Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Па дај да не се радувам што ќе зема гарантирана сума на пари до пензија (facepalm) работава или многу или ич. Чекајте прво да ги продадеме бродовите од Вардар, па да извадиме поголема сума пари за стечајците. Арно ќе беше да им текнеше порано на вмро, ама побитно беше Скопје да е преплавено од камени коњи.
     
    На Gosh, Victorian, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Во држава каде што 11 години се беше во рацете на Вмро, со многу украдени пари, со политизирана администрација и сопки во секој сектор, за овие три месеци можеме да бидеме задоволни. Сите овие мерки се за граѓаните. Нема градење на споменици, се диши послободно. Ќе ставам во спојлер, ама не знам,текстот е копиран. На ова би додала и субвенции на фирмите за плати над 18 000 ден.
    1. Укинато екстерно
    2. Укинат Кембриџ систем
    3. Минимална плата 12000
    4. 400нови копјутери и 40 нови возила во МВР
    5. Нова униформа за полицијата
    6. Укината радиодифузна такса
    7. Двосменско работење во градинките.
    8. Пријателски договор со Бугарија
    9. Пријателски однос со Грција.
    10. Укинати милионските ТВ реклами.
    11. Соработка на АРМ и војската на САД.
    12. Воведена ефтина струја
    13. Разрешен Зврлевски
    14. Намален долг за 55 милиони евра.
    15. Трајно решение за 3000 стечајци.
    16. Мултиетничност на секој чекор.
    17. Концепт "Едно општество за сите"
    18. Дадени стипендии

    Ќе мрчам за кадровските одлуки. Некои не се соодветни. Не ми се допаѓа што луѓе го работат ПР на Заев. Зоки е супер, некои околу него не чинат. Не ми се допаѓа изборот на Шилегов за кандидат на градоначалник.
    Платите во градинката требаше 10 % барем да се покачат.
    После локални очекувам повеќе промени.
     
    На Gosh, Βικτωρία, daylight и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.142
    Леле таа не ја спомнувај. Тоа е хорор на векот. Таква жена да предава на деца, уффф, па тоа ни метла да не и дадеш. Самата од себе да се срами. Такви примија на многу места. Требаше потписи за оставка да се бара и поголем притисок од медиуми, а не еднаш се спомна, на работа не дошла и толку. Абе отказ и да не се прима никаде веќе на работа, ама никаде. Ама што да се прави кога тој што ја вработил и наредил со крст да шета на протести. Крст за жив човек. Тоа е варварство. Предавство е тоа за мене. Предавничко ВМРО е ова и затоа сега имаат реформатори и фракции. Затоа и оние кои се нафатија да бидат кандидати за советници самите велат „ јас ли со таа багра, ама ајде ме тераа“.

    За затворот не ги жалам, затвор е. И јас тоа го помислив, но Заев кажа дека дебата ќе има, а не кажа дека веднаш хотел ќе го прави затворот. И не ни треба да го реновира. Таму нека гнијат убијци, крадци, криминалци. Има школи зе реновирање, а за затворенците ок им е.

    Не е точно. Имаше изјави колку ќе бидат опфатени. Имаше изјава на стечајката Лилјана. Лично таа има 58 години, што значи ќе зема неколку години надомест. Сепак 7590 не се за потценување. Сепак за нив се нешто.
     
    Последна измена од модератор: 21 септември 2017
    На mira.mira и referentka им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    1. Укинато екстерно
    - иако го оправдувам овој потег, сметам дека не е нешто со што треба да се удираат во гради, од аспект на тоа што не е "направиле" туку "укинале"
    2. Укинат Кембриџ систем
    - колку и да звучи лудо некои деца го имаа прифатено овој систем како полесен за учење
    - но, според мене добро е што го укинаа..и повторно "укинаа" не "направија"
    3. Минимална плата 12000
    - поздрав
    4. 400нови копјутери и 40 нови возила во МВР
    - тековно, ништо спектакуларно
    5. Нова униформа за полицијата
    - двојазична?
    6. Укината радиодифузна такса
    - ќе се плаќа од буџет. МРТВ како јавен сервис треба да се финансира од реклами (кога воведоа рдт мислам беше кажано дека реклами ќе нема), МРТВ користи зграда направена од народни пари, па и има помали трошоци
    7. Двосменско работење во градинките.
    - неопходно
    8. Пријателски договор со Бугарија
    - пријателски :^)
    9. Пријателски однос со Грција.
    - не конкретни чекори
    10. Укинати милионските ТВ
    реклами.
    - немам став
    11. Соработка на АРМ и војската на САД.
    - продолжена соработка, ништо ново
    12. Воведена ефтина струја
    - (y)
    13. Разрешен Зврлевски
    - постигнување е во смисла дека тоа човече требаше да се смени, но дека треба да е ставка од владино постигнување, не
    14. Намален долг за 55 милиони евра.
    - според финансиските анализи и извештаи на владата
    15. Трајно решение за 3000 стечајци.
    - мерка која ја имаше и вмро за група стечајци кои во тоа време ги исполнуваа условите; мајка ми зимаше по 7500 ден (стартно беше толку, покасно мислам имаше покачување)
    16. Мултиетничност на секој чекор.
    - демагогија
    17. Концепт "Едно општество за сите"
    - баш исто
    18. Дадени стипендии
    - стипендии од секогаш се давале
     
