Таравари си оди од МЗ и ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар. Тешко му се виде средувањето на здраството па бега или во прашање е нешто друго? Не ми се допаѓа ова, значи СДСМ под итно да го земат ова Министерство и да стават саглам човек кој ќе почне да работе. Здравството ни е најслаба точка, бебиња и деца умираат, не ни треба втор Тодоров. Некој кој ќе се нафати треба и да работе. Се прашувам има ли таков јунак?
Доктор што не сака да си ја работи својата професија, тешко му е да биде министер за здравство па мерак му удри на градоначалничко место...бре бре...бруки... На жалост оваа влада изобилува со неспособни, не интелигентни луѓе, без муда...имаат само големи апетити за власт. Тешко на нас обичниот сиромав народ. Бебиња умираат, луѓе од вода се трујат...и никој за ништо не сноси вина и не одговара
Нели бараше оставка. Сега па ти пречи. Ваљда не очекуваше дека после оставката ке собира грозје на тиквешко? И пак како да прочитав за комбињата нешто.
Каде бе Галабо јас сум барала оставка од него? Очекувам од него да собира ѓубре од Тетовски депонии, за друго и не го бива. Какви комбиња?
Таравари е почеток на распаѓање на владата сдс,ова е добар почеток за нови парламентарни избори пролет 2018год и победа на Вмро и тоа најмалку со 63пратеници. Прво локалниве да победи вмро потоа се ке си дојде како што доликува.
Се дури и натаму создаваме култ кон личности наместо систем на вредности и идеи, Македонија ќе биде тажно место за живеење. И затоа не е чудно зошто судбината на сите нас постојано зависи од добрата волја на политичарот, неговиот личен интерес и партиска послушност, наместо од неговата законска и морална обврска и должност. Како граѓани постојано бараме библиски спасители кои преку ноќ ќе ни го направат животот подобар и кои нормално, никогаш нема да ги најдеме. Мора да престанеме да чекаме друг да ни ја заврши работата и да се амнестираме од лична одговорност, па да засукаме ракави и почнеме сите заедно да градиме вредносен систем во каков што сакаме да живееме.
---- Извор: http://tv21.tv/mk/?p=143070 ---- „Доколку ме прашувате мене лично, јас повеќе можам да придонесам во министерството за здравство, таму каде што сум, но гледам дека членството инсистира да се кандидирам и јас. Дојдов до заклучок дека министерството не е толку важно колку партијата, Алијанса за Албанците“, истакна Таравари. „Оставивме на локално ниво да одлучуваат албанските партии, кои гледаат потреба за соработка, не само со Беса туку и со сите другите. – но во вториот круг, според математиките на кои се надеваме, ќе се трудиме да соработуваме со сите. Затоа што сметаме дека се уште Албанците треба да ги претставуваат албанските политички партии, не македонските“, додаде Таравари. ---- Македонските либерали поддржуваат Албански националисти. WAIT WHA- Малку парадоксално звучи, ама така испадна. Сето опортунистички настроено, сите сакаат преку ноќ да станат херои, преку ноќ да се збогатат. @Jason123 Така е.
Одамна се имам разочарано од вмро и во таа партија повеќе не можам да видам ни трунка надеж за некој бенефит на Мк, па и очиве на дршки да ги извадам...нема иднина со ниедна партија, длабоко е потоната државава во жив песок. Тебе ти се чудам на оптимизмот и баш ме занима на што тоа поточно мислиш дека се ќе си дојде како доликува со враќањето на вмро!?
Леле пак ли почнавме со предвидувања на 63 пратеници , пак ли ќе треба да те цитирам во пролет 2018? Плус ти нели ќе заминеше ако дојдат на власт Сдсм , не само што е на власт него и 100 дена ќе преживеат. Јуле ја мислам дека не постои човек што може да го оправи здраството. Прво нема средства , сите се зафатени со пропаганда и гајле им е, а друго преголем е притисокот да некој се зафати , и јас се надевам дека ќе ја опраат работата таму , ама како што тргнале работиве тешко.
Зашто да се разочараш?Зарем веруваш дека сдс ке бидат подобри?Мораме да се бориме Вмро да се врати на власт,а како што течат работиве брзо тоа ке биде многу наскоро.....
Ги укинаа ваучерите од 10 000 или 12 000 (заборавив колку) за компјутери за студенти. Тие што сте апсолвенти на факс да знаете да не ги чекате.
Сдсм не можат никогаш да бидат добри а камоли подобри од вмро.. Разочарана сум затоа што вмро до нивното мамутско владеење не го подобрија стандардот на народот ниту за една блага нијанса, не ни го направија ниту побезбеден, ниту поправеден, ниту....абе ништо не сторија за народов...Скопје го направија Македонија, го натрпаа, пребукираа...и што ќе се борам за нив да дојдат повторно, исто срање повторно....
Слабо следеш вести, пак си со фејк вести. Изгласаа нови ваучери, не знам точно што. Дали Вмро ги подржа или Сдсм ги подржа. Едни предложија, други подржаа. И Мухи за Скопје ќе го кандидираа. И војна ќе имаше пролета. И бегалците, становите при крај се инаку. Ах бре Ска, дали знаеш колку вакви вести кажа? Само на овие ми текнува во моментот.
Вчера, одржана е одржана седница на Комисијата за буџет во Собрание, на која е разглледан предлогот на ВМРО за ваучери. Доказ - http://sobranie.mk/2016-2020-srm-ns...a-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet.nspx Иако договорени, сдс гласале против. Доказ - Илија Димовски - изјава -Би сакал да ве информирам дека во текот на вчерашниот ден на седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на СДСМ гласаа против донесување на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери на студентите од трета и четврта година во Република Македонија, ЛИНК https://kurir.mk/makedonija/vesti/d...vnite-sluzhbi-nema-da-dobijat-povisoki-plati/ За кратко време ке има и записници односно стенограми, па ќе ги ставам и тие оти одма ќе пишеш не верувам на курир и на Илија. Не се фејк вести Јуле. За Мухи види поназад, пишав дека е трач ама ќе пишам кога ќе знам сигурно.Кога е трач си пишувам. За пијаницана на пример не е трач Знаеш Јуле за колку викавте дека се лага па излегоа на виделина? Некои работи не се бранат. Ќе има дебатииии - НЕМА Нема да има албански - ИМА
Исто како што требаше 2/3 мнозинство за двојазичност. Еве гледаме сите дека не морало. Стави си ЕУ знаменце на закон кој дефинитивно ќе ја смени Македонија и гласај го со 61 пратеник. И нели за се ќе се дебатирало, за ништо не се дебатира, дури ни за ваков битен закон. Вчера првпат гледав дебата и можам да кажам дека професорките Силјановска и Маџовска растурија. Практично немаат Македонец со интегритет и знаење што ќе им го поддржи овој деструктивен закон ама тоа не е битно за нив изгледа. Сепак ќе видиме, се надевам дека има луѓе во СДСМ со совест. P.S. еве ја дебатата кој има време нека погледне.
Ајде дека овие не чинат, кандидатите, кој пијаница, да ве прашам какви кандидати понуди Вмро? Прилепскиот е обвинет ако не и осуден за изборни измами. Кавадаречкиот не знам дали е истиот. И тој има пресуда. Колку од нив ги слушавме и во бомбите. Ама еден коментар не прочитав за овие кандидати.