Мислењава треба у друга тема да одат. Ви реков дека секој ден нова глупост? Епа и студиите за 35+ ги укинале. Ај сега пишете дека како што сиромавиот не треба да учи, дека старците кај да е ќе умрат па не треба образование. Ајде викенд иде може 2 дена нема да има глипости.
Мене ми е жал за новите генерации што ке треба да се запишуваат на факултет,овие од сдс све укинаа дисперзаниве,сега и партиципацијата ке биде 1200евра,не се нормални мислам.
Може ли да постирате линкови од соопштенија, предлог закони, донесени закони, вести... да прочитам за овие новини во образованието? Фала ви
Во врска со образованието, жално е ако ја зголемат партиципацијата. За еден факултет да врши селекција врз своите студенти треба да има приемни испити. Оваа промена е редно време да се направи. Да се вратам кај партиципацијата, јас на повеќе теми кои вклучуваат политика, не сум најпаметна. Затоа сакам да прашам, дали благо повисока партиципација значи и подобри факултетски услови? Материјали за вежби, реновирања, греење? Средно плаќавме нахнадно партиципација од неколку стотки за сретства во лабораторија. Со ќеф ги дававме за да можиме да работиме што повеќе вежби. Доколку тоа е случај и со факултетите зголемување на партиципација од околу 50евра, но во никој случај повеќе, е доволно. Ова во име на подобри услови на факултети и поквалитетно образование. Ако не е онака како што мислам, ќе речам пак, нема смисла да се крева партиципацијата. Патем, се спомена тука дека ќе се крева пак како што беше порано, сакав да прашам, тоа е официјална информација или уште еден од многуте дезинформации?
@theowndemon не знам како е кај вас, ама на техничките на УКИМ студентите плаќаат за материјали за лаборатории. Знам на ТМФ не е мала таа сума, може околу 30-40 евра по семестар да беше (значи над 50 евра годишно). На ФЕИТ, ФИНКИ, Машински е помала.
Значи ова што го велам, се плаќа нахнадно и постои? Зошто на доплаќање за вежби лично јас гледам на нешто корисно, гледам како на знаење, и поквалитетно образование. А, кревање на партиципација за така, нема смисла.
Интересно - од 2010 до 2016, се утепаа од зборување како вработените во странските инвестиции кои работат за 12.000-15.000 денари биле робови, а сега истите тие месец дена трубат како носење на закон за минималец од 12.000 бил невиден успех.
Во Македонија најисплатливо е да си хохштаплер. Крадeш неколку години и стануваш контроверзен бизнисмен, па создаваш ореол на светец преку глумење чесност, висок морал и хуманизам во јавност. Ако те откријат или ќе се испазариш да не те уапсат (бидејќи нели си станал богат и моќен) или ќе те здрпаат в затвор па ќе отслужиш некоја година дури не те амнестираат. И така со криминал, од хохштаплер завршуваш како олигарх. Ако си чесен ќе 'рмбаш ко црнец и ќе броиш ден за ден за да преживееш, а бидејќи тој што работи во Македонија е будала, ќе те потценуваат и искористуваат на секој чекор и никој нема да те рецка бидејќи нели немаш пари и на крај ќе се испоразболиш од нервози и тага. Ако недај Боже се решиш на ситен прекршок, на пример да украдеш 20 ќебапи, ќе заглавиш в затвор со години. И така со чесност, од здрав и работлив, завршуваш сиромав и болен. Звучи сурово, ама тоа е нашата реалност.
Секој смер без разлика дали има или нема во семестрите лабараторија плаќа прво 3000 за прв семестар (кај што работиш во никакви лабаратории, од типот мешаш вода и сол кога учиш за раствори, па вода ставаш над песок загреан и почнува да врие...). Втор семестар исто 3000 за ништо. Нареден семестар плаќаш по 2000 имаш 3 хемии ги вежбаш т.е гледаш и само во едната беа нови и убави условите затоа што ние први влеговме но често знаеа да кажат ставајте помалце од концентратот нема доволно, дечки пазете ја иглава една ни е, црева од кујна ставаат во водените бањи за да не прска врела вода (испрска еднаш среќа не беше сериозно на време реагиравме), пипетираме со уста а секој претходен само ја поминува низ вода (се има десено да пивнат киселини, да се испрскаат во очи, дигестори не работат во најголем дел па зимно време се седи со ширум отворени прозори..). Додека пак на ПМФ мислам дека се плаќа многу помалце, имаат супер наместени лабаратории на кои што можеш да работиш и истражуваш во секое време со асистент до тебе. Ќе платам ама да работам во нормални услови и да бидам заштитена!
Знам @Baby-bubu, јасно ми е дека и тоа е само уште еден грабеж за студентите, ама еве, да кажеме дека веќе се плаќа, и тоа воопшто не е мала сумата.
Сања зборуваме за приватни квота. Не за државни. Тие се 200 евра. За добрите ученици си постои државна квота, да има приемни и здрава селекција. Останатите ако сакат, еве ви приватна. Па да видеш кој ќе се запишува на факултет како на средно. Нагласив колку плаќав бидејќи се трудев да завршам оти ми беше скапо. Епа кога ќе знаеш колку тоа чини, ако те бива ќе учеш, ако не, нема. Вака сме пренатрупени со дипломирани кои да, се и ќорави сакати. Кој ме сфати во ред, кој не, нека продолжи да мисли дека според мене само богатите треба да студират. Инаку никој никаде не спомна дека ќе се зголемуват партиципациите. Остајте, има многу ликови кои користат трагедии, спинови за да пласираат лажни вести. Се знае зошто. Приказната има две страни, секогаш.
http://infomax.mk/wp/заминува-првиот-инвеститор-од-зоната/ Потврдено е цка,батали ги,вистината излезе.... Све што е создадено со години се руши како кула од карти и тоа за само 100 дена. Срамота
Епа ќе си одат де. Им помина договорот, а и внатрешноста им беше ужасно организирана. Што сакаш од фирма каде што никој не превзема одговорност при смртен случај?!?!?
Им истече финансирањето? Нели 3 фабрики отворија до сега. Секогаш кога им истече финансирањето ја затвараат старата фабрика за да отворат нова. Ако им истекло финансирањето ништо чудно да си ги спакуваат куферите и да си отидат. Доволно измолзеа.
Отворија неколку НОВИ фабрики бидејќи ним им истече периодот на финансирање. Едната од фабриките е во Тетово. Знам со сигурност бидејќи роднина работи таму. Значи, Џонсон контрол се сеуште ТУКА ама под друг назив