Што е крива СДСМ и нашата дипломатија што Србите мислат дека се центар на универзум. Тој исти Дачиќ ако не врати да бидеме Фиром нека не заборави дека славеше на Зебарњак и на Свети Сава доаѓаше во МОБ. Сериозна држава не се однесува како Србија. Нашиот Димитров е поим за Дачиќ кој може да биде лош кафански пејач. Откако е потпишан договорот со Бугарија, Грција се загрижи дека позициите им се загрозени и може сега Србите тераат грчка агенда. Не е во ред, ќе се закрви народот за без врска. Ние цел живот сме слаби, а Србите од сила станаа смешна држава. Нивните жени во Косово за пари играат на шипка, а нам ни се лутат затоа што сме го признале.
Србите се шпиони на Русија ! Русите се увреџани од Говорот на Шекеринска , дека мора да влезиме во Нато и со тоа ке заврши Руското влијание . И Русија сега прави проблем преку Србија Поодвратно нешто од пејачот Дачић нема ! Кај го стаиле баш него , човек без харизма
Па имаше кампања и мучки со сите соседи , останаа уште Србите .... Мене повеќе ме интересира кои се тие 37 фирми кои биле "ослободени" од даноци што ги откриле УЈП ... https://kajgana.com/ujp-otkri-37-firmi-bile-amnestirani-od-plakjanje-danok
Затворена е Актуелни политички настани, па овде ќе ја коментирам Јоци. Му се нафрли на Жерновски. Сликала 3 автомобила, би рекла просечни, а ги спинува како да се луксузни автомобили. Вработен во државно може да си купи ваков автомобил без проблем. Ќе си земе кредит, а и жена му ако е вработена ќе нема маки. Ама ова не е нормална, дури и Курирци се поиновативни од нејзе. Дефинитивно обработува за некој. Или е толку гневна што и дадоа шут карта, нејзе и на Софче, што буквално скрена со паметот. Денеска УЈП објави дека на 37 фирми им било овозможено да не плаќат данок. Ќе прокоментирате за ова нешто или да видеме до каде сме со бегалските кампови.
Леле таа Јоци е отров. Никогаш не ми била пријателка, но знам на едно млад дете кога му се закачи на фб па да го навредува, инаку момчето ми беше пријател. Абе што се не му изнапиша. Кога видов како навредува ја блокирав за да не дај боже еден ден ми прати покана за пријателство, а и не ни сакав да ги читам тие глупости. Тужби треба за неа.
Наредно очекувам клетнициве да ги ослободат убијците од Смиљковско, доколку ги немаат веќе ослободено, а потоа да ги прогласат за херои. ---- Извор: http://vecer.mk/makedonija/velija-ramkovski-deneska-izleze-od-zatvorot-idrizovo ---- ПО РЕЧИСИ СЕДУМ ГОДИНИ Велија Рамковски денеска излезе од затворот „Идризово“ 21 август 2017 - 12:26 По речиси седум години поминати во затворот „Идризово", поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода. Тој беше осуден на 13 години затвор, но како што неофицијално дознава Фокус, добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен. Ова значи дека по неколку месеци, Рамковски повторо ќе се врати зад решетки. Но доколку до тогаш поминат 8,6 години, од моментот кога беше притворен, тогаш може да добие и целосно ослободување, бидејќи ќе одлежи две третини од казната, по што може да бара условен отпуст. ----
Повлекуваш цела амбасада без да кажеш јасно и гласно зошто оти немаш вистинска причина за тоа. Ама правиш драматика, што и ти беше целта. Ако причината е Косово, таа чорба Србија сама си ја свари и лудост е да и се лути на Македонија како безначаен светски играч кој се обидува да плива со големиот бран наместо да се дави во него. А штом и Русија се пенави во театаров, сигурно постои опасност Македонија за брзо време да стане членка на НАТО и ЕУ. Оти учејќи од историјата, на Русија и е грижа за Македонија и Србија колку за ланскиот снег во Новосибирск. А да кажеш дека Македонија правела разузнавачкo дејствување против Србија треба да си идиот, оти ова е држава која цел разузнавачки потенцијал 10 години го ангажирала во прислушкување 20.000 свои граѓани. Политикантите со евтин театар ќе глумат лудило и натака. Но лудилото во естаблишментот редовно се префрла на терен меѓу луѓето и креира амбиент на нетолеранција меѓу двата, во случајот блиски и братски народи, нешто што само на лудаци и криминалци може да им оди во прилог.
