http://www.faktor.mk/hadzievska-go-...-e-na-strushkite-vecheri-samo-babi-i-dedovci- E ova pa. Ahhhh. Navreda e ova, navreda glava da gi zaboli site tie sto so godini pisuvaat i ostavaat kultura za ovoj narod sto ne ni cita. Dedovci i babi bile. Pa mora da se vozrasni luge so izgraden imidz, ime, nagarduvani, priznati, a na 20 ili 30 godini covek toj uspeh go nema. Plus dobitnicite na Zlaten venec jas ne sum videla mlad covek, mora da e covek koj ima dela zad sebe.
Македонијо јадна какви копита те газат Овој келавиот е Динко Велев, што лови мигранти во Бугарија и што сакаше да го тепа Миленко Неделковски. Притоа беше вратен од граница каде се расправаше со Македонските полицајци бидејќи не го пуштаа.
Што мислите за новата постава ДИРЕКТОРИ назначени од сегашнава влада, конкретно за новиот директор на ЕЛЕМ.
2-3 месеци се на власт ама страшна работа биле Ако овие почетни денови ви се страшни, замислете во следните 11тина години како ќе се чувствувате додека се на власт Што и да прават, не можат да направат полоши и покриминални дела од грујо, без паника. Неговиот криминал тешко може друг да го постигне.
Не плукајте пред време. Не можете да знаете како ќе биде понатаму. Што па толку направи Грујо што не може да го направи Заев?
Не сме 90-ти години. Да беше вмро добро ќе си останеше на власт, а не СДСМ да се врати. СДСМ победи на изборите во декември, вмро со невиден притисок и уцени издејствува да бидат пирови победници за да се задоволи супер софт егото на паторот. Гледаш какви глупости сега прават, не го даваат Зврле пошто им е последниот Мохиканец, ама ќе го сменат. И после пола вмро во затвор. Ќе видиш дека минимум 8 години СДСМ ќе биде на власт. Еве да сме живи и здрави ќе дојде 2025 година ќе правиме муабет. Доста беше глупоќааа невидена од вмро, Заев ќе ги растури вмровскиве сељачишта со работа и со интелигенција. Пострашно е вмро 1 месец на власт (посебно сега кога се бесни и желни за одмазда во нивен стил хаха), отколку СДСМ на власт 8 години, притоа зборам за ова СДСМ, не она од 90-ти години, пошто некои уште му имаат страв во коски на БЦ. Прав мафиоза е. БЦ е легенда жива, на 28 години станал премиер на Македонија. Ај вие бидете премиер на 28 години, прво што ќе гледате е како да изнесете пари од буџетот во кеш. Дечкото си бил зрел во рамките на можностите во бурните 90-ти години. Фактички БЦ бил жртва на опасните 40-50 годишњаци во тоа време што ги присвоија фирмите и капиталот. БЦ бил искористен. Дете, го начекале и сега он е крив за транзицијата ко да ја поседувал цела Македонија. Не викам дека е цвеќе за мирисање, ама во рани и средни 90-ти баш бил политички незрел младич. Супер си е новата влада, мора да тактизира и да донесува разно-разни кретенчиња на директорски позиции додека убаво не го исплеска вмро на наредните парламентарни избори, притоа во максимум фер и демократски услови, пошто видовме што значи вмровска демократија = ќути и мисли како јас ти кажам. Вмровско разбирање за фер игра = јас те тужам, јас те судам. Шо би рекол Кили. 2-3 месеци на власт количина ли е бе? Дишете и уживајте во слободата наместо да плачете по вмро од лично-тендерашки побуди. Колку ви се накрале мама и тато толку е доста бешеееее. Администрацијата брзо ќе сврти страна накај сдсм кога ќе сфати вмро нема абер од враќање на власт.
Може некои ќе се свртат (всушност веќе неколку вмровчиња преминуваат од страна на СДСМ), но некои се толку големи патриоти што побрзо живото би го дале, отколку да признаат дека СДСМ направиле нешто добро. ( и во реален живот) 2-3 месеци поминаа, а еве можеш и сам да видиш какви бесмислици пишуваат од бес и нервоза...страшни биле СДСМ? Како дознаа дека се страшни? Како утврдија дека се страшни, еве не знам, кога буквално вмровцињата ја блокираат цела работа во државава....де протести, де пратениците ко магариња се тепаат пред говорница... Ама разбери ги...Нерозни се. Реков погоре, колку да прават лоши работи, сепак не можат ништо полошо да направат од грујо. п.с. На Црвенковски стравот му го имаат сите, а тој кутриот од пред 1000 години не се замара со политика...Ама толку голем и страшен впечаток им има оставено, што сигурно си имаат чести кошмари од него.
