патем ова неколку пати го имаат истакнато неколку различни гости во емисија кај Васко Ефтов
Во стратегијата има цела глава за домување. Дел IV. Клучни темни на интеграција 4.1. Домување 4.1.1. Оценување на напредок, анализа на недостатоци и правниот контекст 4.1.2. Стратешки препораки за Акцискиот план - домување 4.2. Образование 4.2.1. Оценување на напредок, анализа на недостатоци и правниот контекс 4.2.2. Стратешки препораки за Акцискиот план - образование 4.3. Вработување и обука за стручни вештини 4.3.1. Оценување на напредок, анализа на недостатоци и правниот контекс 4.3.2. Стратешки препораки за Акцискиот план - вработување 4.4. Натурализација и интеграција 4.4.1. Добивањето државјанство 4.4.2. Семејно обединување 4.4.3. Статус на супсидијарна заштита 4.4.4. Попратни мерки по добивање државјанство 4.4.5. Стратешки препораки за Акцискиот план - натурализација Болдовите видете ги. После добивање дом ќе ги образиваат вработуваат, ке им дадат државјанство и ке им го соберат тука цело семејство. И јас помеѓу пишан официјален документ на институција и изјава на министер, како правник, ќе гледам на документот. Не Мила што рекла, па пререкла.
Не можам да поверувам што не прочитав Едните ги бранат вмро , другите сдсм , а они го скинаа народот Значи со вакви размислувања на македончето не е чудно што стандардот е мизерен, и малку му е на македончето ! Кога ке чујам како некој се расправа за политика ми иде да им ги земам главите ,глава со глава да ги удрам Сватете веке еднаш политичарите се Гом*а и ништо друго ! Разбудете се и чукнете ги главите ! Освен ако ви даваат пари од нивнате плати , ви ги даваат нивните луксузни автомобили , ви ги даваат нивните луксузни станови и викендици на располагање тогаш одобрено !!! Што добро видовте овие 26 години од нив што ги браните и се расправате за нив ?
Ова од Предлог Стратегијата е така? @zhap4e тема отвори мислам. Значи предлог е. Сега демантираа дека воопшто ќе има такво нешто. Официјално нема потпишано. Мила е Министер и претставува Министерство. И да се предомислила, значи се слуша гласот на јавноста. И јас сум против, и многумина верувам.
Отворете го ФБ профилот на Павле Богоевски и видете како го прават партал широки народни маси. Не затоа што се друга опција туку ради него самиот: уличен и вулгарен начин на изразување и платеничка послушност само кон газда Сорос и Бејли. Ќе губат на локални као никад!
Точно. Тоа беше/е само нацрт (значи не во сила, само предлог) и беше само продолжување на она што било работено со изминатата, до каде било стасано, оваа требаше да продолжи од таму..со работите што не се дозавршени. Соодветно, беше отворена за коментари. веројатно со НВОа имале и средби кои специјално се бават со темата, се координирале со УНХЦР и такви работи... до 8ми месецов чинам беше тоа и ваљда заврши. И се беше..предлог, размена на мислења ништо официјално ништо алармантно според мене. Можда не ја сакам Царовска поради х и у причини, можда не ги сакам СДСМ и Заев, ама за конкретнава ситуација..не знам што толку паники се кренаа чиниш, 100.000 бегалци ќе примиме, ќе штанцаме државјанства ко за време на косовската криза.. или кампови во Дојран, синоќа слушнав на вести на Сител..расправаа на долго и широко како тоа би било погубно. Аман значи,аман Нема тоа.
Немаше ни двојазичност ни тиранска платформа, па еве сега дојде во парламент да се гласа! Веќе никој не верува на марионетиве, на локални ќе губат како грчка.. #тиктак #тиктак
Нека загуби секој што не му мисли добро за граѓанинот што го гласа Впрочем и за тоа се изборите, освен ако не се штелувани пак од ЦИА како и ланските @zhap4e
Еве ви доказ дека ке има кампови http://puls24.mk/mk/vesti/prateniko...-makedonja-ke-bila-prviot-kalifat-na-balkanot
Како тргнале сдсм и ќе губат на избори.. Се занимаваат со минатото, место да градат иднина. Ништо паметно не видов од нив овие 60тина дена (или колку и да се). Заев пун со себе и "народот" ко Грујо да го гледам, а останува фактот дека нема ни 50% поддршка од народот (резултати од последни избори за референца). Научиле од ВМРО дека ПР поминува кај народов и само пресови држат, даваат бројки, статистики. Логична ми е смената на вмро постава, ама ако толку покажуваш "транспарентност" и си за "народот" каде се јавните огласи?! Еве може јас сакам да се пријавам за некоја позиција. Не знам каде прочитав Ден Дончев за директор на Фзо?! Аман! Оној од левица, што стана советник во финансии - Боривое (или како и да се вика), поим си нема од основни работи, а шири пропаганда и пали широки народни маси. Кочо не ни да го спомнувам.