Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Работењето на новата влада на СДСМ за сега е тотален failure и базиран чисто врз евтин популизам. Партизација и вработување на тотално неквалификуван кадар од невладиниот сектор.
     
    На Bitter-Sweet, Cka, baba Rada и 5 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Како да ти одговорам сериозно на ова што го пишуваш, ај како?!?! Прво ете ти како верник дали ја имаш прочитано Библијата и ако да, пошо секако дека така ќе тврдиш, еве помогни ми и посочими ги сите тие 33 пати каде била спомната Македонија, баш ме интересира....(или пак шернуваш цитати од оној Баба Зумбула)
    Второ, според тебе пошо неаме финансии не треба да си дозволиме еднаш у 3 месеци негде надвор да јадеме, онака чисто ради душа?
    Трето, како не е важно да се јаде да се пие, примарен инстинкт ти е тоа, или ти на воздух живееш и вееш знаме од Вергина кое ги храни и ги напива твоите сетила.
    Четврто, кој сте тоа вие, а кој сме тоа ние. Ние сме помалку македонци од вас? Баш напротив да не сме ние онде пред влада година дена да протестираме, којзнае до каде и ние со се вие ќе догуравме.
    И да досадни се приказните, ама приказните за историја, остај ја историјата на баба ти и дедо ти на внуци да ја раскажува, а ти како иден родител, или пак веќе родител бори се за стабилна, образована и напредна држава.
    Него, сериозно, зашто ме мањачиш?
     
    На Gosh, blackwave, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Абе ти текиња на онаа рекламана со папагалот. Еве да те потсетам:

    Иста си жими све.
    Него еве и ја да не бидам оф топик, јас сметам дека секогаш е добредојдено освежување на политичката сцена, без разлика кој ќе оди на власт, кој во опозиција, битно е да се работи за народот, читај народот, а не државата, затоа што народот ја прави една држава-држава.
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  4. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Ти посакуваш да ми одговориш сериозно, но не располагаш со аргументи. Немааш основни познавања од македонската историја.
    1. Глумецот Владо Јовановски го кажа она што е запишано во Библијата. Оди во црква и прашај си поп дали Македонија е спомната во Библијата и колку пати. Македонија е спомната 33 пати во Библијата. Најдобро е да ја прочиташ Библијата можеби ќе ги промениш атеистичките ставови. Еве и еден линк

    https://www.erepublik.com/en/article/-mk-en-1-1875936/1/20

    2. Самата си пишуваше дека сакаш подобар живот да не јадеш паштета и леб, а дека не ти е важно дали ќе променат име, историја, јазик, химна и ќе спроведат територијална поделба, важно било да бидеш најадена. Епа убаво те прашав кога ќе ја избришат македонската историја дали ќе јадеш кавијар и пиеш шампањ? Епа на 03 август во една категорија пишуваше во кои ресторани си јадела, а во оваа тема истиот ден пишуваш за паштети. Сега па пробуваш да се оправдаш демек на три месеци тоа си го дозволуваш безвезе. Биди си искрена, не биде контрадикторна како З.З еве го цитатот и другите да го прочитат.
    3. Човек треба духовно да се изгради, се пишува во Библијата, а знамето Вергина гордо го веам тоа ми дава духовна храна. Јас имам други примарни цели.

    4. Точно се знае кои се вистинските Македонци, а во прашањето си го даде одговорот кои се помалку Македонци. Тие шарени протести направија само штети. Фрлање боја врз споменици, епа тоа се случува кога не ја знаеш и почитуваш историјата. Па врз споменици на починати војводи ли покажувате сила???? Жалосно, па уште сте ставиле и маски. Зошто се криевте? Немате храброст ни лицето да си го покажете.

    Приказни се ширењето дезинформации дека јадеш само леб и паштети бидејќи немаш финансии, а истиот ден во друга тема пишуваш во кои ресторани си јадела. А, не се приказни вистинските случување во кои се борела македонските војводи. А, јас веќе ти напоменав за каква Македонија се залагам
    П.С Манијачење е да цитирам мислења од пред неколку години. Не е манијачење цитирање на мислење од претходниот ден.

