Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Не сме за џабе FYROM.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.698
    Допаѓања:
    14.165
    Вакви кадри нема да ни донесат ништо добро. Ај што сите ги вознемири изборот, па уште и силен. Наместо да молчи и да се докаже дека вреди, тој навредува на ФБ. Уфффф.
     
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Еднаш ќе си речам “не читам повеќе за политика“ и одма Алаѓозов гол и Лешовски на нови функции. О мај гад. :D Навикната на масовната хистерија која преовладува тука, не сум изненадена.
    Само едно не можам да сфатам. Сдсм имаат интелектулаци во партијата и луѓе кои биле неизвалкани. Зошто упорно го бираат шлајмот и му даваат високи функции?
    Толку ли се плашат дека нема да бидат слепи послушници и полтрони...

    Туку, одамна пишував дека си избравме ново вмро ама некои веруваа дека ковам теории на заговор.
    Трпете ги сега. И немојте да се буните, ќе ве караат од партија. :D
     
    На НаталиЛили, Rama, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    И јас сега го гледав и се смеев за колкав му е членот на членот на владата. :D
     
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Затоа и пишав јас погоре дека не сме за џабе FYROM. Кај нас во државава успешен човек можеш да станеш само ако лепиш плакати и му ги чистиш кондурите со четка за заби на тој што е погоре од тебе. Затоа никогаш нема да нè биде како држава и сè повеќе и повеќе талентирани луѓе ќе си одат од државава. За ова доста е виновна исто така и сиромаштијата во државава.
     
    На Someonespecial, Nausicaa, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    И Меланија ТрАмп беше сликана гола за некое списание и па што ?
    Мислам човек треба според делата да се цени , Алагозовски ако си ја работи работата како што треба ке го биде , но ако не си ја работи како што треба ке биде кратко на функција ... Човекот е сликан пред 15 години на Маргина ... Не е од сега , и не е за на фб пракана во инбукс за швалерај !
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Затоа на локални ќе изгубат као никад!
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    @zhap4e Кој ќе ме насмее на форумов, ако не ти. :D
    Јбг, да дискутираш со психолог ќе ти каже дека такви личности во подоцнежни години можат да развијат длабоки фрустрации, туку ај да не дробам, сликата се кажува. :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @Justicija Меланија Трамп не е политичарка! Не релативизирај!
    А за стручноста негова се виде какви кадри распореди низ министертвото. Да не се повторувам, имаш десетици постови погоре
     
    На Lianna Anna и elimkd им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Прва дАма на најмокната земја во светов ??? Тоа ништо не значи ???
    Знаеш дека Чичолина дека е пратеник ? Мислам лугево на месечина се качија а ти што кажувАш .

    Смајли што се чуди и што се крсти !

    Голем кикс е Лешоски , мислам кАтСтрофа ! Но најмногу кејф ми се направи за директорското место за Дац , добар актер , голем човек :)
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.203
    Пол:
    Женски
    Горда сум на себе што не гласав на избори.
     
    На Someonespecial, theowndemon и Zivyle им се допаѓа ова.
  12. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    И што Трамп треба да ја остави Меланија??

    Овој дебелиов може во најмала рака да се извини ако не дава оставка

    @Justicija
     
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Не , напротив , Трамп ја подржа Меланија , и тоа во предизборната кампања ја извадија сликата . Трамп ја подржа , и американскиот народ , бидејки нема ништо лошо во тоа .
    Како што кажав лешоски е катастрофален избор и не очекувАм извинување , туку да го повлечи Лешо од тАА Функција , не е тој достоинствен за такво нешто
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.459
    Јас те прашав, зошто претходно вака не ги критикуваше кадроте од Вмро? Ти не гласаше за промени, што има да те разочаруваат некои избори.

    Некои реков се дно. Ама јас Талат никако не можев да го преџвакам, ни како министер ниту како спикер.
    Ама за волја на вистината он се покажа како најспособен.
    Да не изненади некој од овие кадриве:D.
     
