Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    @JuLleE У право си, јас и мнозинството македонци не гласавме за сдс ниту пак тие имаа најмногу гласови. Нормално дека ќе критикуваме. АКо си ме читала редовно ќе видиш дека и вмро ги критикував кога мислев дека треба.

    Реално, чекавте вие комисии да кажете кој од што умрел? Не, одма се правеше траорни вести по сите портали, одма со протести. Да одам малку наназад по темите и да ти покажам како сите одма обвинувавте и каде викавте чекајте да видиме комисија што ке каже. Се сеќаваш кога испаничив кога едно комбе бело ми помина на улица од кое ечеше ВО МАКЕДОНИЈА УИРААТ НОВОРОДЕНЧИЊА НА КЛИНИКА, ВИЕ СТЕ СЛЕДНИ а јас трудна 8-9ти месец? Е знаеш дека откако е Таравари минситер бројот на умрени новороденчиња е зголемен? Ама шоферот на белото комбе е сега вработен у Влада, не може да каже веќе. Чекавте ли комисија да каже за родилката у 5ти месец која почина од инфекција? Се сеќавам добро оти и јас бев 5ти месец. Страшни написи имаше од Менче ТОЧИ, на која маж и ке биде директор у училиште. А никој од вас не кажа дека и бил 6ти абортус у две години и дека сама си правела дома абортус и затоа добила инфекција. Ниту пак недиумите објавија, мене ми кажаа за да се утешам дома и да не плачам ко мало дете од страв.

    Сега наеднаш, ќе чекаме да се каже кој што како направил.

    Ако мислиш дека нешто ке се смени во здравството, НЕМА. Ти покажав, немаат кадри за директори, ставаат гинеколози кај туберкулозно болните. Прво вработување на Таравари беше Коста Петров, не беше некој директор, и тоа одма покажува дека му е битно да има добар публицитет, а не добро здравство.

    За голотијата мислам дека е глупост. Освен исменнањата на Твитер дека сега сите од твитер календар ке ги вработеле у Влада друго не видов.

    Мислењево сабајле го пишав сеа најдов време да пратам :((((
     
    На Lianna Anna, manja666 и Tamatam им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Мислам дека е премногу рано да се критикува оваа Влада со оглед на тоа што „вчера“ почна да функционира. И причината за работите што не функционираат како што треба треба повеќе да се гледа во наследството што го оставила претходната власт, а не во една партија која правеше 11 години пауза и немаше било каква функција во самата Влада на Груевски. Што се однесува до сегашнава Влада не очекувам многу работи, претпоставувам дека ќе заврши исто како што заврши ерата на Б.Ц. и на Никола Груевски. Да не заборавиме дека во ерата на Б.Ц. се случи најкатастрофалната приватизација што некогаш ја доживеала Македонија и што на крајот резултираше со доста откази и уништувања на фамилии додека пак во ерата на Груевски се случи најголемото перење на пари во историјата на Македонија и најмасовното иселување од државата, како и бугаризацијата. Работи кои Груевски уште во 2006 година вети дека ќе ги спречи со тоа што ќе ја развие економијата. Имаше 11 години време и ништо не направи. Сега ќе дојдат стандардните изговори како на пример „овие купија автобуси“, „ставија куполи на Собранието“ и.т.н. но сето тоа беше само маска за да може да се пере непрекинато пари.

    Лично не очекувам многу и од оваа Влада но да се критикува уште од самиот почеток мислам дека е смешно.
     
    На НаталиЛили и anaja1 им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.459
    @Cka дај најди ми едно мислење каде што ги критикуваш ВМРО.
    Друго за кој случај спомнав комисии, за девојката ли, која очигледно не ни постои?
    Работава е што во време на Тодоров еден доктор не сноси одговорност, се се прикриваше.
    Велиш кадри, кажи ми какви кадри имаше претходно, со оглед на тоа што здравството победно не ни било.
    Смешни и излишни ми се коментарите за кадровските промени кога во време вмровско се неспособно и неписмено беше вработено и ставено за директори.