    Исто видов денес Владата сакала пак да се задолжува за нови 32,5 милиони евра (facepalm) изгледа Грција брзо ќе ја стигнеме со задолжувањата. Пожарите се уште не се изгаснати. Еве што изјавил Таравари за законот за јазици
    http://fokus.mk/taravari-zakonot-za-jazitsite-ke-pomine-vo-vlada-spored-dogovorenoto/
     
    На Rama, Abeja и Tamatam им се допаѓа ова.
  5. Ицката55

    Ицката55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Тема на која може словодно да се изрази секој. Иако политикава треба да е за политичарите, изгледа ние ќе е решаваме, народот за брзо. Дека нешто сериозно се смени до сега со новава влада, да се сменија неколку директори и министри, а и прецедател на собрание, како се викаше? Не е битно. Работам приватно, и да ви кажам за жалење сме. Пред неколку месеци ќе банкнотирав зашто работнициве ми беа едни на фарбање споменици па после другите е оправаа по улици па по некој и во собрание, сега по објекти се договараат за името, а јас си е тепам главата како да соберам пари плата да им преведам. Некако како на државно да работат, па да се договарам од буџет да им исплатат пари. Ова не е смешно, ова е за плачење. Фирмава е мултиетничка па дури и името и е мултиетничко зашто ортакот ми е албанец. Ама не би го менувал ни за Обама, арно ни оди. Од политика немаме појма, искрено ви велам, па затоа би ви препорачал да ги баталите и вие зашто мислам дека нема нешто посебно да се смени. Може не сум во право, ама знам едно. Ако не станам денес да се фатам за работа и да остварам некаков профит, а тешко е тоа, сигурно нема да ми дадат за плати од буџет. Бе поздравувам
     
  6. Ицката55

    Ицката55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Така се лечи депресија, малку ваму малку таму и ке е заборавиш.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    Позитивен зрак денес (y) - Зголемување на минималната плата на 12 000 денари која до сега беше 10.080 денари(y), а тоа е 19,04%.

    Владата предлог измените ќе ги достави до Собрание на разгледување и усвојување.
     
    На Tanjamm, blackwave, t-sweet и 12 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Ко шо се залетаа очекував повеќе, ама ај да видиме. Сеуште не се ориентирани ми се чини , сигурно им треба време :^)
     
    На augustd, referentka и DAngel им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    И јас исто, очекував повеќе, па можам да речам дека сум разочарана од бавноќа и килавост.
    До сега тебаше веќе да бидат сменети сите директори
     
    На Petar80, blackwave, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.663
    Пол:
    Женски
    Градење само држава е лесно. Градење држава која претходно била разрушена и сторена пепел е тешко. Треба добро чистење, па план па градба и тоа оди бавно, зошто никогаш не можеш да знаеш што ќе те пречека под рушевините. Сигурна сум и тие и ние не очекувавме дека ќе најдеме вакви рушевини и вакви дупки што ако ги остаевме да не закопуваат уште малце ќе излезевме на Јапан, па сва среќа навреме ги решивме, иначе кој ќе се умараше и со нивната историја таму. :emo:

