Каде можам да прочитам нешто поопширно у вези ова Сања? Лично ме интересира, не е контра твојот муабет.
Мoжеби имa нештo нa стрaнaтa нa СДСМ. Јaс слушaв нa вести. Нo...изгледa не е се тoлку рoзевo и мoтивирaчки. Вчера слушнaв декa вo истaвa oвaa кaтегoријa нa пoтенцијaлни субвенциoнирaни ги вбрoјувaaт и земјоделците. Зa дa дoбијaт субвенции требa дa имaaт пoгoлем рoд oд минaтoгoдишниoт. Акo не, нема. Тoa знaчи декa земјoделецoт требa дa скчучи дoгoвoр сo Гoспoд зa нaјсooдветни временски услoви, вo спрoтивнo еден грaд мoже дa му гo уништи пoсевoт и вo истo време, спoред нoвaтa влaдa дa биде вбрoјaн вo oние - немa резултaти, немa субвенции.
Сања, економските мерки и субвенциите за земјоделците се две различни категории. Прво беа објавени земјоделските, потоа останатите. Еве што успеав да најдам. И нормално сакаат профит за да дадат помош. Коректно. http://www.telma.com.mk/vesti/merki-za-ekonomski-rast Сега ќе пробам да најдам и за земјоделските.
Мнoгу е вaжнo дa не се вo ист кoш. Не е истo дa плaнирaш, реaлизирaш згoлеменo прoизвoдствo и oсвoјувaње нa нoви пaзaри oд тoa грaдoт дa се истури врз езерoтo.
Нормално, не може никако да се стават во ист кош. Пакет мерки за земјоделците беа претходно промовирани. Искрено не ги читам оти немам интерес. Затоа и не знам точно што се нуди. Но во сетот економски мерки не сретнав вакво нешто. А и ми нема логика да го опфаќа и земјоделството како посебна категорија.
Сега прочитав кои се условите да стечајците од времето кога Господ одел по земја останале без работа. Голем дел од нив веќе се во пензија, а уште поголем дел нема да ги исполнува условите. Смешки.
3000 лица малку ли се? 3000 фамилии се тоа по 8350 денари. Spoiler: Услови Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава. На денот на стапување во сила на законот да се возраст од најмалку 52 години, за жени, односно 55 години за мажи. Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.
Сето ова е убаво,ама на хартија,ништо од ова нема да се спроведе,како и со минималната плата. Така е и со ветувањата на сдс
Се радувам за законов за стечајците, конечно! Моја блиска особа баш ги исполнува критериумите, оваа сума баш одлично ќе им дојде, особено затоа што сега е невработена, а со годините и никој не сака да ја вработи
И ова е за поздрав Spoiler: Зголемени плати во градинките На предлог на Министерството за труд и социјална политика, владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца – детски градинки. Со оваа одлука, почнувајќи од септември 2017 година, платата која ќе биде исплатена во октомври 2017 година, ќе биде линерно зголемена за 2%. Средствата за оваа намена се обезбедени во Буџетот за 2017 година. Не е којзне колку колку, ама за почеток е одлично. Тие што ни ги одгледуваат децата во наосетливиот период треба да се далеку подобро платени од билокој во администрацијата.
Ве читам и ви се чудам, се восхитувате на: - 8000 на стечајците (20 години им требаше, поголем дел од нив се во Бутел бог да ги прости), и дефинитивно 8000 малце се - 2% зголемување ли е (ако зимале 17.000 сега ќе зимаат 17.340) Исти како ВМРО се, па уште кога вака ќе видам дека некој им се радува на тажниве вести незнам дали да плачам или да се смеам. Здравството ни е приватно, за сериозна ситуација ако немаш во моментот да искешираш 200 евра најмалце, може и да не преживееш. А владата дозволи со Министерството за здравство да му прави ПР за локалните избори на министерот, а не да почнат да се средуваат работите. Судство не постои. Правда нема. ВМРО лопови, а ДУИ демек не крадеа - повторно амнестирани а виновни. Учесниците во шарената револуција, и критичари на претходните лопови, само си ја добија заслужената коска - заради сработеното нали. Образованието ??? Си играат реформи откако се осамосталивме. Анѓушев за вицепремиер за економија, убаво напиша ЛЕВИЦА: како на алкохоличар да му дадеш да чува визба со вино и ракија. Посакувам промени. Треба да ги менуваме работите од корен, а не да сакаме подобра иднина и нормален живот; а на обичен форум да сработуваме за штабот - да фалиме нешто што не е за фалење. Несакам европска Македонија, сакам македонска Македонија, сакам да секој од нас не оди по ситните интереси кои му ги пружа штабчето на партијата, туку да се критикуваат отворено крадците и лажговците, а да се вреднува моралот, правдата и интегритетот. Е @referentka моја поздрави ги во штабот, за почеток очајно е.
Да се радуваш на трошки не ми е јасно,и тоа е знак прашање дали ке ги добијат,закони има многу но дела нема. Очај и беда од Сдс.
Нешто слабо те имаше до сега да критикуваш отворено а крадци на секој ќош... Па и да ја вреднуваш правдата и моралот На трошки радување? Па до сега ни трошки немаше, нормално дека ќе се радуваме. Е сеа...за некои имаше и стекови од бизони....
Искрено не ме израдува што се укинати ваучерите за студентите. Иако веќе не сум студент мојава генерација што беше баш беа барем колку толку исполнети некои услови. Сега им ги укинаа и повторно ги забораваат. Од друга страна се надевам дека ќе ги повлечат тие неосновани учебници од неписмени автори. Се изначитав толку глупости за различни дефиниции. За радиодифузната такса - свршена работа. Едит: Велија никогаш не изгледал за криминалец неговото апсење беше спремано однапред затоа што А1 никогаш не ги објавуваше лагите на двете партии туку реалните вистини. А1 беше најпопуларната телевизија и имаше најголема гледаност но не беше подржувач на Вмро.
Зошто бе Рефче само 2%, па нели е тоа подценување, омаловажување, исмевање..па за мочани 200 ден. ли треба да ги фалиме.....се додека на трошки фрлени им аплаудираме, така ќе не ебаваат како сакаат. Срамота!!