Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
  2. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.668
    Пол:
    Женски
    Se plasi Ivanov :D
     
    На Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Како воопшто не ти е срам да коментираш за Бубо Каров, т.е да користиш погрдни зборови за да опишеш една македонска легенда. Дали му е местото во политика или не, е дискутабилно, но никој неможе да го негира фактот дека покрај сето сивило во државата приредено од политиката, единствената светла точка беа токму тие К-15. Воопшто не ти требаат такви прости изјави.
     
    На cresa-jagoda, DAngel, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Што е така? Што има реално во тоа? Понесени од стокхолмскиот синдром, всушност сите ви изгледаат како непријатели...
     
    На cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
  6. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Па Цацко дудлаше кај Заев долго време и сега си доби награда, исто како и цела армија "советници" :)
    @GrimTheReaper
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    И да е така, не заслужува? Зарем, не се собиравте цела фамилија во 20 часот, од најмлад до најстар да гледате К-15? Зарем, тој еден саат додека се емитуваше, заборававте на сите проблеми и до последна солза не се смеевте? Ако некој заслужува нешто од некого, тоа е он. Јас би го наградила и повеќе од тоа.
     
    На cresa-jagoda, DAngel, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper леле finally someone said it, да си ми жива и здрава, девојко! :bow::clap: За мене ниту квалитетот и објективноста на досегашните сезони на Фчерашни не може никој да ги оспори ради влегувањето на Јована во влада, а камоли фактот кои легенди се со години К-15 заради вработувањето на Бубо. Ниту вмровци, ниту исфорсирани ,,богови на објективноста“ ала Јоци што едвај чекаат да исплукаат у поим буквално сѐ и сешто.
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На cresa-jagoda, JuLleE, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ангела Меркел живеелa во изнајмен стан, готвeлa чорба од компир и сама влечeлa ќеси од продавница.
    Ех, Ангела, Ангела, да живееше во Македонија досега ќе возеше мерцедес од 600.000 евра, ќе пушташе телохранители до бакалче, ќе јадеше месо од коњ, ќе имаше 5 стана и неколку милиони евричи на конто. Ама пуста Германија...
    Затоа учи македонски B2 дури си помлада :)
     
    На AURUA, elimkd, Aquamarine93 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Реинкарнација на Мајка Тереза?
     
    На Abeja и Espadrila им се допаѓа ова.
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Тоа е точно, израснав со К-15 и уште се раскажуваат тие скечови ама зборам за скечови пред 2001 година или кога и да беше. После тоа стануваа побледи и побледи и на крај почнаа да прераскажуваат вицови на кои им го знаевме крајот. Да не азборавиме имаа телевизии две, имаа кафана, имаа некоја фирма исто - све пропаднаа и за тоа не беше крив ни ВМРО ни СДСМ. Сега ете Миле си отвори портал си тера, Тошо отиде во Австралија а Цацко изгледа не се снајде па му текна да глуми жртва на режимот.
     
    На AURUA, Outlook, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.233
    Што е проблемот крајно со Цацко? Да не е убиец или терорист? Ок си е, сигурно има школо, а тоа дали имал бизнис па пропаднал е лична работа и нема врска со ова.

    Видовте ли дека Таравари си ја вработил Шкодране Дарлушта, терористка од 2001. Имаше изјава на вести деновиве. Гуглајте, ќе ја најдете си пушка и униформа на Липковска брана, а вие за еден Цацко се буните.
     
  13. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Цаки од шарена револуција го ставиле директор на економските зони :x па тој трезен не бил никогаш, на страна што не знае да збори (facepalm)
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Не е работата дали заслужува, туку дали е квалификуван за позицијата? Зошто нели, гласавме за промени, гласавме против партиски вработувања. Се мрчеше против патните трошоци на Бонева ама кога пратеник на сдсм ги зема, некако се молчи. Се крекаше Соња Тарчуловска кога се вработи ама се кути сега за Цветанка Ласкова. Ужасни се вработувањето на Лешковски, Васиљ и Петров, плукањето во лицето на народот се.

