1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работењето на новата влада и нејзиниот состав

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 август 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    На УКИМ им е многу партиципација од 800-1200 евра,ама пак затоа на ФОН и останатите приватни и по 2000 евра се даваа...само за да се "магистрира" за да се дочепаат до поарно место додека се "нашите" на власт.
    На ФОН и униформа си купуваа..и лап топ..ама пак за 2000 евра само од стол можеш да паднеш не и на испит.
    Многу грижа за партиципацијата гледам.
    Фала Богу на некому да му текне да ја покачи...па во државна квота само тие најдобрите кои ќе го положат приемниот;сите останати- марш напоље!..ако сакаш да студираш донеси 1200 евра!..и така не те бидува,бар Буџетот полни го!

    Еве јас ќе ти пдговорам..
    Студирањето им е достапно на сите.Тој што е сиромашен а со капацитет,ќе си положи приемен и ќе влезе во државна квота (како што беше порано).Богатиот и така нема да оди на државен универзитет зашто има 2000 евра за летен/зимски семестар да си плати ем да не го гњават со испити.

    П.С...а каде е кажано за партиципацијата?
     
    На buba4e89, boomsleng, pravnicka_2604 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.627
    Допаѓања:
    140.523
    Никаде не е кажано. Битно елитата си кажа дека сиромавиот е ќоро и сакато. Богатите се луѓе другото тиња.
     
    На Espadrila и Водолија им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.200
    Пол:
    Женски
    Мкд образовен кадар не знае (и не сака) да оцени праведно писмена работа во основно, на приемни испити ќе проаѓале исклучиво тие што треба :D Не фантазирајте (и немој да сеете магла). И за обичен тест во оваа држава прво се гледа име и презиме. Не сум сигурна дали одамна сте ги напуштиле клупите и не ви текнува, или едноставно ве заслепува партиска љубов и омраза, па ништо не можете да процените неутрално, со ладна глава.
     
    Последна измена: 21 септември 2017
    На Victorian и BloodElf им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Не претерувајте луѓе. Јас сум против тоа да се зголемат партиципациите. Од проста причина што прво со тоа ќе им се одземе на еден начин правото на тие кои сакаат да студираат но немаат воопшто пари па се приморани и да работат и да студираат. Друго, ако не сте знаеле во многу европски земји, како на пример во Австрија студирањето за тие што се родени таму е бесплатно и ние треба токму кон ова да се стремиме. Тоа што ги намалија партиципациите беше добра одлука. На крај крајава ако некој не го бива нема воопшто и да го заврши факултетот што го почнал. Секој заслужува шанса според мене.
     
    На Victorian, pravnicka_2604, IronLady и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Секакво поскапување на било што е најлош потег за граѓаните во држава со ваков стандард, а камоли за такви големи и важни трошоци како за високо образование, и нема врска од која партија којашто е на власт доаѓа истото. За првпат не се согласувам со повеќето од вас што сте пишале.
    Како тоа повисока партиципација ќе филтрира поквалитетни студенти? Може да филтрира само по финансиска моќ, логично.
    Според мене прикладно решение би било да се укине државната матура и да се вратат приемните испити, само така може некако да се подигне нивото и да се примаат студенти што имаат основни потребни знаења за факултетот и таа струка.

    (Стоп вмро тим за лајкови :drunk:)

    Но зошто воопшто дискутирате за ова? Не верувам дека им доаѓа во предвид ваква мерка, никаде немам прочитано, а се надевам дека и нема да им падне на памет.
     
    На Victorian, Espadrila, Водолија и 10 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Нема да положи бидејќи капацитетот поради гладта не може да дојде до израз, но и затоа што приемните немаат никаква врска со потенцијалниот капацитет на идниот студент туку се честопати бесмислена збирка на глупи прашања кои многу малку имаат доприна точка со она што ќе се учи на факултет. Приемните испити честопати служат за да им се даде шанса на бубалиците и оние кои не умеат да мислат со своја глава (надежни идни партиски послушни кадри) да влезат во академските кругови.

    Факултетите во Македонија треба да бидат без приемни испити и бесплатни или со прифатлива партиципација - барем за државјаните на РМ.
     
    На Victorian и BloodElf им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.386
    Извини вака, ама сите не уживаат да пишуваат колку нив животот им бил тежок, да користат лични и други трагедии за придобивање на политички поени.
    Кога спомнуваш елита, овој пат си во заблуда.
    Елита никако не сум, оти кога студирав плаќав приватна квота. Само татко ми вработен во многудетно семејство.
    Тогаш, таа година Грујо реши да нема матура, да нема приемни.
    Дали јадев маргарин и сол, мислеш дека некому му е битно.
    Исто како што мене ми е битно ти со колку пари си била во џебот.
    Збораваме за селекција. Државна квота постои за добрите студенти, не пишувајте само жалопојки.
     
