Чекај сега. Не манипулирам. Него или јас се збунив. Или вие ме збунивте. Не зборувам за покачување од 600 ден, па 1200 итн за секој месец. Ами за само 600 ден месечно. Дали го објаснуваш истото?! Дали баба ти зима 9600 секој месец?!
Ќе има зголемување на пензиите. Ресорната министерка за труд и социјала најави дека согласно законските прописи ќе има зголемување кое му следува на секој корисник на пензија. „Секој пензионер согласно законот за пензии во членот за усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и растот на плати ќе добие 180 денари за секој месец од јануари до декември бидејќи со јуни има зголемување од 1 отсто и од јули уште 1 процент до крајот на годината. Со тоа зголемувањето ќе биде од 2.160 денари кои ќе ги добие секој пензионер за тековната 2017 година. Со тоа ќе се покаже дека целосно се почитува законот“ - велат од министерството за труд и социјала. Значи се работи за бројка на годишно ниво. Не на месечно 2000. Како што кажав во првиот пост.
Јас еве не сум активна на темава и не сум нешто загреана за политика и политички партии. Ама еве да ти одговорам. И мене не ми беше ова јасно прво, 600 ден. се на месечно ниво, односно еве од 9000 на 9600. 12 месеци * 600 ден. = 7200 ден. на годишно ниво. А моментално е 2180 ден. на годишно ниво, односно по 180 ден. месечно плус од пензијата. (180 ден. * 12 месеци = 2180 ден. на годишно ниво) Што значи 9780 ден. во случајот со твојата баба - на месечно ниво. Односно станува збор за помало зголемување на пензиите спрема зголемувањето од претходните години. Разликата е околу 400 денари на месечно ниво. Сега не ме фаќајте за збор во однос на бројките, тука е некаде отприлика. И не е лага, знам, бидејќи имам двајца пензионери дома. Плус што последниве два месеци им скратија 200 ден. од пензијата тоа друга работа.
Некој манипулира. Прашањето е кој. Знаеш на кого помалку му верувам. Што не значи и дека не може да згрешам.
Ако имал капацитет ќе бил назначен за началник пред да се случи 27 април. Се гледа дека е послушник кој пукаше во голораки луѓе, а луѓето тргнаа кон него откако тој пукаше во народот. Ако не слушал наредби зошто му рекол на З.З шефе да пукам ли? З.З му рекол пукај, и тоа ли е монтирано? Самиот З.З го кажа ова на телма, а ти велиш полицаецов не примал наредби Тие со фантомките се македонски браќа и патриоти. Јас реков дека сум магистер и ти напишав дека имав понуда да студирам во странство, а не ти напишав дали сум прифатила или не. Мене речиси сите испити ми беа положени со 10ка, па така да не знам зошто некој професор би си ја скинал докторската? Јас никогаш не споменувам образование, а ова ти беше наведено бидејќи неколку пати упорно ми велеше дека немало никогаш да положам? Епа што да положам?
Еве најдов од лани, од 2016 ноември. Што точно значи усогласувањето во ноември. Значи требало секој месец по 600 да им исплаќаат, ама тие донеле во 2015 закон да биде усогласувањето во ноември, па така да можат само 2 месеци да исплаќаат. Еве, видовме кој манипулирал Плус светската банка многу пати посочи дека таквиот систем е фискално неиздржлив. Не може однапред да знае владата колку ќе ја покачи пензијата. Таа треба да се усогласи според растот на економијата. Џабе ќе ја покачуваат пензијата постојано, а кога дојдеме ја и ти на ред нема да од каде да земеме пензии, затоа што твојот дедо и мојата баба го зеле и нашиот дел.
Можеби имало манипулации, ама јас ти гарантирам дека исплатени се тие пари. И не се работи само за 2 месеци. Сега со игра на зборови може да се менува многу. Прашајте пензионер ќе ви објасни, не сакам да ве убедувам овде.
Сепак, да ги зголемеле во јануари, како што е редот, ќе зеле повеќе, а тие го преместуваат зголемувањето пред избори, за да добијат поени. Линеарно зголемување не е економски одржливо. Не можеш да очекуваш дека секоја година пензиите ќе растат за исти износ.
Па не, тоа не го негирам. Секако и дека не се сложувам со тоа пензиите да растат без да биде економски издржано. Се разбира дека има и друга категорија на граѓани. Но, само сакав да посочам колкаво беше зголемувањето и да разјаснам одредени работи. Дека не е само 600 ден. на годишно ниво, ниту пак 1200 ден, туку 7200 ден. Тоа на пензионерите им значи. Е сега мое мислење е дека сдсм ќе изгубат голем дел од гласовите на пензионерите. Јас дефинитивно ќе ја поддржувам само онаа партија која ќе се бори за интересите на граѓаните и државата, а засега нема таква.
Ако е 7200 ден на годишно ниво, на крајот од годината баба ми место 9000 требаше да земе 16 000. Значи не сум неписмена. Она вкупно за 10 години пензијата од 8000 сега и е 9600 ден. Какви 7200.
Не знам новава влада што направи, ама затоа денес николче отвори по 10ти пат исто игралиште (или не знам што) во Маврово. Водата спие, грујо не спие. После ова дефинитивно ми се потврдија сомнежите дека ова суштество не е за во затвор, туку за во лудница.
Јуле 7200 кога ќе го поделиш на 12 месеци излегува тоа покачување од 600 денари месечно, или 7200 годишно. Значи овие се плус од претходната годишна пензија која да речеме ако била 9,000 денари месечно, годишно била 108.000 денари. А сега со покачувањето е 115.200 денари годишно. Јас барем така разбрав. Е сега пензиите нема да се намалат. Ќе си земаат колку што си земале до сега со плус покачување кое ќе биде помало на месечно, а со тоа и на годишно ниво.
Ама немаа покачување секој месец. Еднаш годишно беше тоа. Лани конкретно само тие 600 денари. Јас зборувам поединечно. Значи за една година на крај, покачувањето беше 600 денари, а не 7200 ден.
Ама секој месец ги зема тие плус 600 денари и затоа на годишно ниво се рачуна таа сума. Не и пуштиле само еден месец 600, па другите месеци пак и ги скратиле. Таман работа да беше секој месец плус 7200, ехеее Ама таа цифра се кажува за да изгледа како кој знае колкаво покачување дале. Не дека е малку, секој денар е добредојден, ама не се само пензионерите со државава.
Чекајте значи на крајот од годината она има 600 ден повисока пензија. Според новото на крајот ќе биде 2000 ден.
Со овие пресметки кои ги правите,да посака човек пензионер да биде. Годишно им беа покачени пензиите за 600 ден,баш зборував со баба ми пред некое време.Коментарот и беше на место. ,,Не постојат пари што ќе го купат мојот глас за да се искупат за злото кое го направија сите години наназад". И Не заборавајте,овие покачувања се од кредити кои нашите деца треба да ги враќаат.
Јас зборев со пензионер вчера што се радуваше што пензиите веќе не се линеарни. Вика кога го слушаш Груевски како однапред најавува колку ќе ја зголеми пензијата прави да се чувствуваш како од негов џеб милосрдие да ти дава. Вака барем ќе биде усогласено со економскиот напредок, како што било и како што треба да биде.