За сведочење е ... поткупуваат сведоци. Овие се задолжени и да викаат : од партија ми викаа вака така... да прават пресови. Членството е мирно оти чекаат дел од колачот. А што, Павле изјавил дека се умирил од работа?
Во политиката нема ништо случајно. Ден Дончев сега е награден од Заев, затоа што со неговите отпушоци партии ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство јадеа трици со месеци против ВМРО-ДПМНЕ и одзедоа гласови на ДПМНЕ. Стојанче Ангелов со жена му повторно во полиција. Цацко куро пушки надворешен советник во министерство. Алооо? Надворешен советник? Затоа тој јадеше гомца и се појавуваше пред МТВ. Услуга за услуга. За одреден период ќе биде помилуван Рамковски и возобновена талибанската телевизија А1, а тука претпоставувам ќе одат К-15 со милионски договор.
Реков некоја игра е. Јас не знам дали некогаш ќе се искорени ова вработување преку партија. А Пајо, сакал на одмор да оде. И што чудно е? Другите не сакаат ли? Само овој јавно пиша, па го распнаа буквално.
Темава е за работењето и проектите на Владата и нејзиите Министри. Ама гледам дека ја користите за друга намена Толку ли сте гневни што вашата матична партија не е на власт?!
Јас би била пресреќна за ова Ама само лажна надеж даваш со твојата бујна ,,саркастична“ фантазија, за жал Талибанска бе, леле
Зошто ти како либерал би била пресреќна за телевизија која беше финансирана од турски исламски пари да шири гомнарии по Македонија? Не давам лажна надеж. Ќе видиш дека така ќе биде.
Камо орлето,камо, м? http://www.libertas.mk/osmani-ffm-zaboravi-deka-makedonija-e-multietnichka-drzhava/
На кого му се обраќаш со вие? На форум не читаат лидерите, треба постови на фб, твитови и задолжително слика со Грујо или Зајко, ова во зависност од афинитетите, кој кон која партија е наклонет. Најмногу од се мразам лигави фаци во администрација, па се надевам дека ќе го осетат приватниот сектор на своја кожа.
Во интересна реалност живееш, освен 20 милиони бегалци кои доаѓаат накај Ресен што друго гледаш? Какви гласови слушаш?
На обете страни им се обракам Знаеш јас ги блокирав таквите на фб што замараа со политика , но заразени се со тој синдром и дел од мојата фамилија ,што ужасно ме иритирА . Една роднина кај мене на гости дробеше како Зајко ке не пишел Албанци , не знам ти што , и реков во моја кука не сакам за политика да се зборува , и она многу увреџена сиротата Не знам дали некогаш ке се освести македончето ...
Заев ја направи МК брука Балканска. Изволте: http://www.alo.rs/savetnik-zaeva-krao-cebad-iz-robne-kuce/118283 #идеЖивот
Абе не читај такви српски сајтови. Тоа се трач сајтови. Ги следам, посебно српски Курир само трици јадат за Македонија и за Хрватска. Тие од кога пишуваат дека „Почело је почело, поделба Македоније“. Така пишуваат од 2007 година, 2009, па еве Македонија уште постои. Можеби Заев не е идеален, ама Грујо кој лускуз си го дозволи, прати Македонци да тепаат Македонци. Тој за мене е предавник и било каков грев на Заев ќе биде помал од она што Заев го стори. И не знам од каде идејата на Жак дека А1 се финансирала од исламски пари. Не од исламски, туку од реклами, и од висока гледаност, и од добар кадар кој сега и да сакаат да го соберат ќе го нема. Нема А1 да се врати, на моја штета како гледач. И не знам на кој Македонец му пречи што еден бранител кој е образован воен, а при тоа од 2001 година е со половина белодробно крило се вратил таму каде што заслужува. Кога можат терористи да бидат министри, јас сум за сите бранители да добијат работа, добра работа, и сигурна иднина за нивните деца, приоритет при вработување. Имаше Заев деновиве средба со нив во Прилеп, и се надевам дека ќе добијат нешто, затоа што ДОСТА Е самоуништување. ДОСТА.
@Tanjamm И Блиц е жута штампа?? http://www.blic.rs/vesti/hronika/advokati-basanovici-u-maju-na-sudu-zbog-krade/fw5rv85
Да. Само б92 не е. Тие се во граница на нормала. Ако 10 години пишуваат дека Македонија ќе се распадне, а таа е уште на место, значи не се фактор. Нон стоп имаат провокации и за Хрватите.
Ок. Башанович го местат вмровциве изгледа, 4 год уназад за Заев да го земе у Влада сега и да има српска жута штампа што да пишува @Tanjamm
Прво да прашам зошто толку ветерушка ви е трн во око? Девојчето никого не навредува, а вие не можете да пишете едно мислење без да ја споменете. Драга ветерушка јас обожавам да те читам Ние живееме во реалноста која З.З ни ја наметнува не слушаме гласови пошто З.З едно ветува друго спроведува ние ги гледаме нивните катастрофални дела кои ја уништуваат државата. Шеќеринска не сакаше да им оддаде почит на загинатите на Карпалак и Љуботенски Бачила, демек не сакала албанската коалиција да и се налути. Помисли ли она тогаш на жртвите и на нивните фамилии? Друго што гледаме е изградба на кампови за мигранти, нивно вдомување, вработување, школување и др. Спроведување на двојазичност, промена на банкнотите и униформите. Продавање на македонската историја на Бугаритее за 20 милиони евра? Материјално ли ни вреди историја???? Нели не постои тиранска платформа? А, таа се спроведува на дело. И зошто да не се гледаат емисиите на Перушиќ, Лазански и др. сметаат што ја покажуваат реалната слика? Треба телма ли да гледаме и да го читаме порталчето на Саше политико? Сега некој нека ми објасни каде се гаранциите кои Заев ги даде на Иванов? И зошто Иванов не превзема ништо?