    Едвај еден месец на власт и од сите паметни и корисни промени што можеа да ги направат, битно ќе го менуваат законот на пушење. БРАВО!!! Идиотизам на ниво. Во цел (нормален и развиен) активно се работи на кревање на свеста дека пушењето е сериозно опасно по здравјето, ние одиме назад, ќе им се удвараме на пушачите и газдите на локали, кој го е*е народот. Како човек со хронични синуси, не можам доволно да објаснам колку сум лута поради ова.
    (Инаку, кога се рашири веста за промената во законот, знаете кој се потепа бранејќи ја? Лешковски и компанија :) Вмро да го вратеше пушењето, мислите дека ќе ја рационализираа одлуката? Не, туку ќе удреа во групна хистерија како Грујо не труе и како пушењето е опасно по здравјето. Ама, чим некој ти дава плата, ќе играш како што ќе ти свират)

    Очекував дека ќе бидат самокритички и дека ќе учат од грешките на предходната влада. Очекував дека ќе го осетат пулсот на народот и дека ќе ја оправдаат довербата која неопределеното гласачко тело им ја укажа на минатите избори. За жал, далеку се од тоа што можеа и требаа да бидат.

    Мој досегашен впечаток: и по вмро-вмро.
    Едните не чинеа ама за жал, и овие сегашниве не се ништо подобри. Очајно ни треба трета опција.
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На AURUA, Aquamarine93, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Кој пулс на народ кога народот не ги сака, изгубија на избори а ги донесоа странците на мускули за да ја разнебитат и така на колена фрлена Македонија. Затоа на локални ќе губат како магариња. Најмногу од своето членство и симпатизери кои останаа прелажани.
     
    На AURUA, Βικτωρία и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што сите овие луѓе трубеа за партизација, за вработување со партиска книшка и сега сите си се напикаа преку ноќ во администрација. Истиве не бираа зборови за вработените во админстрација - пијавици, лебарки, од наши пари живеат и тн. Еве јас на форум само ќе кажам дека неговото вработување е без врска и глупо, нема оправдување. Нема да се спуштам на нивно ниво и да викам од мене живееш, јас те хранам.
     
    На AURUA, Lianna Anna, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.205
    Пол:
    Женски
    Не можеш да го споредиш едното со другото. Секое прекршување на институционална рамка си има своја тежина. И за секое, соодветно се одговара. И ако веќе споредуваш, тогаш, излегување од рамките на Уставот е еднакво лошо, ако не и повеќе од првото. За истото се одговара кривично. Не е мал гревот на Заев, да ја реформира државата и да ја оспори нејзината унитарност. Не можеш да тврдиш дека Груевски пратил Македонец на Македонец, само затоа што Заев така рекол. А човекот е рекол-порекол.

    Ми се слоши од видеото на Џиа погоре. Од човекот во него, од неговите зборови.

    И Тони Михајловски е еден од легендите. Па го убија од плукање зашто влезе во политика. Бубо Каров, уствари Цацко, е еден од моите омилени ликови. Ама тоа не го менува фактот дека има од него подобри и посоодветни кадри.

    Кога веќе се јавни личности, а уште повеќе од тоа, влегуваат во политика, треба да се подготвени на секакви критики.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.233
    Во право си за трубењето и на крај ќе испадне дека на сите им е гајле само за функцијата. Но, да им дадеме шанса и дотогаш да не си вадиме очи меѓу себе Македонци со Македонци.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.233
    Не знам дали Заев ќе прати Македонец на Македонец и дали ќе тужи бранители, но ми се допаѓа што ги врати Ангелов и жена му. Тие луѓе се образовани и способни. Ако не ти се верува дека беа пратени, отвори на фб Владо Черноземски и читај еден од тепачите на кого се лути, на тие што ги пратија да тепаат. Тој грев за мене е преголем. Нема бришење на таа грешка. За мене е антиМакедонец и глас никогаш веќе од мене, а сум гласала за него во 2006. Кога му сврте грб на Љубе и го оцрнуваше, за мене тој стана предавник кој сврте грб на својот народ.
     
    На Βικτωρία и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.205
    Пол:
    Женски
    Не верувам во се што е напишано. Уште повеќе, зашто истото може да биде и платено. Мал милион примери се такви, во наша држава.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.