    Ми се допаѓа што се тргнаа економските директори. Ми се допаѓа што се реши Кембриџот, ми се допаѓа што ќе се наголемуваат плати и што се воведува ефтина тарифа на струјата. Да речеме дека ми се допаѓа делот со изборот на министрите. Допрва ќе ги видиме, уште се збунети, што од тоа што го затекнале од минативе што од новите фотељи, и не дека тоа е некое оправдување туку ај.
    Ми се допаѓа договорот со Бугарија од повеќе аспекти. Заев игра на карта раздели па владеј. Бугарија беше сојузник на Грција, а сеа според договорот не смее да не кочи во процесот на евро и нато интеграциите. Ми се допаѓа посебно делот каде секоја земја се обврзува да ги "задушува" внатрешните пропаганди што ќе се јавуваат против соседот. А такви како тој моржот погоре што јаде слатки за Македонија, има еден куп и кај нас што исто јадат мушмули за Блгарија.
    Посебно ми се допаѓа фактот што во регионот е прв договор потпишан без посредство на меѓународната заедница или било каква трета страна, туку по своја воља на двете инволвирани страни. Тоа многу говори за нашата зрелост да бидеме рамо до рамо со современи европски земји. Ми се допаѓа тоа што Заев не се удира во гради и не си го препишува како успех само на себе и на неговата партија, туку признава дека и минатата власт играла значајна улога во истиот.
    Заедничка историја делиме сите на балканов. Сите сме длабоко мешани, признале ние или било кој друг тоа или не, чистокрвен човек денеска не постои на ниеден континент.

    Никако не ми допаѓа што никаде не сум прочитала набавка на реагенси за испитување заразни болести. Ќе поцркаме во Гостивар од треска типична за 14 век што ја пренесувале комарци. Позајмувале реагенси од Косово за да испитаат за што зараза се работи. Повторувам: од Косово! (facepalm) Да се утепаме до кај ни го дотераа здравствово минатите и овие што не им текиња да набават современ материјал. Ај ноќеска прскале против комарци и денеска пак ќе има, и ако мислат дека тоа е доволно, боље да се утепаат. Слободно може болнициве да ги пријавиме за следниот хорор на Стивен Кинг, бар ќе заработиме нешто за во буџет.

    Никако ама никако не ми се допаѓа тоа што има една точка што треба да им е високо на приоритетната листа ама никаде ја нема, а тоа се децата бездомници. Има минимум по 3 нови дечиња штотуку проодени секој ден на улица и тоа е многу тажно. Тие деца мора да се згрижат. Тие деца не смеат да бидат оставени сами на себе. Никако. Тие деца мора да бидат вметнати во приоритетни мерки на владата. Значи мора.

    Не ми се допаѓа што одредени персони се вработија партиски, а претходно најгласно плукаа по партиското вработување.

    Сум против отворање на кампови за бегалците. Отворивме врати на косоварите па крв проплакавме од нив. Можеби грешам, ама имам трауми од 2001 кога заглавивме во Тетово на роденден кај братучетка ми, се запука, со недели немаше автобуси за назад. Зградата се испразни само ние, со спуштени ролетни сме седеле, месен леб и шепотење, без ноќе сијалица да се запали сме поминувале, додека карши зграда се мавтаа знамиња и шетаа терористи со куп пушки испоредени на нив. А и откако беше објавено дека во нападите што се десија во Белгија и Франција терористите поминале низ балканската рута, едноставно сум против.

    Сакам закон да важи во секој град подеднакво. Не може во Гостивар и Тетово да не важат законите како што важат во другите градови. Дури и оние најобичните, за пушење. Сакам строги казни за сите што работат за државен празник. Ако ние почитуваме Бајрам, сакам и тие да почитуваат Илинден. Сакам инспекции за сите газди кои ја експлоатираат работната сила на работникот. Мајка ми, заедно со други мајки и татковци, овие 2 месеца работат по 17,18, часа на ден. Луѓе ли се, стока ли се?! Хумано ли е?!

    Многу има да се работи. Останува да се надеваме на добро.
     
    На Mishela, An-na, Tanjamm и 10 други им се допаѓа ова.
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Тевдовски 2016та: против големото задолжување!
    СДСМ денес: само 70 дена влада, дури 110м€ задолжување = 1,5м€ долг дневно = 65.000€ задолжување на час! Од сигурни извори
     
    На Јаневски, Lianna Anna, Tamatam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    Од курир.мк ти е 100%
     
    На Mishela, Nausicaa, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Полошо, од инфомакс е :D
    Capture.PNG
     
    На Waka-waka, cresa-jagoda, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Aко има покачување на плати ќе има и поскапување на се. Тешко тие што не се вработени
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Мене не ми е битно дали е од курир,инфомакс или незнам од марс информацијата,битно е тоа што е вистина зарем е лага ова?