    На pravnicka_2604, Sesil, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Оти се дискутира шта би било кад би било?
    Остајте такви муабети како монолог да врват.
     
    На JuLleE и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас сум за бесплатно студирање, ама да има приемни, и тоа јаки приемни. Да те протресат така убаво, па да не може секој да влезе.
    Ама и јаки стручни средни училишта, за да има добар стручен кадар, за професии за кои не е потребен факултет.
    Ама еве, јас си сонувам. Образованието кај нас тешко ќе се среди. Покачување на партиципацијата не е решение и не би смеело да се случи, а дефинитивно е неопходно заострување на критериумите за прием на студенти. Во која нормална држава 98% од средношколците се запишуваат на факултет?
     
    На Gosh, Victorian, pravnicka_2604 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Инаку само колку за информација во Југославија било студирањето бесплатно, а тоа е и ден денеска така во голем број на европски земји.
     
    На daylight и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Богами нека ги вратат квотите од 1000 еур. Нека држат до себе! Па тоа и беа нивни ценовници. Комуњарски самобендисани ставови. Значи бренд е бренд.

    Стварно. Што има дете на работник да учи? Абе генетски код, татко му електричар оно електричар. И тато доктор синче доктор. Ген није моравац.

    Како можете да поддржите нешто такво? Не се срамите?
     
    На YoungandBeautiful, Lejla8, Antolinaa и 10 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    258.386
    Во државите каде што се плаќа дебело за упис на факултет, какви се тие ставови? Пак комуњарски?
    Јас во моето потесно семејство сум единствена кое заврши факултет. И тоа со сопствен труд, исчистени години во јуни оти ако завлечам тоа е плус пари. Моите штедеа оти знаеа дека учам. А сега кажи ми какви се ученици се запишуваат на факултет знаеш? На педагошки не можат математика да положат со пресек на множество, а пола од нив се директори.
    Правници и економисти кои не знаат основни работи.
    За жал тие работат, а квалитетните оддамна си заминаа.
    Ставот никогаш нема да го сменам, се додека сме фабрика за штанцање дипломи.

    Кога ќе има квалитетна и вистинска селекција на кандидати за прием на факултет, тогаш нека биде целосно бесплатно факултетот. А до тогаш не се срамам воопшто.
     
    На galapce и Baby-bubu им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    "ако си сиромав, колку и да имаш потенцијал, не се мешај во светот на оние кои можат да платат"

    Зошто парите да бидат влез за упис? Што ќе се добие со тоа? Ќе се запишат Мите и Саше кои ќе доаѓаат на факултет со бмв? Нивните пари се гаранција дека баш они имаат капацитет?
    И не значи дека ако детето е од богато семејство дека нема капацитет, ама да има привилегија не е ок.
    Да зборуваме за тоа дека треба да има селекција преку приемни испити, да не постојат казнени сесии, да нема замижување пред не знаење..ми е ок.
    Летово кога се чекаа резултатите седев со мајка која плачеше кога ќерка и и јави дека е примена во државна квота. И реков, радувај се, не плачи. Само ми рече- плачам за својата немоќ да на детето му обезбедам образование.

    Кажуваш дека ти си плаќала. Ок. И сега треба сите да плаќаат износи кои се мисловна именка за фамилијата. Себично размислување.

    Кога ќерка ми беше 5то одд., една наставничка и се имаше така закачено што детево буквално со плачење одеше во школо. Еден ден ми пукна филмот и отидов да разговарам со нејзе. Кога видов дека нема ниту една здрава причина да дозволам да се изживува и реков - вашата оценка ми е не битна, но вас ви е битно ова што ќе ви го кажам затоа што победник не сте " во најмала рака МиуМиу за 12 год. од сега ќе има завршено факултет, а на вас нема ни да се сеќава"
    Зошто го кажувам ова?
    Затоа што родителот сака, очекува и се надева.
    Еве кажи ми дали ти детето твое го гледаш во иднина како студент?
    Ако ДА, тогаш - сите студенти се нечии деца.
    Ако НЕ - има родители кои тоа така го гледаат.
    А секој заслужува шанса.
    Не кратење на крилата.
     