    Работава е да не се продолжи со истото, ама се продолжува. Луѓе, читај мнозинство, и македонци и албанци гласаа за промени и го очекуваат тоа. Вие немавте против политиката на Вмро, а очигледно ви пречела пошто слични одлуки ги дочекувате на нож. Ама молчете во име на функцијата и работните места. Во тоа е фрката, не дека ви падна тешко што Цветанка влегла во Влада. Вам Диме Спасов со нула искуство ви беше министер, Цветанка ти е гола вода.
     
    На ludoto19, kukla21, poenta и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    У еден пост 4 пати како беше у ВМРО. Еве сеа сдс на власт, НИШТО подобро не направи. Само полошо. Затоа викам, џабе избори.

    И НЕ. ВМРО имаа повеќе гласови од сдс. Коалицијата ваша е на власт, ама не предводена од мнозинството македонци. Туку од малцинството македонци и мнозинството албанци.

    Девојката постои за жал :( Родителите и се неспособни да кажат, да зборуваат, полумртви се. Ама ке излезе набрзо. Таравари не излезе на прес, не е тука пак, ама со стсус се обрати дека немало таква девојка. Нормално кога сте ја испратиле од клиника со дијагноза вирус. Нема слепо црево.

    А сега да пребарам и ке ти пратам и постови каде викам дека ВМРО грешело. Мразам селективно читање.

    PS Најдов ама неможам да стиснам ЦИТАТ може сум банирана на таа тема не знам. Имам на наколку места критики и особено за хорот вмровски што им пееше на нелегалниот избор на албанецот за претседател на собрание и што го остави народот на цедило. Оти зимаат по 80 000 плата за они да го јадат стапот не обичниот свет. И сега обичниот свет ке јаде казни а они пак со платата. И тоа до крај на живот ке им го памтам.

    Иако, те поздравувам што реши да кажеш дека си со членска. Тоа е одлика на човек кој нема срам од своите постапки и верува во своите избори, макар и анонимно на форум. Јас почитувам туѓ став и мислење, ама без извештачена надменост за немање книшка од срам да се признае.
     
    Последна измена: 13 август 2017
    На H.VAGA, carangigia, Aquamarine93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Многу релативизираш! Најголема болка ни е:

    1. Воведување двојазичност и шиптаризација на секое ниво!

    2. Деградација и анулирање на Мак. историја во корист на Бугарија и откажување од Македонското малцинство таму!

    3. План за прифаќање на десетици илјади бегалци, изградба на цели нови станбени комплекси и нивна интеграција во Македонското општество. Ако мислиш со своја глава а не партиски како што ти рекле, ќе сфатиш што значи ова за државата и сите нас! :!:

    4. Целосна партизација и Соросоизација со некадарни и нестручни лица кои се избрани само по лична основа и "заради овој/оној" и според квалитет на плукање по ВМРО додека беа во опозиција!

    5. Целосно кратење на капитални инвестиции. Кај се 500км автопат? Неспособност и инат да се дозаврши автопатот Демир Капија иако е готов! Стопирање на другите 2 автопати демек биле криви. Да криви се, зашто Вицето треба да ги центрира ;)

    6. Таравари у здравствоно го интересираат само партиски директори да постави, тоа што умираат од слепо црево и хеморагична треска е "под контрола" (facepalm)

    7. Дете од 17 год се бори за живот зашто полоцаец пукал во него. Кај е тука некомпетентниот началник во Струмица да го сменат? Или им треба за изборни малверзации?

    8. Огромни шумски пространства, куќи и една жртва од шумските пожари а Владава тотално неспособна да се справи. Министерот Љупче поважно му е да се одмори во Шпанија -2 години макотрпно идеше по улици и протестираше:x

    9. Запнале да го менуваат Зврлевски. Зашто?! Бидејќи "евро за вицето а евро за Црквата" е во негови раце.

    10. За хистеријана на Павле и остала багра која лае по социјални мрежи не би да коментирам. За нив надлежен е министерот за информации и манипулации Роберт анус Поповски.

    За 60 дена многу болка ни создаде Владава. Што ли ќе биде за 6 месеца, ако воопшто опстои до тогаш?!?
     