    На Victorian, Abeja, Bubce38 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    1. Укинато екстерно
    Ок мерка. Само што не дадоа идеја што без него. Како ќе спречат од 35 деца 34 да се со сите петки. И не е нешто за кое се намачија. Само кренаа рака.

    2. Укинат Кембриџ систем
    Не дадоа нов систем.

    3. Минимална плата 12000
    Ок. Само без анализа за бројот на врабитени кои ќе бидат избркани од работа оти работодавачот не може да дава толкава плата.

    4. 400нови копјутери и 40 нови возила во МВР
    Ова е срамно да се пише. Пред неколку години се купија еден куп нови коли. А компјутери се купуваат секоја година.

    5. Нова униформа за полицијата
    ЛАГА. Пред некоја недела одбјавија тендер само за здолништа и панталони. Уште не се набавени.

    6. Укината радиодифузна такса
    Сега мтв е 100% државна фирма.

    7. Двосменско работење во градинките.
    Ок. Без концепт и ненавремено и незаконски.

    8. Пријателски договор со Бугарија
    Таен договор според кој ние сме биле фашити. Го криеа за фама.

    9. Пријателски однос со Грција.
    Ха ха ха

    10. Укинати милионските ТВ реклами.
    Ок. Што има да знае светот за нас.

    11. Соработка на АРМ и војската на САД.
    Ало.... кој и да го пишал ова е страшно беден човек. Алоооо соработка имаме со нив децениска. Хахахаха

    12. Воведена ефтина струја
    И тендери за вицепремиерот за неговата фирма за струја плус либерализација на пазарот. Ама ок.

    13. Разрешен Зврлевски
    Вау.

    14. Намален долг за 55 милиони евра.
    А задолжување како никогаш досега. Ќе ставаа инфо на порта Македонија со бројач на задолжување? Аха.

    15. Трајно решение за 3000 стечајци.
    Кои ОНИ ги создадоа. Создадоа стотици илјади стечајци. Овие 3000 не умреа од глад досега. Треба и орден да им дадат.

    16. Мултиетничност на секој чекор.
    Чиј чекор? Закон за јазици?

    17. Концепт "Едно општество за сите"
    Вау. Се наежив од мерката.

    18. Дадени стипендии
    Стипендиите редовно се даваа секогаш.

    Денеска го укинаа појадокот за студентите. Вчера Лажеа за средба со Трамп. Утре не знам која глупост не чека.

    Кумот на Рашковски е адвокат на владата а кумашинот директор во Министерство за финансии. Баба му член на второстепена владина комисија. Се надевам нема голема фамилија чистачов.

    Вицепремиерот пак ќе учествува на тендери државни.

    Нора ја вработија у Мин за култура.

    Ајде утре нов ден нова нафака. Чекаме нов идиотизам.
     
    На Abeja, veteruska и carangigia им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Секоја чест за информираност, но за да обезбедиш нечии отказни решенија треба да си не само информиран.
    И колку е законски да се објавуваат туѓи документи, ако ...?
     
    На wannaBeMomma, Βικτωρία, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    Ако самите не ги дадат за објава ...

    Или... Рашковски не ги објави. Видете му фб профил каде објавува и ембг и кажува дека е законски.
     