    На YoungandBeautiful, Lejla8, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  14. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Проблемот во образованието се ниските критериуми за да положиш предмет, не секогаш соодветниот кадар и материјали(неретко скрипти и пауер поинт презентации или учебници од кои најбитниот дел е да ги купиш), како и лошите услови(особено за практична настава, која е всушност најбитна, а често изоставена), а не партиципацијата.
    Мислам зависи од професор до професор и од факултет до факултет, но да не се поминуваше така лесно по голем дел од предметите, немаше секој кој што нема што да прави да се запишува/завршува.

    И да можеа да си најдат пристојно платена работа без факултет, како и во секоја нормална држава.

    И не знам зошто толку ве мачи дали некоја рандом личност завршила факултет, ниту ве прави попаметни ако не завршила, ниту поглупи ако завршила ..
     
    На Βικτωρία и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    98.708
    Ама кој го направи вакво образованието? Кој отвори во секое село факултет каде не доаѓаат професори (ок, доаѓаат еднаш месечно!), а тетките од студентски ги ''чуваат'' студентите додека полагаат испит од ППТ скрипта? Де кажи кој?

    И како не е битно кој завршил факултет, а кој не?! Како не менува ништо? Абе менува и тоа не знаеш колку! Колку такви неписмени кадри завземаат функции кои не ни знаат правилно да ги изговорат од неписменост и игнорантност, оти завршиле факс во Свирипичино и не знаат како се полага испит, не дај Боже па како се полагаат повеќе ЦЕЛИ испити во сесија!
    Ете зошто не мачи кој завршил факултет! Оти нема ред и селекција, оти ова ги избрка навистина способните кадри од државава!
     
    На Gosh, Mishela, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  16. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Префрлање на кривици и имало полошо не води кон подобро.
    Не сум пратиски определена и не ме интересира кој е на власт се додека се носат погрешни одлуки.
    Не ги поддржувам ни едните, ни другите.
    Зголемување на партиципација не го решава проблемот.
    Тие да, зафаќат место, во државни институции, но наместо за зголемување на партиципација, може да се буните за партиски вработувања на пример? Да се воведат(фер) тестирања за вработување во државни институции?

    Или веќе обезбедивте книшки од другата страна?
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    98.708
    Кога се нема аргументи, се префрламе одма на партиски книшки, нормално. Смешки.
    Не девојче, јас партиска книшка можам да употребам само за во тоалет, за друго не ме занима. Ни од тие, ни од овие аир. Дискусијата беше за тоа кој го направи образованието такво какво што е. Толку.
     
    На Nausicaa и Baby-bubu им се допаѓа ова.
  18. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Не знам каков аргумент бараш и кој треба да бранам кога реков дека не ги поддржувам ни дпмне.
    И не верувам дека некогаш во животот ќе поддржувам политичка партија.
    Можам да поддржувам идеја, а зголемување на партиципацијата не мислам дека е соодветно решение за проблемот во образованието.
    И не ми е битно кој е крив. Ако едните запустиле нешто треба да ги оставиме другите да докрајчат?
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.103
    Допаѓања:
    136.804
    Пол:
    Женски
    Образовниот систем ни е отиден во неповрат и тешко дека некој ќе го оправи целосно во догледно време. По светот е престиж да се школуваш на приватен универзитет кај нас се школуваат тие што имаат превише пари а малку памет и не ги примат никаде на друго место. Ок не ги примАА. Ама претходната влада им отвори студии лесно достапни за сите, и локациски и финансиски. Па така имаме наплив на енолози, индустриски логистичари, филозофи од областа на одбраната (значи филозофи не лица со завршена воена академија) родови студии, студии за права на жени, студии по библиотекарство, уште за продавачки и чистачки нема студии за се друго има. Се живо и диво на студии. Тие што до вчера не знаеја да читаат салам кирилично, за латиница не зборам, експресно имаат сега магистратура и се кандидати за градоначалници ;)
    Дека требаат реформи требаат, но не со покачување квоти. Најпрво со укинување на новоникнатите универзитети и заострувањето на критериумите на приватните. Воведување приемни испити со доста строги критериуми. Коа гледам од мојата генерација кои се на медицина ни на ладно цементо не седам, а пак кои станаа професори да не е задолжително формалното образование дете не пуштам на школо. Професор во едно средно школо кај нас, на скајп татко му му праќаше решение на задачите за овој утредента на испит да има од кај да препише бар за 6ка. Не е од рекла - казала ова, видено ми е :)

    E сеа за појадокот у мензите :?: Де нека се пријави некој што појадувал во мензата. Ако е на факултет не го фаќа појадокот, ако не е - го преспива. Одприлика вака беше, појадок од 9, ручек од 1, вечера од 5, мензите работеа до 7 т.е во 7 клуч на врата мах 6 и пол може да се добие јадење ако има останато. Де кажете кој студент легнува во 8 па да вечера во 5? Или тоа океј е баш појадокот е проблем сега. :?: А зошто пак да има званично појадок ручек вечера нека има постојано во текот на денот избор на барем 2 јадења за секој да може да фати оброк коа мртов гладен ќе си дојде од факултет.
     
