Да Ви кажам отворено и мене ми се мизерни веќе. Мислиш по еден стан им купија.. Од друга страна многу им се дозволи..те бањи,те бесплатен превоз,те покачувања.. Како другите категории да немаат потреби. Самохраните родители и децата со посебни потреби каде се?!
Точно. Па и кога на сред турска серија 10 минути ќе им пласираш платена политичка програма... Што очекуваш.. И сега нема да е поразлично.
Никогаш не се противам против пензионерите и нивните 'бенефити'кои ги добија од покојната ни власт, знаејќи го менталитет на нашиот народ и помагањето од страна на пензионерот(се уште на жал)на децата кои веќе оформиле свои фамилии но пак не им достигаат финансиите. Покојната влада ја утна премногу работата градејќи се и сешто, имаше и добри проекти, но градење црквички на секое ќоше во населбите, кревајќи крстови, фонтанички и ред др.работи...А тотално ги изуми од план ранливите категории, не изгради ниту еден саглам геријатриски центар, центар за лица со посебни потреби кои после смртта на своите родители остануваат на милост и немилост...уфф... Само не гледам дека и оваа влада има во план нешто да стори и во тие проблематики.
Имаше еден проект на старата влада за децата со последици од загадувањето. Градот за кој пишувам имаше страшно загадување со тешки последици. Дел од младите се мачеа со стерилитет дел со анемии а најмногу со респираторни трајни оштетувања. Сега загадувачот го нема ама децата кои растеа во тој период уште имаат проблеми. Затоа бившата влада ги праќаше 10 дена на планина на чист воздух. Не е многу ама како за родители кои во најголема мера се невработеби од приватизацијата, ова беше олеснување. Најголемиот број деца се со церебрална парализа. Е оваа влада пред некој месец со ребалансот им го укина одморот со образложение дека веќе не е загадено. Среќа градоначалникот излезе у пресрет и им даде дел од парите и некои приватни фирми па сепак ќе одат. За жал во другите градови од каде имаше деца не нашле пари. На времето кај нас беше загадено како Тетово неделава. Ама со децении.
Даваше, даваше ама кој ги зема...оној старски дом каде што ги тепаа и каде што мелните пелени за една употреба наместо да ги фрлат, тие ги сушеа на жичаната ограда надвор!??
Да не правиме збунки пак ќе се испомешаме во темата. Еднократно, за 200 денари ќе се покачи пензијата и до следното порамнување ќе биде толкава. Следното порамнување би требало на почеток на следната година да биде.
Регрес ќе добијат пензионерите ама не наеднаш туку на рати низ цела година. Вака сега појасно ли е? @Cka Како не размислуваш прво па после да пишеш? Деца болни од загадени околини со тешки болести ти за десет дена чист воздух пишуваш? Медаља на оној што ги праќа а линч за оној кој укинал. Свашта.
Бригито не те разбрав. Ти се согласуваш дека не треба да се праќаат на планина? Во ред е укинувањето според тебе? Ова е актуелно пред десетина дена.
Беднo е штo нa цел муaбет ти зa 10 денa нa плaнинa сaкaш реaкции дa изнудиш. Кo сегa јaс дa дoјдaм дa те претепaм, те oстaвaм трaен инвaлид, пa ти и другите нaместo дa ме пoсoчите сo прст и дa бaрaте oдгoвoрнoст oд мене, вие дa ме фaлите кaкo дoбрoдушнa oти секoјa гoдинa нa бaњa те прaќaм и тoa дa биде глaвнa рaспрaвa. Вo прикaзнaвa ниту бaњaтa е битнa, ниту тoј штo би јa укинaл. Сегa рaзбирaш?
Загадувачот е отстранет. Ама со првиот потег на Владичево се гледа нивниот однос кон нив. За споредба, склучиле договор од 120 000 евра за новите вработени у ВЛАДА за само 4 месеци. Со истиот ребаланс. Имаат 20 нови вработени. Пресметај им само колку плата зимаат за овие 4 месеци. Ама океј, нека не им дадат одмор на децата, ситница е тоа. За нив ситница, за децата цело лето тажно, а многу малку ги прави среќни. Само замисли ти да го лажеш твоето дете цела година ќе одиш на одмор со другарчињата и оп 10 дена пред одење, не одиме. Ама ај ситница е тоа за едно дете. Или па цел свет во тој момент. Ама шо знае дете што е еден тон.
Зaгaдувaчoт е oтстрaнет, кoгa? Пред 2 или 3 гoдини, a стoеше тaму кoлку време? Пa сегa тaжни прикaзни зa децa нa кoи 10 денa нa плaнинa им е скрaтенo. Алo!
,, Само замисли ти да го лажеш твоето дете цела година дека ќе се излекува и дека ќе му одобрат од Фонд, и дека ќе трча и игра со другарчињата и оп ,10 дена потоа ти умира. Ама шо знае дете што е еден тон .,, Али најбитно 10 дена на воздух, а кога требаше пари за лечење, кој ги вртеше кутрите дечиња...