    На cresa-jagoda, referentka, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.166
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден, поднесен е приговор по основ Предлог - Законот за јазици. Текстот е превземен и го пренесувам во целост, во спојлер. Оние кои не го виделе, или не се упатени во новиот Закон за јазици, препорачувам да прочитаат, оти е многу убаво елаборирано, иако малку подолго.
    По повод Предлог-законот за употреба на јазиците, денес доставивме приговор до Кабинетот на премиерот г. Заев, до Генералниот секретаријат на Владата на РМ и до Собранието на РМ. Се надеваме дека ќе биде уважен и дека овој Предлог-закон ќе биде даден на јавна расправа. Предлог-законот за употреба на јазиците го крши Уставот на РМ и излегува од она што е договорено со Охридскиот рамковен договор. Се надеваме дека Владата нема да ја следи претходната со избрзано донесување закони и дека ќе успее да ги постави вистинските приоритети за што поскоро застанување на здрави нозе на нашата држава за доброто на сите. Во продолжение е текстот од приговорот.

    Почитувани,
    Како лингвисти, академски граѓани вклучени во работата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, поднесуваме приговор кон Предлог-законот за употреба на јазиците којшто беше објавен на 7.8.2017 год. на веб-страницата на Министерството за правда на РМ, во медиумите и на интернет-порталите. Имаме намера да ви го свртиме вниманието од стручен аспект кон неколку точки во Предлог-законот коишто се правно и суштински штетни за јазичната политика и за државните интереси на Република Македонија.
    На почеток, мора да го повториме повеќекратно искажаниот став дека мора да се надмине терминолошката мешаница којашто се јавува во законите што ја третираат оваа материја – официјален јазик, службен јазик, јазик во службена употреба. Мора да се назначи дека на целата територија на Република Македонија, како и во меѓународните односи, според Уставот на РМ, како и според Охридскиот рамковен договор, е официјален само и единствено македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, што произлегува од унитарното уредување на нашата држава, а другите јазици можат да бидат во службена употреба во законски предвидените случаи. Таква е јазичната политика во светот – повеќе официјални јазици има во држави во кои има повеќе автономни делови, а Република Македонија нема такво уредување.
    Проблематичен е и самиот наслов на Предлог-законот, со којшто, всушност, се имплицира дека македонскиот јазик е само еден од јазиците во РМ. Натаму, со наведувањето само на албанскиот јазик во загради во ставот 2 од членот (1), пак, во позадина се создава впечатокот дека во РМ треба да бидат и(ли) се во употреба единствено македонскиот и албанскиот јазик. На ваков начин се создава дискриминација кон другите граѓани кои, како што е наведено во амандманот IV од Уставот на РМ (Службен весник на РМ, бр.91, год. LVII, 20.11.2001), се „дел од турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и други“, кои живеат и се државјани на РМ. Предлагаме, заради расчистување на овие дилеми и заради избегнување на двојство во толкувањето, Предлог-законот да го носи називот Закон за јазиците што ги зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на РМ.
    Второ, уште на почетокот со став 2 од членот (1) се доведува во прашање искажаното во став 1 од членот (1), конкретно, дека на целата територија на РМ и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Со формулацијата во став 2 не е јасно дали јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и неговото писмо се смета за службен јазик и во меѓународните односи на РМ. Ако е така, што ќе значи тоа за комуникацијата при воспоставувањето на меѓународни односи, особено со земјите во регионот и дали тогаш не треба да се воспостави правно заштитен механизам за македонскиот јазик и неговата задолжителна употреба во меѓународните односи, без разлика дали носителот на функцијата како прв јазик го зборува македонскиот или некој друг јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на РМ.
    Трето, во членот (1) став 2 покрај формулата „најмалку 20 % од граѓаните“, којашто, инаку, е произлезена од Рамковниот договор склучен во август 2001 год. во Охрид и чија автентична верзија е единствено онаа на англиски (http://www.ucd.ie/ibis/filestore/Ohrid Framework Agreement.pdf), во загради е споменат САМО и единствено албанскиот јазик. На ваков начин, како што беше споменато погоре, се занемаруваат правата на граѓаните припадници на другите народи во РМ. Истовремено, како дискриминарички се оценува и делот во став 4 од членот (1) во кој се одредува дека „За употребата на јазиците и писмата што ги зборуваат помалку од 20 % од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на локалната самоуправа“. На ваков начин, во единиците на локалната самоуправа има големи можности за манипулација и дискриминација во однос на припадниците на другите народи што живеат во РМ, а не се предвидува заштитен механизам или контрола на тој процес.