    'Оглас за 500 нови полицајци'
    Ок значи сеа има потреба од нови? А во време на ВМРО бевме полициска држава.
    Алал.
     
    На Јаневски, Lianna Anna, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Тек на крај на 2018 ќе можеме да кажеме дали добро работи новата влада или не. Им треба цела година кај што ќе донесат буџет и да видиме како ќе располагаат со народните пари. Во моментов е прерано за било какви осуди дали е добра или лоша влада, а сите што ја критикуваат по секоја цена се вмровски платеници јасно тоа. Или едноставно не им се свиѓа што СДС со М на крај (ова у стилу Драган Б со точка Костиќ :rofl:) дојде на власт.

    Добро е за сега. Делува мирно, нема диктатура, нема глупоќа и форсирање на барок и едноумие, само нека работат паметно и нека го остават народот на раат, ќе владеат долго.

    До локалните избори СДСМ ќе преде како маче, после ќе прерасне во лав. Сега се супер, дури и малку наивни со тоа што не користат министерски бенефиции и одат со точак на работа или си плаќаат храна од своја плата хаха, ама тоа е за да добијат симпатии на народот и да го растурат вмро на локалните избори и после ќе завладеат построго и ќе има интересни дешавки, можеби и првото крадење пари од буџетот. Уживајте и чекајте, ќе коментираме кога ќе дојде време. :D
     
    На theowndemon, Tanjamm, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    1. Не ми одговори на прашањето, дали ја имаш прочитано Библијата? Не сакам да идам да демнам попови, ме интересира од тебе, каде се тие 33 пати во Библијата каде се има спомнато Македонија. Ни линкот што ми го прати не те спасува чедо божјо, барем да ги изброеше. Ете голем верник си, треба ко од пушка да ми ги изрецитираш. И од кога треба да го слушаме Владо Јовановски за нешто, неговата легитимност, ако воопшто ја имаше и претходно, целосно е изгубена изигравајќи ,,waterboy'' у собрание.
    2. Кој воопшто спомнал дека ќе се менува нешто, и да се менува ќе се има референдум. Зашто не идеш да протестираш, да направиш нешто во врска тоа, доколку постои такво нешто или само седиш ко пајче зад тастатура и ќе лупаш глупости. Ја моето си го остварив, си протестирав си добив, бујрум ти си на ред ако нешто не ти одговара. И што си се фатила за тоа јас кај имам идено, како успеав на 3ти да пишувам тука и истовремено да бидам на сите места, кој е ко мене, па таква мултифункционалност е реткост. Да не сакаш и фискална да ти приложам кога, зашто и колку пари сум трошела. Си чула за моментот изолација, постои сам на Балканот, ко што сме до гуша заглавени и продолжи со тоа темпо. Ти самата ќе почнеш да осеќаш по џебот. Или пак ти се ориентираш по тоа, у моментов имам што ме боли за утре дали ќе имам. Грото во Републикава, сестро, грото, ни тоа на маса не го имаат. Секој ден нови стории за семејства што неможат крај со крај да врзат и нив ќе ги нападнеш, дека треба да се горди Македонци и само на тоа да останат. Оди на нив да им проповедаш национализам и дека тоа е уствари храната што им треба.
    3. Кои се твоите цели, чим ги имаш, кои се? И всушност што си направила ете чим викаш дека ќе мењаат знаме, химни, јазици, имиња, што? Со мене ќе оправаш нешто, не бе златна си имаш институции кои нели до вчера беа во служба на народот и жали се.
    4. И кои се вистинските Македонци според тебе, да не ти беа тие шарените, уште ќе на пљачкосуваа лоповиштана. Вистински Македонци се оние што на државна сметка јадат копита од антилопи и чмарови од игуана, што за патни трошоци трошат по илјади евра, што затвараа невини луѓе по затвори, што го утепаа Мартин Нешковски, што нарачуваа шамари, што го пуцаат со динамит Космо, оние кој го наредија Диво Насеље, епа прости ми тогаш, ете погрешна перцепција сум имала што значи да си ја сакаш татковината.
     