    На veteruska и carangigia им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Да им се укине појадокот на студентите со објаснување дека не им е потребен оброкот е надвор од здравиот разум. :drunk:
     
    На carangigia и veteruska им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    Гладувањето за време на студирањето мотивира повеќе за да учиш. На пример јас бев студент прва година кога сдс беа на власт и учев гладна оти срам ми беше што дома не јадат за јас да можам со воз да дојдам до Скопоје на испит и уште да паднам. Во иста година ги избркаа родителите од работа и со 3 деца дома леб се немаше.

    Затоа очекувано е ова. Уште да се врати партиципација за факс 1200 еу и 800 еу и се ќе биде исто. Ваучерите за компјутери ги укинаа.

    Само не знам со кое лице Ивана Туфеџиќ се појавува пред народот. Зима 1100 евра плата месечно оти се бореше за правата на студентите а го поддржува ова. Образ ѓон.
     
    На Abeja, carangigia, HoneyBun и 2 други им се допаѓа ова.
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Од една страна и мило ми е за сдс што е на власт нека види народот какво зло се за државата,не верувам дека некој ке ги гласа за наредни парламентарни или локални избори.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Колку би сакала да се вратат квотите од 1200 е и 800 е, а не ќораво и сакото се заппиша и заврши факултет. Нека се запишуваат оние кои учат и ги бива, а за таквите ако не се моќни финансиски, постојат стипендии и студентски кредити. Во САД е престиж да се запишеш на факултет. И во Европа исто.
    Кога не може да се направи друга поздрава селекција, а образованието да биде бесплатно.
    Јас сум со квота од 800 евра 3 год и по 1000 е 2 години. Одличен ученик со 96 поени. Со еден вработен во многудетно семејство. Учев и оправдав што моите и јас некогаш сме јаделе маргарин и леб.
    Тогаш барем имаше селекција некоја и излегуваа подобри кадри. Сега се дно.

    А вие многу загрижени за оброкот на студентите. Овие што ги гласавте сијалица не сменија во студентските, ноќите на Бети поминати во Хилтон знаете колку оброка се тоа за студентите?
    Не ви е гајле за украдените при, ама ви е за оброците.
    Ова ти се вика гајле ми е само за мене. Лицемерно во секој случај.
     
    На Gosh, wannaBeMomma, SexiLy и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    @JuLleE а што ако некој има капацитет, желба, а нема пари? Образованието не треба да биде само за богатите туку за сите кои сакаат да се образуваат. Погрешно е цели семејства да гладуваат за да може еден член да се образува. (Ова за тоа што кажуваш како било некогаш) Нели животот идеше? Гладувањето ли е живот? Крпење крај со крај за основни потреби.
     
    На Gosh, Victorian, Водолија и 4 други им се допаѓа ова.
  13. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Со кои пари ќе учи тој шо го бива ако ги вратат квотите? Само богатите смеат да учат за вас. Дали ти плаќаше 1200 евра школарина? @JuLleE и нејзините лајкнувачки
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Abeja, carangigia и kikin им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Се надоврзував на погорниот муабет. Тоа беше некој непишан услов. Впрочем на Запад се штеди вел живот за факултет.
    Има и земји каде што образованието е бесплатно, ама таму не се запишува секој на факултет. Јас не гледам поинаку како да се направи селекција. Кај нас има премногу образован кадар кој сега не сака да работи во фабрики. А реално не секој е створен за факултет.
    Сега Власта има за задача да најде како да го реши овој проблем и да понуди селекција за уписи на факултет.
    Оти вака како што е толку лесно да се запишеш и да завршеш факултет, ќе треба само канцелариска работа да измислуваме.
     
    На Rebecca_R, Sesil, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.301
    Јас плаќав.
     
