А вие што почнувавте тема за Нешовски и тоа секој ден? Нешовски е мртов, а детево е во критична состојба и сеуште се бори за живот. Во двата случаи злосторниците беа полицајци. Ама тогаш ВМРО беше на власт зошто тогаш не ја оставивте таа тема кога убиецот беше осуден на затвор? За Нешовски случајот бил заташкан ма немој? Заташкување ли се секојдневните изјави во весници и на телевизија? Како вас некој да ве сфати сериозно кога имате двојни стандарди. Заташкувате што се пука врз малолетни деца. Страшно. А, ти чекај си ги тие 200 000 мигранти.
А да... Да пукам ли претседателе? Пукај бе Аце... Да станам началник претседателе? Стани бе Аце... И така овој што носеше оружје и пукаше стана НАЧАЛНИК а тие што ја кубеа Шеќеринска и го ѕвизнаа Заев обвинети. ПРАВНА ДРЖАВА ОТКАКО ДОЈДЕ СДСШ.
Ахам. Разликата е само што не го слушаме Заев и Спасовски да се договараат и нервираат оти не можат да го сокријат убиството и да ако може да го направат полицаецот да биде вмровец за екстра политички поени , исто и да вршат притисок врз сведоците и семејството , да пробаат да го направат детето демек наркоман бил итн итн... слушавме во бомбите за Мартин ... Како и да е , чим се накотиле вмровците во политика (дури и коко мартезе дошол) значи стварно го разрешиле Зврле, ја поздравувам одлуката која требаше да ја донесат уште пред 2 месеца , се надевам во брз рок ќе ги разрешат војниците на Мијалко низ судовите и ќе ги затворат вмровците или ќе ги пратат на одмор по други држави.... што и да е побрзо....уствари немаат пасоши... Во очекување мигрантите да ги победат на избори оние од Пустец
Оние од Пустец се Македонци како мене и имаат православна христијанска вера како мене! А мигрантите се радикализирани муслимани (вахабисти и муџахедини) спремани за терористички напади не само кај нас туку ширум Европа.
Доаѓам тука, читам некое реално мислење за работата на СДСМ, и тамам лајк да ставам, гледам тоа од овие што одработуваат за ВМРО и на форумов да ти било, и за истиве работи сеа СДСМ шо ги прави, си ќутеа ВМРО кога ги правеа, па и уште бараа... Бруки.
Овој човек ти е вистински професионалец ! Со школа , со курсеви во Америка и итн. Многу е глупо што појма си немате а многу сте силни ! Саше е број 1 во МВР заслужено !
Заслужено ли пукаше? Според една членка пукал во плафон, ја виде сликата така? А кажи ми ти кога го назначија за началник? Ако имал квалификации како ти што кажуваш одамна ќе бил назначен за началник, а не откако отвори оган кон луѓе кои немаа оружје. Како викаше Стојанче ако треба и со УЧК ќе се здружам само да го тргнам Груевски Многу е глупо што подржуваш пукање наместо да бараш затворска казна и санкции за полицаецот Ацо ти одобруваш тоа што го направил.
