1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Рано е уште, ќе покаже времето.
    Ама исплатите за земјделците, односно субвенциите и отштетите, за ланската година колку што слушнав сеуште доцнат.
     
  2. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper @DAngel @Gosh

    Ако вие имате заедничко со Монголците и Татарите се извинувам што сум ги навредила вашите корени и чувства. Јас за среќа немам :shake:

    Screenshots_2017-08-03-12-36-28.png
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    260.964
    Не следам баш што и како се случува, криво ми е што ќе го менуваат директорот на болницава, а на човекот му симнувам капа како успева да се справи со толку мрзи и да ги натера да работат.
    До сега само позитивно мислење имам за него.

    Новиот директор нема да биде од оваа институција, што е во една рака добро (шансите да биде наклонет кон некого се помали, за разлика до другиве кои 40 години заедно работат), но од друга страна додека ги научи ходниците, ќе му заврши мандатот :)

    Јас позитивно размислувам, па сега ќе видиме што ќе биде.
     
    На Someonespecial, theowndemon, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.103
    Па извини вака, баш и неам поим што крв иам, оти од една страна сум хрватка и валандовчанка, од друга скопјанка и косоварка, а па за моите предци уште помалку...

    Исто како што ти, ни скоро секој човек на земјава што нема ,, чиста,, крв.

    Ајт.
     
    На blackwave, Црна Ружа, GrimTheReaper и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Го поздравувам укинувањето на екстерно тестирање.
    Апсолутно сум за враќањето на родови студии.
    Го поздравувам укинувањето на Кембриџ програмата. Се надевам ќе биде што поскоро.

    Не сум задоволна со:

    Начинот на нивното доаѓање на власт. Без никаква законска, уставна и правна заднина.
    Талат Џафери. Начинот на неговиот избор и поставување таму каде што ич не му е место. Ветуваа владеење на правото, а направија се спротивно на истото. Приредија циркус, наместо избор по Устав и Деловник.
    Бруто нето министер. Има разлика меѓу професор и министер.
    Државјанства на мигрантите. Сериозни се?!
    Вработувања на твитерџии, шарени, во Собрание и други работни позиции, и поетот кој уште не знае каде му е јакната. :rofl: Сите, партиски војници.
    Укинување/намалување на средствата наменети за реновирање на студентски домови, реконструкција на училишта и изградба на истите. (Не сум сигурна дали се случи, ќе се случи или е само предлог).
    Разрешување на директори и на нивно место поставување нови, партиски членови. Очекував департизација.

    Промена на Законот за јазици. Се надевам дека никогаш нема да се случи.
    Законот за пушење е ок таков каков што е и се надевам дека нема да го менуваат.

    Договорот со Бугарија. Воопшто не ми се допаѓа фактот за заедничка историја. Член 8. Ниту ми се допаѓа идејата Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија. Член 11 од договорот, став 5.

    Од поважните реформи: :rofl:

    Не ми се допаѓа ниту како го оддржуваат автомобилот, во кој нели, Заев немаше да се вози. Не ми се допаѓа како го претставија истиот, а ниту начинот на кој "манекенот" прошета околу него. :rofl: Не ми се допаѓа ниту како ги исчистија гаражите. Можеа и подобро. :rofl:

    П.С. Има уште многу работи од нивната програма кои не ми се допаѓаат, ама ќе почекам да стигнат на "дневен ред". ]:)
     
    На Bitter-Sweet, Cka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Ги релатовизираш работите зашто по секоја цена ги браниш антимакедонските потези на Владата на Заев @Gosh

    Ајт.. :hai:
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Нема да политизирам многу све е кажано за новата влада како работи,уште немаа ни 100дена од нивната работа се задолжија над 32милиони евра,потпишувања договори кои се штетни за Македонија и да не се повторувам уште колку утки имаат направено,јас мислам тестот ке им бидат локалните избори,тука ке видиме народ кого повеке цени,и колку е задоволен народот.
     
    На Cka, Јаневски, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Ова на СДСМ и останатата банда душмани не им е од сега. Се остварува одамна зацртаниот заговор против Македонија и македонскиот народ.
    Се сеќавам што велеше Велија - западна Македонија треба да биде албанска, а источна Македонија бугарска. Некој тоа му го платил/кажал на него уште тогаш и го научил „убаво“.
    Ако го најдам клипот ќе го закачам тука.

    PS: Најдов нешто.


    Си ја ништите иднината на своите деца.
    Ако се живи тука, на оваа терирторија, ќе бидат потчинети слуги на други „супериорни“ народи и групи на луѓе и ќе живеат секој ден под закана на смрт. Заплашувања на соседства за да се иселат. По некој залетан куршум, по некоја граната, по некој молотов запалена куќа, по некоја животинска глава надената на колец во двор, колку за порака... Нема да можеш да си го пуштиш детето да оди во школо за да учи туѓо писмо, затоа што некој што не се согласува со твоето постоење ќе ти го избоди, ќе ти го земе за бело робје. Црква сама се ограбила и запалила. Велигденски масакри од празник на празник. И така натаму...
    Се заебавте и уште не ви текнува.