    На referentka и JollyGirl им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Не сум студент сега за да знам како е во студентските. Знам како беше додека јас студирав и знам дека моите се пресметаа последната година од студиите на сестра ми и одлучија да седи во стан затоа што промените кои ги направија со студентските последната година значеа дека сестра ми ќе плаќа смештај и хранарина, а нема да може ни еднаш во денот да јаде во менза заради временските ограничувања кои ги поставија минатата година. Знаете, додека јас студирав немаше време за оброк и немаше 3 оброка и толку. Нема да зборам колку беше ужасна храната и дека јас скоро никогаш не јадев во мензата во Гоце, во другите студентски беше подобра. Ограничувањето на 3 оброка го поставија минатата година.
    Колку што сфатив јас, сега ќе може секој да јаде кога сака, со тоа што ќе работат само кујните, а не и бифетата, што е подобро од 3 оброка во денот во точно определено време. Кој одел на факултет знае дека не можеш точно за време на ручек да се нацрташ во менза.
    Ајде да не се караме за нешто што не знаеме како е и да прашаме некој студент да ни објасни, а?
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Gosh, Sesil, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Само зошто студирањето е поефтино, ен значи дека стигнал секој да се запише. Испаѓа дека учењето зависи од колку пари имаш. а и стипендии не даваат на секој зошто учи.
    Ете јас годинава имав на пмф 98.4 бода, пак не бев меќу првите 10 студенти што добија стипендија. А и кога би било 800 евра, не би ми дале само зошто гледаат дека сум учела. Обично предност имаат некои со посебни потреби или растени со еден родител.
    И баш ако се вратат тие квоти, баш оние кои вистински го ценат знаењето ќе се повлечат, додека ќе се наредат оние кои мислат дека само со пари истото можат да го купат.


    Пак бе после зборете зошто младите во Македонија не можеле да бидат самостојни. (facepalm)
    По истава логика нека поскапат општо производите, нели кој си учи ќе си добива добра плата после на работа и подобро ќе живее, отколку ќорваото и сакатото.
     
    На Victorian, sjdgo, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Ќе не можеле да се запишат на факултееет?! Ох душички. Затоа секогаш и секаде се први за кафе, ги знаат сите можни кафичи што постојат во Скопјево, покрај бесплатен превоз често доаѓаат/си одат со такси, еднаш во неделата обавезно си одат на шопинг и за крај најважното 80% од моите колеги живеат во приватни станови од кои 3 ми се во Џевахир а доаѓаат од села кои што не сум знаела дека постојат. Немаат пари?

    Има и посиромашни но тие работат колку да извадат нешто за да си поткупат за јадење или облека. Има и такви што се што заработуваат даваат на трева, алкохол и цигари..

    И јас сум за тоа да се покачи партиципацијата, не може и ќоро и сакато да завршува факултет. А што е со приватниве факултети што се секоја година фул со студенти?! За таму како имаат пари по 2000 евра година? Ако сакаш да студираш на факултет учи уште од средно и основно фати си стипендија и учи си. Стипендиите не беа редовни! И ги даваат и на студенти со просек 6,30 пошто татко им бил таму од некаде.. А тие што стварно заслужуваа беа некаде при крај на листите.

    За мензите во Гоце и Кузман знам дека порциите им биле минимални. Секој втор ден пита, макарони, грав и ориз со стек или бутче. Пошто од лабараторија не се излага со саати секогаш каснеа на ручекот/вечерата па си купуваа од надвор. Ако го направиле во било кое време да се јаде е супер. Кузман беше страшен за седење лани сега го реновирале но не знам каков е. Гоце го посетив пред две недели супер е. Чисто, ново, со постојан надзор и мн добри услови. Само што за да влезеш фаќаш врски како да аплицираш во НАСА..

    И уште приемни да воведат на секој факултет образованието ќе биде токму онакво како што треба да биде!
     
    На Sesil, theowndemon, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    Па мкд била богата земја, јас еве не знаев.
    Полека со елитизмот. Нехумано е да бараш 800-1200 евра студентска партиципација при ваков мизерен стандард, некое талентирано дете може да оштетите трајно со вакви предлози.
    И ако почнеме да пресметуваме кој колкав капацитет има, на кого му се учи и придонесува, а на кого му се дреме по кафиња, тогаш треба да се укине целата држава.
    И кој тоа вели дека сдсм ќе ја поскапуваат партиципацијата? вмро?
     
    На Victorian, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Може некој линк да остави каде пишува дека ќе се врати квотата од 1200 и 800 евра на факултет? Или така си кажувате за да ширите дезинформации и револт кај луѓето?

    Не сфаќам од каде ви текна тоа кога никој нема спомнато.

    Може, но и не мора да се врати партиципација по факултетите.
    За да се реши проблемот со пренатрупаноста на факултет, треба да има приемни тестови...е тогаш нема богати или сиромашни да мешате.

    П. С. Не ширете дезинформации... Сфаќаме дека нервозата владее со вас ама не е фер вакви лаги да пишувате.
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Водолија, theowndemon, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.