    Четврто, во членот (2) е уредено дека граѓаните имаат право да употребуваат кој било од наведените службени јазици и нивните писма од член 1 став (1) и (2) од овој закон, а институциите од член 1 став (3) од овој закон, како и другите институции имаат обврска да им овозможат на граѓаните користење, употреба и примена на тие службени јазици и нивните писма во која било постапка. Ако се навратиме на членот (1) можеме да видиме дека се споменати само македонскиот и албанскиот јазик, што значи повторно има место за дискриминација кон припадниците на другите народи и кон нивните јазици.
    Петто, во членот (8) е уредена материјата за јазикот на поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон и бандеролите. Понатаму, книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните и неговото писмо. Во став (3) е пропишано дека униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во единиците на локалната самоуправа во кои најмалку 20 % од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо. Имајќи ги предвид бројните искажувања во јавноста дека, всушност, во овој Предлог-закон се вклучуваат аспектите од Рамковниот договор од 2001 год., укажуваме дека материјата што е овде наведена не спаѓа во содржината опфатена со Рамковниот договор.
    Да потсетиме дека голем дел од опфатената материја во овој Предлог-закон е веќе опфатена и регулирана со Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на РМ и во единиците на локалната самоуправа (Службен весник бр.101, 13.8.200
    8). Сосема друго, но и легитимно прашање е на каков начин и досега е спроведуван и почитуван овој закон, особено во јавните натписи, патните ознаки, топонимите, означувањето на институциите итн., особено во единиците на локалната самоуправа каде што мнозинството употребува јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на РМ. Потребно е темелно истражување и релевантна анализа на постоечката состојба, за да може да се донесе соодветно законско решение. Особено, дали во советите на единиците на локалната самоуправа во кои мнозинството советници зборува јазик различен од македонскиот е обезбеден превод на македонски, дали на натписите и таблите е запазен редот на јазиците и дали воопшто го има македонскиот итн. Дали можеби веќе имате некоја пообемна анализа за овие прашања? Потребна е јавна дебата, при што ќе се опфатат сите аспекти и ќе бидат вклучени стручни лица: правници и лингвисти коишто со својата научна работа ќе можат да дадат значаен придонес во унапредувањето на односите меѓу сите граѓани на РМ, без разлика на нивната национална припадност или на јазикот што го зборуваат.
    Зошто е потребно набрзина да се третира вака сложена и обемна регулатива? Сметаме дека е завршено времето на носење сензитивни закони по кратка постапка, во екот на годишните одмори или пак во 3 часот по полноќ! Ги паметиме тие времиња, кои штотуку изминаа, и сметаме дека тоа не треба да биде одлика на една граѓанска влада.
    Шесто, со членот (18) се пропишува основање Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице. Навистина, важно е да се има контролен механизам и да се следи спроведување на еден закон. Натаму читаме дека во членот (19) се пропишани надлежностите на Агенцијата, и тоа: – поддршка на институциите во остварувањето на обврските од овој закон вклучувајќи превод и лекторирање документи; – лекторирање на сите акти што се објавуваат во Службен весник на Република Македонија; – промовира и презема мерки за унапредување на употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на Република Македонија итн. Новина е дека со овој закон се формира Инспекторатот за употреба на јазиците во состав на Министерството за правда со својство на правно лице. Со овој член, албанскиот јазик се издига над сите останати јазици во РМ, вклучително и македонскиот, кои немаат посебна агенција и инспекторат со вакви надлежности.
    Првиот и најважен аспект, кој веруваме му е пред очи на секој граѓанин е: зошто треба постојано да се генерира администрација во РМ која потоа ќе биде средство за манипулација, прашање за кое во вашите заложби како Влада на РМ се застапувате за спротивниот модел. И не само тоа, со овој Предлог-закон се предвидува двојазичност во сите државни институции, јавни установи (член 9), но и нотари, извршители итн. (член 10), што значи дека секаде ќе мора да има преведувачи на албански јазик, инаку ќе бидат казнети со високи глоби (од 4000 до 5000 евра). Тука е и двојазичноста на официјалните веб-страници на установите и институциите, за којашто сами ќе треба да си најдат средства (член 6, став 4). Треба да се направи увид колку од овие институции и установи имаат воопшто финансиски средства да ги ажурираат и еднојазичните веб-страници.
