1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ти негира историја и идентитет добрососедот на Заев и колега на Рада - ете тоа ти и докажувам со клипот апропо твоето тврдење за милионите години предност на сегашнава Влада во однос на претходната. Сега појасно ти е??
    За договорот сметам дека е предавнички и антимакедонски; и е првиот најблаг чекор кон виткањето на кичмата и промената на името
    @GrimTheReaper
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Каде го прочита тоа во договорот, ене најди го на нет и најди ми ја ставката каде го пишува тоа. Многу си ми интересна вака, кога лупаш глупости без факти...
     
    На blackwave и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    На Јаневски, Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Јас ти побарав каде е ставката во договорот да ми ја кажеш. Ме интересираше твоето мислење и на крај ми праќаш колумни од некојси таму што си замислувал. Завршен муабет...
     
    На blackwave, anaja1 и referentka им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Јас се информирам и не ги заборавам информациите . Ако сакаш сама погуглај си да не речеш дека ширам дезинформации ама еве да се присетиш
    Ова инфомација беше негативно прифатена од голем број граѓани, па сдс проба да ја демантира. Нешто слично како со тиранската платформа, и тоа беше ширење дезинформации а? А, сега ќе се разгледува законот за примена на албански јазик на седница и ќе се прифати. Еве ти за линк пензиите и платите

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/sd...last-ke-gi-namaluva-platite-i-penziite-video/

    Откако ги укинаа дисперзираните студии на ред е зголемување на партиципацијата на факултетите. Еве ти пак линк, ама сега ќе речеш дека не читаш infomax.mk демек и они шират дезинформации

    http://infomax.mk/wp/родители-штедете-повеќе-пари-сдс-ќе-ја/

    Да претпоставам дезинформација е дека ќе се градат 100 згради на 200 000 мигранти на кои ќе им се даде македонско државјанство.
    Оф топик со тие промени во образованието, младите ќе се изразуваат како Тевдовски или како Катица нема да можат ниту говор да прочитат. Ама тоа е кога некој дипломирал со просек 6.00.

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/fo...rda-za-pravniot-kapatsitet-na-katitsa-janeva/

    Еве линк и за Тевдовски уште една „дезинформација“ :x Тевдовски ја има титулата доктор по економски науки, стекната на Економскиот факултет во Скопје, а четири години претходно магистрирал со просек 10,00 на Економскиот факултет во Белград. Неколку години подоцна заминува на постдокторски студиски престој во истражувачкиот центар CREATES, при Универзитетот во Архус, Данска, во областа на економетријата.
    Бре магистрирал со просек 10.00 и е доктор по економски науки, а не знае што е нето ДДВ, а што бруто ДДВ (facepalm)

    http://faktor.mk/profil-tevdovski-od-nadezen-fubaler-do-minister-za-finansii
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  6. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Совет...
    Како да веруваш и како да постапиш со личност чие основно средство за информации се курир, инфомакс и сител?
     
    На BoaVista, Yowannty, prominent и 11 други им се допаѓа ова.
  7. калин95

    калин95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2017
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    многу логично
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Линкот што го постави на никој начин не ја коментира работата на новата влада. Каква изјава очекуваш од политичар кој е лидер на партија која се нарекла ВМРО – Българско национално движение? И Каракачанов, и Вучиќ, и Груевски се само провокатори (а реално и ти со нив) што се спремни се да направат за создавање на вештачки кризи и тензии.

    Инфомакс објавиле пред месец ипол, од "анонимен извор од кабинетот на министерката за образование Дескоска". За инфомакс многу пати дискутиравме.

