Зоран Заев рече! Патем за стремење дека платата ќе стигне 500 Еур може да каже секој. Ние може да се стремиме и да сакаме и 2000 Еур и 3000 еур да биде но реално колку е тоа достижно. За 10 год Заев може да не биде на власт. Овие 500 еур просечна плата што ги трубеше ЗЗ на секој настап кога ќе ви ги извадат сега у кампања вмровцине
Душо, платите и пензиите растеа во континуитет минативе 11 год. А сега после само 60 дена Власт пензиите место планираните 5% ќе пораснат само 1% е тоа е разликата и луѓето го гледаат тоа! Патем, зашто не се бунеше 11 год додека растеа платите а сега кога се смрзнува секое покачување молчиш?! @kukla21
Па така функционира државава - не кој што ќе направи за неа, туку што некој не направил. затоа не ме бива. За плата од 500еур треба са ипотиш газот, а не само да чекаш да ти дадат.
Кридитите што се земаа за да се исплатат поголеми пензии дојде време да се враќаат. Така да....сега мора да се стрпат пензионерите. Ете...11 години им покачуваа. Има и други категории луѓе на кои треба да им се помогне.
Кажи ми што направи Заев за мое и твое добро на економски план одкако е дојден на власт освен што ги вработи сите шарени и партиски војници на високу функции?? Има некоја нова отворена фабрика? Има некој нов инвеститор? Ќе вовеле скалест данок- па тоа ќе стимулира само неплаќање и избегнување на даноците. А да, со Самка министер за странски инвестиции и Цаки од шарена револуција за директор на економските зони не само што не очекувам нов странски инвеститор туку и заминување на постоечките. Ете ти живот! @kukla21
Искрено никој нема да ни даде 500 евра плата ниеден газда ние што си го потиме гзот едвај 200 евра плата ни дава и гледа на секој начин да ти скрати,а тие што цел ден седат и уживат е тие ќе добијат 500 евра плата. Така било и така ќе биде и никој нема да го смени тоа. Работната сила ни е слабо платена иако по цел ден се убиваме од работа.
Го смени Зврлевски Ете едно општо добро. Сега ќе ги испозатворат сите криминогени структури и тоа ќе биде наредно добро
Пензиите растеа ненормално, а фондот празен. Ти сакаш пензија да земаш или на краток рок гласачи да имаш?! дпмне тоа правеа - купуваа гласачи. Фала богу за мојата плата не зависам од партија, ко некој, па устата да ми е врзана или мозокот заклучен. "На волкот му е дебел вратот затоа што сам си ја брка работата."
За партиски вработувања пишав наназад - пред да плукаш по некој во некоја дискусија убаво е да се запознеш со неговите ставови, читни малку наназад. Странците не си одат така лесно - без гајле.
Драго ми е што не сум единствена што ја гледа шминката и фасадата а ла ВМРО во соломонските решенија на новата влада.
Заев за моето добро на економски план не направи ништо. Исто како што ништо не направи ни Груевски. Среќа што не ги ни чекав да направат, кај ќе ми беше крајот
Знаете дека од денот на распишување избори не смеат да се именуваат ниту разрешуваат претставници на државни и јавни институции?! Знаете дека ова што го направија е прекршување на правна и законска регулатива?! Не ви паѓа на памет, дека кај Марко е предметот за "Поткуп" ?! Не споредувајте веќе со ВМРО. Тие правеа што правеа, ете се во опозиција. Него што правиме со овие кои продолжуваат со истото, во краен случај полошо, а вие, секоја чест на исклучоци, тоа не го гледате или не сакате да го видите?! Во други држави, криминалците одговараат пред Закон. Во Македонија, криминалците водат држава. Е затоа не не бива.
Несмее и интерпелации да има, ПА ИМА Или колку да се најдат во работа Еве повели , читај: Spoiler: Лен 8 Член 8-а (1) Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може: (4) да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. КАДЕ е наведено дека се забранува именување или разрешување на државни функционери откако ќе се распишат изборите? Оваа одредба прецизира дека се забранува да се вработуваат или да се отпуштаат луѓе во државната и јавната администрација. и...да, ни паѓа на памет за ,,Поткуп,,, и мерак ќе ми направат да се открие СЕ, до крај. Ама ни паѓаат на памет и она што го крие Марко по фиоки а што ќе излезе на виделина. И во нашата држава криминалците ќе одговараат пред Закон...и ќе ,,лежат,, ако треба
Според став 4, постапката треба да оди во мирување. Започнати постапки се ставаат во мирување. Дали со другите предмети што се кај Марко во фиока, ќе се појави и "Поткуп".?!
ОК...сфаќајте си како сакате, вистината е друга и еве...како што гледаш Зврле не е повеќе обвинител А тоа што следува, со полно задоволство ќе го следиме
Мене за зврле не ми е жал. Ептен не го биваше. Заштита на законитост за Сеад бараше?! Апла партиска директива. Она што ме плаши е кој ќе го наследи!
Факултет за безбедност , Магистер по безбедност Курсеви , обучувања итн Во МВро се вработуваа лимари а не професионалци ! Тоа оружје му е службено , Алоооо , од МВР , и има право да го носи ! Не си ти крива , толкави ти се капацитетите , до таму гледаш ! Седи кец ! , Односно Нула и никад нема да положиш , врати се во трето одделение ! Многу ми е жал , ај што не знаеш ништо , се изгуби веке , и никој не ти го подржува безмисленото мислење И не сум член на ниедна партија , читај добро , и не се брукај више ,
Патем дали некој е информиран за новиот оглаа за млад земјоделец ? Кои се условите , и која е границата за години ? За зет ми прашувам , не ни се јасни ниту условите ниту аплицирањето ?
За пензиите ако не се лажам беше со официјално соопштение. Не верувам дека тоа е спин. Сепак се спомуваа закони кои укажуваат на законска рамка колку треба да се зголемат пензиите.