Доста јадеа само вмровци. Нека лапне малку и некој друг. А не од 5 члено семејство сите 5 оп преку ноќ со дипломи и на фотеља. Јас и тие како мене што не трчаа по партии, не лижеа газ на вмровци помалку вредни се? Нашите дипломи не вредат? За украс да ни стојат затоа вид покваривме над книги? А полуписмени на фотеља ќе седат. Ќе клатат врата и ќе зимаат плата, затоа што се вмро. Што им е гајле за другите. Другите можат со една плата цела фамилија да ранат. Од таквите нешта ги мразам вмро. Не мора ни сдсм да ми дадат работа, ама барем нека им го покажат каде им е местото на оние што од опнци кондури станаа.
Назначувањето на Дарко Лешовски за Претседател на СВП само покажа колку слободна и спонтана омраза, како слободниот радикал во хемијата, постојано кружи меѓу луѓето во потрага по жртва врз која ќе ја реализира својата деструктивна потенција. Да, режимот и сиромаштијата го извлекоа најлошото од луѓето, но тоа не е изговор. Злобата е личен избор. Лешовски е распнат. Многумина од оние кои се против неговото назначување, веќе не бираат начин на омаловажување, дискредитирање и обезвреднување. За разлика од повеќето, тој собра храброст јавно, во време на најсилна репресија на слободната мисла да каже што мисли. И беше популарен. И успеа да напише поезија. Кога ќе соберат храброст и ќе напишат поезија тие кои сметаат дека неговата е глупост, тогаш ќе можат да судат за неа. Во Македонија луѓето се уште создаваат култ кон личности, наместо кон идеи и вредности. Затоа наместо објективен суд и дебати, завршуваме со дисквалификации и лични навреди. А тој самодеструктивен синдром трае со децении и не дава надеж дека нешто ќе се промени на подобро.
Груевски го прати и Георгиевски Љ. во аут , а Црвенковски Б. го прати доживотно во пензија , човекот не можи да се помири како еден сељак од Муртино го заеба и ке го пикне во затвор , заедно со пола фамилија ! Груевски е шовинист , не може да се помири со реалноста Оваа држава толку е пропадната што ни Тито од гроб да стане , неможи да ја упорави
И онака Јасен беше нефункционален не ме зезај. Какви бункери, каква воена опрема, какво оружје и скришни тунели уште од Титово време, какви бакрачи. Животот си иде даље со или без сдсм или вмро, така што... што ги е*ам сите партии, ама па не ми е сеедно дали е лудачка партија на власт или нормални луѓе. Грујо и вмро беа лудаци, сдсм и Заев се сега за сега нормални луѓе. Се надевам ќе останат такви. Здравје во 2018 влегуваме во НАТО при што се гарантира безбедноста и дека нема да се распаднеме. Надежно во ЕУ до 2021 и ете ви ги бе 500 евра просечна плата. Еволуција на СВП под раководство на Лешко. Лешко - Лешо - Леш. Ае да видиме што ќе направи, можеби па ќе ги живне со неговата поезија.
Лешо оставка дал. Под притисок на јавноста. Да ви кажам и жал ми стана малку. Исто и Зиков. Вака Тодоров да направеше, абе еј оперирани беа они од јавност. Ова искрено не знам како да го сфатам. Или Владата стварно реагира на гласот на јавност, или што знам. Битно не се прават на Тошо како претходниве кои за какви слуачи мува не ги лазеше. Овие за едни СВП реагираа.
Имаш линк?! Вчера читав оправдување од негова страна, ама не и дека дал оставка. Стварно ептен го изреметија. Не мислам дека му е таму местото, ама мислам дека и реметењето стана претерано.
Секаде има, за Дојче Веле изјавил. И за Зиков имаше. Ок е дека Лешо не беше за функцијата, ама пак е помало зло од Зиков и Ден Дончев. Се знае Дончев зашто е таму, ама пак СВП една битна работа како што е Фондот или МЕПСО. Иритираше што Лешо е таму, иаку реков може човекот ќе изненадеше. Ама волку реметење не е никако во ред.
Да. Еве сега прочитав. Проклета емотивност. И мене жал ми падна. Дел од изјавата: "Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам". Ова го сметам за одговорност од негова страна.