Нека дојде, подобро со здравствени картички отколку со плави картони, нели и ти сама така рече? Или сега се предомисли?
1. Викаш било пропадната реформа на владата Груевски. 2. Немало кој да прави, избегала фирмата? :О 3. Па сепак добро било да има картички. Добра е или не е добра таа реформа? Подобри се ливчињана плави или не се? Изјасни се јер не знаеш кај тераш туку само браниш по партиска директива се што прави моменталнава Влада. П.С. Тендерот за здравствена картица е значително помал од кривите автопати што Вицето ќе треба да ги "центрира" П.П.С. Цел свет иде напред со ел. картички само ние се враќаме назад со смешни ливчиња @DAngel
Си ја бидна работата. Екстра работи владата. Чисти криминал и ја реформира Македонија... бар за сега. Ако забегаат, ќе приметиме и ќе констатираме. “Новатв: Синот на Никовски го советувал Груевски за 3.000 евра месечно“ Сега јасно ли е ви е зашто беше ГДОМ, глупирања на Бетмен (кој Бетмен не е ни Робин хаха), “Едноокиот“ Борис, Владо актерот и разно-разни шупелки. Ги боли стап нив за Македонија, повеќе ги боли дали ќе останат без приходи. Или уште подобро кажано, знаат дека ни 10% од тие пари што ги добивале не ги заслужувале и мораа да ги одработат на најразлични начини. Јасно е, ама ајде нема везе, си дојде работата на свое место.
@Mr.Awesome Ќе одговара ли Заев за делото "Поткуп" или ќе биде амнестиран од новиот Јавен Обвинител како што тоа го направија СЈО за "Пуч"? "Евро за Вицето" ќе има ли епилог?
ама 99% НЕ. Монтирани се тие случаи, нема ништо во нив. Да имаше нешто спорно, ќе го уапсеа Заев додека ги пукаше бомбите и уште не беше дошол на власт. А пошто се смешни “докази“ и монтировки не можат да излезат на суд, ќе испаднат смешни и ќе се види во суштина се' било само пропаганда.
@Tamatam електронските картички ИСТЕКОА. Фирма за картички нема веќе 3 години. Тие пред 3 години што ги изгубија картичките на пример, веќе 3 години се со плави картони. Нотмално дека сум за картички, ама овие не добиле систем кој функционира па да го уништат, добиле тотално нефункционален систем со картички за кои сите знаевме дека ќе истечат. Не сум партиски пратена пд причина што ни една влада не може да ме плати толку колку што можам сама да заработам. Плус, се гледа кој постира однаперед подготвени слики со 20 печатни грешки во нив.
Мене здраствената картичка ми се загина во 2014 год, од тогаш имам пријавено , и плус платено , и не сум добила картичка до денес .. До душа мене само здраствена книшка ми бараа и така да и не беше страшно..... Двете страни се криви , престанете да ја префрлате топката еден кон друг ... Да се надоврзам за погоре , Заев ке ги изгуби катастрофално изборите , ни тој нема да биде свесен што му се случило, заради што скоро ништо значително не направи за овие 100 дена , освен што ги смести шарените на директорски фотељи а ветуваше вистински професионалци пффф Груевски ке ги добие изборите заради неписмената администрација што ја вработи , и пензионерите што им ги покачуваше пензиите , а земаше кредити за да ги исплати и не заглави до гуша , и за првите 100 дена вработи и прано и непрано ! Тоа е вистината !
Епа сега и вие очекувате за сто дена Заев да ве води кон ветената земја. Традиција во куќата е првите сто дена да има рокади (т.е. партиско вработување, по можност и кучињата од дома), независно дали тоа се ВМРО или СДС на власт така било и така ќе остане. Второ, некогаш кога ве читам се прашувам дали знаете вие воопшто каде живееме? Ова не е Америка па да се случуваат чуда за три месеци, Македонија е вукоебина, банана-држава, не сме светска сила, приземјете се. Можевте 11 години да ги трпите ВМРО? Можевте. Груевски имаше единаесет години по ред шанса да направи нешто добро за нашиот стандард. 11 години тортура издржавте а сега одма рипате по Заев. Не го бранам Заев а искрено ако ме прашате и јас не очекувам нешто многу и од оваа власт но сепак, мора да се даде шанса.
