А за камповите ти се веруваше оти и тоа се пишуваше и спинуваше. Или разликата е од каде доаѓа. Едното пројдува, другото не. Како беше она твоето - двојни аршини.
Така беше. Двојни аршини. Не. Не верувам во обични напишани текстови и постови. Ама ако не се лажам, за истово постои документ. И Чка, дел од истиот тука постави.
Значи и @zhap4e отвори и посебна тема и се дообјасни, беше само некоја предлог Стратегија, врз основа на она која што веќе ја имало. Ама е отфрлена и кампови нема да има. Министер деманитраше и вие пак. Како човек да ви објасни дека кампови нема да има.
Не тврдам дека ќе има. Само се сомневам. Секој Закон, пред да се донесе, е прво предлог. Исто е и со Предлог-Законот за јазици. Феминката објасни зошто ја имало првичната стратегија. На луѓе, рече-порече, исто како да не рече, јас не можам да им верувам. Не сум слепо на страната на ВМРО, си ја имаат и тие мувата на капата.
Објаснив што е и како е со Стратегијата, ама... како си ја тера(ла) министерката работата и до каде планира да ја тераат, @JuLleE не можам да знам. Ете, од синдикатите се бунеле што не биле консултирани. И други исто се бунеле што нетранспарентно била правена Стратегијата. Во врска со синдикатите.. од како е почната Царовска, не и е прв пат да налета на судири со нив Навика и станува да ги прерипува изгледа. ц Ко да на друго место да е министерка, не во труд и социјала. Плус, слабо следам вести па... нема што да ги правдам нит сдсм нит вмро.
Те тагнав дека ја отвори темата и беше поупатена. И дека мене ме сметат за штабски активист па што и да пишам го сметаат за не точно. Ако сум нечиј подржувач не значи дека сум слепа и ќе правдам криминал и неправди. Нема врска. Ајде ќе чекаме да се формират камповите. Ма доста се објаснувам веќе. Секој овде си тера личен интерес и до недоглед ќе се расправаме за Вмро или Сдсм.
Лианке, еве јас ќе ти кажам оти сум меѓу тие што, да, ги плукаа и изгубија секаква почит кон Тони Михајловски, Владо Јовановски, Јелена Жугиќ како уметници заради нивната поврзаност со ВМРО и Заедничка Македонија, а сега тоа не ми е случајот со Бубо Каров. Знаеш зошто? Бубо Каров нема да го најдеш да се пцуел и колнел со најпогрдни зборови по фб како Михајловски, ниту да зборел за војни, експлозиви и ноќи на долги ножеви како Владо и Јелена. Не знам еве, дури и во понашањето на јавни фаци што евентуално ги застапувале, ВМРО ми се пак поодвратни. Да се разбереме, не дека ги оправдувам тие вработувања на јавни фаци без соодветни квалификации, ама плукање по сѐ што правеле едни К-15 заради тоа ми е ту мач. Бубо Каров и К-15 не се еднакво на Лешоски и Петров. Ти се надоврзав оти сметам дека само со тебе можеме разумно да се разбереме и знам дека е малку офтопик, но навистина ни треба поопшта тема и за споредби...
ВМРО-ДПМНЕ константно се против Тиранска платформа, Бугарска платформа, бегалците, но дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги укинат сите овие спорни договори и закони откако ќе се вратат на власт? Или ќе се педерчат и буљашат дека СДСМ го изгласале и тие не се криви? Некако многу двосмислено настапуваат, а такво нешто не чув директно дека ќе ги укинат.
Лелејј Специ. Со тебе ли тука да се расправам?! Се шалам. Срчкај колку сакаш на вакви и слични теми на кои имаме спротивни размислувања. Знаеш дека не се љутам и пак ќе те сакам. Цацко ми е омилен лик. Озбилна сум. Растев со К 15. Пак би да ги следам, без разлика на фактот политика. Ама, види сега. Бубо Каров беше гостин во емисија кај Борјан. Ако не се лажам, тогаш изјави дека му понудиле пари да влезе во политика. Но дека тоа не е неговата цел и сака да стои на страна од истата. Бубо е советник на министер без ресор. Ако тогаш одбил 5 милиони, за колку пари влегол сега?! Оти стоеше на тоа дека нема нешто што ќе го убеди во спротивното. Љупчо Каров беше дел и од протестите пред МРТВ. Беше дел од критичарите на ВМРО и држеше говор пред МРТ. Нормално е да се сомневам дека за истото е награден. На исто мислење сум за Тони, Јелена, Владо. Можеби Бубо критикувал со поинакви зборови, но факт е дека имал страна која ја застапувал. Не му ги паметам говорите за да кажам точно, но знам што изјавувале овие другиве. Тони, Јелена и ним слични, не ги оспорувам како шоумени, заради несоодветен вокабулар. Иако морам да признаам дека воопшто не им доликува и да, неколку пати ми се згадило од истото. Тоа така, оти тука не го врзувам фактот дека не секогаш бираат соодветен речник. На страна глумата, на страна политиката. Ќе беше убаво и тие така да гледаа на нештата. Па побогу, редовна сум и прва на театар. Ако гледав се низ призмата на политиката, тогаш треба од се да си скратам. Тоа што Бубо е СДС, ич не значи дека јас како шоумен не го почитувам. Ниту тоа што Тони е ВМРО, значи дека го почитувам повеќе од Бубо. Лешо е поет и го читам по некад, без разлика на вработувањето. А Бубо е за мене многу повеќе од него. Но тоа не е мерило за вработување. А, ако правам разлика меѓу Бубо и Тони на пример, можеби и нема да бидам успешна. Оти секој од нив има свои вредности кои ги поседува. Зборувам за оние кои им прилегаат, не за политика. Бубо, Тони, Јелена, се одлични во својата работа. Јас само не мислам дека ним им е местото во политика. И не мислам дека е во ред да се плука по еден, а да се оправдува другиот за истото. За сите овие, важи она, "парите го вртат светот". На жалост, департизација во ваков контекст, никогаш нема да се случи.