    Он топик: работата на новата влада не можам да ја коментирам затоа што уште не можам да сфатам што се случува, искрено. Премногу спинови, лажни вести и критики излегуваат од неверодостојни извори и од послушници на старата власт, а новата едноставно ги реагира и не одговара на провокации. Ова морам да кажам дека ми се допаѓа. Исто како тролови на форумот, само овие ти се во реалниот живот. Колку повеќе ги храниш - толку повеќе добиваат на сила. Ама на крај, пак не знаеш што од тоа е вистина, а што не.
    Е, она лиглево Коста Петров ми ја крена косата пред некој ден. Он ПР ќе биде? Видов кај Менче Атанасова Точи, имаше реагирано дека министерството за здравство не дало официјална изјава за случаите со хеморалгичната треска туку објавиле на страната на ФБ, а она лиглето Коста Петров и одговорил дека во време на социјални мрежи било сосема во ред да се објави само на фб, а новинарите од таму да се информираат. Требало новинарите да се прилагодуваатна владата, а не владата на нив. Протокол Петров, протокол :!: . Фино му залепи Точи, сме испратиле други, ќе ве испратиме и вас, не можеме ние на секоја промена на власт да се прилагодуваме.
    Укинувањето на дисперзираните студии и на екстерното, враќање на родовите студии, пола партиципација на одредени студии за новозапишани студенти од еднородителски семејства... МОН не запира! Кембриџ сите чекаме да го укинат.
    Еве, ребалансот на буџетот ќе биде изгласан.
    За понатаму, ќе видиме.
     
    На Yowannty, blackwave, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Обично од искуство кога се потпишува договор едната страна е заебана во случајов сме ние
     
    На Cka, Rama, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    @Tamatam Ја чекам, белки нема да ме раздени чекајќи те?!?! Ако неможеш да го најдеш договорот, прашај ме одма ќе ти го пратам. Може навистина пишува во некој член дека ќе си ја свиткаме кичмата, еве незнам. Или пак тешко ти е да си признаеш дека само верглаш на празно. Еве, простено ти е чедо за немањето аргументи и факти.
     
    На blackwave и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Во врска со работењето мислам дека повеќе треба да се фокусираат да го прочистат судството и останатите институции полни со партиски војници ,телевизии , мувла , пустец , група луѓе кој не се појавиле на работа а зимаат пари , и да ги разрешат што е можно побрзо, пред да се разбегаат сите вмровци како оние двајцана што се во бегство.
    Во спротивно ќе имаат сопки , саботери и секој ден што Грујо и компанија се на слобода ќе биде пораз за Сдсм.... повеќе да се фокусираат на апсење вмровци него левици.
    Ама можеби и овој спор процес им е дел од планот (сепак се ближат локални избори) , што знам јас обичен граѓанин , сепак едно време сите се сомневаа како со петардите ќе го рушат вмро и еве сега сме тука....

    Супер што градиме соседски односи, и брзаме накај Еу , ама тоа може да почека барем некој месец , имаме побитно Џубре во нашиот двор што треба да се прочисти ама ајде....
    Очекував новата влада да направи голема Албанија и Украинско сценарио , федерализација или што и да беше пропагандата (барем така не убедуваа вмровците) ама изледа и тоа нема да биде, се чуствувам излажано , како да еден мал дел од моето срце се откинал.....

    Во поглед на составот , ако може да ми гарантираат и се потрудат да создадат фер и демократски услови на работа и живот, и дека нема за 2-4 год да ги слушам во некоја бомба како ќе рушат со динамит , палат кафани, спонтани собири ,сендвичари и ендеци , супер се.

    Се на се иако веќе не се замарам толку со политика веќе , ќе ги пратам преку вмровските коментари како им иде работата , се додека вмровците се служат со курир, инфомах и сл. линкови и едиствените докази им се, баба ми работи у сдсм и знае или со свои очи видов, или јас знам беее , ок сме.... кога ќе почнат да пуштаат од тв24 линкови и кога ќе почнат овие неутралниве (не оние неутрални "премиере со тебе сме")да се бунат и слично , тогаш ќе се грижам.
     