    На Silver.E, Dust, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    @Tamatam најголема болка ви се хонорарите од управни и надзорни одбори, работните места добиени благодарение на патијата и лагодниот живот кој што го имавте само благодарение на дремење по штабови. Затоа не продавајте лажен морализам, не проаѓа.

    Пошто гледам си наредила еден куп точки, дали сама веруваш во она што си пишала и дали овие точки ги сметаш како некој аргумент?!?

    Закон за јазици е донесен во 2007 година, дополнет во 2011 година, баш од владата на Н.Г со кој што закон е воведена двојазичност. Али ради удобност во фотељите, штама. Така преќутно помина тој закон, да се чудиш. И сега одеднаш ви сметаат албанците, јазикот нивни, а до пред една година молчевте кога вашите ви пратеници го изгласаа Законот за амнестија на хашките случаи. Молчевте кога Талат ви читаш поезии на говорница со цел да спречи да се донесе законот за бранители. И тогаш се беше ок, ама сеа се здрмаа фотељите и ајде, удривте на патриотизам. Барем да си молчите.

    Со кој очи пишувате за партизација и соросоидизација на државата кога набутавте 100.000 администрација, партиски потрчковци без ден школо?!? Сега сте против партизација, а кога вашиот ви премиер еден ден по стапување на функција разреши над 150 директори, тоа не беше партизација? Па 10 години беше поим ,не да се вработиш, место во студентски дом да добиеш без вмровска книшка!!!

    И дали и сами верувате во приказните кои ги пласирате за Зврлевски, еве незнам. Зврлевски треба да биде сменет зашто е срам за функцијата која ја извршува. Должност на државен јавен обвинител е да гони криминал, па макар и по допрен глас. Зврлевски не само што не гонеше, туку и дирекно соучесник беше, слушнавме сите од бомбите. Зврлевски и неговата неспособност беа една од причините што основањето на СЈО беше неопходно. И порано или покасно ќе биде сменет, зашто законот пропишува дека за да го разрешат потребно е мнозинство, кое СДСМ и ДУИ го имаат. Џабе изигравање на мајмуни во собрание, сам на себе да си реплицираш, боже ме сачувај.

    Инаку на темата, работата на новата влада досега ја оценувам позитивно, иако не се согласувам баш со се, ама Боже мој, не може на сите да се угоди. Ми пречи што СДСМ многу споро ги врши промените на клучните места, ама па кога ќе видам како ги сменија законите вмровците, заклучувам дека побрзо и поинаку и не може. Имаме закони со кој брз трансфер на власт е речиси невоможен. На локални избори мислам дека СДСМ ќе ги освои поголем дел од општините, и дека после локалните избори ќе почнат промените. За ДПМНЕ прогнозирам опозиција од најмалку 2 цели мандата. А за бандата од бомбите, се знае, ако не киднат, Идриово ]:)(fingers)
     
    На Cholipam, ludoto19, poenta и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @BoaVista ако ти е позитивна работата гласај ги на локални и на парламентарни и така се до даље. А тоа што мислиш дека ќе освојат мнозинство општини на локални е само твоја пуста желба :). Биди тука на 15/10 вечерта да видиме дали си мислела правилно ;)
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    Боа Виста барем 10 точки позитивни кажи еве? Јас верувам дека ние по 20 негативни ќе ти пишеме.

    Веројатно многу знаеш лични податоци со оглед на податоциве што ги изнесуваш и тука ги пласираш, ама ај :)
     
    На carangigia, Lianna Anna и Tamatam им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Знаеш дека особа е исцедок од гнојна рана и ништо повеќе кога шерува измислени причи за наводна смрт на млада девојка за да се релативизираат злочините не претходната власт.
     
    На ludoto19, m.i.g, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Али баш ми е "симпатично" ова на 10 позитивни ќе ви наброиме 1000 негативни.

    Ко да не слушнавме на снимките:
    - "Ливче нека снема"
    - "Пиштење, вриштење од УЈП"
    - "Миле ај да не го тупиме тоа со динамит нека оди"
    - "Кој ги е#е тие се комуњари"
    - "Мермер е ама не е мермер"
    - "Марко тоа ќе среди ќе отфрли пријава"
    - "Горна, Средна, Вардарска у заграда Република Скопје"
    -"5%? Да не е многу Миле, да не се претераме?


