Премиерот Зоран Заев,на посета во затворот на идризово. https://www.facebook.com/1798518853752218/videos/1923906457880123/?permPage=1
Колку Тамари е мерцедесот? Оваа секогаш го збореа СДС се дур не дојдоа на власт. Сега не го спомнуваат ниту мерцедесот ниту Тамара, само си се возикаат во мерцедесот. Сдс пред да дојдат на власт ја спомнуваа смртта на Мартин Нешковски, а денес Заев бил во посета на затворот во Идризово и се сликал со убиецот на Мартин Нешковски. Значи дојдоа на власт и повеќе не го споменуваат Мартин Нешковски, наместо тоа Заев се ракува и слика со убиецот. Типично за него се слика само со терористи и убијци. После посетата Заев вети амнестија. Па кого ќе амнестира дали тоа ќе биде убиецот на Мартин Нешковски (Игор Спасов) терористите од Диво Насеље или терористите од Монструм???????? Еве ви и линк сдсовци http://zurnal.net/?p=41518
Iako e kratko vremeto SDSM ne ja docheka spremen prevzemanjeto na vlasta.Seuste neznaat i ne si postavija odluchni kadri i ne napravija konkretni potezi.Narodot ceka dela. Se sopnuvaat na banalnosti.Postavuvaat sonchogledi na rakovodni mesta se pazarat, i nemaat kapacitet da se spravat. Nivnite prethodnici dlaboko se navlezeni vo kriminalot i znaat deka nikoj nisto ne im moze. Strucnjaci i chisti lugje ne vidovme ni od ednite ni od drugite.Ista shkola teraat i ovie ama narodot najstrashno ke bide ako se popishmani na glasanje. Zatoa i nema da ja bide drzavichkata, nemoze non stop da se krade i da se trpa na svojot samar.
,,На Ивона мајка и зела тендер уаааа. Вицепремиерот зема тендер. Ако де човек е и он". - комуњар кој лапнал функција. Сега ич не им сметаат тендерите. Секако у Влада ги напикаа сите па ќе делат од колачот. Нора Шаќири е вработена веќе неколку дена во Мин за култура а две самохрани мајки се на улица од новата влада. За ова ги гласавте?
Нели вмро се криминалци,па зашто тогаш никој не е уапсен?Груевски сеуште е на слобода,ова што ви кажува дека сдс мемаат докази дека има криминал туку тоа им беше алиби за да дојдат на власт,незнаејки како да ги нападнат.
Како се бранат работни места. Ако, работното место мора да се обработи, кога партијата ќе ве намести на убава позиција ќе пишувате секој ден постови. Цка многу загрижена стана за самохраните мајки одеднаш, или овие оти се вмровки па се побитни од другите? А тоа што едната била продолжена рака на директорот на Агенцијата за храна и што лапала хонорари и ред други работи се не битни. На фб постои една група Една може, штом волку си загрижена, таму можеш и ти да помогнеш. Поранешната влада нема слух за нас, да видеме овие што ќе направат. Со бедна алиментација од максимум 2000-3000 ден и цел товар на тие мајки, убаво е некој од политичарите конечно и за нив да се ангажира. Локални, па ајде кандидати. Да видеме кој што има да каже, кога веќе ги спомнавте и нив.
Ич не ни е јaснo зoштo Зaев беше вo Идризoвo Прилoг 1 нa вести: "се срамам штo сум премиер" Прилoг 2 нa вести: " јaс кaкo премиер" У реду е знaеме декa си премиер. Сaмoхрaн рoдител...кaкo е пo зaкoн? Сериoзнo прaшувaм. Дaли е сaмoхрaн и рoдителoт кoј чувa дете кoе имa двaјцa живи рoдители, при штo рoдителoт кoј не гo чувa/oдгледувa дететo плaќa aлиментaцијa.
Не е дефиниран убаво поимот. Треба законска дефиниција. Кој е всушност самохран. Еднородителско семејство поправилно. Сања кај разведените ситуацијата е иста и како кај починат или непознат татко. Најмногу плаќаат по 3000 ден, ако купат некоја блуза, тренерка. Целиот товар е на мајката/таткото кај кој е доделено детето. Предности, некои олеснувања, помош нема. Ако немаш подршка од фамилија тешко да опстанеш. Друго е кога двајца родители се грижат за детето, друго е кога тоа го прави само едниот.