Прочитав само страна или 2 наназад, доволно да сфатам дека уште не се зборува што арно направиле сдс овие 90 дена, туку само против ВМРО. Веројатно менталната склопка е тешко да се насочи кон катастрофата што се случи, а која се вика Влада предводена од малцинството македонци и мнозинството албанци. Заради таквата еднаквост во владата (а не и во државата) имаме една ваква изјава од портпаролот на новата влада: „Владата на Република Македонија не беше дел од Уметничкиот концепт на Суперкупот на УЕФА. Уметничката идеја беше направена од претходната влада и Фудбалската Федерација на Македонија како организатор. Новата Влада само технички ја подржа организацијата на Европскиот Суперкуп. Изразуваме жалење за тоа што ФФМ како организатор не посветила внимание на мултиетничкиот концепт на нашата држава“, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, пренесува порталот Журнал.мк.’“ Жали што шота не се играла у сред Скопје, Македонија. За жал, кадровските промени се тажни на Владава. На пример, веќе ви кажав за гинекологот кој е директор на Институт за туберкулоза. Ама за овој не ви кажав: „Според инсајдертски информации од Медицинскиот факултет новиот директор на Инситутот за белодробни заболувања кај децата во Козле, Ангелчо Андоновски бил избркан од студии на Мединцинскиот факултет во Скопје поради фалсификувана оценка по патофиза. За фалсификуваната оценка на Андоновски сведоци велат дека постои и записник на Медицинскиот факултет, а за случајот се расчуло откако постоеле огромни притисоци за уништување на документацијата со која се потврдува фалсификатот кој го направил Андоновски. Откако неговите студии во Скопје завршиле неславно тој решава да купи диплома од Бугарија и специјализира само 15 дена пред да ја добие директорската позиција на детската болница во Козле.“ Страшното е дека пред 15 дена специјализирал а ставен е самопоради тоа што пишуваше по весници за Тодорофф смрт. И фрлаше боја. Нов директор од сдс на Танец на местото на маестро Џорлев? Среднист со градежно завршено, тој пајдушко дали знае да го игра... Заменава - маестро со среднист со градежно средно ... ТАНЕЦ еј! За мигрантите у соодветната тема, само ќе нафрлам, во неколку општини се разгледуваше стратегијата (Прилеп, Радовиш) и советницитњ од сдс гласаа ЗА стратегијата ил пак излегувале надвор од седница. Ремеска со став дека не требало да се дебарита на седници на општини тоа, владата требало да одлучи (дебата, дебата, дебата) За електронските картички - изработени се, имаат електронски систем. Значи новиот директор треба да спроведе тендер (немој да рекол некој дека нема, кога над 10 фирми само у Македонија прават картички) и да се одржува системот ( има над 30 фирми ИТ кои можат тоа да го прават). Работата е дека не сакаат. Не можат. За стујата - либерализацијата на пазарот значи поскапување, ке има ефтина струија, ама поскапа од сега. Со пензиите видовте што направија денеска? Наместо покачувањето кое го ветија им дадоа по 85 денари плус! А пред тоа јадеа трици како било навреда што качувале вмро по 600 денари... За данокот ми е срам да зборувам. На факултет професорката викаше дека тој метод е основа на сива економија кај земјите во развој. Лешо си останува со една функција - работи у Влада - односи со јавност, заедно со Васиљ и Цацко. Ова е трач сега - не ем фаќајте здраво за готово, ама за градоначалник на град Скопје сдс ќе го кандидира потпретседателот на сдс, оти така сигурно ќе побрадат, за жал, оти ке има премногу гласови. И тоа е единственото место каде сдс ќе победи, оти со овие 90 дена покажаа дека се комплет неспособни за работа. Сега се у фаза - да победиме на локални сите ќе ве вработиме, за да им трчаат уште незадоволните оти само шарени вработуваа, ама ја прават истат финта ко за парламентарни - ветуваат на 2-3 ца исто место и после кавги. Борјан го гледам за васиљ јаде трици на велико, а први другари беа.
@Cka 80 % постот ти е лага, само спинувате. Ако ти кажам зошто и што ќе треба да си откријам многу работи за себе. Така да само ќе кажам, јасна и очигледна е паниката во Вмро.
На Суперкупот не им се даде прилика, ама знаете ли дека на Илинден, во Крушево, на сред Мечкин Камен, и тоа како се покажал мултиетничкиот концепт: Се везело шота , албански ора, со кечиња со све, во изведба на албански фолк. ансамбл! Ова попарување не го дадоа на ТВ, веројатно сметале дека би било too much happiness во еден ден, од едно место, од славно Крушево.
Ова фирерот ви го кажа или Илче Гебелс? Темава е за владата..за министрите,за достигнувања,за напори,за новите кабинети,за програмата ... За шпекулации не е
Зш личи на него. А многу повеќе заради тоа што Јозеф Гебелс бил Министер за Пропаганда за време на наци Германија 1933 - 1945 година. Е сеа нели Илче беше главен во центарот за комуникации и пропаганда на дпмне. Оттука Илче Гебелс.
Јуле, тебе скоро се ти е лага. Ако кажам од кај знам ... Демантирај, тука сум за дискусија. За вакви паушални изјави, беспредметно е да се разговара. Сепак, возрасни сме, и треба да говориме на темата со факти. Или па, да се правиме малоумни и да викаме, ти лажеш, јас знам не кажуам од каде. Многу детинесто. Пишав за тоа што е трач дека е трач, потпретседателот на сдсш ќе победи за град Скопје. Скоро 90% е сигурно. Дипломата на Андончо треба да се објави деновиве побарано е согласно со закон за слободен пристап. Танец е јавно. Мигрантите и гласањето во советите е јавно. За се друго има или ќе има докази.