Не примаше наредби од Груевски , како овие лимариве што се во бегство ! Се гледа дека немаш појма од безбедност ! Да ти објаснам , во законодавниот дом влегоа терористи , замисли во законодавен дом ! Терористите посегнаа кон животите на некои пратеници , на еден од пратениците овој професионалец му е доделен од МВР како обезбедување , има службено оружје од МВР , и пукано е нагоре за да се растера толпата т.е терористите , во саамоодбрана ! Имаше директен пренос гледаше како ги тепаат некои пратеници , но ти немаш капацитет , до тука гледаш ! Овој човек е биден на обука во САД , каде што е и прв од МК , таму за да влезеш да се обучиш треба 5 фурни леб да изедеш па да застанеш рамо до рамо со тренерите Ти поим немаш кој е овој професионалец , ако имаш уште некое прашање , повели ! Безбедноста е мојата струка па ке те просветлам за некои работи , за кои ти немаш појма од безбедносен аспект ! И патем не бараш затворски казни за терористите , и за тројцата полицајци што си седеа мирно пред влез , и за целата полиција што не реагираше , туку за обезбедувањето на пратеник што беше тепан ??? Дај не се брукај молим те , да те види што пишуваш проф Димовски , проф Батковски , проф Николовски , никогаш нема да положиш ,ни со врски од штабот ! Не се брукај
Цело мислење си пишувала поима си немаш, поима си немаш од што поточно? Велиш бил професионалец епа изнеси каде се школувал и обучувал. Нели е забрането внесување оружје во Собрание? Терористи биле 100 000 луѓе? wtf Таљат што беше во 2001? Капацитетот ви е како на Стојанче ќе се здружиме со УЧК, па ти најде да збориш за терористи. Тој ден народот беше преброен ако сакаа можеа да ги убијат, па значи не сакале да посегнаа по ничиј животи. И пак да прашам каде на сликата гледаш дека полицаецот пукал во палфон? Да претпоставам според тебе оваа слика е „монтирана“, „полицаецот пукал во плафон вака само го држел пиштолот за да го заплаши народ“ и бла бла други ваши провидни лаги. Капацитетот ти е на нула исто како и речникот. Не видов ниту еден твој аргумент ниту доказ со кои поткрепи какви квалификации имал овој полицаец. Од целото твое пишување сфатив дека полицаецот бил јастелит Јадел 5 фурни леб Пошто многу сакаш да просветлуваш, а немаш капацитет да одговориш пак ќе те праша (иако знам дека нема да одговориш) 1. Кога полицаецот го назначија за началник? 2. Ако имал „квалификации“ зошто порано не е поставен за началник? 3. Дали се станува началник со пукање врз голораки луѓе? Народот тргна кон тие пратеници-платеници откако полицаецот извади пиштол. Не се брукај ќе ти стават минус во штабот не те обучиле доволно
Да ти одговорам на второто прашање - затоа што немал партиска книшка. Единствен доказ за квалификација во државава е партиска книшка.
Плата 500 евра не добивме. радиодифузна такса не ја укинаа струјата се поскапа и поскапа е скоро секој ден немаме вода скоро секој ден по неколку сати остануваме без струја секој ден убиства и собраќајки и никој ништо не прави,ете ги во собрание се карат како деца во градинка. ќе ни донесат мигранти што незнаме што може да ни направат ќе им дадат станови,школо,работа не ми е јасно како кога за нас младите нема работа а за нив ќе најдат,друго зашто бе на нас младите не ни дадат стан немам зборови. ако дојдат тие мигранти има мамето да ни го е... на нас жените. според анкетата во многу држави најголем број на силувани жени се баш од нив! они ако дојдат ние македоницте ќе бидеме како ромине што ги третират,пола ќе си заминат од тука. епа немам зборови поздрав
Да не си била таму, на лице место штом вакви поединости знаеш Еве, јас ќе ти одговорам: Spoiler: Сашо Тасесвки во три реченици Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година. Ај, ќе Ве оставиме рааТ да се љутите и да пишувате што ќе Ви текне, оти нели ,,тој што губи има право да се лути,,
Тие 500 евра се 30 000 денари и до нив се стигнува во текот на неколку години со годишно покачување од 10% при што секое наредно покачување има поголема/повисока основица. Кој рече дека преку ноќ ќе рипнат платите и просекот ќе биде 30 000 денари?
Ти што мислиш? така кажува и на телевизија и по весници. Ама зошто е поставен за началник откако се случи тоа на 27 април? значи се покажал како добар послушник на З.З ?! Учел курс за да обезбедува ВИП личност да не била Бијонсе Уште не си свесна каква штета имате направено знаеш што значат 200 000 мигранти? двојазничност? промена на банкноти и униформи? продавање на историја? епа ни остана само името и територијата,но не за долго. Јас не се лутам, јас сум горда на својот глас што го дадов на изборите, тие што гласаа за црпко нанесоа многу штета, а тие последици допрва доаѓаат.
Со последното зголемување на минималната плата, автоматски многу зголемувања ќе има низ администрација. Така да просекот лесно ќе отиде нагоре. Сдсм научиле доста од дпмне - шминка и фасада. Интересни сте со ваквите ставови - 11 год ништо не ви сметаше, а спремни сте неколку месеци одма во катастрофа да ги претворите. Стварно феномен! Или толку многу сте зависни од партијата што сопственото размислување сте го дале под ќирија.