    Да направиме сега куса паралела со Законот за употребата на македонскиот јазик донесен во 1998 год. (Службен весник бр. 5, 30.1.1998) и неговото спроведување. Во него во членот (1) се пропишува дека се уредува употребата на македонскиот јазик како службен јазик во РМ, а со членот (4) се утврдува дека не се ограничува правото на припадниците на националностите на службена употреба на јазикот и писмото на националностите во единиците на локалната самоуправа. Натаму, со членот (7) се уредува проблематиката на лекторирање на службените текстови и текстовите во медиумите, печатените изданија итн. Со членот (8) се уредува основање на Совет за македонски јазик во рамките на Министерството за култура на РМ, којшто може да дава мислења, предлози и препораки за употребата на македонскиот јазик, да издава публикации, да предлага програми за заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик во сите области итн. Со членот (10) се основа Комисија за полагање лекторски испит којашто се грижи за спроведувањето на испитите, издавање на уверенијата за лектор и сл. Како управен надзор за спроведување на овој закон е наведено Министерството за култура (член 12), односно инспекторите во Министерството.
    Денешната состојба со спроведувањето на овој Закон е следнава: со години наназад при барања за проверки во врска со објавени нелекторирани текстови, изданија и сл. Министерството за култура давало одговор дека нивните инспектори не се во доволен број за да ја покријат соодветната материја. Тоа доведе до едно целосно самоволие во издавачката дејност, во електронските медиуми и во голем дел кај интернет-порталите на македонски јазик. Во врска со полагањето лекторски испит, на 30.12.2013 година во Сл. весник излезе Законот за измена и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, а во 2015 година и уште две измени и дополнувања, со што се предвидуваше електронско полагање на лекторскиот испит, при што беа формирани две комисии за составување и верификување на базата со прашања, кои навремено ја завршија работата, но ваквиот начин на полагање никогаш не профункционира. Комисијата за верификување на прашањата достави и приговор до Министерството за култура дека ваквиот начин на полагање лекторски испит е несоодветен, но никогаш не доби повратен одговор. Епилогот е дека веќе не може да се полага лекторски испит по македонски јазик во РМ. Дали е ова соодветна грижа за македонскиот јазик во РМ? Дали можеби во РМ не се веќе потребни лектори по македонски јазик? Министерството за култура треба под итно да разгледа и да понуди решенија за ова прашање. Советот, пак, од друга страна се сведе на едно административно тело кое и онака нема својство на правно лице, па во последниот период (читај четири до осум години) ниедна државна институција не го смета за релевантен субјект за советување и за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик.
    Гледано од перспектива на предложениот Закон за употреба на јазиците, овој однос во врска со спроведувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик е, благо речено, непримерен и штетен за јазичната политика во Република Македонија. Се поткопува и онака, тешко воспоставената рамнотежа опфатена со оваа законска регулатива.
    Укажуваме, уште еднаш, на потребата за подолга подготовка во обработката на засегнатата материја со Предлог-законот и вклучување на сите релевантни државни субјекти кои можат да помогнат со научната работа и со своите анализи. Бараме повлекување на Предлог-законот во интерес на организирање поширока јавна дебата во врска со употребата на сите јазици во РМ и начините за соодветна правна регулатива соодветно на Уставот на РМ и на законите што ја опфаќаат оваа материја, зашто со овој Предлог-закон се крши и Уставот на РМ и се додаваат измени кои воопшто не се предвидени со Охридскиот рамковен договор.
    Почитувани,
    од сите нас зависи во какво општество ќе живееме. На македонското општество веќе не му се потребни краткотрајни решенија, мотивирани од ефемерни меѓупартиски интереси, Јазичната политика на една држава не смее да биде заложник на политички и партиски договори, а македонскиот јазик треба да се сфати единствено како кохезивно средство за сите граѓани на Република Македонија, а не како средство за поделби.