    На Gosh, Mishela, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    За образованието кај нас сметам дека најпаметно е да се изберат прво професори кои вистински си ја сакаат работата, а не партиски членови. Да не се лажеме, но партииве отсекогаш си вработувале свои кадри во училиштата. Мене во основно 3 пати ми се менуваа класни наставници. Едната од нив беше постара и многу строга, и мислам дека беше во ред , иако и таа мислам дека беше преку партија. Другите две беа насочени само кон партијата.

    Денес понекогаш кога ќе ги побарам на фејсбук прво што гледам на јавни слики е како си ја подржуваат партијата. Ми се грози навистина.

    Ова не е случај во Словенија на пример. Таму наставник во основно и средно образование се бира според способностите и квалитетите, а не како овде.

    Значи од таму треба да тргне работата. 1. Да не се вработуваат партиски кадри за наставници и професори.

    2. Да се затворат повеќето (диви) универзитети низ Македонија. Не сите приватни и не сите државни. На пример од 20 да станат за почеток барем 10.
    Европски универзитет на Бојо е смешен и се уште се чудам како е можно да работи.

    Но дали сите овие идеи ќе и се допаднат на новата власт ??? Не верувам.
    И тие исто чекаат да се пикнат некаде па луѓево и за работа од 10000 денари фаќаат врски и партии. Со новава власт не гледам дека нешто се променува. Напротив истата песна и со нив.

    Јас ова го разбирам дека некој не е способен да се снајде и да си заработи 10000 денари во месецот па отишол во штаб и очи ќе извади на луѓе од спротивната партија за да ги заслужи тие пари.

    А тоа дали треба партиципација да е 200 евра или повеќе, мислам дека си е во ред и вака цена. За Таа партиципација верувам дека е кога е носена одлуката, разгледана е статистиката со платите во Македонија и е донесено решение кое мислам дека е правилно.

    Она што ми смета мене е што и двете партии постојано мамат и скоро секогаш го злоупотребуваат, а тоа е загадениот воздух и заштита на животната средина. Како еден од виновците за тоа се старите автомобили кои се носат од странство.

    Е сега каква е таа грижа кога тие прво дозволиле увоз на стари возила (кои се утепани од возење на запад) и кои веќе се фрлаат во Европа и за истите тие земаат огромни давачки.

    Ајде кога веќе е дозволено зашто не се вршат нормални технички прегледи како порано туку на технички преглед воопшто не се ни оди, па пола Македонија вози коли со над 400.000км и многу дефекти.

    Јас не велам увозот да запре туку владата да спроведе ригорозни мерки со кои ќе се спречи секакви оџаци да возат по улиците.
    Пред некој ден се распрашав за увоз на кола од Италија 2014-15 година и ми рекоа дека давачките за неа се 9000 евра.:| За Истата кола во Бугарија се плаќа само 300 евра.



    И која заштита на животната средина е кога бараат 9000 евра давачки ? Со тие 9000 евра може да се купи уште едно убаво возило.

    И нели е ненормално некој што сака да купи возило со најновите еко норми да плаќа многу повеќе од некој што решил да увезе 12 години стар Голф кој чури како локомотива и загадува како 100 други автомобили.

    Второ за кое имам зборено и порано е што се претера со зградиве. Дебар маало позади Броз Кафе е прав Кабул. Јас незнам кој и како давал таму дозволи за градба. Место нема кај велосипед да помине, а не пак кола. Аеродром се градат згради, а паркинзи никаде нема.:!: Т.е има ама според градоначалникот треба да се купи и он незнаел ништо за тоа. Му е гајле на него. Садел човекот дрва и го позеленил Аеродром.

    На прашањето зашто дозволил толку згради да се направат тој вели па народот не се побуни кога се носеше планот.

    И вистина е така. Ретко кој се побуни. Многу луѓе се зависни од партија и нема кој да се побуни. Секој гледа колку може да украде. Нормално кога ќе дојдат вакви работи не смеат уста да отворат од страв.

    Јас сметам дека Многу луѓе болни за пари имаме кај нас, и многу малку гледаат глобално да е убаво во општеството. Тоа е проблемот, а не партиципацијата на факултетот.
     
    Последна измена: 22 септември 2017
    На Gosh, Tan4ence, Elen4e_sonce и 7 други им се допаѓа ова.