    На cresa-jagoda, blackwave, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ајде постирај го договорот тука целосно од А до Ш штом се правиш паметна сите да го видат па после да дискутираат членовиве..@GrimTheReaper
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    За ова кратко време се чуствува некоја поубава клима, некако сите се послободни, очекуваат премногу од Заев. Оправдано, барем сигурно оваа Влада нема да спроведува диктатура како претходниот кој сеуште се што ќе му текне прави само га*от во затвор да не му оди. Јас не знам како има уште луѓе што бескрајно веруваат дека се досега беше во ред, на завидно ниво дури, освен што Сдсм не чини. Очекувам реформи и тоа дебели во судството и конечно законот да е ист за сите граѓани. Криминалците во затвор каде што им е местото , секако.
    Да се истребат сите паразити административци и сите граѓани да можат т.е да имаат можност да аплицираат за одредени работни места каде однапред некој партиски војник си се наместил. Да има еднаквост , да не се делат грѓаните според партиски заслуги и партии и на тој начин да функционираат како што 12 години скоро беше.
    Да, не редам уште....многу има.
    Образованието се придвижи кон позитивни реформи кој претходно беа тотално погубни и непотребни.
    Здравството и тука полека почнуваат промени. Очекувам да се подобрат условите за сите.
    Надворешни односи, позитивен чекор и придвижување со Договорот со Бугарија. Не тапкаме во место како до сега, се оди кон нови чекори кои ја приближуваат нашата држава кон ЕУ и Нато.
    Министерката за одбрана се труди да обезбеди редовна исплата на платите ( барем така се изјасни)итн...
    Значи, почнуваат по малку и дај боже да се среди државата колку- толку. Со оглед на пустошот од претходно, реформите бавно ќе одат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Член 1

    Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи помеѓу себе во согласност со основните принципи на меѓународното право и добрососедството.

    Член 2

    1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

    2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

    Член 3

    Двете Договорни страни ќе помагаат за развој на соработката меѓу државите од Југоисточна Европа, за зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при реализацијата на регионални проекти, како дел од процесот за создавање на единствена Европа.

    Член 4

    1.Двете Договорни страни ќе одржуваат контакти и ќе остваруваат средби меѓу претставници на органите на државната власт на различни нивоа за развој на пријателските односи и соработката.

    2.Двете Договорни страни ќе помагаат за одржување на контактите меѓу локалните власти и граѓаните на двете Договорни страни.

    Член 5

    Имајќи ја предвид нивната географска блискост, двете Договорни страни ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита.

    Член 6

    Двете Договорни страни ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена, како и развојот на соодветни форми на соработка во областа на туризмот.

    Член 7

    1.Двете Договорни страни ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.

    2.Двете Договорни страни ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките, кои се движат меѓу нив.

    Член 8

    1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот.

    2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

    3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

    Член 9

    Двете Договорни страни ќе прават напори за слободно распространување на информации, преку поттикнување и развивање на соработката во областа на средствата за јавно информирање со искористување на можностите на современите информативни средства. Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и интелектуалните права на творците од двете земји.

    Член 10

    Двете Договорни страни ќе ја унапредуваат соработката во правната и конзуларната област и поконкретно во областа на граѓанските, казнените и административните прашања, како и за решавање на хуманитарните и социјалните проблеми на нивните граѓани.

    Член 11

    1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.

    2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

    3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

    4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

    5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

    6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.

    Член 12

    1.Во рок од три месеци од влегувањето во сила на овој Договор, двете Договорни страни ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија. Комисијата се копретседава од Министрите за надворешни работи на двете Договорни страни и вклучува високи официјални претставници на двете Договорни страни.

    2.Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот. Секоја од Договорните страни може, по потреба, да предложи организирање на дополнителни средби на Заедничката меѓувладина комисија.

    Член 13

    1.Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.

    2.Овој Договор може да биде изменет со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.

    3.Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.

    Член 14

    Овој Договор, на никаков начин, нема да биде толкуван така што ќе противречи на билатералните и мултилатералните договори, чии страни се Договорните страни.

    Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност.