    Со почит,
    проф. д-р Симона Груевска-Маџоска
    проф. д-р Александра Ѓуркова
     
    На Rama, carangigia, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Сметам дека Дарко Лешоски не треба да биде Претседател на Управниот одбор на СВП. Тоа не значи дека го мразам Дарко или дека не ми се допаѓа неговата поезија или пак дека имам недоверба во неговиот капацитет успешно и на ниво да организира таков настан.
    Едноставно Дарко премногу е млад (не само по возраст туку и како поет) за да биде Претседател на светски настан и неговата младост на оваа позиција не изгледа неспособно, туку несериозно. Претседател треба да е човек со голем книжевен опус зад себе, познат во светски рамки.

    Друго, Дарко не е единствен избор за Претседател на СВП. Во Мк има луѓе што цел живот го посветиле на поезијата, уметноста, издаваштвото, рецензиите..Како оној што цел живот тоа работел ќе го гледа Претседателот на СВП ако е човек 30 години помлад и на почеток на писателска кариера? Прво ќе биде навреден, а потоа и разочаран.

    Еве на пример зошто Претседател на СВП да не е Никола Маџиров?
    Светски познат поет е, преведен на 40 јазици и објавен во преку 50 земји, учесник на стотици настани од типот на СВП, добитник на еден куп меѓународни награди, прогласен за национален уметник на Македонија, лично познава многу светски поети, а и доволно е искусен за да знае што се е потребно за да се организира таков настан.

    СВП е меѓународен настан каде учествуваат и нобеловци. Ајде ние во Мк добро го знаеме Дарко Лешоски, но дали некој го познава надвор од Мк?
    Претседателите на светските настани секогаш се луѓе со огромно професионално и животно искуство и луѓе чии имиња се добро познати во фелата. И од нив се очекува не лично да го организираат настанот, туку преку нивното име да го промовираат пред светот, да му дадат тежина и значајност. А вистинската организација, теренската работа, секогаш паѓа врз грбот на луѓето околу Претседателот. И тоа се претежно млади луѓе, со енергија и амбиција да трчаат, да се докажуваат, стекнуваат искуство и познанства.

    Исто како што сметам дека е грешка Дарко да биде Претседател на СВП, уште поголема грешка ќе биде ако тој не е дел од Управниот одбор, десна рака на Претседателот, оти преку него ќе се внесе младост и нова енергија која на Струшките Вечери на Поезијата ќе му обезбеди убава иднина.
     
    На Espadrila, Tanjamm, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Браво за професорките, имале храброст да ги спомнат небулозите во законот. Да бевме нормална држава и други интелектуалци ќе им се придружеа, ама личниот интерес е поважен. :D
     
    На Espadrila, Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Малку е иронично и лицемерно да се буниш сега, а 10 години да молчиш за целиот џган и олош што го набутаа по министерства и полиција. И сега Лешо бил трн у око или Цветанка. Да бе, како не, еве поверувавме дека најголемата болка у моментот ви е Лешовски.

    За жал, други интереси ви се во игра. Или па ај ако не наместо Васиљ и Цацко вие земајте доживотно по 45.000, зашто очито тоа е у прашање, личен интерес и продавање празни демагогии по форум демек стварно сте многу засегнати за државата.
     
    На ph.orhideja, crimson, НаталиЛили и 9 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.459
    http://24vesti.com.mk/mvr-krivichna-za-„ubistvo-vo-obid“-za-policaecot-shto-pukashe-vo-maloletnicite-kaj-strumica
    Еве, полицаецот ќе одговара за Обид за убиство!!!
    Вакво нешто беше невозможно претходно.
    Друго, зарем не им е срам да измислуваат дека млада девојка починала од слепо црево, а ваков случај нема?
    Дно, мизерија! Министерот бара да се каже името ако воопшто постои ваков случај.
    Манипулации, де бегалци, де смртни случаи. Бљак!
     
    На cresa-jagoda, crimson, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ова со Лешоски е катастрофален избор, веќе кажав. Не знаев досега уште и за ова споделеното од @Nausicaa дека го пишал, тоа го прави уште поиронично и потрагично.
    Многу лош потег и удар за литературата и поезијата.

    Од друга страна, не можам да не искоментирам колку фамата за Алаѓозовски конкретно за голата слика ми е тешка глупост и очаен жолт печат стајл. Да бе, баш заради тоа одма ќе си поднесе оставка, по нарачка на курирци (facepalm) :D
    Не дека е некој сјаен факт и за пофалба, ама камо на сите министри и политичари единствениот и најстрашен грев да им е гола слика ископана од пред 14 години кога никој нит ги знаел нит ги познавал во јавноста. Супер си кажала Ина на фб. :nod:
    П.С. ај еве Меланија нека не е политичарка, ами и Меркел ли не е? :bandit: :lol:
     
    На ludoto19, cresa-jagoda, crimson и 9 други им се допаѓа ова.