    Јас се надевам дека сум во грешка, многу сакам да сум во грешка, ама знам дека не сум.
    Ќе видиме што ќе се случува во наредните две - три децении.

    И ич не се секирајте за децата на ненаситните предавници - тие се наполнети неколку генерации надолу, нема ни да растат меѓу рајата. За неколку семејства да живеат светски - милиони ќе патат, човечка природа.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На Rama, Tamatam, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    @Tamatam
    Каде бе со таа примитивност? Јас како се идентификувам, моја работа. Чунки ти брачеда на Ацета наш си па. Ај вака, замисли една турли тава, у неа има турци, бугари, срби, албанци, власи, босанци и коа ќе ја испечеш што добиваш знаеш ли....Македонец. Сме прошле поред чист народ. Ние може да се идентификуваме како Македонци и да имаме своја држава, ама да негираме дека немаме туѓи примеси и уште да се занимаваме со националистички коментари, навистина катиљ народ сме. Луѓено уште малце на Марс ќе почнат да живеат, а ние уште ќе се расправаме за платформи, договори и глупости. Оди на детето твое утре, коа на маса ќе ви стои леб и паштета да му раскажуваш за татари и монголци.
    Па уште и ветерушкана фалеше у темава,ајхаааа
     
    На blackwave, makedonkamak, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper според тебе сите народи имаат историја освен Македонците. Ние сме крадела историја? ОФ бре се гледа дека не си одела на часови по историја. Македонија е библиска земја (33 пати е спомната во Библијата) случајност? Епа не е, ама тебе тоа не те интересира ти си имаше пишано дека си атеист.

    Да, ние вистинските Македонци сме подомци на Александар Македонски и на сите војводи, а ти можеш да се идентификуваш со делото на Коте од Руља и на Јуда.
    Примитивност е да ја напаѓаш својата земја и народ, а да величиш држави што немаат или крадат историја. З.3. сега ќе прими 200 000 мигранти и ќе им даде македонски државјанства, сега ќе ти воведе двојазичност, промена на име и поделба на државата и тогаш што мислиш дека ќе јадеш и пиеш? Секој ден кавијар и шампањ? Гркот, Србинот или Албанецот ќе ти ги плаќа сметките затоа што си ја продала државата? Па кој сака предавници? Ти мислиш ако се смени името, јазикот и химната ќе земаш 30 000 плата, ќе ти укинат РТД? Страшно.
    И досадни се приказните со тоа најважно е да се јаде и пие. Епа животот не е само јадење и пиење, ама не може секој тоа да го сфати. Патем сега видов дека си пишувала како јадеш во кинески ресторани, Deja vu, XXL и на др. места па нели немате финансии? Нели само леб и паштети јадете? Вистинските Македонци имаат свети работи (име, јазик, химна, држава и црква), а од тоа нема да се откажеме.

    А, да и @veteruska ќе пишува во оваа и во сите теми во кои она сака, сигурно @GrimTheReaper нема тебе да те праша.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На veteruska, Rama, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Познавам една фамилија со слични размислувања како твоите, вмровци (дпмнеовци, се разбира) и антички Македонци до коска. Пола од таа фамилија имаат коси очи, БТВ.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На blackwave, theowndemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    И фактот што ќе нема веќе носење даночни пријави во УЈП ми се допаѓа, а за Законот за јазици чекам. Се надевам ќе биде нешто поблаго.
     
  13. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper
    Може има и афричка крв во мене. Тоа не е тема на дискусија и не ја води во друг правец. Ти ако сакаш биди и Клингонка - тоа е твој проблем.
    Поентата е што Татари/Монголци ми ја крадат историјата и ме убедуваат тоа што не сум а лицето Зоран Заев си го прифаќа тоа глатко само затоа што така ветил на газдите негови за да го донесат на Власт. И ти тоа апологетски го браниш јер си историски неписмена и тотално неука. За национална свест да не зборам, се гледа дека си во тежок минус. Но сепак тоа е твој проблем, а не мој.

    Да не бидам офф топик, Договорот со Бугарија на Владата на Заев оди во прилог на ослабување на Македонизмот и напуштање на Македонските национални интереси.
     
    На Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  14. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Да не испадне горчливо...
     