    Плус она исмевање на луѓето од Пустец

    Една година му давам на Заев од локалните да стаи у затвор се вмронско. Би рекол и да испобрка се вмронско што се фали со крвави пари, али ми изгледа на добар човек и мислам дека ќе ги стаи да работат у странскиве инвестиции на Грујо.

    У спротивно нека се распушти државава.
     
    Последна измена: 13 август 2017
    На ludoto19, referentka, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @Priroden Темата е работата на АКТУЕЛНАТА Влада, не на прошлата. Не биди оффтопик :)
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Тоа со министерот...сликата, не е за оставка ама не е и за да не се изнасмеам и зафркавам, на ист начин ко што се смееме со години на сличето на Милошоски со долго косиче. И чокер патем да не имаше,или :D Алагозе ми е поjaк, af. :D :D
     
    На Espadrila, kukla21, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Читај го докрај мислењето, не сум задоволен од Заев досега и му давам рок од година дена да ги стаи вмроните у затвор
     
  14. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Како што тие го ставија додека беа на Власт :) @Priroden
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    141.961
    Колку му е надвор од тема....
    Ти му викаш дај 10 добри работи на ТЕМАВА он за друго пишуе. Седи кец, ја промаши темата!
     
    На carangigia, Lianna Anna и Tamatam им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.459
    Морам да ги споредувам за да укажам дека работат подобро.
    Ме изненадува што ти се потпираш на медиумски шпекулации. Таравари не бил на одмор инаку.
    За девојката се бара барем некој да пријави за да се виде кај кого е одговорноста. И она со "вие". Кој "вие"? Јас не работам во МЗ, не лечам, не сум доктор. Доколку постои случајот очекувам разврска и одговорност, исто како што има за полицаецот кој пукал во малолетникот.
    Ова не можам да го игнорирам дека не е коректно. Значи одговорност има.

    Јас не знам зошто би се срамела од тоа што гласам и сум подржувач на Сдсм? Инаку не сум член, немам книшка и нема сеуште влезено во штаб нивни. Не сум неутрална и нема да бидам, ама ако ме разочараат нема да ги гласам и да ја подржувам нивната политика. Или некои да кажеме мерки и избори да ми се во ред, други не.
    Проблемот на членството на Вмро што воопшто не се критични и што за нив партијата е света. Епа за мене не е, и никогаш нема да биде.
    Јас инаку бев/сум омажена со човек кој он и цела негова фамилија се стари членови и активисти на Вмро. Мене партијата не ми е живот и почитувам различности.
     
    На ludoto19, Lilit, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Нема добри работи, единствената добра работа која ја очекувам и која ме интересира, а тоа е затворање на бандитите и бркање на вмроните, не е остварена.

    Затоа владата досеа ја оценувам негативно. Али сепак пошо се нови им давам рок од една година.

    Ако не ги стаи по затвори, заедно ќе гласаме за груки.

    Не мислиш дека врвен интерес за Македонија е да има казни за бандата на вмороните?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Цка кога ме повикуваш барем означи ме или цитирај ме. И малку нејасен ми е делот за лични податоци дека изнесувам. Еве цитирај каде сум изнела лични податоци и за кого?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Rabotata onaka e ok...samo plasi toa sto sekoj den izleguvaat uste x 5 skandali i skrieni raboti.."proekti" i sekako pari sto se dolzat....od minatite .....se nadevam deka se vo pravo za toj zvrleski i deka bi se smenal i bi pocnala dezinfekcijata koja toj ja sprecuvase so unistuvanje tuzbi i dokazi.....barem kako sto se zboruvase
     
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Леле Цка повторно жртва и овде.
    За греота колку ја истрауматизирал човекот со бело комбе.
    На десетина места ја имам.прочитано случката.

    Добро,со сет памет грешкиве што де дршаваат веќе ги префрлувате само на сдсм?
    Пу срам да и е на новава влада,не успеела идилата од претходно да ја задржи во здравството.

    За Лешо немам зборови.
    Ќе чекаме да нас пријатно изненади.(facepalm)
     
    На Asparagus, ludoto19, Justicija и 12 други им се допаѓа ова.