Јуле овие 2 се други жени... чистачки. Таа е трета самохрана. Јас кога можев над 10 мајки самохрани им помогнав. Повеќето со основно и средно. Со починати мажи. Или отидени у странство. Или алкоси... Ама темава не сум јас. Темава е новата влада. Ќе ве информирам за секој избркан од работа. Посебно за тие кои немаат леб повеќе заради дебиливе. Оти знам колку е тешко да вработиш самохран родител. Заев во затворот се поздравил до убиецот на Мартин. Сега на големо кружат муабети дека бил платен и сега за награда ќе биде амнестиран. Шарените никаде ги нема. Протестираа протов убиецот јој доби 15 год казна и малку им беше а срга ќутат. Не знам образ дали им остана. Да се вмро паметни сега треба они да одат кај мајката негова и да земаат изјави и само тоа да верглаат до избори. Плус за локални ќе гласаат затворениците. Затоа е оваа парада. Не оти му е гајле. У темата за локални ќе пишам за кандидатите кога ќе бидат официјални.
А зошто не се соберете тие топ десет што сте тука за вмро и сдсм и да се истепате у градски парк на тревата? #крадентвит Платите се катастрофа, ко не прашуваат и кажеме 350 (као просечна) одма прашање им е ама неделна плата е ова? Со тие пари едвај за храна и сметки има, а камоли за штедење или да се купи стан или кола. Одмор збор да нема. Без помош од родители пола мкд нема да го преживеете месецот, сте се фатиле гуша за гуша кои биле подобри. Не дај боже па самохрана мајка да си кај нас, очите ќе ти ги извадат. Секој гледа начин како само да напакости. Истокот се исели, за да не истераат професори од работа преполовија паралелки со по 12 деца, за некоја година старите ќе идат во пензија и нови нема да се вработат. А на избори 80% излезноста демек имало, мижи Митро тулумби паѓаат Овие сега нешто као пробуваат да подобрат ситуација, гледам верглаат на дпмне финти, демек сте заштедиле. Дајте поголеми плати па кој на што сака на тоа нека ги троши.
Јас прв пат слушам за тие две жени, оти освен директори кои немале решение, друг немаат отпуштено од работа. Ако е така ете велам дека не е во ред и не оправдувам. За посетата во затворот, оти кажа дека сака да ја подобри ситуацијата се нафрливте зошто бил таму. Си била ваљда во Идризово. Јас да, па таму и глувците ќе почнат да бегаат. Ако се затвореници, не се стока. И тие имаат права. Ова што се сликал со Спасов, или Заев се поздравил па е сликан или е наместен да се слика од некој. А може и во моментот да не му текнува кој е. Тој случај никогаш не беше расчистен до крај. Овде лежи друго за кое секако нема да расправам овде на форум за да се докажувам.
Двете избркани самохрани мајки се од ООУ "Свети Климент Охридски" с.Драслајца и ООУ "Јосип Броз Тито" подрачно училиште во с.Враништа. Ако обезбедам отказни решенија ќе ги постирам. Првата самохрана мајка е со починат сопруг пред 3 месеци пред да ја избркаат. Жената на човек не личеше кога ја видов на тв. Ама нели „била продолжена рака на директорот на Агенцијата за храна и лапала хонорари и ред други работи“ па нејзиното дете не е дете, а она не е мајка. Не можеа да ја остават барем чистачка, што верувам дека ќе работеше. А за Спасов не му текнувало кој е? А дека имаат ист адвокат кој ги бранеше? А 2 години зборување за тој ист човек и вадење политички поени за смртта на Мартин? Од уста на го извадија Спасов. И Спасов како насмеан и фин пред него на сликата? Оти Заев бараше да му се даде највисока казна? Или не го позна дека е Заев? Или оти му рече, еве ти адвокат од мене, јас ќе те амнестирам после? Мнооогу грешки на Заев, многу. Еве Геровски вика требало да ги избркаат вработените кај заев, демек лош ПР. Ако де, Васиљ со средно образование и никакви квалификации или Лешоски, сам си ги бираше. Не се докажуваме, дискутираме за сите идиотизми за 100 дена на соодветната тема.