    На cresa-jagoda, Yowannty, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.273
    Допаѓања:
    118.998
    Пол:
    Женски
    Некaкo мнoгу ветувaa и oчекувaв пoвеќе пoрaди тoa. Пoчнaa јaкo, сo укинувaње нa екстернoтo aмa стoпирa рaбoтaтa нештo мoжеби сеуште oдредувaaт приoритети не знaм, ќе си пoкaжи времетo.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    43.553
    Па мора паразитите што ги вработија ВРО со врски плата да земат, златна ...Иначе, ај дај едно линкче од СИТЕ задолжувања на Гвујо за 10 години?

    Не,а? Така и си мислев...;)
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  20. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    1. Да ја имам прочитано еднаш, но сметам дека еднаш не е доволно па сакам повторно и повторно. Тоа овозможува душевен мир. Не ја знам цела Библијата на памет, но на памет ги знам основите на Библијата, молитвите, Божјите заповеди и другите работи. Во линкот ги имаше неколкуте цитати од Библијата, ако толку си заинтересирана за Македонија читај си ја Библијата. Ама ти нема да ја прочиташ ниту ќе отидеш во црква пошто си атеист. А, ти не ми одговори за дали знаеш нешто за Коте од Руља, за војводите, дали ќе јадеш кавијар и шамнањ кога ќе го сменат името, химната и знамето? Како што има стории за сиромаштија така сега има стории за пожарите и знаеш што од Владата молчат не можат со пожари да се справат. Куќи има изгорено, а населението не е ниту евакуирано. Види војниците немаат ниту соодветна опрема за пожарите.
    2. Спомнаа дека ќе се спроведува законот за албански јазик тоа го кажа и Османи, Таравари и Села, ама З.З е контрадикторен како и тебе па секогаш менува изјави, кај едни едно збори кај други друго. Имаше ли референдум за промена на знамето? Немаше. Затоа сакат промената на име, јазик, химна да поминат без референдум. Знаеме кои ви ги организираше и финансираше тие шарени протести, а видовме каков и народ таму идеше. Што постигнавте?И пак не ми одговори зошто се криевте и сквернавевте споменици? Толку имате храброст. И пак изгубивте на избори. Нелегитимно дојдовте на власт видовме и како се избира преседател на собрание. И што мислите дека ова ќе трае?
    Фискална очекувам на форумов да ставиш само кога ќе купиш паштети. Иначе цитатот си го пишала на 2 август еден саат по полноќ, автоматски значи 3ти август.
    3. Моите цели неколку пати ги напишав ама пак ќе ти повторам самостојна и независна Македонија, со име, знаме, химна, јазик и црква.
    4. Ти кажав кои се потомците и вистински Македонци и пак ќе ти нагласам ти можеш да се идентификуваш само со делото на Коте од Руља. Ајде видовме ти како што јадеш, а тука тврдиш дека имаш само за паштета и леб. Имај малце образ може и ти еден ден ќе јадеш октоподи. Мартин Нешковски беше убиен од полицаец кој е во затвор, тоа го направил без никаква наредба. Ама некој тоа не може да го сфати. А, знаеме кој го организираше Диво Насеље и кој се сликаше со терористите. Бре колку беше среќен тогаш, ама тоа е.
    И би ти објаснувала уште многу, ама темава отиде оф топик. Ти онака нема да ме сфатиш не располагаш со познавањето на историјата ниту со Библијата. Пријатно јадење
     
    На Rama, Abeja, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.