Јас зборувам за човек кој отиде да се тепа во Собрание и сега не смее да се врати во државата, во бегство е. Неќе да е исмислено. Влегол, се тепал, го пратиле и сега се кае за бељата што ја направи. Секој ден пишува дека отишле со надеж дека ја бранат Македонија, а за неколку часа истото ДПМНЕ ги нарече насилници.
Знам за кого збориш, но воопшто не си во право.Тој човек отиде мирно да протестира, за тоа време во Собранието нелегитимно се избира Преседател кој беше командант во 2001, како се чувствуваа фамилиите на загинатите македонски борци? Никој од никого не беше пратен тој ден да влезе во собрание. Тоа го направија саноиницијативно, но многу се навредени од постапката на ВМРО што ги нарече насилници. Јас сакам аболиција за овие македонски браќа. Заев дури и учествуваше во шарената револуција фрлаше боја со шарените, а ВМРО ги нарече насилници луѓето кои сакаа да си ја заштитат унитарноста на државата и тоа им е огромна грешка. Каде се гаранциите на Иванов? ете непостоечката тиранска платформа се спроведува на дело. Сдс со нивните навреди и понижувања успеаа најголeмиот инвеститор во македонскиот спорт Сергеј Самсоненко да си замине од Вардар. Порано мислев дека сдс сака само да дојде на власт, но сега сум сигурна дека тие работат само за уништувањето на Македонија. Еве еден статус на суканицава. Доликува ли вака да се однесува еден министер? Жалосно е колку си го мразат сопствениот народ. Еве еден линк од infomax.mk знам дека обожавате нив да ги читате http://infomax.mk/wp/зоран-заев-и-стефан-радосни-се-радуваа/
Лешо претседател. Не, дали се нормални? Па има и други активисти кои се далеку поарни од овој. Дно. Лешо е новата Каракамишева, колку функции доби не знам.
Проблем е што стручните и чесните останаа на улица а се напикаа на овој/на оној и по лична линија без никаков обзир на стручност. Ден Дончев од ВМРО НП директор на фонд за здравство @JuLleE
Ние коњот го продадовме,па сега за самарот ќе се секираме. Некои од најголемите поддржувачи на СДСМ, тука, пишуваа..оккк да Шеќеринска е таква, ваква, онаква, Заев е ваков, таков, онаков...ама да им дадеме шанса. Или уште по шминкано...не ги сакаме ни овие, ама оние претераа. Што сега паѓате во несвест за секоја доделена функција? Нели секој заслужува шанса. Иако, дадената шанса до сега и не ја користат баш добро.
Што ако сум пишувала за Заев и Шеќеринска дека се ок и заслужуваат шанса. За нив конкретно сеуште си стојам на истиот став. Ама пак ќе кажам ако сум подржувач на Сдсм не значи дека сум слепа и дека не ми се допаѓаат некои работи како кадровските промени. Туку очекувате промени кога на пример Вмро опструира се, прави циркус во Собрание, Хорхе заминал и не потпишал за ребалансот на Буџетот. Труд и социјала воведоа некои новини, Министерството за земјоделие исто. Образование има промени. Но од толку спинови и опструкции на опозицијата, и ова е успех. Јас сум од други работи разочарана и не кријам и ќе плукам и критикувам. Ако пак, лошо работат и се копија на Вмро не ни гласам на наредни избори.
Јас зборам за оние кои пишуваа дека Шеќеринска и Заев и Дамјан и ...не се среќен избор ама заслужуваат шанса. Ти имаш свој став дека горенаведените се ОК, па затоа моето мислење не се однесува на тебе. Опструкција? Па СДСМ беа виртуози на таа проблематика своевремено. Јас очекувам, барам, сакам многу. Не се ситам ако оваа влада не успее. Неуспехот би бил заеднички. И на владата и на народот. Со фар...разочарувачки.