    Ајде ајде чекам, побрзо за локални ми е, да знам за кој да гласам. Ако ни ја свиткаат кичмата, шо ќе прајме, лелеллејјјј
     
    На cresa-jagoda и blackwave им се допаѓа ова.
  15. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Овој што си го постирала не е оргиналот што ги потпишаа денес. Очигледно делуваш според партиската пропаганда на СДС. Во официјалниот и оној презентиран во собрание од страна на Владата никаде не стои ниту македонски јазик ниту македонски народ туку јазик според уставот на РМ. А кој е тој ќе видиш за некоја недела кога Заев ќе го офоцијализира Албанскиот.
    А да и член 11 точка 5 препрочитај ја уште еднаш и уште еднаш. Член 8, ај објасно ми кои се тие заеднички историски ликови што треба да се чествуваат? Ханот Аспарух ли? Бугарите се Татари и Монголци, што имам јас заедничко со тоа?

    Бугарите биле фашисти кои ги убивале нашите прабаби и прадедовци и тоа е јасно како бел ден. Што ми треба некои бугарски историчари да ми толкуваат која сум и за што се бореле моите? Ако не ти е јасно и поддржуваш Бугарско толкување на Македонското минато не си ми достојна да дискутирам на форумов. @GrimTheReaper
     
    На Rama, H.VAGA и carangigia им се допаѓа ова.
  16. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    2.244
    Пол:
    Машки
    Бугарите фашисти...тогаш да мразиме и италијанци и полјаци романци германци....албанци..грци..сите на некој начин што не загрозиле во минатото?тогаш нека се додадат и србите што црквата не ни ја признаваат....или данците зошто го исфрлија вардар од лига шампиони...се да мразиме..сите ни згрешија...јас ете ќе ја мразам Кина...еден од таму ме победи на дота.
     
    На mira.mira и blackwave им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Сакаш да ми кажеш дека денеска беше на потпишувањето на договорот, му го зеде на Заев од раце и виде дека не е тој истиот. Па, жено што чекаш, вакво нешто да преќутуваш е исто како да работиш против македонските интереси.
    Што имаш ти заедничко со Бугарите, ако немаш ти има твојот сограѓанец, пасош.
    И аман више со тој јазик, па кај беше коа го потпишуваа рамковниот договор. Претходната влада имаше 11 години да превземе нешто за тоа, и сеа Заев е крив, па крив е што воопшто се замара со ваков народ.
     
    На BoaVista, cresa-jagoda, blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Тодор Александров убил повеќе илинденци од што загинале за време на илинденското востание.

    Не оди оф топик, терај дискусија според темата.
    Зошто тврдиш дека договорот не е тој што го потпишале? Инфомакс ти кажа?
     
    На cresa-jagoda, blackwave, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И мене Тевдовски ми е омилен и полн погодок.
    Мислам конечно со него ќе ја биде работата.

    Премногу го фалат сите студенти дека е мудар човек, и има човечност пред се.
    И на другарка ми и беше ментор, па само пофални зборови има.

    Диполмирани студенти кај него нема што да лажат дали бил добар или не.

    Друго што ми се свиѓа е што повеќето министири се влијателни луѓе, и во нивниот живот воопшто не мора да се замараат со политика пошто имаат премногу богатство и за деца, и за внуци...но сепак се ставени за министри и одбрале да се замараат со политика, пошто сакаат да и помогнат на земјава да тргне од мртва точка и да заврши диктатурата (барем досега така се покажаа, ќе видиме).

    Да беа некои обични луѓе, ќе знаевме дека ја ограбуваат на големо државава (ко претходнава власт), ама овие дури се откажуваат од платите....т.е. платите ги донираат на згрозени семејства.
    Бизнисмени се луѓето, и не им се потребни овие пари, туку сакаат да ја бива земјава за нешто.

    И за крај, договорот со Бугарија исто така беше полн погодок па дури и Фикусот призна.
    :handshake:
    Секако пола земја се пишани Бугари, па ете дека не болеше што се потпиша тој договор.

    Кај и да е, може ќе влеземе во Европска Унија (пошто конечно го исфрлија Грујо, а си го сакаат Зоки таму) и конеччно ќе прекинат вицовите дека сме бедни ко народ.
     
    На cresa-jagoda, blackwave, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    А не укапира уште дека најверојатно работи таму?:D
    Информации од прва рака...
     
    На cresa-jagoda, blackwave, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.