    На Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Договорот е 90% економија, и плус нешто ситно за малцинствата и заеднички празници. Историјата нема никој да ни ја украде. Нас презимиња ни менувале де на ов де на ич, па ниту сме Срби, ниту сме Бугари. Смирете тензии, нека ни помогне Бугарија, нека ни лобира за ЕУ, нека ни даде искуства за ЕУ проекти, нека донесат што повеќе туристи, и ние да видиме светло во тунелот. Вие запнавте македонизмот, па историјата, а ова она. Абе нели сте свесни дека еден пожар не можеме да изгасиме бре, Борисов хеликоптер ни пушти,,ееееејјј, а низ ќе се чукаме во гради. Немаме со што да се чукаме во гради. Сегде не сметаат за ѓубре држава, и мора сликата да ја менуваме. Да водиме цивилизирана политика, а не да бидеме варвари и националисти. Додека докажуваме каква историја имаме, па колку сме ние центар на свет, ние пропаднавме како држава. Попис немаме, народ немаме, пари немаме, асфалт и канализација немаме, здравство нула, а ние ќе се замараме ни краделе историја. Сите ни крадат и нема да ги спречиме. Кога одите во Грција не ви е срам и немате грижа на совест зошто им давате пари на народ кој изврши егодус и геноцид на Македонците. Тие историјата не ни ја крадат, Грците, Србите, Албанците, па сега за Бугарите се фативте? Ниту еден од соседите не се светци, ама мора да гледаме за нашиот двор и да грабаме напред, оти сме во кал до гуша.

    И да биде, Заев нема да е крив. Ние сме криви. Сто пати пишав и пак ќе пишам, со продавање имоти на косовари се доведовме да ни ја запоседнат државата. А ти што мислеше дека едно малцинство од 25, а можеби 28-30% нема ништо да бара? Сите вие што продадовте имоти во мешаните градови, не бевте свесни дека апетитите на Албанците ќе растат?И уште ќе растат во иднина, се додека нашите се селат, не се множат, продаваат. Се така додека комплетно не ги заземат сите функции и институции, град по град, село по село, општина по општина. Ееее тогаш ние форите на ВМРО ќе ги раскажуваме како сме јаки и дека Америка и СОРОС се криви. Ние ставаме ситни души. Децата ќе си ги продадеме и после друг е крив.

    Како и да е законот, тоа ќе биде голема победа за нив и голем пораз за нас. Минус за нас, плус за нив. Чекор по чекор, година по година, се додека еден ден не ни стават рампа на Групчин. Туку чекај има уште некоја куќучка и станче да се продаде скоро за џабе, после Заев нека ја мисли, или Грујо, или некој трет.
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
    На supergirlmb, referentka, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со напишаното во постов и воглавно си во право...и за канализации и за пожари и за попис и за другите работи. НО, ќе покаже времето дека Бугарите не се искрени кон нас Македонците. Да беа, ќе дозволеа да се регистрира ОМО Илинден Пирин и немаше да постои членот за откажувањр од нашите во Бугарија..
    Поздрав :* @Tanjamm
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Јасно ми е дека не се искрени. Никој не е искрен. И за Србите ме разочараа со тоа што не дозволија прослава во Прохор Пчински, и во Вршац денеска читав ги излажале Македонците дека Илинден не може на плоштад да се слави од општината, па ги пикнале во сала за 60 луѓе, а имале 50 учесници. Но, коренот на ова зло е во нашето немање национална свест. Сите знаат дека сме мал, поделен, сиромашен народ. Тоа мора да се смени ако сакаме подобри денови.
     
    На Tamatam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Затоа е можеби потребен генерален РЕСЕТ и никој кој до сега се бавел и моментално се бави на било кој начин со политика да добие доживотна забрана да го прави тоа. Да дојдат нови млади и неискомпромитирани кадри кои ќе застанат на браникот на татковината и ќе тргнеме напред. Се друго е импровизација и тонење во уште поголем амбис..
    @Tanjamm
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Длабоко сме потонати за таков спас како што ти збориш. Кој млад ќе оправа ваква држава?Каков легитимитет и авторитет би имал?Прво кој би го гласал ако не е докажан?А и колку млади во капацитет ама вистински капацитет ни останаа? Доцна е, мислам дека е многу доцна, но тоа не значи дека секој ден не треба ние самите да правиме по нешто добро за државата и за нашиот народ. Ние обичните луѓе сме народ и држава. Нас никој нема да не избрише ако ние не се избришеме. Тука сме постоиме, но сме со свиткана кичма, затоа што плаќаме српски пејачки да пејат секаде, а српската држава почна се почесто да не опструира, одиме на одмор во Грција, а ни велат Цигани сте, одиме во Албанија, а карти со Македонија во Голема Албанија има скоро секој Албанец, и земаме бугарски пасоши ама мразиме Бугари. Плус продаваме се што е македонско.,Тоа е профилот на денешниот Македонец, не знае кај е роден Гоце Делчев, не знае кој е Вапцаров за кој Бугарите велат Бугарин демек бил, ама Македонец знае кој е последен хит на Аца Лукас.
     
    На Tamatam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ајде да се множиме 'ко зајци за да ја спасиме државата :makeup:
    И децата ќе ги пуштиме трева да пасат, исто 'ко зајци :makeup:
    Како зајак си се родил - како зајак ќе живееш ]:)

    Дајте стварно нема смисла, дрште се до темата. Таа не е колку луѓе си продале имотите и се иселиле, ќе ја заклучат и оваа тема и пак ќе нема кај да се жалите.
     
    На blackwave, cresa-jagoda, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.