Цка она од Агенција е се, само не жртва. Другиве ако е така ете не оправдувам. Ама те гледам пробуваш се вакви демек жални настани да спинуваш. Кај плачеле не знам, јас многу на тие портали не верувам. За Спасов не змам што е работата, еве ви сега нова тема за спинување. Бегалците се демоде. Најгласна си за овие 100 дена. А 11 години гласаше за криминалци. Така да освен што ти е нарушен комодитетот на работното место, тебе многу ти е гајле за што прави ова Влада. Тоа е целиот проблем.
Од кај знаеш ти дали ми е или не ми е нарушен комодитетот мене? Лошо те информирале, кој и да ти дал инфо за мене
ЗАЕВ ОД ИДРИЗОВО СРАМ МИ Е ШТО СУМ ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА СО ВАКОВ ЗАТВОР https://10bez10.com/vesti/makedonij...e-shto-sum-premier-na-drzhava-so-vakov-zatvor
Што им фали бе Јуле, што? И јас сум била во затворот, сите ќошиња ги прошетавме. Па затвор е, не е вип апартман. Имаат и повеќе од доволно, јадат и живеат на сметка на државата, ете гледаш и на сликата погоре како беа собрани, си ручаат, не ги боли за ништо. Си користат мобилни, си имаат фрижидери, шпорети, се дружат, си шверцаат дрога, си имаат отпусти, си викаат курви. Па боље и дома нема да си поминат, ќе треба да се кријат од жените за да ебнат нешто на страна, а таму како цареви. Ќе бегале, како не, тоа минатиот пат го режираа демек обид за бегство. Заев сака да подобри ситуација у затвор, хаха, како планира, се имаат, чисти чаршафи ли ќе им мења? Се знае зошто се сликал, заради локалниве избори, гз продава кај ќе стигне.
Минатиот директор на затворот знаеме што правел..ај...да не се прајме мутави сега. Најбитна му беше швалерката и се тепаше со службени лица за да ја освои нејзината љубОФ. А немаше време шверцот да го спречи.Запосли свои полицајци таму за да може покрај плата да подзаработат и бонус со дрогичка и телефони. Е сеа,како господа биле.. Ќе бидат,ум овозможил некој. СЕ се знае..и за таму и за секаде. Сеа им се стесни кругот,па ќе го сликаат Зајо на препад.Ко да има список тој кој е кој. Убиецот на МН...кој му даде работа и кој му нареди да го докрајчи детето?! Чувме!! Нема потреба од одговор.
Што се однесува до затворениците, и тоа што им се нуди им е многу. Никој не е таму отиден за убавото дело кое го направил. Нека платат за тоа кое го сториле, дел од тие одзеле човечки живот, силувале, краделе и што се однесува до таа група, ич око не ми трепнува во какви услови живее. Кога сме кај вработувањата, моја многу блиска личност деновиве беше отпуштена од позиција за која си ги исполнуваше сите услови, си имаше соодветно образование (магистер плус со просек околу 9.70), имаше и сертификат за јазик, претходно работно искуство и најфер и најчесно си ја вршеше својата работа. Беше отпуштена заради истек на договорот, неможело да има оглас ради избориве. За два - три дена на нејзино место се појави тип кој не исполнува никаков услов и е со средно образование. По кој основ и на каков начин влегол сеуште немам информации. Немам спсолутно ништо против тоа да се отпуштат кадри кои нечесно зафаќаат места за кои не ги исполнуваат условите али ова е више претерано.
Не дај Боже да ти убијат дете па да те видам како ќе реагираш кога премиерот за кого се трескаш тука по форуми, се ракува и му се насмевнува на УБИЕЦОТ пред камери!! Оди скриј се патетична си!
Цка оти мислеш дека некој за тебе овде бара и дава информации. Па сите знаеме која партија си и дека си вработена. Имам членови на потесно и пошироко семејство вработени како тебе. Со промена на власта ви се крши целиот комодитет, барем ќе почнете да одете на време на работа и некои ќе почнат и да работат. Нема веќе привилегии. И да не е така, твоите ставови тешко да се само ради љубов кон партијата. @Abeja женскиот дел во Идризово е добар. Подобар од студентските домови, ама машкиот дел не. Како прво таму не се спроведува основната цел на затворот, а тоа е рехабилитацијата. Реков, тие луѓе не се стока, а живеат во мизерни услови. Нема ништо лошо во подобрување на условите во затворот. Затворот има за цел да ги 'излечи', да ги рехабилитира затворениците, а не да ги претвара во поголеми криминалци.