Црна кампања ни прават. Треба да им се одолжиме со една петиција, да не се канат веќе српски пејачи од типот на Аце Лукас, Цеца, посебно не на настан како што е Ден на рудари во Македонска Каменица. Си ги имаме Владо Јаневски, Каролина, може и Анета Молика, Сузана Спасовска. Народни пари од даноци се даваат за таа земја која од ништо направи кампања против Македонија. Не им се допаѓа што Македонија конечно има мала шанса да пркне. Има зрак светлина во тунелот, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Македонија најмалку е виновна за Косово. Како не им е срам бе, колку собраа Македонците помош за нив кога беа поплавени, а тие со што ни враќаат? Разочарана сум многу од нив. Туку како се прави петиција на Change, org, ај ќе видам ако има за ова, да направиме. Сега одам на сајт на Македонска Каменица и на официјален мејл да им пишам дека е неусмесно да се канат српски пејачи во услови кога односите се вакви какви што се. Аххх, да не им е Македонија нема кој таа селска музика да ја слуша.
Да ти кажам искрено нека почнат да нè нарекуваат ФИРОМ. Преку глава ми се дојдени. Не значи дека ако тие нè признале дека треба сега ние да им се поклонуваме или пак да им се понижуваме до немај каде. Мали Слобо заборава дека и ние играме онака како што ќе свири вујко Сем а и самата Србија да беше толку моќна досега ќе го завземеше Косово без око да ѝ трепне. Таа не може да го направи тоа дури и сега кога Русија е далеку помоќна и повлијателна. Ова негово повеќе ми е собирање политички поени на основа на национализам и квази-патриотизам.
Па и нека не викаат ФИРОМ, сеедно веќе. Ама па ова е малтретирање, психичко од нив. Се прават силни, а се гола вода. Добро ако влезе Македонија во НАТО како ФИРОМ ќе ги видам што потоа. Ќе останат затупени цел живот и ќе им се смее секој на национализмот. Се е нивно, сите сме нивни, сите не ослободиле, ама за Косово ги боли. Епа и нас не боли за МПЦ, па не плачеме како нив.
ПрАшање за и вмровци и кумуњари :- Што правиме со овие дечиња\жени и сите луге што бараат парии\ донации за лекување ??? Каде е државата за овие луге ??!!
А1 пак на малите екрани Кажете му на Велија некоја Шпанска серија да пушти Шала на страна,баш ми е мило за А1
Озбилно ова за А1? Ајде уште една полтронска телевизија ала Сител. Се нешто ко да се менува ама главните проблеми остануваат исти ко со претходнава влада.
Така прочитав по порталите,Велија ќе ја обнови А1 и ќе ги вработи сите новинари кои биле било како угнетувани од претходната влада Малку офф,ама.добра програма имаше А1 затоа ми е мило. Ех,а Сител и Канал5 сите овие години нели беа гласници на сегашната опозиција,па нели бевме на нивните програми лидери во регионот Логично е дека Велија ќе биде против тие што го стрпаа во затвор,се знае за кого ќе си обработува и ништо не ме чуди лежеше 7 години поради другите
Зошто полтронска? Може нема да биде таква. Мене ми фали А1 како квалитетен медиум. Не им треба А1 ако сакат полтронски медиум. Телма може да заврши работа.
Дај Боже. Ама во нашата државичка се сомневам дека ќе постои објективен медиум. Мислам дека сме свесни дека штом ја враќаат од мртвите А1 ќе биде под нивна закрила.
Да се едитирам. А најмногу од се ми смета што без причина го ослободија Велија криминалецот и сега истиот тој ќе ја воскреснува телевизијата. Местото му беше во затвор а не под директорска палка на телевизија. И јас ги гласав СДСМ ама со вакви потези докажуваат дека не се ништо поразлични од претходниците.