Да и Зиков. Добивал клевети и закни во пораки и за неговата фамилија. Во ред е да реагира јавноста, ама не е во ред клевети, закани, омаловожување, вреѓање. Лешо го распнаа. Издржани ми се само оние кои се соодветно образовани и кадри од таа област. Ликови како Јоци и останати кои им е криво што не добија функција ми се лицемерни и мизерни. Јас поезија не сакам, ниту пак ги знам поетите, освен оние светски познатите, ама знам и дека Лешоски не е поет. Но има луѓе кои читаат поезија. Таквите имаат право да реагираат дали е комптетент или не. Во ред е критика, мило ми е што јавноста веќе не молчи, ама конструктивна критика, а не гнев оти не добиле функција.
Браво за потегот, одговорност е навистина, за разлика од објаснувањето и правдањето претходно. Јас реков како љубител на литература и поезија плус што студирам книжевност, дека е далеку од соодветен и созреан, но лични навреди не оправдувам за никого. Има доста луѓе по социјалните мрежи што критикуваа само бидејќи се за ВМРО, а немаат врска со поезија. Твитерџиите посебно што само партиски твитаат за ВМРО се дно од луѓе, таква вулгарност и злоба немам видено, којзнае до каде стигнале со навредите. Исто и таквите како Јоци... А дека не е за таму, најрелевантни се критиките прво од луѓе во книжевноста, па потоа и посветени читатели. Румена Бужаровска си кажа сѐ на место и објективно, се гордеам што ми предавала. Исто и Огнен.
А Васе Дискреција и остала багра што твитаат против ВМРО притоа користејќи најморбидни случаеви како Тамара и Смилковско езеро што се?? Сега се функционери во Влада, платени од наш џеб да твитаат во корист на Заев! Диктатура и манипулации?! Барем си ги покажаа вистинските лица
Јоци напишала најмалку 5 статуси во кои го плука Лешоски во последните 24 часа. Сега од кога се откажал па го плука затоа што се откажал. На жената секс и фали или плаче од љубомора нешто? Патетична е веќе
Вмровците не знаат да прифатат критика и го игнорираат народот, се прават ко Господ да се, а еве од новава влада пример на дело за Лешоски. Виде дека имаше бурни реакции и си замина... Фала за мислењето, ви го почитувам и се повлекувам. Има осет човекот. На вмровци министри и директори, народот им бараше оставки па никој не поднесе... Детска работа. Од вакви потези им се гледа паметот на вмровците. Треба народот да се слуша.
Чекајте, рано е да се слави дека владата го слуша гласот на народот. Впрочем Лешо не ни доби некоја не знам каква функција па мислам дека баш ради тоа и не им беше тешко да го повлечат. Иако во овој случај не мислам дека партијата и владата е таа која одлучила туку самиот Лешо зашто го знаеме ко плачко кој не поднесува критика. Не му ја поздравувам одлуката, затоа што да има доблест немало ни да прифати. За мене големи минуси доби владата со вработување како советници пола шарена револуција и твитер. Само покажуваат дека не се многу поразлични од претходниците. Ова се ситници, оставките на Зиков и Лешо. За мачкање очи. Имаат они уште многу што да докажуваат, рано е. Да не им ни судиме пред време ама да не ги ни величаме до небо.
Неможат од Зврлевски да се куртулат. Сега најново - Зврки ќе давал оставка.За да се прифати оставката ќе мора да се гласа. Дали ќе изгласаат новите со мнозинство-незнам. Знам дека ако не се изгласа оставката дека ,,предметот,, се враќа пак во Парламент...па повторно ќе гледаме реприза на истите случувања - парламентарни групи и надмудрувања до бескрај. И уште ова:Таравари ги разреши сите економски директори по клиниките. Плата од 1000 евра за што???... А ваму осбовни работи нема на клиника, мора инфузија сам да си купиш
И фали групен секс за да се смири. Да бе стварно ги нема веќе Лешко и Зиков на директорските позиции, на СВП и МЕПСО соодветно. Фемина е моќна институција. Мењаме директори бе, можеме и влада да смениме ако не чини. Ја имаме потребната сила и моќ. Убаво е тоа што оваа влада е зрела на индивидуално ниво и не се понаша детски. Грујо беше како во тинејџерски години. Мора да е во право и да биде по негово. Секоја критика ја доживуваше како личен атак и се реваншираше. Така не се води влада и држава напред. Од друга страна Заев колку критики и вреѓања истрпи додека да се искачи на пиедесталот, па еве го си брка работа и не се замара со малограѓански работи. СДСМ ја створи државата, СДСМ ќе ја оправи. Амин. Ќе го разрешат кај и да е, 100%. Ова се последни глупирања на вмровците пред раководството да им биде сменето и да дојдат нормални луѓе да ја водат партијата. Откако правдата е задоволена и ги сменивме од власт, не се замарам со тоа што прават опструкции. Знаат дека на крај ќе биде како ќе каже власта, пошто нели кој ја има власта ја има моќта.
[QUOTE="Mr.Aw СДСМ ја створи државата, СДСМ ќе ја оправи. Амин. .[/QUOTE] Господ да дојде во Македонијава наша нема да може да не оправи а камоли СДСМ, најлошта неспособна опозиција а несакам да говорам дека не е способна за позиција. Живи били па видели
Да си ми жива и здрава за ова последново, буквално. Биди жива и здрава бабичке. Ќе го дочекаме денот на просперитетна и европска Македонија. Ако не сега, нели секогаш има нареден живот.
Еден Лешо излезе поодговорен ако ништо друго од сите вмровски шлајмови. Да не ги спомнуваме сличките како праќање на трето лице лажно да се претстави дека вечерта тој бил во одредено возило.
Ништо чудно ова да е потег, абе "Миле ми текна" дај да го стаиме овој на СВП, откако ќе го исплука секој нека си дае оставка да изгледа како да слушаме критики
При Робер Поповски, министерот без ресор... планираната ПР и комуникации машинерија мислам. Не знам дали официјално веќе се вработени. Имаше некои огласи мислам за ПР,некој ги постираше... кога се чудевме за условите за вработување, оти немаа врска со услови за ПР. Ме мрзи да ги барам. Ама,ќе да за некој од нив да беше...англиска книжевност или нешто во тој стил бараа.
Се сеќавам на огласите оти висам на нив нели. Леле јас овој го мешав со оној за култура, гледам слика ишишан и избричан и си велам шо личен човек. Оно двајца биле.